02 Предизвик упатен до Божјото царство

Сподели го ова:

2. лекција – 10. октомври 2015.

Предизвик упатен до Божјото царство

„Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата.“ – Битие 3,15.

„Во натамошниот развој на големата борба Бог со непобитни факти ќе ги објасни начелата на своето владеење и ќе покаже како сатаната и оние што тој ги завел истите ги прикажувале во искривоколчена светлина.“ – Патријарси и пророци, 59.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патријарси и пророци, 5-17.

Недела 4. октомври

1. ВЕЧЕН ПРЕСТОЛ

а. Според описот на положбата и моќта на Божјиот Син, што можеме да научиме за Божјото владеење? Псалм 45,6; Евреите 1,1-3.

„Земјата не ги дава своите добра ниту продолжува да се врти околу Сонцето од година во година благодарение на сопствената енергија. Една невидлива рака ги води планетите во нивното кружење по небото.“ – Воспитување, 85.

б. Што знаеме за законот кој ја претставува основата на ова царство? Псалм 19,7; Матеј 22,37-40.

„Божјиот закон е израз на Неговата вистинска природа; тој е олицетворение на големото правило на љубовта и според тоа темел на Неговото владеење на Небото и Земјата.“ – Патот кон Христа, 40.
„Бидејќи Законот на љубовта е темел на Божјото владеење, среќата на сите создадени суштества зависела од нивната целосна хармонија со неговите начела на правдата. Бог посакува од сите свои созданија служба од љубов, почит што се темели на вистинското разбирање на Божјиот карактер.“ – Големата борба, 510.

Понеделник 5. октомври

2. СОПЕРНИЧКО ЦАРСТВО

а. Како Библијата, преку ликот на царот на Тир, го опишува падот на Луцифер? Езекиел 28,11-15.

„Гревот се појавил во оној кој, покрај Христа, бил најмногу почитуван од Бога и кој меѓу небесните жители бил највисок по моќта и честа. Пред да падне, Луцифер бил првиот херувим засолнувач, свет и чист.“ – Големата борба, 510.

б. Како Луцифер, сега наречен сатана, го оспорува Божјото владеење? Исаија 14,12-14.

„Напуштајќи го своето место во непосредно присуство на Отецот, Луцифер отишол меѓу ангелите да шири незадоволство. Дејствувал тајно и извесно време ги криел своите вистински намери под маска на страхопочит кон Бога. Почнал да навестува сомнеж во врска со законите што владеат со небесните суштества. Тврдел дека законите можеби им се потребни на жителите на световите, но на ангелите, како повисоки суштества, такви ограничувања не им се потребни, зашто нивната мудрост е доволна да ги води. Наводно, тие не се суштества што можат да го обесчестат Бога; сите нивни мисли се свети.“ – Патријарси и пророци, 10.

б. Единствено на кој начин можел Јуда да одбере живот, и што би било потребно од негова страна при таквиот избор? Јован 1,12.13; 1 Петр. 1,22.23.

в. Каков бил резултатот на овој предизвик? Откровение 12,7-9; Лука 10,18.

г. Каква положба зазел сатаната, откако бил фрлен на земјата? Јов 1,7; Јован 14,30.

„Сатаната ја грабнал власта од Адама, но Адам бил намесник на Создателот. Тој не бил независен владетел. Земјата му припаѓа на Бога, а Тој сѐ му доверил на својот Син. Адам требало да владее во потчинетост на Христа. Кога Адам ја предал својата власт во рацете на сатаната, сепак Христос сѐ уште останал законски Цар… Сатаната може да ја спроведува својата узурпирана власт, само доколку Бог му го дозволи тоа.“ – Копнежот на вековите, 83.
Вторник 6. октомври

3. СУДИР НА ЗЕМЈАТА

а. Каква положба првобитно им била наменета на човечките битија? Псалм 8,4-6.

б. Како сатаната се обидувал со посредство на змијата да ги вовлече Адама и Ева во овој судир? Битие 3,1.4.5.

„Јадејќи плод од тоа дрво, рекла змијата, тие ќе постигнат повисок степен на равој и ќе навлезат во пошироко поле на сознанија. И самата таа (змијата), наводно, јадејќи плод од забранетото дрво, се здобила со моќ да зборува. Потоа навестила дека Бог љубоморно настојува да ги спречи во тоа, плашејќи се да не се изедначат со Него во возвишеноста и дека вкусувањето на овој плод, или дури и само допирот со него, им ги забранил токму заради неговото чудно својство кое дава мудрост и сила. Заводникот нагласил дека Божјата опомена нема да се оствари, зашто, наводно, е пресметана само на тоа да ги заплаши. Зар е можно тие да умрат? Зар тие не јаделе плод од дрвото на животот? Бог сака да ги спречи да не постигнат повисок и поблагороден степен на развој и да не станат посреќни“ – Патријарси и пророци, 31.

в. Што се случило со човечкиот род преку искушенијата на сатаната? Римјаните 6,16; 5,12.

г. Како човекот ја изгубил власта над земјата? Битие 3,24; 9,2.

„Притисната со проклетството на гревот, целата природа требало да му сведочи на човекот за карактерот и за последиците на бунтот против Бога. Кога Бог го создал човекот, го поставил за господар над сета земја и на сите живи суштества. Додека Адам бил лојален кон Небото, сè во природата му се потчинувало. Но, кога тој се побунил против Божјиот закон, пониските созданија почнале да му се опираат на неговото господарење. На тој начин Господ во својата голема милост настојувал на луѓето да им ја покаже светоста на својот закон. Наведувајќи ги од лично искуство да ја увидат опасноста од отфрлањето на неговите прописи, дури и во најмал степен.“ – Патријарси и пророци, 37.38.

Среда 7. октомври

4. НАДЕЖ ВО ДОАЃАЊЕТО НА НАЈАВЕНИОТ ЦАР

а. Опишете ги ветувањата кои се вткаени во клетвата на змијата? Битие 3,15.

„Оваа пресуда, искажана во присуство на нашите прародители, за нив претставувала извесно ветување. Иако предвидувала судир и војна меѓу човекот и сатаната, навестила дека моќта на големиот непријател најпосле ќе биде скршена. Адам и Ева стоеле пред праведниот Судија како виновници, очекувајќи да ја слушнат пресудата што ја заслужиле со својот престап; но пред да дознаат за животот полн со маки и болка, што ќе мора од сега да биде нивна судбина, или за одлуката дека мора да се вратат во земјата од која се создадени, слушнале зборови што кај нив разбудиле надеж. Иако морале да страдаат од силата на својот моќен непријател, сепак можеле со надеж да гледаат во иднината кон конечната победа.“ – Патријарси и пророци, 45.46.

б. Како ова ветување требало да биде исполнето? Јован 12,31.32; 1 Тимотеј 3,16.

„Планот за нашето спасение не бил донесен дополнително, не бил формулиран по падот на Адам. Тој бил ‘откровение на тајната за која се молчеше од вечни времиња’ (Римјаните 16,25). Тој е откровение на начелата, кои од вечни векови претставувале темел на Божјиот престол. Бог и Христос уште од самиот почеток знаеле за отпадништвото на сатаната и за падот на човекот предизвикан со делувањето на измамничката сила на отпадникот. Бог не одредил гревот да постои, но предвреме видел дека тој ќе се појави и преземал мерки за соочување со таа ужасна појава. Неговата љубов кон светот била толку голема, што се заветувал да го даде својот Единороден Син ‘та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот’ (Јован 3,16).“ – Копнежот на вековите, 7.

в. Со каков царски јазик пророците го опишуваат карактерот на доаѓањето на Месијата? Битие 49,10; Исаија 9,6.7.

„Од срцата на луѓето никогаш не изумрела надежта дека спасението ќе дојде преку доаѓањето на Божјиот Син, кој е наш Спасител и Цар. Од самиот почеток имало луѓе коишто со вера гледале во реалноста на иднината низ сенката на сегашноста.“ – Пророци и цареви, 464.
Четврток 8. октомври

5. ФОРМИРАЊЕ НА ДВЕ КАТЕГОРИИ

а. Споредувајќи ги следниве стихови, опишете ги двете категории на луѓе кои се формирале во текот на развојот на човечкиот род? Римјаните 8,14; 1 Јованово 3,1; Римјаните 1,21.22; Ефесјаните 2,1-3.

„Кога луѓето почнале да се намножуваат, разликата меѓу тие две групи (на верници) станувала сè поочигледна. На една страна било отворено исповедање на лојалност кон Бога, а на друга отворен презир и непослушност.“ – Патријарси и пророци, 60.61.

б. Како искуството на Каин и Авел ја прикажуваат состојбата на човештвото? Евреите 11,4; 1 Јованово 3,12.

„Каин и Авел се претставници на две групи или на две определби што ќе постојат во светот до крајот на времето. Едни ќе знаат да ја користат жртвата принесена поради човечките престапи, а други сè повеќе ќе се надеваат и ќе се потпираат врз своите лични заслуги; нивната жртва, лишена од силата на божественото посредување, не ќе биде во состојба да им обезбеди Божја благодат. Нашите престапи можат да бидат простени само со Христовите заслуги… Не постои ниту еден друг начин преку кој тие ќе можат да се ослободат од робувањето на гревот.“ – Патријарси и пророци, 54.

в. Каков избор денес се нуди на секое Адамово дете? Римјаните 6,16.

Петок 9. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Од каде знаеме дека Божјиот закон постои од вечноста?
2. Како Луцифер го оспорувал самиот темел на Божјото владеење?
3. Како и денес човештвото сè уште се измамува од лагите на змијата?
4. Која надеж ја оживувала верата на верниците во древните времиња?
5. Идентификувајте ги современите еквиваленти на Каин и Авел?

Сподели го ова:

Слични објави