04 Исполнети ветувања

Сподели го ова:

4. лекција – 24. октомври 2015.

Исполнети ветувања

„Ако сме чеда, тогаш сме и наследници: Божји наследници, а Христови сонаследници – ако страдаме со Него, со Него и да се прославиме.“ Римјаните 8,17.

„Господ никогаш на земјата не бил без свои вистински претставници чии интереси биле еднакви со неговите. Овие Божји сведоци се вбројуваат во духовниот Израел, и над нив ќе се исполнат сите ветувања на заветот кој Господ го направил со својот некогашен народ.“ – Пророци и цареви, 485.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 479-490.

Недела 18. октомври

1. ПОДЕДНАКВИ МОЖНОСТИ

а. Што Бог очекува наместо безусловни ветувања? Еремија 18,7-10.

„Единствената вистинска сигурност се наоѓа во целосната послушност кон Божјата Реч. Сите Негови ветувања се дадени под услов на вера и послушност; а ако пропуштиме да ги исполниме Неговите заповеди, оневозможуваме да се исполнат сите оние обилни благослови спомнати во Светите списи.“ – Патријарси и пророци, 658.

б. Кои особини Бог сака да ги најде во луѓето, без оглед на нивниот статус или привилегии? Дела 10,34.35.

„Во Божјото царство положбата не се стекнува преку фаворизирање. Таа не се заработува, ниту се прима по пат на произволно дарување. Таа е резултат на карактерот. Круната и престолот се знаци на една постигната состојба; знаци на победа над себеси преку нашиот Господ Исус Христос.“ – Копнежот на вековите, 418.
Понеделник 19. октомври

2. ВИСТИНСКИ ИЗРАЕЛ

а. Што е ветено во врска со иднината на Израел? Еремија 33,16; Римјаните 11,25-27.

„Бог во својата милост и добрина е толку сеопфатен, што е во состојба да ги измени срцата и на Евреите и на незнабошците и секому, кој верува во Христа.“ – Делата на апостолите, 292.

б. Кој е единствениот пат кој води кон спасение, без оглед дали е некој Евреин или незнабожец по раѓање? Дела 4,10-12.

„Мнозина тврдат дека на човечкиот род не му е потребно спасение, туку развој – дека сам може да се облагороди, да се издигне и да се прероди… Случајот на Каин покажува какви се последиците од таквото сфаќање, што човекот неминовно станува ако се одвои од Христа. Во човекот нема сила со која би можел самиот да се обнови и прероди, зашто човештвото не се стреми кон горе, кон она што е божествено, туку кон долу, кон она што е сатанско. Христос е нашата единствена надеж.“ – Патријарси и пророци, 54.55.

в. Кои се карактеристиките на вистинскиот Израел? Римјаните 2,28.29. Во контекст на ова, на кого овие ветувања навистина се однесуваат? Римјаните 9,6-8.

„Фарисеите тврделе дека се Авраамови деца и се фалеле со тоа што ги поседуваат Светите списи, сепак овие предности не ги сочувале од себичноста, злобата, алчноста за профит и од најниското лицемерие. Се сметале за најголеми религиозни луѓе во светот, но нивната таканаречена ортодоксност ги довела до тоа да го распнат Господа на славата.“ – Копнежот на вековите, 227.
„Истата опасност постои и денес. Многумина сметаат дека се христијани, едноставно заради фактот што прифатиле одредени верски принципи. Меѓутоа, тие не ја остваруваат вистината во практичниот живот. Тие всушност не веруваат во вистината, ниту ја љубат, и затоа не примиле сила и благодат кои доаѓаат преку посветеноста на вистината. Луѓето можат да тврдат дека веруваат во вистината, но ако со тоа не станат искрени, љубезни, трпеливи, благи, ако умот не им е насочен кон Небото, тогаш таа претставува проклетство за нив, а преку нивното влијание и проклетство за светот.“ – Копнежот на вековите, 227.
Вторник 20. октомври

3. АВРАМОВОТО СЕМЕ

а. Кое ветување му е дадено на Аврам во поглед на неговиот однос кон остатокот на светот? Битие 22,18.

„За Аврама била голема чест што бил повикан да биде татко на нација која со векови ќе биде чувар и повереник на Божјата вистина наменета за обој свет – нација преку која сите народи на земјата треба да бидат благословени со доаѓањето на ветениот Месија.“ – Патријарси и пророци, 131.

б. Што се подразбира под терминот „семе“ во ова ветување? Галатјаните 3,16. Што е потребно за да се примат овие благослови? Галатјаните 3,8.9.

„А Библијата јасно кажува дека ветувањата дадени на Аврам треба да се исполнат преку Христа. Сите што се Христови ‘се Аврамови потомци и според ветувањето наследници’ (Галатјаните 3,29). ‘На непропадливо наследство што нема да изгние ниту да овене’ (1 Петрово 1,4), а тоа е земјата ослободена од клетвата на гревот.“ – Патријарси и пророци, 163.

в. Проучете го разговорот забележан во Јован 8,31-45, а потоа опишете го видот на карактерот кој е потребен за да некој стане учесник во духовниот однос кој е овде наведен.

„Фарисеите се декларирале дека се Авраамови деца. Исус им рекол дека тоа тврдење можат да го докажат само ако ги творат Авраамовите дела. Вистинските Авраамови деца би живееле онака како што тој живеел – живот на послушност кон Бога. Тие не би се обидувале да го убијат Оној, кој ја зборувал вистината што Бог му ја дал. Ковајќи заговор против Христа, рабините не ги правеле Авраамовите дела. Фактот дека потекнуваат од Авраама сам по себе нема никаква вредност. Без духовна поврзаност со него, која се манифестира во тоа што би го имале истиот дух и би ги вршеле истите дела, тие не биле негови деца.“ – Копнежот на вековите, 357.

Среда 21. октомври

4. НАСЛЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА

а. Како и патријарсите биле вклучени во ветувањето за наследување на земјата? Излез 6,8. Што мора да се случи за да се исполни ова ветување? Лука 20,34-38.

„Наследството што му го ветил Бог на својот народ не е на овој свет. Аврам на овој свет немал земја ‘ниту една стапка’ (Дела 7,5). Бил мошне богат со подвижно богатство што го употребувал да го слави Бога и да им помага на ближните, но овој свет не го сметал за свој роден крај. Господ го повикал да ги напушти своите идолопоклонички земјаци и за вечни времиња му ја ветил хананската земја; но сепак, неа не ја наследиле ниту тој, ниту неговиот син, ниту синовите на неговиот син. Кога посакал да има посебно место да ги закопа своите мртви, и тоа морал да го купи од еден Хананец. Единствениот негов имот во ветената земја се состоел од една гробница изделкана во камен во пештерата Макпела.
„Меѓутоа, Божјиот збор сепак не изневерил. Самото заземање на Ханан од страна на Евреите не значело негово целосно исполнување. ’А ветувањата му се дадени на Аврам и на неговиот Потомок’. (Галатјаните 3,16). Лично Аврам требало да учествува во благословите на ветеното наследство. Можело да се чини дека ветувањето на исполнувањето на ветувањето премногу се одолжува, но ‘еден ден пред Господа е како илјада години, а илјада години како еден ден’ (2 Петрово 3,8). Може да се чини дека Бог ‘се премислува’ да го исполни тоа ветување, но во одредено време ‘навистина ќе дојде и нема да задоцни’ (Авакум 2,3). Ветувањето дадено на Аврам и на неговото семе не се однесувало само на Ханан, туку на целата земја“ – Патријарси и пророци, 163.

б. Што покажува дека патријарсите го сфатиле ова? Евреите 11,13-16.

в. Кои се сметаат за вистински потомци на Авраам, а со тоа и на наследници на ветувањето? Галатјаните 3,27-29; Матеј 8,11.12.

„Христос никакви заслуги не му припишувал на родословието. Тој учел дека духовната врска ги заменува сите природни врски… Единствено оние што ќе докажат дека духовно се во хармонија со Аврам, зашто го слушаат Божјиот глас, се дел од неговото духовно потомство.“ – Христовите поуки, 217.
Четврток 22. октомври

5. СЛАВНО НАСЛЕДСТВО

а. Во каква состојба ќе се наоѓа земјата кога ова ветување ќе биде исполнето? Исаија 65,17-19.

„Во Библијата наследството на спасените се нарекува ‘татковина’ (Евреите 11,14-16). Таму небесниот Пастир го води своето стадо на извори на жива вода. Дрвото на животот дава плод секој месец, а неговите лисја служат за здравје на народот. Таму течат потоци кои вечно жуборкаат, бистри како кристал, на чиишто брегови се лелеат дрвја кои со своите сенки ги постилаат патеките што им ги приготвил Господ на откупените. Таму пространите рамнини прераснуваат во прекрасни брегчиња, а Божјите гори ги издигнуваат своите возвишени врвови. На тие тивки полјани, покрај тие живи потоци, Божјиот народ, кој бил толку долго патник и талкач, ќе најде своја татковина.“ – Големата борба, 703.

б. Како Светите Списи го опишуваат духовното единство во наследеното царство? Еремија 23,3-6; Езекиел 37,24-27.

„Насекаде во безмерниот универзум владеат апсолутна хармонија и радост… Од најситниот атом, до најголемиот свет, сѐ што е создадено, и живата и неживата природа, во својата непоматена убавина и совршена радост изјавуваат дека Бог е љубов.“ – Големата борба, 706.

в. Кога земјата ќе се обнови, што Бог ќе направи со Неговото место на живеалиште? Откровение 21,1-3.

Петок 23. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кога Бог дава ветување, во која смисла неговото исполнување зависи од одредени услови?
2. Што е потребно освен исповедањето на вера во Христа?
3. Што ја прави една особа вистинско дете на Авраам?
4. Кога ќе се исполни ветувањето за наследување на земјата?
5. Каков ќе биде односот на спасените на Новата Земја?

Сподели го ова:

Слични објави