09 Запечатување на Божјите слуги

Сподели го ова:

9. лекција – 28. ноември 2015.

Запечатување на Божјите слуги

„Не пакостете и на земјата, ни на морето, ниту на дрвјата, додека не ги запечатиме челата на слугите на нашиот Бог.“ – Откровение 7,3.

„Во ова време на запечатување, сатаната се служи со сите можни лукавства како би ги одвратил мислите на Божјиот народ од сегашната вистина и да ги наведе да се поколебаат. Видов дека Бог поставил заштитна покривка над својот народ за да го заштити во времето на неволја; и секоја душа одлучна во вистината и чиста во срцето ќе биде под заштита на Семоќниот Бог.“ – Р.Х. 1 август, 1849.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 138-143.

Недела 22. ноември

1. ПРИБЕЖИШТЕ

а. Кој повик Господ му го упатува на својот народ пред да биде уништена земјата? Исаија 26,20.21.

б. Кои ветувања ќе бидат утеха во овие турбулентни денови? Псалм 46,1-3; 91,1-10.

„Времето на неволји претставува сериозен тест кој треба да го произведе Христовиот карактер во нас. Тоа е наменето да ги наведе луѓето да се откажат од сатаната и неговите искушенија. Последниот судир ќе го открие вистинскиот карактер на сатаната, како суров тиранин, а тоа ќе го направи за нив она што ништо друго не може да го направи – целосно да ја искорени нивната приврзаност кон него.“ – Р.Х. 12. август, 1884.
„Нивната вера не се колеба затоа што нивните молитви не се веднаш примени. Иако поднесуваат најголем страв, ужас и неволја, сепак, не престануваат да се молат. Тие се потпираат на Божјата сила како и Јаков цврсто што се држел за Ангелот, а зборови на нивната душа се: ‘Нема да Те пуштам додека не ме благословиш’ (Битие 32,26).“ – Големата борба, 645.646.
Понеделник 23. ноември

2. ЗАПЕЧАТЕНИ ИЛИ ПОГУБЕНИ

а. Кој ќе биде погубен, а на кого ќе му биде обезбедено засолниште според визијата на Езекиел? Езекиел 9,3-6.9.10.

б. Како делото на ангелот заштитник наведен во Откровението е слично на она на човекот со писарски прибор во визијата на Езекиел? Откровение 7,1-3.

в. На кој начин искуството на Евреите во времето на Естира го прикажува искуството на Божјиот народ на крајот на времето? Естира 3,8.9; 9,1-3.

„Ова запечатување на Божјите слуги е истото она што му било прикажано на Езекиел во визија.“ – Сведоштво за проповедници, 445.
„Тешките искушенија на коишто наишол Божјиот народ во времето на Естира не биле карактеристични само за тоа време… Истиот оној дух, кој во минатите векови ги наведувал луѓето да ја прогонуваат вистинската црква, ќе направи и во иднина да се применат истите мерки кон оние што ќе останат верни на Бога…
Декретот кој на крајот ќе биде издаден против остатокот на Божјиот народ ќе биде многу сличен на заповедта што Ахасвер (Асвир) ја издал против Евреите. Денес непријателите на вистинската црква, во малата група на оние што ја држат саботата според четвртата заповед, го гледаат Мардохеј крај портите. Послушноста на Божјиот народ кон Неговиот закон претставува јавен укор за оние што немаат Господов страв и ја газат неговата сабота.
Сатаната ќе поттикне огорченост против малцинството кое одбива да ги прифати популарните обичаи и традиции. Луѓе на положба и од влијание ќе се здружат со беззакониците и грешниците за да се советуваат против Божјиот народ. Богатството, генијалноста, образованието – сѐ ќе се здружи за да изрази презир кон Божјиот народ. Против него ќе коваат завери тирански владетели, проповедници и членови на црквата. Со зборови и перо, со закани и потсмев ќе настојуваат да ја уништат нивната вера. Со лажно прикажување и гневни обвинувања луѓето ќе ги разгоруваат страстите на луѓето. Бидејќи нема да можат да се повикаат на зборовите: ‘Така вели Писмото’, тие, во борба против оние кои ја почитуваат библиската сабота, ќе прибегнуваат кон угнетувачки одредби за да го надоместат тој недостаток. За да стекнат популарност и да си осигурат себеси власт, законодавците ќе се согласат да се донесе неделниот закон… На ова бојно поле ќе се води последниот голем конфликт помеѓу вистината и заблудата. И ние не сме оставени во незнаење во поглед на завршницата. Денес, токму како во деновите на Естира и Мардохеј, Господ ќе извојува победа и ќе ја одбрани својата вистина и својот народ.“ – Пророци и цареви, 411.412.

Вторник 24. ноември

3. ПРОЧИСТУВАЊЕ НА КАРАКТЕРОТ

а. Каков тип на карактер ќе се развие кај оние кои се подготвуваат за запечатување? Откровение 14,1-5. Што значи да се има името на Отецот? Матеј 6,9; 1 Петрово 3,15.

„Сега е време да се подготвиме. Божјиот печат никогаш нема да биде ставен на челото на некој нечист маж или жена. Тој никогаш нема да биде ставен на челото на славољубивиот маж или жена кои го сакаат овој свет. Тој никогаш нема да биде ставен на челата на мажите и жените со лажлив јазик или измамливи срца. Сите што сакаат да го примат печатот мора да бидат беспрекорни пред Бога – кандидати за небото.“ – 5 Сведоштво, 144.
„Тоа нема да биде некој видлив печат или знак кој може да се види, туку утврдување во вистината и умно и духовно, така што (Божјиот народ) ништо повеќе не може да ги поколеба.“ – Библиски коментари, 366.
„Дали се стремиме со сите наши сили да се развиеме до раст на мажи и жени во Христа? Дали ја бараме Неговата полнота, да ја постигнеме целта која е пред нас – совршенство на Неговиот карактер? Кога припадниците на Божјиот народ ќе ја достигнат оваа цел, тие ќе бидат запечатени на челата.“ – Библиски коментари, 738.
„Видов, исто така, дека мнозина не сфаќаат какви треба да бидат за да живеат пред очите на Бога, без првосвештеник во светилиштето во времето на неволјите. Кај оние кои ќе го примат печатот на живиот Бог и кои во времето на неволјите ќе бидат заштитени, треба целосно да се одразува Исусовиот лик.“ – Рани списи, 57.

б. Како Бог ќе го изврши ова дело на посветување во нас? Евреите 7,25; 13,20.21; Филипјаните 1,6; 2,12.13.

„Видов дека времето на Исусовиот престој во светињата над светињите наскоро истекува и дека може да потрае само уште малку. Затоа целото слободно време кое го имаме на располагање би требало да го употребиме за истражување на Библијата според која ќе ни се суди во последниот ден…
Со својот живот и постапки сведочите за доаѓањето на Синот човечки. Времето на запечатување е многу кратко и наскоро ќе заврши. Сега е време, додека четирите ангели кои ги држат четирите ветришта, својот повик и избор да ги утврдиме.“ – Рани списи, 61.62.
„Настојувајте со сите сили кои Бог ни ги дал да се најдеме меѓу сто и четириесет и четири илјади.“ – Р.Х. 9. март, 1905.

Среда 25. ноември

4. ВОЗДИШКИ И ПЛАЧ

а. Што Божјиот народ треба да направи во последните денови? Исаија 58,12.

„При завршетокот на историјата на светот сите божествени институции ќе бидат обновени. Ќе се санираат урнатините во законот коишто човекот ги направил престапувајќи ја саботата. Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои пред светот, мора да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа и саботата од четвртата заповед мора да стои како постојан спомен на создавањето и Божјата сила.“ – Пророци и цареви, 460.

б. Што се подразбира под воздивнување и плачење? Езекиел 9,4.

„Гнасотиите заради кои верните воздивнуваат и плачат претставуваат сѐ што може да го види смртното око, но оние многу потешки гревови кои го предизвикале гневот на чистиот и свет Бог, беа неоткриени.“ – 5 Сведоштво, 141.
„Во времето кога опасностите и неволјите за црквата ќе бидат најголеми, една мала група која ќе стои во светлината ќе воздивнува и ќе плаче за гадотиите што се прават на земјата. Но особено нивните молитви ќе се упатуваат во името на црквата, бидејќи нејзините членови постапуваат онака како што постапува светот…
Тие плачат пред Бога, затоа што гледаат како религијата се презира токму во домовите на оние кои имале голема светлина. Тие тагуваат со болка во душата затоа што во црквата владее гордост, алчност, себичност и измами скоро од секој вид“ – 5 Сведоштво, 140.

в. Кога започнува пресудата и што тоа значи за народот кој тврди дека верува во Бога? Езекиел 9,6.

„Меѓутоа, општото уништување на сите оние кои не го увидуваат широкиот контраст помеѓу гревот и праведноста, кои не гледаат како оние кои ги разбираат Господовите намери и го примаат печатот е опишано со налогот на петмината луѓе со смртното оружје (Езекиел 9,5.6).“ – 3 Сведоштво, 207.

Четврток 26. ноември

5. ОСЛОБОДУВАЊЕ

а. Како Бог конечно ќе го избави својот народ во тоа време? Лука 18,7; Даниел 12,1.2. Дискутирајте за прочистување на црквата пред завршувањето на времето на пробата.

„Меѓутоа, во часот на најголема опасност за црквата, верниот остаток срдечно ќе се моли за неа, и Бог ќе ги слушне и ќе одговори токму во моментот кога вината на престапниците ќе го достигне својот врв.“ – 5 Сведоштво, 363.
„Црквата може да изгледа дека ќе падне, меѓутоа нема да падне. Таа останува, додека грешниците во Сион ќе бидат изрешетани – плевелот ќе се одвои од драгоценото зрно пченица.“ – Одбрани пораки 2, 380.
„Не е многу далеку времето кога пробата ќе дојде на секоја душа. Принудното давање на жигот на ѕверот е токму пред нас… Во тоа време во црквата ќе се одвои златото од плевелот… Ветрот ќе ја разнесе плевата, дури и од места каде што гледаме гумно со богата пченица. Сите кои ги присвојуваат украсите на светилиштето, но не се облечени во Христовата праведност, ќе се појават во срамот на својата голотија.“ – 5 Сведоштво, 53.

б. Кој ќе ги преживее злата и ќе биде вознесен при второто Христово доаѓање? 1 Солунјаните 4,16.17; Откровение 14,4.

„Никој, освен оние сто четириесет и четири илјади не може да ја научи таа песна, бидејќи тоа е песна на нивните искуства – такви искуства какви што немала ниту една друга група… Земени од земјата меѓу живите, тие се сметаат како ‘првенци на Бога и на Јагнето’ (Откровение 14,4).“ – Големата борба, 676.

Петок 27. ноември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква заштита Бог ни нуди од неволјите, и како ти тоа можеш да го имаш?
2. Како да се доведеме во состојбата да бидеме подготвени за запечатување?
3. Како остатокот се однесува кон гревот околу него, во и надвор од црквата?
4. Дали сте почувствувале лична сигурност во Божјото ветување дека ќе ве подготви за крајот?
5. Како Божјата визија за житото и каколот се разликува од нашата?

Сподели го ова:

Слични објави