06 Споделување со нашите соседи

Сподели го ова:

6. лекција Сабота, 5. ноември, 2016.

Споделување со нашите соседи

„Не бојте се и не плашете се: нели одамна ти соопштив и претскажав? И вие сте Мои сведоци. Има ли Бог освен Мене? Не, друга Карпа нема, Јас те познавам.“ – Исаија 44,8.

„Ние треба лично да знаеме, а потоа и да бидеме во состојба да им кажеме на другите дека секое Божјо ветување е вистинито. Единствено ако изнесуваме директно сведоштво со збор и дело, ние можеме да бидеме сметани за вистински и верни сведоци за Христос.“ – The Review and Herald, July 7, 1903.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 248-256.

Недела 30. октомври

1. ДОСЕГАЊЕ ДО НЕДОСТИГНАТИТЕ

а. Опишете го Божјиот план за неговите овци, кои се надвор од неговото стадо? Езекиел 34,12-14. Што на современиот Божји гласник му било наредено да каже за оваа потреба?

„Додека патував преку Југ на една конференција видов неколку необработени градови. Во што е проблемот? Проповедниците лебдат над црквите, кои ја познаваат вистината, додека илјадници пропаѓаат без Христа. Ако им се дадат соодветни упатства и ги следат соодветните методи, секој член на црквата би ја работел својата работа како член на телото. Тој би го извршувал христијанското мисионерско дело. Меѓутоа, црквите се на умирање, а тие и понатаму бараат проповедник да им проповеда. Тие треба да се научат да му го донесат верно десетокот на Бога, како Тој би можел да ги зајакне и благослови. Треба сериозно да се подготват за работата за на нив да дојде здивот на Бога. Тие треба да се научат дека ако тие не можат да издржат сами, без проповедник, тие треба одново да се обратат, и одново да се крстат. Тие треба да доживеат наново раѓање.“ – The Ellen G. White 1888 Materials, p. 1750.
„Светот треба да се предупреди. Проповедниците треба да работат сесрдно и совесно, влегувајќи во нови полиња и лично заземајќи се за спасение на душите, а не да престојуваат во црквите кои веќе примиле голема светлина и многу предности.“ 7 Сведоштво, 199.

Понеделник 31. октомври

2. ОСНАЖЕНИ СО СЛУЖБА

а. Која спасоносна светлина мора да допре до секој човек на земјата? Исаија 42,6; Марко 16,15. Како ние како верници и како поединци често ја запоставуваме оваа обврска, особено кога сме собрани во поголеми цркви?

„Христовиот налог мора да се изврши. Божјиот народ мора Нему да му ги посвети своите средства и своите способности. Верните војници на Христовиот крст не треба само да се улогорат, туку да го носат товарот на укорите и понижувањата и да одат по патеката на самоодрекување по која чекорел Откупителот.
Проповедниците кои лебдат над црквите, проповедајќи им на оние кои веќе ја познаваат вистината, би било подобро да одат во оние места кои сѐ уште се во темнина. Доколку тоа не го направат, и тие и нивните собранија ќе станат закржлавени. Нашата вера станала слаба и болна затоа што членовите на црквата ја напуштиле својата прва љубов. Тие можат да станат силни мажи и жени во Христа доколку се потчинат на Божјите упатства…
Светот пропаѓа во гревот. Колку долго ќе си дозволите себеси да бидете одвоени од големото сиромашно лозје на кое му е потребна вашата помош, кога историјата на овој свет е толку блиска до својот крај?“ – The Review and Herald, February 9, 1905.
„Постојат голем број на членови на нашите големи цркви кои не работат релативно ништо, а кои би можеле да постигнат добри резултати во работата, доколку, наместо да се групираат заедно, би се распрснале по оние места во кои вистината сѐ уште не се пробила.“ – The Review and Herald, November 26, 1914.

б. Што секој проповедник и член треба да има на ум? Исаија 43,11.

„Божјиот народ кој има светлина и знаење не ги исполнил високите и свети Божји цели. Тој не напредувал од победа во победа, освојувајќи нови територии, кревајќи го стандардот во градовите и предградијата. Големо духовно слепило ги опфатило оние, кои Господ ги осветил со толкава светлина; тие во таа светлина не напредувале постојано. Членовите на црквите не се охрабруваат да ги користат духовните нерви и мускули, во делото на напредување…
Во секоја црква треба да се избираат млади мажи и млади жени да носат одговорности. Тие мораат да ги вложуваат сите свои напори за да се оспособат да им помогнат на оние кои не ја познаваат вистината. Бог бара сесрдни работници кои работат со целото свое срце. Оние кои ќе бидат кротки и понизни, ќе увидат од лично искуство дека освен Него нема спасител.“ – 9 Сведоштво, 102.
Вторник 1. ноември

3. ОСВЕЖУВАЊЕ ЗА ЖЕДНИТЕ

а. Што ветува Бог дека ќе направи за оние кои настојуваат да ја извршуваат неговата волја со сето срце? Исаија 44,3.4.

„Ние сме поучени во Божјата реч дека ова е време, над сите останати, кога можеме да бараме светлина од небото. Сега треба да очекуваме освежување од присуството Господово. Треба внимателно да внимаваме на движењето на Божјото провидение како што Израелската војска внимавала ‘Кога ќе чуеш шум како кога минува некој по врвовите на црниците’ (2 Самуил 5,24) што било знак дека небото ќе работи за нив.
Бог не може да го прослави своето име преку својот народ додека тој се потпира на ‘човек и кој телото го смета за своја крепост’ (Еремија 17,5). Неговата сегашна слаба состојба ќе трае сѐ дотогаш додека не почне да го возвишува само Христа и додека, како Јован Крстител, не рече во понизност на своето срце: ‘Тој треба да расте, а јас да се смалувам’ (Јован 3,30). Наложено ми е на Божјиот народ да му ги пренесам овие зборови: Воздигајте го Него, човекот од Голгота. Сето човечко нека се повлече зад Него, за да можат сите да го видат Оној во кого се сконцентрирани сите нивни надежи на вечен живот’…
Изворот на живата вода им се отвора на жедните души. Бог вели: ‘зашто ќе излеам вода врз жедната земја, и потоци врз исушеното’ (Исаија 44,3). Светлината ќе им биде дадена само на оние души кои искрено бараат светлина и кои радосно го примаат секој зрак на божественото просветлување од Неговото Свето Слово. Преку тие души Бог ќе ја открие светлината и силата кои ќе ја осветлат целата земја со Неговата слава.“ – 5 Сведоштво, 502.

б. Опишете ја лудоста на овој свет кој се потпира на своите идоли. Исаија 44,9.14-17; 46,5-8. Која освежувачка вест овие идолопоклоници треба да ја слушнат? Исаија 44,22; Псалм 103,11-13.

„Бог копнее на оттргнатото човештво да му го вдахне духот на животот. И Тој нема да дозволи ниту една душа да биде разочарана која искрено копнее за нешто повисоко и поблагородно од она што светот може да понуди. Бог постојано ги испраќа своите ангели на оние кои, иако се опкружени во многу неповолни ситуации, упатуваат молитви со вера стремејќи да се потчинат на вишата сила која ќе им донесе спасение и мир. Бог ќе им се открие на разни начини и со своето провидение ќе ја зајакне нивната доверба во Оној кој се жртвувал за да ги искупи сите ‘да ги полагаат надежите свои во Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди (Псалм 78,7).“ – Пророци и цареви, 255.
Среда 2. ноември

4. ПРОШИРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ГРАНИЦИ

а. Што Господ сака неговиот презрен и напуштен остаток да направи? Псалм 5,11; Исаија 54,1.

„Целото педесет и четврто поглавје од книгата на пророкот Исаија се однесува на Божјиот народ, и секоја поединост на ова пророштво ќе се исполни.“ – Коментари на библиските текстови, 332.

б. Објаснете го уверувањето дадено на оние кои ги отвораат своите срца и домови за другите? Исаија 54,2.3; Евреите 13,1.2.

„Бог ми даде една вест за Неговиот народ. Тој мора да се пробуди, да ги рашири своите шатори и да ги прошири своите граници. Вие сте купени по скапа цена, браќа и сестри, и сѐ што имате и што сте, мора да се искористи на Божја слава и за добро на вашите ближни. Христос умре на крстот за да го спаси светот од пропаста во грев. Тој ве повикува да соработувате со Него во ова дело. Вие треба да бидете Негова рака помошничка. Со сесрдни и неуморни напори треба да настојувате да ги спасите изгубените. Имајте на ум дека поради вашите гревови крстот беше неопходен. Кога сте го прифатиле Христа како свој Спасител, сте дале завет дека заедно со Него ќе го понесете крстот. Вие сте врзани со Него на живот и смрт и претставувате дел од големиот план на откупување.
Преобразувачката сила на Христовата благодат го преобразува човекот кој ќе се посвети на Божјата служба. Исполнет со Духот на Спасителот, тој е подготвен да се одрече од себе, подготвен да го понесе крстот, подготвен на секаква жртва за Учителот. Тој повеќе не може да биде рамнодушен кон душите кои гинат околу него. Тој е воздигнат над сопствените интереси. Тој станал нов човек во Христа и во неговиот живот нема веќе место за себичност.“ – 7 Сведоштво, 5.

в. Кои чудесни ветувања се поврзани со овој вид на мисионерска работа? Исаија 54,4.5.10.17.

„Со својата сигурна и семоќна рака Бог ја прифаќа секоја душа која ќе му се обрати за помош, колку и да е таа душа слаба и беспомошна. Сите богатства на овој свет можат да пропаднат, но душата која живее за Бога, која не се колеба кога е изложена на ударите на напад и осуда, ниту се изопачува кога е пофалена, ќе остане засекогаш со Него.“ – 4 Сведоштво, 251.
Четврток 5. ноември

5. ВЕТУВАЧКИ МОЖНОСТИ КОИ ПРЕТСТОЈАТ

а. Што Бог сака да бидеме за оние кои се наоѓаат околу нас, и какви уверувања можат да се најдат за оние кои ќе се прифатат за тоа дело? 2 Летописи 16,9; Исаија 11,10-13; 57,13.14.

„Групите мисионери во незнабожечките земји, пророкот ги споредува со знаме поставено како патоказ за оние кои ја бараат светлината на вистината…
Денот на ослободување е на дофат на раката… Меѓу сите народи, колена и јазици, Господ ги гледа мажите и жените кои се молат за светлина и знаење. Нивните души се незадоволни; долго тие се хранеле со пепел (Види: Исаија 44,20). Непријателот на секоја правда ги одвлекол настрана и тие опипуваат како слепци. Меѓутоа, тие се искрени во срцето и сакаат да го познаат подобриот пат. Иако се наоѓаат во длабочините на незнабоштвото и не го познаваат напишаниот Божји закон, ниту Неговиот Син Исус, кај нив сепак многукратно се покажува делувањето на Божјата сила врз умот и карактерот.
Понекогаш оние кои немаат познавање за Бога, освен она стекнато под дејство на Божјата благодат, биле љубезни кон Неговите слуги, заштитувајќи ги по цена на својот живот. Светиот Дух ја всадува Христовата благодат во срцата на мнозина благородни трагачи по вистината, оживувајќи ги навиките спротивни на поранешното воспитување.“ – Пророци и цареви, 254.
„’Господ испраќа порака, ‘Отстранете го каменот на сопнување од патот на мојот народ’. Треба да се вложат искрени напори за да се оневозможи влијанието кое ја попречува пораката за ова време. Една свечена задача треба да се изврши во краток временски период.“ – Коментари на библиските текстови, 332.

Петок 4. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Ако навистина сме обратени, што треба да бидеме подготвени да направиме во нашите цркви?
2. Објаснете го недостатокот на големите цркви.
3. На кого единствено ќе му биде дадена светлина, и што ќе направи со таа светлина?
4. На кој начин можам да го ‘проширам’ мојот ‘шатор’ за Господа?
5. Кои чекори можеме да ги преземеме за да им помогнеме на оние кои како слепиот човек трагаат по светлина?

Сподели го ова:

Слични објави