13 Бог те повикува

Сподели го ова:

13. лекција – 27. декември 2014.

Бог те повикува

“Зашто, мнозина се повикани, а малкумина избрани“. “И Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди“ – (Матеј. 22,14; Откровение 22,17).

“Господ го испратил својот народ во различни делови од светот… за да ги придобијат душите од темнината и да ги приведат кон светлината. Нивна прва задача е да ја носат пораката: Христос распнатиот е нашиот Спасител.“ – Преглед и саботен гласник, 15. август, 1899.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 802-807.

Недела 21. декември

1. БОГ ПОВИКУВА

а. Дали налогот кој Христос им го дал на своите први ученици ги вклучува сите верници или само оние кои добиле посебни служби во црквата? Матеј 28,19.20.

“Во налогот што Христос им го дал на своите ученици се вклучени сите верници. Тој ги вклучува сите верници во Христа до крајот На времето. Фатална е заблудата да се претпоставува дека делото на спасение на душите зависи само од ракоположениот проповедник. Евангелието е доверено на секој што добива небесно вдахновение. Секој што ќе го прими Христовиот живот е ракоположен да работи за спасение на своите ближни. Заради тоа е основана црквата и секој што ќе го прифати на себе светиот завет, се обврзува дека ќе биде Христов соработник.“ – Копнежот на вековите, 799.

б. Дали светлината на светот блеска само врз одреден број на луѓе или мора да блесне врз секое човечко битие, без разлика? Јован 1,9; 8,12; Матеј 24,14.

“Христос го срушил ѕидот на поделба, поделеноста на националните предрасуди и нè учи да ги сакаме сите членови на човечкото семејство. Тој ги подига луѓето од тесниот круг што ја пропишува нивната себичност и ги укинува сите територијални граници и вештачки поделби во општеството. Тој не прави никаква разлика помеѓу соседите и странците, помеѓу пријателите и непријателите.“ – Копнежот на вековите, 801.

Понеделник 22. декември

2. РАЗНОВИДНИ ДАРОВИ ВО БОЖЈОТО ДЕЛО

а. Зошто Бог не бара иста врста на служба од сите свои слуги? 1 Коринтјаните 12,4-7.

“Бог бара Неговата служба да биде на прво место во нашиот живот, да не пропуштиме ниту еден ден нешто да направиме за напредокот на Неговото дело на земјата. Тој не бара од сите ист вид на служба. Некој може да биде повикан да работи во некоја странска земја, друг пак да ги даде своите средства за помагање на делото на евангелието. Бог ја прифаќа и едната и другата служба. Потребно е посветеност на животот и сите животни цели. Оние кои ќе се посветат на ваков начин, ќе го чујат и послушаат повикот од небото.“ – Пророци и цареви, 149.

б. Кога сме осведочени дека Бог нè повикува во Неговата служба, како ние треба да одговориме? Исаија 6,8.

“На секој кој станува учесник во Неговата благодат, Господ му одредува дело во полза на другите. Секој од нас мора поединечно да стане и да рече: ‘Еве ме мене, прати ме мене’. Било да е проповедник на Речта или лекар, трговец или земјоделец, чиновник или механичар, секој има своја должност. Нашата работа мора на другите да им го открива евангелието за спасението. Секој наш потфат мора да биде средство за остварување на таа цел.“ – Пророци и цареви, 149.

ц. Што вели Исус за оние кои се двоумат кога повикот ќе дојде до нив? Матеј 19,23; Лука 9,59-62; 14,33. Што треба да разберат оние кои немаат самодисциплина во нивната подготовка за евангелската работа?

“Потребни се луѓе кои работата ќе ја започнат на вистински начин; кои ќе се држат и цврсто ќе ја водат. Сè треба да се изврши систематски и по добро разработен и зрел план. Бог својата света работа им ја доверил на луѓето и очекува тие внимателно да ја извршуваат. Никогаш не задоцнувајте на закажаниот состанок. Ниту во еден оддел или канцеларија не треба да се изгуби време во непотребни разговори. На Божјото дело му е потребно нешто што тоа не го добива, затоа што луѓето не се учат од Богот на мудроста.“ – Евангелизам, 649.
Вторник 23. декември

3. КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ ОБЕСХРАБРЕНОСТА

а. Кое прашање Господ им го упатува на оние кои се двоумат или се обесхрабрени христијани? 1 Цареви 19,9.

“Многу зависи од неуморната активност на верните и предадени работници, и од тие причини сатаната на сите можни начини се труди да го попречи остварувањето на божествените цели преку трудот на послушните. Тој ги наведува луѓето да ја изгубат од вид својата возвишена и света мисија и да се задоволуваат со задоволствата во овој живот. Тој ги наведува удобно да се сместат или заради земна корист да се селат од местото каде што можат да бидат сила за добро. Други пак ги наведува обесхрабрени да ја напуштат својата должност, заради противење или прогонство. Меѓутоа, небото сите тие ги гледа со најнежно сожалување. На секое Божјо дете на кое непријателот му ја замолкнал душата, упатено му е прашањето: ‘Што правиш тука? Јас те овластив да одиш по целиот свет и да го проповедаш евангелието, за да се подготви народот за денот Божји. Зошто си тука? Кој те пратил?“ – Пророци и цареви, 117.

б. Кога ќе сфатиме што спасението значи за нас, како ќе гледаме на огромните потреби на оние околу нас? 2 Коринтјаните 5,14.19.20.

“Оние кои барем донекаде сфаќаат, дури и до одреден степен, што за нив и за нивните ближни значи откупувањето, до извесен степен ќе ја разберат и големата потреба на човештвото. Во нивните срца ќе се разбуди сочувство при увидувањето на моралното и духовното сиромаштво на илјадници луѓе кои се наоѓаат во сенката на една страшна пропаст, кон која телесните страдања се навистина ништо.
“На семејствата како и на поединците се поставува прашањето: ‘Што правиш тука’? Во многу цркви има семејства кои добро ја познаваат вистината на Божјата Реч, и кои би можеле да ја рашират сферата на своето влијание во места каде што има потреба од служба која тие можат да ја дадат. Бог ги повикува христијанските семејства да отидат во непросветлените места на земјата и мудро и истрајно да се заложат за оние кои потонале во духовен мрак. Неопходно е самоодрекување за да може човек да одговори на ваков повик. Додека мнозина чекаат да ги отстранат сите пречки душите умираат без надеж и без Бога.“ – Пророци и цареви, 117.
Среда 24. декември

4. КАО ДА СЕ СОВЛАДА РАМНОДУШНОСТА

а. Покрај обесхрабрувањето, која друга опасност лежи пред вратата? Откровение 3,15.

“Пораката упатена до Лаодикејската црква ја открива состојбата во која како народ се наоѓаме.“ – Библиски коментари, 884.
“Жарот на Божјата љубов недостига во нивното срце, а токму тој жар на љубов ги прави припадниците на Божјиот народ светлина на овој свет.“ – Библиски коментари, 885.
“Половичните христијани се полоши од неверниците; бидејќи со своите измамливи зборови и неодреден став мнозина водат на погрешен пат. Неверниците се покажуваат во својата вистинска боја. Млакиот христијанин ги измамува и двете страни. Тој не е ниту добар световен човек, а уште помалку добар христијанин. Сатаната го користи да направи такви дела кои никој друг не би можел да ги направи.“ – Библиски коментари, 889.

б. Како ние како индивидуални верници можеме да најдеме излез од Лаодикиската рамнодушност? Дела 3,19.20; Откровение 3,18.19.

“Кога покајанието е длабоко и искрено, одделни членови на црквата ќе го послушаат советот да купат богати добра на небото. (Откровение 3,18).“ – Библиски коментари, 885.
“Верниот сведок изнесува охрабрување за сите кои смерно бараат да одат по патот на послушноста, преку вера во Неговото име. Тој изјавува: ‘На оној што победува, ќе му дозволам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Отецот Свој на Неговиот престол’…
“Тој како божествена Глава на Црквата и моќен Победник, сака на своите следбеници да им укаже на Неговиот живот… како би биле охрабрени да ја продолжат борбата додека не стигнат до целта и ја примат наградата на победникот. Победата е обезбедена преку вера и послушност.“ – Библиски коментари, 895.

ц. Каква казна ќе им се изрече на оние кои ќе одлучат да останат рамнодушни? Откровение 3,16.17; Матеј 24,48-51.

Четврток 25. декември

5. КОНЕЧНО ДОМА!

а. Што ќе им каже Христос на победниците кои зеле активно учество во делото на спасување на душите? Матеј 25,34.

б. Каква награда им е ветена на откупените светци? Јован 14,1-3; 1 Јованово 3,2.

“Славна ќе биде наградата на верните работници кога еднаш ќе се соберат околу престолот на Бога и на Јагнето. Кога Јован во својата смртна состојба ја видел Божјата слава, паднал како мртов бидејќи не можел да ја поднесе таа сцена. Меѓутоа, кога Божјите деца ќе се облечат во бесмртност, тие ‘ќе Го видат Онаков Каков што е’ (1 Јованово 3,2). Тие ќе стојат пред престолот прифатени од Возљубениот. Сите нивни гревови ќе бидат простени, сите нивни престапи избришани. Тогаш ќе можат да ја гледаат сета слава на Божјиот престол.“ – 9 Сведоштво, 295.

ц. Што за сите спасени ќе претставува големо изненадување во Божјото царство? 1 Коринтјаните 2,9.

“Во една прилика еден христијанин рекол дека кога ќе стигне во небото ќе го дочекаат три причини за изненадување. Ќе се изненади кога таму ќе најде некои кои тој не очекувал да ги види таму. Ќе се изненади кога таму нема да ги најде оние за кои бил сигурен дека таму ќе ги сретне; и на крај најмногу ќе се изненади кога и самиот како недостоен грешник ќе се најде во Божјото царство.“ – Верата со која живеам, 370.

Петок 26. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објасни ја далекосежноста на Големиот налог?
2. Кога во целост ќе сфатиме што спасението значи за нас, како ние ќе бидеме во можност да ги видиме големите потреби на луѓето околу нас?
3. Какво прашање Господ ќе им постави на оние кои се двоумат или обесхрабруваат?
4. Како можеме да бидеме победници во периодот на Лаодикеја?
5. Што ќе претставува вечна радост за сите оние кои ќе успеат да бидат победници?

Сподели го ова:

Similar Posts