10 Допирање до душите

Сподели го ова:

10. лекција Сабота, 3. декември, 2016.

Допирање до душите

“Следната сабота се собра скоро целиот град да го слушне словото Божјо.“ – Дела 13,44.

„Кроткиот дух, нежното, пријатно однесување, може да ги спаси залутаните и да покрие многу гревови.“ – Здравје и среќа, 166.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 7 Сведоштво, 25-41.
6 Сведоштво, 31-57.

Недела 27. ноември

1. ПОРАКА ЗА ДЕНЕШНО ВРЕМЕ

а. Кое дело за денешно време е претскажано во пророштвото на Исаија 56? Стихови 1,2.

„Пророкот Исаија претскажал реформа на саботата што ќе биде извршена во последните денови: (Исаија 56,1.2.6.7).“ – Големата борба, 465.

б. На кој начин можеме најдобро да им сведочиме на оние кои живеат во големите градови? Лука 14,23.

„Наша задача е на целиот свет – на секој народ, племе, јазик, колено и раса – да му ги соопштиме спасоносните вистини на пораката на Третиот ангел. Меѓутоа, тешкиот проблем се состоеше во тоа како да допреме до народот кој живее во центрите со многубројни жители. Не ни е дозволен пристап до црквите. Во градовите големите сали се скапи, а во повеќето случаи и во најдобрите сали малкумина сакаат да дојдат. Оние кои нѐ не познаваат зборуваа против нас. Луѓето не ги сфаќаат причините за нашата вера и нѐ сметаат за фанатици кои во незнаење ја празнуваат саботата наместо неделата. Во својата работа бевме во недоумица како да ги пробиеме бариерите на световноста и предрасудите и да ја изложиме пред народот драгоцената вистина која за нив е толку значајна. Господ нѐ поучи дека состанокот под шатор е еден од најважните орудија за остварување на ова дело.“ – 6 Сведоштво, 21.

Понеделник 28. ноември

2. ДОПИРАЊЕ ДО ОНИЕ НАДВОР ОД НАШИТЕ КРУГОВИ

а. Што му е покажано на Исаија во врска со Божјиот план за драгоцените, искрени души надвор од закрилата на Христос? Исаија 56,3-5. Ккао ова можело да се види во проповедањето на апостолите? Дела 13,44.

„Евреите сѐ повеќе и повеќе се сметале себеси според божественото право посупериорни од сите други народи на земјата; но сепак, не биле внимателни да го одржат својот посебен и свет карактер кој се открива преку послушност на сите Божји заповеди. Сега пророкот изјавува дека странец кој ќе го сака и почитува Бога ќе ги ужива и привилегиите кои му припаѓале исклучиво на избраниот народ. До тогаш обрежувањето и строгото почитување на церемонијалниот закон биле услови за прифаќање на незнабошците во израелското општество; но со евангелието овие разлики требало да бидат укинати.“ – The Signs of the Times, February 28, 1884.

б. На кои себични човечки склоности треба и ние и нашите семејства одредено да се спротивставиме? Агеј 1,4.

„Се грижиш и мислиш само за своето семејство и своите роднини, и никогаш не ти паднала на памет мислата да излезеш од овој тесен круг да бидеш активен и надвор од него. Ти го обожаваш своето семејство и се затвораш во него. Се грижиш само за да се спасиш себеси и своите. Мораш да се ослободиш од тој себичен дух ако сакаш да растеш во Господа и да напредуваш во духовен поглед, пред црквата да може да расте и кон неа да бидат придодадени душите на оние кои треба да се спасат.“ – 2 Сведоштво, 50.

в. Како можеме да ги избегнеме стапиците на групирање на луѓето на едно место? Лука 9,6.

„Колку градови има кои се сосема занемарени. Со собирањето во едно место нашиот народ си наштетува самиот на себе. Ако садниците во расадникот се премногу густи една до друга, тие не можат да растат и добро да се развиваат. Расадете ги садниците од вашиот густо засаден расадник. Бог не се прославува со тоа што толку многу предности ќе се натрупаат во едно место. Дадете им простор, расадете ги вашите садници во многу места, каде што еден нема да може да се потпира на друг. Дадете им простор да растат. Тоа Господ го бара од вас.“ – 8 Сведоштво, 115.

Вторник 29. ноември

3. ВРСКАТА СО НАШИТЕ ВКУСОВИ И НАВИКИ

а. Кое прекрасно ветување им е дадено на новите верници? Исаија 56,6.7. Како ние треба да учествуваме во делот на ширење на вистината?

„На секоја црква ѝ е потребна управувачката сила на Светиот Дух, и сега е време да се молиме за тоа. Но, во целокупното свое дело за човекот, Бог предвидел човекот да соработува со Него. За таа цел Бог бара од црквата поголема побожност, поправично чувство на должност и појасно сфаќање на своите обврски кон својот Творец. Тој бара од неа да сочинува еден чист, посветен, работен народ. Христијанското дело на пружање на помош е едно средство со кое тоа се постига, зашто Светиот Дух одржува врска со сите кои ја вршат Божјата служба…
Вложувајте редовни, организирани напори за да ги придвижите членовите на црквата од мртвата точка во која се наоѓаат со години. Испраќајте во црквата работници кои живеат според начелата на здравствена реформа и кои ја увидуваат потребата за самооткажување во поглед на апетитот, зашто во спротивен случај, тие ќе бидат стапица за црквата. Тогаш ќе видите дека во нашите цркви ќе влезе здивот на животот.“ – 6 Сведоштво, 198.

б. Од кои духовно заразни болести фарисеите заболеле и како ние можеме тоа да го избегнеме? Матеј 23,1-3; 7,24-29. Како нашите здравствени навики влијаат на нашето христијанско сведочење? Исаија 56,10-12; 1 Коринтјаните 9,26.27.

„Господ не е задоволен од отпаднатата состојба на Својот народ во поглед на здравствената реформа. Ако не се разбудат и не обрнат внимание на светлината на здравствената реформа, тие наскоро ќе пропуштат да ја согледаат важноста на другите фази од пораката.“ – Spalding Magan Collection, p. 418.
„Ако членовите на црквата очекуваат сила, тие мораат да живеат според вистината коа Бог им ја дал. Ако членовите на нашите цркви ја занемарат светлината (за овој предмет), тие ќе пожнеат сигурни последици – духовна и телесна дегенерација. Влијанието на постарите членови ќе дејствува како квасец на новодојдените верници. Господ сега не работи за да приведе многу души кон вистината, поради членовите на црквата кои никогаш не се обратиле, како и поради оние кои еднаш се обратиле, а потоа повторно почнале да запаѓаат во поранешната состојба. Какво влијание можат да имаат на новите обратеници овие непосветени членови? Не ја чинат ли тие на тој начин неделотворна Божјата вест која треба да ја објавува Неговиот народ?“ – 6 Сведоштво, 277.

Среда 30. ноември

4. НЕЖНОСТ КОН ОТПАДНИЦИТЕ

а. Опишете ја посебната грижа која Бог ја има за оние на кои таа им е најпотребна. Исаија 56,8.

„Секој кој вистински и искрено го сака Бога ќе ги љуби и душите за кои Христос умрел. Ако сакаме да им чиниме добро на луѓето, нашиот успех со нив ќе биде во сооднос на нивното уверување дека ние ги цениме и дека имаме доверба во нив. Почитувањето укажано на човечката душа која се бори е сигурен начин за обнова на изгубената самопочит преку Исуса Христа. Нашите напредни идеи за тоа што таа душа да стане, претставува за неа таква помош така што ние тоа едноставно не можеме да го сфатиме. Нам секој час ни е потребна изобилна благодат од Бога; тогаш ќе имаме богатство, практично искуство, зашто Бог е љубов. Кој пребива во љубовта, пребива во Бога. Дајте им љубов на оние на кои љубовта им е најпотребна. На нај несреќните, на оние кои имаат незгоден темперамент, потребна им е нашата љубов, нашата нежност, нашата поддршка. На оние кои го искушуваат нашето трпение најмногу им е потребна нашата љубов. Ние само еднаш поминуваме на оваа земја; секое добро кое можеме да го направиме, треба да го чиниме најискрено, неуморно, со истиот дух за кој е кажано дека Христос го имал додека ја извршувал својата мисија. Тој нема да има неуспех ниту ќе биде обесхрабрен. Грубиот, тврдоглав, мрзоволен темперамент се оние на кои помошта им е најпотребна. Како може да им се помогне? Само практикувајќи ја истата љубов во постапувањето со нив која Христос ја открил на паднатиот човек. Можеби ќе кажете: однесувајте се кон нив онака како што тие заслужуваат. Што би било кога Христос така би се однесувал кон нас? Кон Него, кој тоа не го заслужил, се постапувало онака како што ние заслужуваме. Сепак, кон нас Христос се однесува со милост и љубов која ние не ја заслуживме, туку Тој. Однесувајте се кон некои луѓе онака како што мислите дека тие тоа навистина го заслужуваат, и со тоа ќе ги лишите од последната нишка на надеж, ќе го расипете вашето влијание и ќе ја уништите душата. Дали ќе се исплати тоа? Не, јас велам не, сто пати не. Врзете ги овие души на кои им е потребна сета помош која можете да им ја дадете за срцето полно со љубов, сочувство и самосожалување, од кое се излева љубов како Христовата, и со тоа ќе ја спасите душата од смрт и ќе покриете мноштво гревови.“ – Fundamentals of Christian Education, 281, 282.

б. Како можеме да работиме за отпадниците во нашите сопствени редови? Јаков 5,19.20.

„Има мнозина кои грешат и го чувствуваат својот срам и безумие. Тие гледаат на своите грешки и заблуди сѐ додека не паднат во очај. Ваквите души не треба да ги занемариме. Кога некој мора да плива против струјата, сета сила на струјата го влече назад. Тогаш подадете ја вашата рака кон него како што Постариот Брат ја подал раката на Петар, кој тонел. Обратете му се со зборови полни со надеж.“ – In Heavenly Places, 295.
Четврток 1. декември

5. СЛЕДЕЈЌИ ГО ПРИМЕРОТ НА УЧИТЕЛОТ

а. Како Христовата служба полна со сочувство кон душите заболени од гревот може да се рефлектира и подржува во животот на неговите следбеници? Исаија 61,1-3.

„Христовата мисија била да ги исцелува болните, да ги охрабри безнадежните, за ги превие ранетите во срцето. Ова дело на обнова треба да се изврши меѓу неволните и напатените човечки души. Бог од нас не бара само благонаклоност, туку и ведрина на лицето, зборови на надеж, стисок на раката. Олеснете им ги маките на некои од несреќните Божји деца. Некои од нив се болни, и останале без надеж. Вратете им ја сончевата светлина. Постојат души кои изгубиле храброст; разговарајте со нив, молете се за нив. Постојат оние кои имаат потреба од лебот на животот, читајте им го Словото Божјо. Постојат болести на душата кои ниту еден мелем не може да ги ублажи, ниту еден лек да ги лекува. Молете се за нив, и доведете ги пред Христа. Во секој наш потфат, Христос ќе биде присутен и ќе делува на срцата на луѓето.“ – Call to Medical Evangelism and Health Education, p. 23.
„Ние не треба да одиме во Назарет, Капернаум, или Витанија, за да чекориме по Христовите стапки. Неговите стапки може да се најдат покрај болничките кревети, во колибите на сиромашните, во пренатрупаните улички на големите градови и на секое место накое им е потребна утеха на човечките срца.
Ние треба да ги нахраниме гладните, да ги облечеме голите, да ги утешиме оние што страдаат и се немоќни. Треба да им служиме на очајните, и да влееме надеж во срцата на безнадежните.
Христовата љубов, манифестирана во несебична служба, ќе има поголем ефект во реформирањето на злосторникот, отколку мечот или судот на правда. Сепак, и овие мерки се неопходни да влеат страв во престапниците на законот, иако еден љубезен мисионер може да стори повеќе од тоа. Често срцата кои се стврднуваат под укор ќе се стопи под влијание на Христовата љубов.“ – Здравје и среќа, 66.

Петок 2. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Која била првобитната цел на организирање на состаноци во шатори, и зошто?
2. Зошто треба да покажеме интерес за новите души чии семејства не се во верата?
3. Како нашите лични здравствени навики се поврзани со нашиот успех во мисионерската работа?
4. Што се случува ако кон луѓето се однесуваме онака како тие заслужуваат? Како Исус се однесува кон нас?
5. Каде можеме да најдеме прилики за лично сведочење, како што тоа го правел Исус?

Сподели го ова:

Слични објави