14 Поглед во вечноста

Сподели го ова:

14. лекција   Сабота, 31. декември, 2016.

Поглед во вечноста

„Зашто, ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат.“ – Исаија 65,17.

„Вечна е загуба ако го добиеме целиот свет, со сите негови задоволства и слава, а сепак ја изгубиме душата. Небото е доста евтино по било која цена.“ The Review and Herald, March 18, 1875.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 644-652, 658-678.

Недела 25. декември

1. НА ПАТ КОН НЕБОТО

а. Која ќе биде славната награда на Божјиот верен остаток? Исаија 26,1.2.

„Потоа одекнува звукот од сребрената труба додека Исус, обвиткан со пламен од оган, се спушта на облакот. Гледајќи кон гробовите на заспаните светии, Тој ги подига своите очи и раце кон небото кажувајќи со силен глас: ‘Разбудете се! Разбудете се! Разбудете се! вие што спиете во правот и станете! Настанува силен земјотрес. Гробовите се отвораат и мртвите излегуваат од нив облечени во бесмртност… и во истиот тој миг ние се преобразуваме и грабнати заедно со нив се подигаме од земјата да се сретнеме со Господа во воздухот.
Сите заедно на облакот се вознесуваме седум дена до стакленото море, каде Исус донесува круни и со својата десна рака ги става на нашите глави. Ни дава исто така и златни харфи и палми на победата. Тука на стакленото море 144.000 стојат во совршен квадрат. Некои имаат многу светли круни, а други не толку светли. Некои круни се целосно опсипани со ѕвезди, додека на други имаат само неколку. Сепак, сите се совршено задоволни со своите круни. Сите, од рамена до нозе се облечени во бела облека. Ангелите се насекаде околу нас додека чекориме кон стакленото море кон вратите од градот. Исус ја подига својата моќна и славна рака, и ги допира бисерните порти кои бесшумно се отвораат на своите светли шарки, и ни рече: ‘Вие ги измивте своите облеки во мојата крв и цврсто стоевте за мојата вистина, влезете внатре!’ Сите ние слободно влегуваме чувствувајќи дека имаме потполно право на тој град.“ – 1 Сведоштво, 44.45.
Понеделник 26. декември

2. ВО БЛИСКА ИДНИНА…

а. Спореди ја иднината на безбожните со благословите на праведните. Исаија 33,24; 34,1.2. Што единствено ќе нѐ потсетува на овој грешен свет? Захарија 13,6.

„Отстранета е секоја трага на проклетството… Останува само еден споменик: нашиот Откупител секогаш ќе ги носи лузните на своето распетие – на Неговата некогаш ранета глава, на Неговите ребра, на рацете и нозете, се наоѓаат единствените траги на свирепото дело што го предизвикал гревот… На онаа страна што била прободена, од која течел црвен млаз кој го помирил човекот со Бога, лежи славата на Спасителот, таму е ‘скривалиштето на Неговата сила’… Знаците на Неговото понижување се Негова најголема чест; низ сета вечност раните од Голгота ќе ја истакнуваат Неговата големина и ќе ја објавуваат Неговата моќ.“ – Големата борба, 701.702.

б. Со кој убав опис Исаија ја прикажува славната надеж на вековите, и како можеме да го имаме нејзиниот предвкус дури и сега? Исаија 35,1-10.

„Секој кој ќе се посвети на службата за Него, без никакво воздржување, ќе добие сила за постигнување на неизмерни резултати. За таквите Бог ќе стори големи нешта. Тој ќе влијае на срцата на луѓето, така што, во нивните животи, уште на оваа Земја, ќе се види исполнувањето на ветувањата наменети за идната држава (Исаија 35,1-10).“ – Здравје и среќа, 110.
„Во нашиот сегашен живот, иако е земен и ограничен со гревот, најголема радост и наше највисоко образование се добива со служење. И во идниот живот, неограничен со грешна човечка природа, наша најголема радост и наше највисоко образование ќе наоѓаме во служењето – во сведочењето, и во постојаното учење во текот на сведочењето ‘колку е богата славата на оваа тајна’ – ‘Христос во вас, надеж на славата’ (Колосјаните 1,27).“ – Воспитување, 275.

в. Каде треба да биде нашиот главен фокус при планирањето на иднината? Исаија 65,17-19; Откровение 21,1; Евреите 11,8.10.13-16.

Вторник 27. декември

1. КОНЕЧНО МИР И СПОКОЈ

а. Како Исаија го опишува новото небо и новата земја? Исаија 32,18; 60,18-22.

„Од страв идното наследство да не изгледа премногу материјално, мнозина симболички ги претставуваат токму оние вистини што ни овозможуваат ова наследство да го сметаме за наша вистинска татковина. Христос ги уверувал своите ученици дека Тој оди да им приготви станови во куќата на Отецот… (1 Коринтјаните 2,9). Човечкиот јазик не може да ја опише наградата на праведниците. Тоа ќе им биде можно само на оние што ќе ја видат. Ниеден ограничен ум не е во состојба да ја сфати славата на Божјиот рај.“ – Големата борба, 702.703.

б. Како Исаија ја опишува мирната атмосфера таму? Исаија 11,6.7.9; 65,25. Зошто треба да настојуваме себе и своите семејства дури и сега, на оваа земја, да ги доведеме во што послична средина? Исаија 32,17.

„Господ често давал упатства на својот народ да ги изведат своите семејства од градовите и да се населат некаде на село, каде што можат да одгледуваат сѐ што е потребно за живот; затоа што во иднина ќе се појави сериозен проблем за купување и продажба. Сега е време да обрнеме внимание на упатството кое постојано ни се повторува: излезете од градовите во село, каде што куќите не се збиени една до друга и каде што нема да имате никакви неволји.“ – The Adventist Home, 95.
„Мојата порака гласи: Изведете ги своите семејства од градовите.
Дојде времето семејствата да почнат да ги напуштаат градовите, како што Бог ќе им ги отвора патиштата. Децата треба да се однесат на село. Родителите треба да најдат соодветно место според своите можности…
Пред да се излее преполната чаша на Божјиот гнев на жителите на светот, Господ ги повикува сите вистински Израелци да се подготват за тој настан. Тој на родителите им упатува гласна опомена: Соберете ги своите деца во своите домови; одвојте ги од оние кои не ги почитуваат Божјите заповеди, кои проповедаат и прават зло. Излезете од големите градови колку што можете побрзо.
Родителите можат да изградат мали куќи на село, каде што ќе имаат своја земја за обработување, каде што ќе имаат овоштарник и градина, во која ќе одгледуваат зеленчук и други плодови… Бог ќе му помогне на својот народ да најде такви домови надвор од градовите.“ – The Adventist Home, 94.
Среда 28. декември

4. ВИСТИНСКО МЕСТО СО КОРИСНИ АКТИВНОСТИ

а. Опишете некои од разните занимања кои можат да се најдат на новата земја? Исаија 65,21.22. Објаснете како треба денес да уживаме во нивниот предвкус.

„Би било добро за тебе да се ослободиш од тие свои заморни грижи и да се повлечеш на село, каде што влијанијата кои изопачувачки делуваат на моралот на младите не се толку силни.
Навистина, ти и при живот во село нема да бидеш целосно слободна од заморните грижи, но ќе избегнеш многу зла и ќе ја затвориш вратата на поплавата на примамливите искушенија кои се закануваат да ги обземат мислите на твоите деца.
Животот во село за нив би бил вистински благослов; движењето и живата активност во слободна природа и на чист воздух поволно би влијаеле на нивното физичко и умно здравје. Во обработката на градината би можеле да најдат и разонода и корисно занимање. Одгледувањето на растенија и цвеќиња развива смисол за добар вкус и моќ за здраво расудување, додека запознавањето со корисните и прекрасните дела на Оној кој е Творец и Господар на сѐ што гледаме и не гледаме.“ – 4 Сведоштво, 104.105.
„Планините и ридовите се менуваат; земјата сѐ повеќе и повеќе старее и ветвее како облека, но благословите од Бога, кој на својот народ му подготвил трпеза во пустината, нема никогаш да престанат.“ – Здравје и среќа, 146.
„Многумина се неподготвени својот леб да го заработат со потта од нивните чела, и тие одбиваат да обработуваат земја. Меѓутоа, земјата длабоко во себе крие благослови за оние кои имаат храброст, волја и истрајност да ги собираат нејзините богатства. Татковците и мајките кои поседуваат парче земја и топол дом се кралеви и кралици.“ – Fundamentals of Christian Education, 326, 327.

б. Што уште може да се каже за новата земја? Исаија 64,4.

„Какво ли подрачје за истражување ќе се отвори пред нас кога ќе биде отстранет велот што сега го замрачува нашиот видик, кога нашите очи ќе го здогледаат светот на убавина кој сега само делумно го гледаме со микроскоп; кога ќе ја гледаме славата на небото која сега од далеку ја набљудуваме со телескоп; кога ќе биде отстрането лошото влијание на гревот, кога целата Земја ќе се појави ‘во велелепноста на Господа, нашиот Бог.“ – Воспитување, 270.271.
„Таму ќе има музика и песна, таква музика и таква песна какви освен во виденијата дадени од Бога, ниту едно уво не слушнало ниту умот замислил.“ – Воспитување, 273.

Четврток 29. декември

5. КРАЕН ФОКУС

а. Како моќта и љубовта Божја се одразуваат на новата земја? Ефесјаните 3,17.20.

„(На новата земја) чувствата на љубов и сочувство што Бог ги всадил во душата, таму ќе најдат најдобра и најубава примена…
Секоја дарба ќе се развива, секоја способност ќе се зголемува. Учењето нема да го заморува умот ниту да ја исцрпува животната сила. Таму можат да се извршат најголемите потфати, да се остварат највозвишените стремежи, да се исполнат највисоките желби, и сѐ уште ќе постојат нови цели да се постигнат, нови чуда кои ќе бидат предмет на восхитување, нови вистини да се сфатат, нови предмети да ги поттикнат силите на разумот, на душата и телото да се развиваат.“ – Големата борба, 705.

б. Кој голем благослов ќе го искусат спасените? Исаија 66,22.23. Како можеме сега да се подготвиме за тоа?

„Како што годините на вечноста поминуваат, ќе носат се побогати и почудесни откровенија за Бога и Христа. Со зголемувањето на знаењето ќе расте и нивната љубов, нивната стравопочит и среќа. Колку повеќе луѓето ќе знаат за Бога, сѐ посилно ќе му се восхитуваат на Неговиот карактер.“ – Големата борба, 706.
„Крајно време е да ги посветиме неколкуте преостанати часови на времето на милоста за перење на нашите облеки и нивното избелување во крвта на Јагнето, да можеме да бидеме дел од она мноштво во бели облеки кое стои пред големиот бел престол.“ – That I May Know Him, 65.

Петок 30. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како да знаеме дека сите спасени ќе бидат задоволни со нивната награда?
2. Како можеме да ги доживееме убавините на небото денес?
3. Доколку можеме да се зависиме само од Бога во времето на големата криза, зошто треба да се преселиме на село?
4. Како и зошто новата земја ќе биде подобра од старата?
5. Како што нашето знаење за Бога се зголемува, каков ќе биде резултатот?

Сподели го ова:

Слични објави