09 Повикани да сведочиме

Сподели го ова:

9. лекција Сабота, 26. ноември, 2016.

Повикани да сведочиме

„Колку се прекрасни врз горите нозете на благовесникот, кој навестува мир, благовестува радост, проповеда спасение, кој му говори на Сион: „Твојот Бог царува.“ – Исаија 52,7.

„Пренесувајќи ја примената милост на другите, стануваме учесници во неизмерните Божји благослови.“ – The Review and Herald, February 25, 1909.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 7 Сведоштво, 9-24.

Недела 20. ноември

1. ОЖИВУВАЊЕ НА НАШАТА ЉУБОВ КОН ВИСТИНАТА

а. Кога сме во искушение да го изгубиме времето на себични стремежи и безначајни работи, што треба да земеме во предвид? Исаија 55,6.7; Евреите 3,12.13.

„Браќа мои и сестри, барајте го Господа додека може да се најде. Ќе дојде време кога оние што го трошеле своето време и ја пропуштиле приликата, ќе зажалат што не Го барале.“ – 9 Сведоштво, 78.

б. Зошто е важно сега да го проучуваме Божјото Слово? Амос 8,11.12. Каков ефект личното проучување на Библијата ќе има на нас? Јован 8,31.32; 17,17.

„Оние кои ја проучуваат Библијата, бараат совет од Бога, и се потпираат на Христа, ќе бидат во состојба да постапат мудро во секое време и во сите околности. Божјите начела ќе бидат прикажани во практичниот живот. Ако вистината за ова време срдечно се прифати и стане основа на карактерот, ќе произведе таква решителност на намерата и целите, така што привлечноста на задоволствата, променливоста на обичаите, презирот на луѓето кои го љубат светот и повиците на сопственото срце за самоугодување ќе бидат немоќни да влијаат на неа. Најпрвин мора да се просветли совеста, волјата мора да се потчини. Љубовта кон вистината и праведноста мора да владее во душата и на тој начин ќе се изгради карактерот кој небото може да го одобри.“ – 5 Сведоштво, 28.

Понеделник 21. ноември

2. ОЖИВУВАЊЕ НА НАШАТА ЉУБОВ КОН ХРИСТА И ДРУГИТЕ

а. На што ќе нѐ нагони силната Христова љубов? 2 Коринтјаните 5,14.15.

„Ако Божјата љубов се наоѓа во срцето, таа неизбежно ќе биде откриена во нежната љубов кон другите. Ние го почитуваме Бога со нашите дела на милосрдие, покажување на грижно сочувство за несреќните. На вдовиците и сирачињата им е потребно повеќе од нашата милостина. Тие имаат потреба од грижа и внимание, зборови на сочувство, и подадена рака која ќе ги одведе таму каде можат да си помогнат самите на себе. Сите дела направени за оние на кои им е потребна помош се направени во Христа. Додека учиме како да им помогнеме на несреќните, треба да го проучуваме Исусовиот начин на работа. Тој не одбивал да работи за оние кои грешеле; Неговите дела на милост се извршени за секоја класа, и на праведните и на неправедните. Сите подеднакво ги лекувал и поучувал.“ – The Signs of the Times, July 14, 1909.

б. Кога ќе ни недостасува овој мотив, кој повик на покајание мораме да го прифатиме, и зошто? Откровение 2,4.5.

„Мој брате, моја сестро, што правите за Христа? Дали се стремите да бидете благослов за другите? Дали вашите усни изговараат зборови на љубезност, сочувство и љубов? Дали вложувате искрени напори да ги придобиете другите за Спасителот?
Тоа е мистерија зошто денес нема стотици работници таму каде што сега има само еден. Небесниот универзум е зачуден заради незаинтересираноста, студенилото, рамнодушноста на оние кои тврдат дека се Божји деца. Делото е пред нас веќе со години, но мнозина заспале.“ – The Review and Herald, August 7, 1913.

в. Како чинењето на ‘првите дела’ во мисионерските потфати може да ја подигне духовноста во црквата на повисоко ниво?

„Секое отстапување од вистинските мисионерски напори, секој неуспех да се негува мисионерски дух, се одразило на црквата, и водело до пад во духовноста. Но, секој искрен напор што е направен во мисионерската работа донел духовно здравје на црквата – не само зголемување на членството на црквата, туку и зголемувањето нејзината света ревност и радост.“ – Сведоштво за проповедници, 205.206.

Вторник 22. ноември

3. РЕЗУЛТАТИ ВРЕДНИ НА ТРУДОТ

а. Кои охрабрувачки зборови ќе ја илустрираат благодарноста која оние што ја слушнале веста ќе ја имаат за оние кои им ја донеле пораката? Исаија 52,7.

„(Бог) сака да одржувате состаноци за тие што се надвор од црквата, за луѓето да дознаат за вистината и за последната порака на предупредување. Има места каде што од срце ќе бидете примени, каде што душите ќе ви бидат благодарни што сте отишле да им помогнете. Господ нека ви помогне да се прифатите за оваа работа како никогаш порано.
Да почнеме да работиме за оние кои не ја имаат светлината… Она што ни треба е жива вера, вера која над отворениот Јосифов гроб објавува дека имаме жив Спасител, кој ќе оди пред нас и ќе соработува со нас. Бог ќе ја врши работата, доколку ние му обезбедиме инструменти. Потребно е да се молиме многу повеќе и да имаме многу помалку неверување. Мораме сѐ повеќе и повеќе да го издигаме стандардот пред народот. Не смееме да заборавиме дека Христос секогаш е од десната страна кога им објавуваме слобода на заробениците, и им делиме леб на животот на гладните души. Ако ја задржиме пред нашите умови итноста и важноста на оваа работа, Божјото спасение јасно ќе ни се открие.
Бог нека ни помогне да го земеме сето духовно оружје и да работиме со нај сесрдна сериозност, со уверување дека душите на мажите и жените навистина се вредни за спасение. Да настојуваме наново да се обратиме.“ – 9 Сведоштво, 78.

б. Што може да се случи ако ги здружиме силите во овој голем потфат? Исаија 52,8.15.

„Господ го повикува својот народ да се вклучи во разни гранки во мисионерската работа. Оние кои се наоѓаат на патиштата и меѓу оградите треба да ја слушнат спасоносната вест на Евангелието. Членовите на црквата треба да се занимаваат со евангелска работа во домовите на оние свои пријатели и соседи кои сѐ уште не се потполно осведочени во вистината.“ – Reflecting Christ, 202.
„Но ако ние вистината ја изнесуваме онаква каква што е во Исуса, ќе ја изнесуваме во духот на вистинскиот Воспитувач; и нема да застапуваме различни мислења, држејќи се упорно до своите идеи, туку ќе делуваме во целосна согласност.“ – Коментари на библиските текстови, 914.

Среда 23. ноември

4. ОСЛУШУВАЈЌИ ГО ПОВИКОТ НА БУДЕЊЕ

а. Како апостол Павле го повторува повикот на Исаија на служба? Римјаните 10,13-15.

„(Христовиот) живот бил живот на несебична служба, и тој треба да ни биде учебник.
Луѓето немаат право да мислат дека постои ограничување во напорите кои тие треба да ги направат во делото на спасување на душите. Дали Христос некогаш се уморил во својата работа? Дали некогаш се повлекувал од жртвата и тешкотиите? Членовите на црквата треба да вложуваат континуирани, истрајни напори, како и Христос.“ – The Review and Herald, August 7, 1913.

б. Дали треба да чекаме владин декрет или резолуција на Генералната Конференција за да се разбудиме? Ако не, зошто не? Римјаните 13,11-14; 1 Солунјаните 5,4-8.

„Целата земја треба да биде осветлена со славата на Божјата вистина. Господ нема да направи крај на времето на милоста сѐ додека пораката на предупредување не биде појасно објавена. На трубата мора да и се даде јасен звук. Божјиот закон треба да се возвиши, неговите барања треба да се претстават во нивниот вистински, свет карактер, за луѓето да можат да се одлучат за вистината или против неа…
Ти веќе долго време си чекал на величествените застрашувачки настани кои треба да се случат непосредно пред доаѓањето на Синот човечки на небесните облаци, со сила и голема слава. Сега јас те прашувам: дали си подготвен на трубата да и дадеш одреден звук? Дали сигурно знаеш дека си поврзан со Бога, дека живееш во светлината на Неговото лице? Кој чувствува од ден во ден дека припаѓа на големата заедница која го почитува Исуса исполнувајќи го Божјиот план за откуп на луѓето? Најдобар начин сопствените души да ги одржувате во Божјата љубов е да станете вредни работници за спасувањето на другите…
Целото небо, ако можам така да се изразам, нетрпеливо чека луѓето да соработуваат со небесните орудија во делото на спасување на душите (Исаија 52,7). Кој ќе стане и ќе светли бидејќи дојде неговата светлина, и Божјата слава го осветли? Кој се обединил со Господа во свет завет да стане канал за комуникација преку кого небесната светлина и милост ќе се пренесат на нашиот свет.“ – General Conference Daily Bulletin, January 28, 1893.
Четврток 26. ноември

5. ВИСТИНСКО ПРИЗНАВАЊЕ

а. Какво признание ни е потребно додека времето на проба уште се задржува? Исаија 45,23; Римјаните 14,11; 10,9.10.

„Не губете време: признајте го Христа без одлагање. Светиот Дух, Утешителот, Духот на вистината кој сведочи за Христа. Исус им рече: ‘Но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сè до крајот на земјата’ (Дела 1,8). Страшно е да го жалостиме Светиот Дух кој ве прави Христов сведок. Вие не знаете кога за последен пат ќе го натажите Духот. Светиот Дух не делува на човечкото срце за да го присили да му се предаде на Христа, да го присили да ја покори својата совест; но (Духот) сјае во одаите на умот да ве осведочи за гревот, и да ве поттикне на праведност. Ако сега не го признаете Христа, ќе дојде време кога, обземени со чувство дека сте изгубиле нешто големо, сепак ќе го признаете. Но, зошто да не го признаете Христа сега, додека гласот на милоста ве повикува?“ – The Youth’s Instructor, August 1, 1895.

б. Кога ќе го признаеме Христа како извор на нашата сила и правда, каков ефект тоа ќе има врз нашите мисионерски напори? Исаија 45,24.25.

„На еден посебен начин вистината е прилагодена на потребите на секое човечко срце. Кога Божјите деца ќе ја сфатат Божјата способност да ги задоволи нивните потреби, тие ќе се обраќаат кон другите за да ги задоволат потребите на душите кои пропаѓаат во грев. Бог ќе ги прифати сите кои ќе покажат вера во Него и ќе станат извршители на Неговиот збор.“ – The Review and Herald, August 12, 1909.

Петок 25. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто е важно за нас да знаеме што е вистина?
2. Што се случува со нашата духовност, ако пропуштиме да го работиме делото на мисионство?
3. Додека се трудиме веста за Христа да ја поделиме со другите, на кого треба прво да се фокусираме?
4. Каков пример ни оставил Христос во секојдневниот живот, и како можеме да го следиме?
5. Како моето лично признавање на Христа може да биде уште поефикасно сведоштво?

Сподели го ова:

Слични објави