11 Истрајни мисионери
11. лекција Сабота, 10. декември, 2016.
Истрајни мисионери
„Вие, што жедувате, дојдете сите при водите; дури и вие, кои немате пари, дојдете, купувајте и јадете; дојдете, купувајте вино и млеко без пари и без плаќање.“ –Исаија 55,1.
„Наскоро ќе наидат неволји во целиот свет. Затоа секој поединец мора да се стреми да го запознае Бога. Не смееме да губиме време. Со сериозност и со жар мораме да ја објавиме веста: (Исаија 55,1; 56,1).“ – 9 Сведоштво, 171.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 385-389. 6 Сведоштво, 14-29.
Недела 4. декември
1. ИСТРАЈНОСТ ВО ТЕШКОТИИ
а. Каква порака треба да им се пренесе на сите луѓе во денешно време, без оглед на тешките околности со кои можат да се соочат? Исаија 55,1.2. Зошто Бог дозволува искушенија да дојдат на црквата?
„Гласниците кои Бог ги испраќал во сите времиња биле изложени на исмевање и прогонства поради вистината. Меѓутоа, каде и да биде принуден Божјиот народ да оди, дури и ако биде прогонет на пусти острови како саканиот ученик, Христос ќе знае каде е тој, ќе го зајакне и благослови и ќе го исполни со мир и радост…
Божјата љубов кон Неговата црква е бесконечна. Тој никогаш не престанува да се грижи за своето наследство. Тој не дозволува на црквата да дојдат никакви неволји освен оние кои се неопходни за нејзино очистување, заради нејзиното сегашно и идно добро. Тој ќе ја прочисти својата црква како што го прочистил храмот на почетокот и на крајот на својата мисија на Земјата. Сите искушеније и неволји кои Тој ги допушта на црквата, имаат за цел Неговиот народ да добие уште подлабока побожност и повеќе сила, за веста за победата на крстот да ја пренесат низ сите делови на светот. Тој на секого му одредил задача. Делото мора постојано да се шири и напредува. Тоа мора да се проширува од град во град, од една земја во друга, и од народ до народ, да напредува постојано напред и нагоре; да фати сѐ поголем корен и да добива сѐ повеќе во сила.“ – 9 Сведоштво, 171.172.
Понеделник 5. декември
2. СТАНИ, ЗАСВЕТИ!
а. Каква светлина треба да блесне во срцето на сите кои ќе ја чујат евангелската порака? 2 Коринтјаните 4,6. На кого и преку кого оваа светлина ќе блеска денес? Исаија 9,2; Филипјаните 2,15.
„Христос дошол во нашиот свет да го открие Бога во услови на густ мрак на заблудата и празноверието кое тогаш владеело. Неговите ученици треба да го претставуваат во својот секојдневен живот и тогаш вистинската светлина од небото со своите топли и животворни зраци ќе го осветли овој свет; на тој начин на светот ќе му се открие карактерот кој е сосема поинаков од карактерот на оние кои Божјата реч не ја направиле за свој водач и стандард. Познавањето на Бога мора да се чува во услови на мракот кој го покрива светот и густата темнина која ги обвиткува луѓето. Со векови оние, кои тврделе дека веруваат во Него и Неговата реч, погрешно го прикажувале чистиот и свет Христов карактер.“ – Сведоштво за проповедници, 152.
б. Колку далеку ќе се прошири знаењето за Христа и за неговата слава? Исаија 49,6.
в. Како ќе биде откриена Божјата слава во овие последни денови? Исаија 60,1.2; Матеј 5,16.
„Овој свет го обвива темнина на погрешни сфаќања за Бога. Луѓето изгубиле секаква претстава за Неговиот карактер. Тие погрешно го сфатиле и погрешно го протолкувале. Токму во тоа време треба да се објави божествената порака, порака што просветлува со своето влијание, порака што има спасоносна сила. Треба да се објави вистината за Божјиот карактер. Светлината на Неговата слава, светлината на Неговата добрина, милост и вистина, треба да ја растера темнината на овој свет.“ – Христовите очигледни поуки, 355.
„Верниците во нашата црква (лаиците) можат да извршат едно дело кое одвај е започнато. Никој не треба да се сели во некое ново место само заради световна корист; но ако некаде се пружи прилика за пристоен живот, таму нека одат семејства кои се добро втемелени во вистината, едно или две семејства во едно место, и таму нека работат како мисионери… Можат да делат наши публикации, да одржуваат состаноци во своите домови, да се запознаваат со своите соседи и да ги повикуваат да дојдат на тие состаноци. Така тие можат да светлат во добри дела.“ – 8 Сведоштво, 192.
Вторник 6. декември
3. ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА СО СЛАВА!
а. Како Бог го опишува последниот голем мисионерски потфат? Откровение 18,1-4. Зошто ова дело не може да се изврши преку посредник?
„Бог испраќал порака по порака за да го разбуди нашиот народ да направи нешто, и тоа веднаш. Но на повикот ‘Кого да испратам?’, малкумина одговориле: ‘Еве ме мене, испрати ме мене’ (Исаија 6,8).“ – 9 Сведоштво, 31.
„Мнозина кои исповедаат религија не вложуваат никакви лични напори во делото за Христа. Тие се задоволни што другите го прават за нив она што всушност требало тие да го направат, и со тоа што со своето слабо влијание за работникот, сметаат дека прават нешто добро со посредство на застапник. Таквите луѓе ја немаат онаа вера која работи со љубов, и ја чисти душата. Тие немаат вистинска религија која го проникнува нивното секојдневие и управува со секоја активност во нивниот живот. Живата вера во Христа се покажува преку добри дела во нашето семејство и соседство, преку грижливо и практично влијание кон сиромашните, посетување и давање на утеха на вдовиците и сирачињата во нивните неволји, во чување да не се извалкаме во светот, и преку употреба на нашите средства и влијанија за унапредување на Божјото дело. Ова не смееме да го правиме мрзоволно или со тешко срце, туку драговолно и радосно, како што Исус сѐ дал за нас.“ – The Signs of the Times, August 22, 1878.
б. Кои се некои од начините на кои можеме да бидеме соработници со Бога во ова дело? 1 Коринтјаните 3,9.10.
„Никогаш немало поголема потребата за сесрдна и пожртвувана работа во Христовото дело е поголема отколку сега, бидејќи бргу ќе завршат часовите на проба… Браќа и сестри, ќе одговорите ли на (македонскиот) повикот велејќи: ‘Ние ќе направиме сѐ што можеме, ќе ви пратиме мисионери и пари. Ќе се откажеме од украсувањето на нашите домови и на нашите лица, во задоволување на нашиот апетит. Парите што ни се доверени ќе ги дадеме за Божјото дело и ние целосно ќе се посветиме, исто така, безрезервно на него…
На тој начин тие можат со приложување на своите пари можат да го помогнат ширењето на списанија и книги на оние што ја немаат светлината на вистината; тие можат да им помогнат во плаќањето на трошоците за учениците кои ќе се посветат на мисионерската работа. Вложете го во небесната банка секој денар кој можете да го одвоите.“ – 5 Сведоштво, 504.
Среда 7. декември
4. ПРОСВЕТЛУВАЊЕ НА НАРОДОТ
а. Која охрабрувачка порака на милост сме повикани да им ја дадеме на сите народи, и како тоа треба да го направиме? Исаија 55,3-5.
„Го преколнувам Божјиот народ да престане да се критикува еден со друг, и да се посветаи на објавување на вистината за ова време… Сега треба да се поклониме пред Бога во вистинска понизност на душата; бидејќи денот на облаците и густа темнина бргу се приближува.
Последниот голем конфликт е пред нас; меѓутоа, помош ќе им биде пратена на сите кои го љубат Бога и го почитуваат Законот, и земјата, целата земја, ќе биде осветлена со Божјата слава.“ – The Review and Herald, April 19, 1906.
„Оваа работа им е дадена на сите оние кои го претставуваат распнатиот Христос. Со крштевање со Светиот Дух и со посредство на својот Учител Божјиот народ треба да го работи она што Христос го работел. Тие треба да ја отсликуваат добрината на Творецот во овој свет. Како учесници во божествената природа, тие, со вера во Христа не треба само да ги спасуваат своите души, Христос за нив вели: вие сте Божји соработници. Како Негови сведоци, Тој на секого му дал своја работа. Како Негови претставници, тие треба на светот да му носат пораката на повик и милост.
Христос на своите ученици им наложил да го издигаат Спасителот на светот. Тие треба да имаат чувство на должност со цел способностите кои им се доверени да ги посветат во придобивање на души за Оној кој принел целосна жртва за просветлување и обновување на светот.“ – The Review and Herald, March 22, 1898.
б. Што треба да имаат на ум сите оние кои се обидуваат да ја споделат со другите светлината на сегашната вистина директно од Божјата реч? Исаија 55,9-11.
„Планот за одржување на часови за читање и проучување на Библијата е идеја од небесно потекло. Постојат многу мажи и жени кои можат да се вклучат во оваа гранка на мисионерска работа. На овој начин можат да се оспособат работници кои ќе станат силни Божји луѓе. На овој начин Божјото Слово е дадено на илјадници; а работниците оствариле личен контакт со луѓе од сите раси и јазици. Библијата е донесена во семејствата, а нејзините свети вистини се откриени на совеста. Од луѓето се бара да читаат, да испитуваат и да расудуваат сами за себе, и врз нив треба да почива одговорност за прифаќање или отфрлање на божественото просветлување. Бог нема да дозволи ова драгоцено дело за Него да остане без награда. Тој ќе го круниса со успех секој понизен напор направен во Неговото име.“ – Christian Service, 141.
Четврток 8. декември
5. ИЗДИГАЊЕ НА БОЖЕСТВЕНИОТ СТАНДАРД
а. Кога непријателот ќе нѐ преплави со искушенија да се откажеме од нашите напори да допреме до душите, што Бог ќе направи за нас? Исаија 59,19.
б. Каков став на умот ќе нѐ оспособи да чекориме напред и покрај тешките околности? Исаија 50,7.
„Во младоста одлучив дека, ако дозволам околностите да управуваат со мене, мојот живот ќе биде неуспешен. Јас направив сѐ што сметав дека е моја должност да го направам, дури и ако околностите не ми одеа во прилог. Мојот татко често ми велеше: ‘Елена, ако твоја должност биде да одиш во одредено место, тоа би ти било откриено толку јасно така што околу тоа нема да имаш никаков сомнеж. Со оглед на твојата младост и слабост, Господ ќе ти даде јасни докази за твоите должности; Тој ќе ти даде и сила да можеш да го направиш тоа без тешкотии.’ ‘Но’, одговорив јас, ‘татко, ако тешкотиите дојдат, јас морам да имам поголема одлучност да се соочам со нив, и правејќи го тоа јас ќе добијам вредно искуство кое ќе ми помогне мудро да ги искористам способностите кои ми се доверени’.
Овде се наоѓа делото доверено на секој еден од нас. Никогаш порано не го согледав значењето и вредноста на душите така како што го согледувам во моментов. Како можеме да ја сфатиме важноста на делото на спасението? Во споредба со вредноста на душата, сѐ останато тоне во безначајност. Овој свет и неговите богатства, овој живот и неговата среќа се од мала важност, кога ќе ги споредиме со радоста дури и на само една душа спасена за вечност. Сѐ додека не имаме бистра и јасна претстава за тоа што таа душа ќе ужива кога ќе биде спасена во царството на славата; сѐ додека целосно не ја сфатиме вредноста на тој живот кој се мери со животот на Бога; сѐ додека потполно не го разбереме богатството на наградата која е подготвена за оние кои ќе ја добијат победата – ние нема да можеме да ја знаеме непроценливата вредност на душата.“ – The Review and Herald, March 25, 1880.
Петок 9. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Како можеме да бидеме истрајни во нашата мисионерска работа денес?
2. Како лаиците можат да направат огромна работа во ширење на вистината?
3. Како можеме да го послушаме македонскиот повик?
4. Како вистинската религија делува во животот?
5. Кога светот и неговото богатство ќе го изгубат своето значење за нас?