02 Глас во пустината
2. лекција Сабота, 8. октомври, 2016.
Глас во пустината
„Гласот на оној што вика во пустината говори: „Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог.“ – Исаија 40,3.
„Нашата задача на објавувањето на второто доаѓање на Исус Христос е слична на онаа на Јован Крстител, Христовиот предвесник при Неговото прво доаѓање. Ние треба да му ја објавиме на светот пораката: ‘Големиот Господов ден е близу’. ‘Подгответе се да го сретнете Бога’. Ние треба да направиме многу повеќе од она што досега сме го направиле.“ – Reflecting Christ, p. 201.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 8 Сведоштво, 9-14.
Недела 2. октомври
1. НАДЕЖ ЗА ОБЕСХРАБРЕНИТЕ
а. Која е една од најомилените пораки кои Исаија според Божјиот налог ги напишал? Исаија 40,1.2.
„Спомнувајќи си за заветот на својата милост, Бог за Израелците, после острите казни со кои ги мачеле нивните непријатели, милостиво се залагал за својот народ. Тие, наместо мудроста и Божјата правда, ја избрале својата мудрост и правда, а како резултат на тоа бил падот на нивната нација. Бог дозволил да страдаат под двоен јарем, за да се понижат и покајат. За време на своето расејување и ропство, Евреите не биле оставени во состојба на безнадежност. Им биле давани охрабрувања, бидејќи во тоа понижување биле наведени да го бараат Господа. Бог на Исаија му дал порака за овој народ (Исаија 40,1.2).
Кога Евреите биле расеани од Ерусалим, меѓу нив имало мажи и жени кои во начелото биле цврсти како карпа, мажи и жени кои не оделе по патот поради кој Господ би се срамел да ги нарече свој народ. Тие тагувале во своето срце поради застранувањето кое не можеле да го спречат. Тие невини поединци морале да страдаат заедно со виновниците, но Господ им дал сила да ги издржат неволјите на тоа време. На нив им била упатена оваа порака на охрабрување. Надежта на целата нација почивала во тие млади момчиња и девојки кои го сочувале својот интегритет.“ – Коментари на Библиските текстови, 323.
Понеделник 3. октомври
2. ПРЕТСКАЗАНИОТ ГЛАСНИК
а. Како Исаија пророчки ја опишал работата на Јован Крстител? Исаија 40,3; Лука 3,2-4. Во која смисла Јован требало да биде „глас во пустината“?
„Делото на Јован Крстител било големо, меѓутоа на земјата немало училиште со кое тој би можел да се поврзе. Своето образование тој морал да го добива далеку од градовите, во пустината.“ – Коментари на библиските текстови, 508.
б. Што го оспособило Јован, како и Исаија и Илија пред него, бестрашно да стои пред народот, извршувајќи ја својата животна мисија? Исаија 33,17; 6,5.
„Јован не се чувствувал доволно силен да го издржи големиот притисок на искушенијата со кои ќе се сретне во општеството. Се плашел неговиот карактер да не биде обликуван според обичаите кои во тоа време преовладувале меѓу Евреите, и затоа за своја школа ја одбрал пустината во која неговиот ум можел правилно да се воспитува, дисциплинира и учи од големата Божја книга на природата. Во пустината, Јован би можел полесно да се одрече од себе, да владее со својот апетит и да се облекува во согласност со природната едноставност. Во пустината немало ништо што неговите мисли би ги одвраќале од побожно размислување и молитва. Сатаната имал пристап до Јован, дури и кога направил сѐ што е во негова моќ да ги затвори приодите преку кои тој можел да влезе. Но, неговите животни навики биле толку чисти и природни така што можел да го препознае непријателот, и имал сила на духот и одлучност на карактерот да му се спротивстави.“ – Коментари на библиските текстови, 508.
„Под водство на Божјиот Дух, (Јован) ги проучувал свитоците на пророците. Христос дење и ноќе бил предмет на негово проучување и духовно размислување, сѐ додека срцето и душата не му бил исполнети со славна визија.
Тој го гледал Царот во Неговата убавина, и на тој начин потполно заборавил на себе. Посматрајќи го величеството на светоста ја согледал својата неспособност и недостојност. Должност му била на луѓето да им ја објавува Божјата порака, и пред нив да стои во сила и Божја правда. Бил подготвен како пратеник од небото да проповеда пред луѓето без никаков страв, бидејќи пред очите го имал само она што е божествено. Можел бестрашно да стои во присуство на земните цареви, затоа што со трепет се поклонувал пред Царот над царевите.“ – Слуги на евангелието, 43.
Вторник 4. октомври
3. ДА СЕ ПОРАМНАТ ПАТИШТАТА
а. Како прочуениот мудрец ја сумира состојбата на паднатото човештво? Проповедник 1,15. Сепак, која порака на надеж Јован Крстител требало да ја донесе, во склад со пророштвото на Исаија? Исаија 40,4; Лука 3,5.
„Бог направил сѐ што можело да се направи во корист на човекот. Секоја негова потреба била предвидена; за секоја тешкотија, за секоја криза, бил предвиден излез. Сѐ што било криво било исправено, и нерамните места биле исправени, така што никој нема да може да најде изговор на денот на судот доколку негувал неверување и се спротивставувал на влијанието на Светиот Дух.“ – Fundamentals of Christian Education, p. 251.
б. Како треба, во овие последни денови, да му овозможиме на Светиот Дух да работи преку нас на начини за кои никогаш не сме помислиле дека се можни? Исаија 40,5; Лука 3,6.
„Господ на Јован Крстител му дал порака. Дали тој барал дозвола од свештениците и владетелите да ја објавува таа порака? – Не, Бог го отстранил од нив како не би потпаднал под влијание на нивниот дух и учења. Тој бил гласот на оној кој викал во пустината (Исаија 40,3-5). Ова е токму пораката која мора да се упати на нашиот народ; ние се наоѓаме на крајот од времето, и пораката гласи: ‘Израмните, израмните го патот, отстранете ги камењата, подигнете го стандардот на народите. Луѓето мораат да се разбудат. Сега не е време да се зборува: Мир е и нема од што да се плашите’.“ – Одбрани пораки 1, 410.
„Нека оние кои имаат особени способности работат за неверниците кои се наоѓаат на високи позиции, како и за оние кои се на самото дно на животот. Барајте ги внимателно душите кои пропаѓаат…
Нека вашата светлина свети со јасни и постојани зраци како никој не би можел да застане на судот и да каже: ‘Зошто не ми зборуваше за оваа вистина? Зошто не покажа грижа за мојата душа?
Затоа да бидеме вредни во делење на литературата која е внимателно подготвена за употреба за оние кои не се од нашата вера. Да ја искористиме секоја прилика да го задржиме вниманието на неверниците. Ставете ја литературата во секоја рака која е волна да ја прими. Да се посветиме на објавувањето на пораката: ‘Пригответе Му пат на Господ, исправете ги во пустината патеките за нашиот Бог’ (Исаија 40,3)!… Сега е денот на нашата одговорност.“ – Counsels on Stewardship, pp. 189, 190.
Среда 5. октомври
4. ПОНИЗНОСТА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОМАЛОВАЖУВА
а. Како безвременското – вечно начело покажува како Бог може да ги круниса со успех дури и најмалите напори на оние кои искрено настојуваат да го унапредат Неговото дело? Захарија 4,9.10.
„Светот настапува со раскош и фалење. Божјиот начин е да го направи денот на малите нешта во почеток на славен триумф на правдата и вистината. Понекогаш Тој ги оспособува своите работници на тој начин што ќе ги доведе до разочарување и привиден неуспех. Неговата цел е тие да се научат да ги совладуваат тешкотиите.
Но ако се држат до својата првобитна вера, Бог ќе го расчисти нивниот пат. Пред храбрата непоколеблива вера на Зоровавел, големите планини на тешкотии ќе постанат рамнина. И рацете на оној кој ги постави основите на овој дом – ‘неговите раце и ќе го завршат’ ‘Тој ќе го изнесе каменот темелник со восклик: благодат, благодат врз него’ (Захарија 4,9.7).“ – Пророци и цареви, 406.
б. На кој начин можеме да соработуваме со Бога во просветлувањето на жителите на оваа мрачна планета? Захарија 4,6.
„Господ во ова завршно дело ќе работи на начин сосем поинаков од вообичаениот, на начин кој ќе биде сосем спротивен на сите човечки планови. Меѓу нас има луѓе кои секогаш ќе сакаат да го контролираат Божјото дело, да наредуваат кои чекори треба да ги преземат дури и тогаш кога делото напредува под водство на ангелот кој ќе му се придружи на третиот ангел за да се објави пораката на светот. Бог ќе употреби начини и средства според кои ќе се види дека Тој ги зема уздите во свои раце. Работниците ќе бидат изненадени од едноставноста на средствата кои Тој ќе ги употреби за да го спроведе и усоврши своето дело на правдата.“ – Testimonies to Ministers, p. 300.
в. На кој начин пораката која сме повикани да ја објавуваме го одразува првиот дел на пораката на Јован Крстител? Матеј 3,2; Лука 3,8-14.
„(Матеј 3,2). Истата порака, преку изданија од нашите печатници, и денес треба да се објави на светот.“ – 7 Сведоштво, 139.
Четврток 6. октомври
5. НИКОЈ НЕ БИЛ ПОГОЛЕМ ОД ЈОВАН КРСТИТЕЛ
а. Објаснете ја целта на Јовановото учење? Матеј 3,4-12.
„Христос ја упатувал истата порака како и Јован Крстител (Матеј 4,17). Но додека Јован проповедал во пустината, Христос делувал меѓу луѓето. За да достигне до грешниците таму каде што се наоѓале, Тој го гушнал човечкиот род со својата долга човечка рака, додека со својата божествена рака се држел до престолот на Бесконечниот, обединувајќи го ограничениот човек со бесконечниот Бог, поврзувајќи ја земјата со небото.“ – The Review and Herald, August 15, 1899.
б. На која заповед во законот Јован му укажал на Ирод, и каков бил резултатот? Марко 6,17-29. Што рекол Исус за Јован? Лука 7,28.
„Ирод бил трогнат слушајќи го силното и одредено сведоштво на Јован, и со голем интерес го прашал што мора да стори за да стане негов ученик. Јован бил запознаен со фактот дека Ирод планира да ја земе жената на својот брат, иако мажот ѝ сѐ уште бил жив, и верно му рекол дека тоа е незаконски. Ирод не бил подготвен на жртва. Се оженил со жената на својот брат и под нејзино влијание го фатил Јован и го ставил во затвор, со намера сепак да го ослободи… Набргу потоа, под влијание на Иродовата жена, на Јован му била отсечена главата. Видов дека и најскромните ученици кои го следеле Исуса, биле сведоци на Неговите чуда, и ги слушнале утешните зборови кои биле изговорени од Неговите усни, биле поголеми од Јован Крстител, всушност, биле повозвишени, поценети и посреќни во животот“ – Рани списи, 127.
Петок 7. октомври
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Каква надеж Бог им нуди на сите оние кои ќе се потчинат на делувањето на Неговата дисциплинувачка палка?
2. Што треба да научиме од грижата на Јован за неговата околина?
3. Како нашата литература може да биде особено корисна во времето во кое живееме?
4. Зошто Бог ќе нѐ изненади со начинот на кој светот ќе биде просветлен?
5. Кои се некои од работите на кои можеме да се научиме од животот и службата на Јован Крстител?