01 Криза на небото

Сподели го ова:

1. лекција Сабота, 1. октомври, 2016.

Криза на небото

„Јас ќе го казнам светот за злото, и нечесните – за нивните беззаконија; ќе го премавнам високоумството на гордите и ќе ја понизам надуеноста на угнетувачите.“ – Исаија 13,11.

„Бедемите на сатаната никогаш нема да триумфираат. Победа ќе ја придружува работата на третата ангелска вест. Како што Заповедникот на војската Господова ги урнал ѕидовите на Ерихон, така и Божјиот народ кој ги држи Неговите заповеди ќе триумфира, а сите елементи кои се противат ќе биде поразени.“ – Сведоштво за проповедници, 410 (ориг).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 5-15.

Недела 25. септември

1. КОЈ Е НАВИСТИНА ИСУС?

а. Што мораме да знаеме за улогата на Исус Христос при создавањето на универзумот и неговите жители? Јован 1,1-3; Колосјаните 1,16; Евреите 1,1.2.

„Отецот дејствувал преку Неговиот Син во создавањето на сите небесни суштества.“ – Патријарси и пророци, 6.

б. Каква разлика постои помеѓу сите суштества и Христос, кој со утврдениот план требало да стане наш Спасител? Евреите 1,6-8,13.14; Лука 1,30-35.

„Нашиот живот потекнува од Христа. Во Него се наоѓа живот кој е исконски – оригинален, не позајмен. Во Него се наоѓа изворот на животот.“ – The Review and Herald, August 6, 1914.
„Зборувајќи за Неговата преегзистенција, Христос го враќа нашиот ум низ бескрајните векови во минатото. Тој нѐ уверува дека никогаш не постоело време кога Тој не бил во тесна заедница со вечниот Бог“ – The Signs of the Times, August 29, 1900.
Понеделник 26. септември

2. НЕБЕСНА ВЛАДА

а. Кои се некои од атрибутите на власта со која Создателот отсекогаш управувал со универзумот? Псалм 89,14; Рим. 7,12.

„Божјиот закон постоел пред да е создаден човекот. Тој бил прилагоден на состојбата во која се наоѓале светите суштества; дури и ангелите му се покорувале.“ – The Signs of the Times, April 15, 1886.
„Бидејќи законот на љубовта е основа на Божјото владеење, среќата на сите со разум надарени суштества зависи од нивната целосна согласност со неговите големи начела на правдата. Бог сака сите негови созданија да му служат од љубов – нивната служба да произлегува од нивната почит кон неговиот карактер. Нему не му е мила изнудена послушност и затоа на сите им дава слобода и право доброволно да му служат.
Додека сите создадени суштества го признавале сојузот на љубовта, во целиот Божји универзум владеела совршена хармонија. Небесните војски наоѓале радост во тоа што можеле да ги исполнуваат намерите на својот Создател. Тие биле среќни и восхитени што претставуваат одраз на неговата слава и што можат да го слават и да го извишуваат него. Љубовта кон Бога за нив била најсвето чувство, меѓусебната љубов природна и несебична. Ништо не ја нарушувало небесната хармонија.“ – Патријарси и пророци, 6.7.

б. Каков отсекогаш бил ставот на непаднатите, светите ангели кон Христа? Откровение 5,11.12. Што Отецот, како Цар на вселената, исто така изјавил во врска со Христа? Евреите 1,3-6.

„Божјиот Син го дели престолот на Отецот и славата на Вечниот, Самопостоечкиот, Несоздадениот, на Оној кој има непозајмен живот, ги опкружува и двајцата… Пред насобраните небесни жители Царот изјавил дека никој, освен Христос, единствениот кој е роден од Бога, не може наполно да проникне во неговите намери и дека само нему му е дадено да ги извршува силните совети на волјата на Отецот. Божјиот Син ја извршувал волјата на Отецот при создавањето на сите небесни војски и само нему, покрај Бога, му припаѓа верност и приврзаничка преданост од сите. Својата божествена моќ Христос ја покажал и при создавањето на земјата и на нејзините жители. Но во сето тоа Тој не се стремел кон власт ниту им се спротивставувал на Божјите планови извишувајќи се себеси, туку ја возвишувал славата на Отецот, и извршувајќи ги неговите намери на добрина и љубов.“ – Патријарси и пророци, 8.9.
Вторник 27. септември

3. ИЗБОРОТ НА ПОМАЗАНИОТ ХЕРУВИМ

а. Што можеме, врз основа на записот за ликот на тирскиот цар да научиме за Луцифер, помазаниот херувим, кој подоцна станал сатана, противник? Езекиел 28,11-15.

„Сатаната некогаш бил почитуван ангел на небото, веднаш по Исус Христос. Неговиот лице било благо, изразувало среќа, како и другите ангели. Неговото чело било високо и широко и покажувало голема интелигенција. Неговата појава била совршена. Имал благородно и величествено држење.“ – Spiritual Gifts, vol. 1, p. 17.
„Сатаната го предводел небесниот хор. Тој би започнал со првата нота, а потоа сето ангелско воинство би се обединило со него и величествените звуци на музика би татнеле на небото во чест на Бога и Неговиот драг Син.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 1, p. 28.

б. Што довело до падот на Луцифер? Езекиел 28,17 (прв дел).

„Малку по малку, Луцифер се препуштил на желбата за самовозвишување… Иако сета негова слава била од Бога, овој силен ангел сепак почнал да ја смета за своја сопственост. Бидејќи не бил задоволен со својата положба, иако бил ценет повеќе од кој било припадник на небесните војски, тој се осмелил да жеднее за обожавањето што му припаѓа само на Создателот. Наместо да се стреми сите создадени суштества да ги упатува на приврзаност и верност кон Бога и тоа да биде нивни највисок идеал, тој настојувал нивната служба и преданост да си ги обезбеди за себе. Копнеејќи за славата со која вечниот Отец го опкружил својот Син, овој кнез на ангелите се стремел и кон власта која била првенствено Христово право.“ – Патријарси и пророци, 7.8.

в. Колку може да се контролира духот на завист и љубомора? Изреки 27,4; 6,34. Што се случило кога Отецот, Синот и ангелите се обидувале да го вразумат Луцифер?

„Склоноста на Луцифер, наместо на Творецот да си служи себеси, предизвикала чувство на страв кај оние кои сметале дека славата на Бога треба да биде врховна… Но предупредувањето, дадено во неискажлива љубов и милост, само го предизвикало духот на противење. Луцифер дозволил со него наполно да завладеат љубомора и завист кон Христа и станувал сѐ поодлучен.“ – Патријарси и пророци, 8.
Среда 28. септември

4. ЛУКАВА ИЗМАМА

а. Што му било покажано на пророкот Исаија за чудниот став кој Луцифер го усвоил? Исаија 14,12-14.

„Ангелите радосно ја признавале врховната власт на Христа, и се поклониле пред Него, и му укажале љубов и најголема почит. И Луцифер се поклонил заедно со нив, но во неговото срце се водела необична, жестока борба. Вистината, правдата и лојалноста се бореле против зависта и љубомората… Високите почести што му биле укажани на Луцифер тој не ги ценел како посебен Божји дар, и тие кај него не разбудиле благодарност кон својот Творец. Тој се фалел со својата слава и со високата положба и се стремел да биде еднаков со Бога.“ – Патријарси и пророци, 9.

б. Како ставот на Луцифер предизвикал хаос на небото? Јаков 3,16.

„Воздигањето на Божјиот Син како еднаков со Отецот било претставено како неправда кон Луцифер, кој тврдел дека исто така полага право на почит и чест. Кога овој кнез на ангелите би ја добил својата вистинска, возвишена положба, тоа – тврдел тој – би им донело голема среќа на сите ангелски војски, зашто тој на сите свои приврзаници би им дал полна слобода. А вака ќе ја загубат дури и онаа слобода што ја уживале до сега, зашто над нив е поставен еден апсолутен Господар и сите ќе мораат да го почитуваат неговиот авторитет. Така суптилно и лукаво биле смислени измамите кои подлиот Луцифер бргу ги ширел во небесните дворови.
Меѓутоа, немало никаква промена во врска со Христовата положба или со неговите овластувања… Но многу ангели, сепак, биле заслепени од измамите на сатаната.
Користејќи ја љубовта, лојалноста и довербата што ги имале во него светите суштества додека се наоѓале под негова команда, тој толку вешто го всадувал во нивните умови своето незадоволство кое тие не го распознале. Луцифер Божјите намери ги прикажувал во лажна светлина – конструирајќи и изопачувајќи ги така за да предизвикаат револт и незадоволство. Лукаво ги неведувал своите слушатели да ги изразат своите чувства; потоа тие изрази, секаде каде што можел да ги искористи за својата цел, ги повторувал како доказ дека ангелите не се наполно согласни со Божјото владеење… Додека тајно поттикнувал неслога и бунт, мошне лукаво настојувал однадвор да изгледа како да има единствена цел да се сочува лојалноста кон Бога, хармонијата и мирот.
Духот на незадоволство, поттикнуван на ваков начин, го извршил своето злокобно дејство“ – Патријарси и пророци, 10.
Четврток 29. септеммври

5. ИСХОДОТ НА БУНТОТ

а. Кога архиизмамникот конечно поттикнувал отворена побуна на небото, каков бил исходот? Откровение 12,7-9. Како ќе биде неговиот конечен крај? Исаија 14,15-17.

б. Која била вистинската цел на војната на небото? Псалм 119,126.

„Почнал (Луцифер) да навестува сомнеж во врска со законите што владеат со небесните суштества. Тврдел дека законите можеби им се потребни на жителите на световите, но на ангелите, како повозвишени суштества, такви ограничувања не им се потребни, зашто нивната мудрост е доволна да ги води.“ – Патријарси и пророци, 10.

в. Што ја открива Божјата совршена мудрост во справувањето со оваа криза? Јуда 6; 1 Коринтјаните 6,3 (прв дел); Филипјаните 2,10.11.

„Кога (Сатаната) би бил веднаш збришан, мнозина на Бога би му служеле од страв, а не од љубов. Влијанието на измамникот не било целосно уништено, ниту пак духот на бунтот бил целосно искоренет. За добро не целата вселена низ бесконечните векови, било потребно тој поцелосно да ги развие своите начела, со цел обвинувањето против Божјото владеење да можат да се согледаат во нивната вистинска светлина и правдата и Божјата милост, како и непроменливоста на неговиот закон, засекогаш да останат надвор од секое сомневање.“ – Патријарси и пророци, 16.

Петок 30. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како можеме да одговориме на некои од вообичаените заблуди во врска со тоа кој е Христос?
2. Зошто можеме да кажеме дека Божјото владеење е урамнотежено и праведно?
3. Кој бил коренот на Луциферовиот проблем?
4. Набројте ги сите чекори кои тој ги презел а кои ја расипале слатката хармонија на небото.
5. Зошто Бог едноставно веднаш не го уништил сатаната?

Сподели го ова:

Слични објави