12 Конечна победа

Сподели го ова:

12. лекција Сабота, 17. декември 2,016.

Конечна победа

„Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господ Исус Христос; и имаше голема благодат над сите нив.“ – Дела 4,33.

„Неговиот Дух и Неговата благодат и денес им се наменети на сите што се повикуваат на Неговите ветувања.“ – 8 Сведоштво, 14.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 35-41. Христ. очигледни поуки, 379-383.

Недела 11. декември

1. СВЕДОЦИ СО СИЛА

а. Опишете го искуството на раната црква по излевањето на Светиот Дух на денот на Педесетница? Дела 2,16.17; 4,33.

„(Во време на првите апостоли) стотици ја објавувале веста : ‘Се приближи царството Божјо’. Тие не се одвраќале ниту се плашеле од заканите. Преку нив зборувал Господ и каде и да оделе, лекувале болни и го проповедале евангелието на сиромасите.
Толку силно Господ може да делува кога луѓето ќе се потчинат на контролата на Неговиот Дух.“ – 8 Сведоштво, 14.

б. Кое пророштво ќе биде поцелосно исполнето во овие последни денови? Исаија 60,3-5.

„Кога Божјиот народ наполно ќе се одвои од злото за да може Тој обилно да ги осветли со небесна светлина која преку нив во богата мерка ќе светли во светот, тогаш поцелосно од кога и да е во минатото ќе се исполни пророштвото на Исаија 60,3-5.“ – In Heavenly Places, p. 313.
„Христијаните треба да ги отфрлат сите несогласувања и да му се предадат на Бога заради спасување на изгубените. Со вера нека се молат за ветениот благослов и тој ќе дојде. Излевањето на Светиот Дух во времето на апостолите бил ‘ран дожд’, и резултатот бил величествен. Но ‘доцниот дожд’ ќе биде уште пообилен.“ – 8 Сведоштво, 14.
Понеделник 12. декември

2. ВРЕМИЊА ЗА ОСВЕЖУВАЊЕ

а. Кое охрабрувачко ветување за обнова и освежување но го дава Осија преку сликата на раниот и доцниот дожд? Осија 6,1-3.

б. Под кои услови се ветени ‘времиња на освежување’ – излевање на Светиот Дух во доцниот дожд во сила? Дела 3,19-21.

„Големото дело на евангелието нема да се заврши со помала манифестација на Божјата сила од онаа што го одбележала неговиот почеток. Пророштвата што се исполниле со излевањето на раниот дожд во почетокот на евангелието пак ќе се исполнат со доцниот дожд и при неговото завршување. Тоа е време на ‘освежување’ кои апостол Петар однапред ги најавил (Дела 3,19.20).“ – Големата борба, 637.
„Кај оние што ќе го примат печатот на живиот Бог и кои во времето на неволјите ќе бидат заштитени, мора потполно да се огледа Исусовиот лик.
Видов дека мнозина ја занемаруваат толку потребната подготовка очекувајќи дека ‘освежувањето’ или ‘доцниот дожд’ ќе ги оспособи да останат во Господовиот ден и да живеат во Негово присуство. О, колку ли само видов од нив во времето на неволјите без Божја заштита! Тие ја занемаруваат потребната подготовка, па затоа нема да можат да го примат ‘освежувањето’ кое сите мораат да го примат за да можат да живеат во присуство на живиот Бог.“ – Рани списи, 57.

в. Со цел да добиеме сила на Светиот Дух, без мерка, какво дело треба да се направи за нас и преку нас? Исаија 43,25; 44,22.

„Ние можеме да се повикаме на благословените ветувања: ‘Ќе ги растерам како магла твоите беззаконија, и твоите гревови – како облак’ (Исаија 44,22). ‘Нејзе и се простени многу гревови’ (Лука 7,47). О, колку е драгоцена, колку е освежувачка светлината на Божјата љубов! Грешникот може да го посматра својот живот извалкан од гревот, и да каже: ‘Кој е тој што ќе суди? Христос Исус, Кој умре?’ ‘Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност’ (Римјаните 8,34; 5,20). Христос, Обновителот, всадува нови начела во животот на душата, и таа билка расте и донесува род. Христовата благодат нѐ чисти додека ни дава проштевање, и ги прави луѓето подесни за светоста на небото. Ние треба да растеме во благодатта и во познавањето на нашиот Господ Исус Христос сѐ додека не достигнеме целосен раст на мажите и жените во Христа.“ – The Review and Herald, July 14, 1891.

Вторник 13. декември

3. ОБЛЕКИ НА СПАСЕНИЕ

а. Иако ние можеме да се чувствуваме недостојни, каква сигурност можеме да имаме дека Господ ќе нѐ прифати кога ќе дојдеме кај Него во покајание? Исаија 61,10.

„Немојте да го слушате непријателот кој ве убедува декане можете да се вратите кај Христа сѐ додека не станете подобри – доволно добри за Бог да може да ве прими. Ако го чекате тој миг никогаш нема да се вратите. Кога сатаната ќе ја покаже вашата валкана облека, повторете го Исусовото ветување: ‘Оној кој доаѓа кај мене нема да го истерам’ (Јован 6,37)…
Во прекрасното симболично пророштво на Захарија првосвештеникот Исус (синот Јоседеков) стои облечен во валкана облека пред Господовиот ангел претставувајќи ги грешниците. И Господ ги изговара зборовите: ‘Соблечете ги од него тие валкани облеки! И му рече: Еве, ја симнувам од тебе твојата вина и те облекувам во скапоцена облека… Ставете му чиста капа на главата’ (Захарија 3,4.5). Исто така Господ ќе те облече и тебе во ‘облека на правда’ (Исаија 61,10).“ – Христовите очигледни поуки, 162.163.

б. Што наскоро ќе се случи во времето на „доцниот дожд“ во силата на Светиот Дух? Исаија 61,11; Јоил 2,23.28-31.

„Не смееме да чекаме само на доцниот дожд. Тој ќе дојде на сите оние кои ја препознаваат и ценат росата на милоста и тушевите кои паѓаат врз нас. Кога ние го собираме секој зрак на светлина, кога ги цениме зраците на милоста на Оној кој нѐ љуби и сака да имаме доверба во Него, тогаш Тој секое свое ветување ќе го исполни (Исаија 61,11)…
Времето на проба е токму пред нас, бидејќи гласната вика на третиот ангел веќе започнала со откривање на правдата на Исус Христос, Откупителот кој ги проштева гревовите. Ова е почетокот на светлината на ангелот од чија слава ќе ја исполни целата земја.“ – Коментари на библиските текстови, 930.
„Едно дело мора да се изврши за луѓето, или мнозина нема да бидат подготвени да ја примат светлината на ангелот испратен од небото да ја осветли целата земја со Неговата слава. Немојте да мислите дека ќе се најдете како садови за чест во времето на доцниот дожд, да примите Божја слава, ако своите души ги издигате кон суета, ако зборувате изопачено, ако во тајност негувате корен на горчина.“ – Manuscript Releases 1, 175.
Среда 14. декември

4. ПОДГОТОВКА ЗА ДОЖД

а. Како треба да ги подготвиме нашите срца за да учествуваме во доцниот дожд? Јоил 2,12-14; Осија 10,12.

„Бог го води својот народ чекор по чекор. Тој го доведува во различни положби и околности за да се покаже што им е во срцето. Таквата проверка некои успешно ја издржуваат во еден момент, но паѓаат во следниот… Некои се подготвени да прифатат една точка, но кога Бог ќе ги стави на проверка во некоја друга точка, тие застануваат и се враќаат назад, бидејќи тоа го погодува некој нивен омилен идол. Тука тие имаат можност да видат што е тоа во нивното срце што ја затвора вратата на Исус. Тие нешто друго ценат повеќе од вистината, и не се подготвени да го примат Христа во своето срце. Поединци долго се испитуваат и се проверуваат за да се види дали ќе ги жртвуваат своите идоли и дали ќе го послушаат советот на Вистинскиот Сведок. Доколку некој нема да биде пречистен преку послушност кон вистината и да ја победат нивната себичност, нивната гордост и сите лоши склоности, Божјите ангели имаат налог: ‘Тие неразделно се приврзани за своите идоли, оставете ги’, и тие ќе ја продолжат својата задача оставајќи ги таквите – заедно со нивните гревови и нивните грешни особини – на контролата на злите ангели. Оние што успешно ќе ги поминат сите проверки, ќе излезат како победници, без оглед на цената, значи дека го послушале советот на Вистинскиот Сведок, и тие ќе го примат доцниот дожд, и на тој начин ќе бидат подготвени за преобразување.“ – 1 Сведоштво, 142.143.

б. Освен длабокото испитување на срцето и искреното покајание, кои други работи треба да ги имаме во поглед на доцниот дожд? Матеј 5,6; Захарија 10,1.

„Зошто не сме гладни и жедни за дарот на Духот, кога само преку Него можеме да добиеме сила? Зошто не зборуваме, не се молиме и не проповедаме за тоа?“ – 8 Сведоштво, 15.
„Само оние кои живеат во согласност со светлината што ја имаат, ќе добијат уште поголема светлина. Доколку секојдневно не напредуваме покажувајќи ги со личен пример активните христијански доблести, нема да бидеме во состојба да ги препознаеме манифестациите на Светиот Дух во времето на доцниот дожд.“ – The Faith I Live By, 333.
„Кога како народ со сето срце и во целост ќе се посветиме на Христовата служба, Бог тој факт ќе го признае преку излевање на Неговиот Дух, без мерка; но тоа нема да се случи додека најголемиот дел од црквата нема да соработува заедно со Бога.“ – The Review and Herald, July 21, 1896.
Четврток 15. декември

5. НАСТОЈУВАЊЕ ДА СЕ ЗАДОБИЕ БОЖЈИОТ ПЕЧАТ НА ОДОБРУВАЊЕ

а. На што секој вистински следбеник на Христа треба интензивно да биде фокусиран, и зошто е тоа толку потребно? Откровение 3,5; 7,1-4.13.14; 2 Коринтјаните 7,1.

„Печатот на живиот Бог ќе биде ставен само на оние кои според својот карактер ќе бидат слични на Христа.“ – The Review and Herald, May 21, 1895.
„Кога ќе станеме Божји деца, нашите имиња ќе бидат запишани во книгата на животот на Јагнето, и тие ќе останат таму до времето на истражниот суд. Тогаш името на секој поединец ќе се повика, и неговиот запис ќе се испита од страна на Оној кој вели: ‘Ги знам твоите дела’. Ако во тој ден се покаже дека не сме се целосно покајале од сите наши зли дела, нашите имиња ќе бидат избришани од книгата на животот, а нашите гревови ќе сведочат против нас. Ако таканаречениот верник стане самоуверен, ако со збор или дело го прекрши и најмалиот пропис на Божјиот свет закон, тој погрешно го претставува Исуса, и на судот ќе ги слушне страшните зборови: ‘Избришете го неговото име од книгата на животот; тој прави беззаконие’. Но, Отецот покажува сожалување кон душата која не се потпира на себе, која се бои од Бога, иако можеби ја мачат сомнежи и искушенија. Исус се зазема за него и го признава неговото име пред Отецот и Неговите свети ангели.“ – The Signs of the Times, August 6, 1885.
„Но оние кои очекуваат да видат магична промена во својот карактер без поенергичен напор од своја страна да го надвладеат гревот, ќе бидат разочарани. Додека гледаме на Исуса немаме причина да се плашиме, немаме причина да се сомневаме дека Тој е во состојба да го спаси секој кој доаѓа кај Него; но секогаш треба да се плашиме нашата стара природа повторно да не добие превласт, дека непријателот ќе изработи некоја замка со помош на која повторно ќе станеме негови заробеници… Како што восокот поприма впечатокот на печатот, така и душата треба да го прими впечатокот на Божјиот Дух и да го сочува Христовиот лик.“ – Одбрани пораки 1, 336.

Петок 16. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои резултати можеме да очекуваме да ги видиме во силата на доцниот дожд?
2. Кој единствено ќе го прими Божјиот печат?
3. Што не спречува да го примиме доцниот дожд?
4. Што треба да победиме за да го примиме доцниот дожд?
5. Од што треба да се плашиме во однос на победата над гревот?

Сподели го ова:

Similar Posts