11 Евангелски ред

Сподели го ова:

11. лекција – 13. декември 2014.

Евангелски ред

“Сè нека биде достојно и уредно.“ – 1 Коринтјаните 14,40.

“На небото постои ред, и тој ред треба да го имитираат и оние на земјата, кои се наследници на спасението.“ – 2 Сведоштво, 785.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 106-114.

Недела 7. декември

1. БОЖЈИТЕ ПАТИШТА СЕ НАЈВОЗВИШЕНИ

а. Што кажува Бог за разликата меѓу нашите патишта и Неговите патишта? Исаија 55,8.9.

б. Во сите наши планови со кои се раководиме во Божјото дело, што треба сериозно да се земе во предвид? Ефесјаните 6,6.

“Како народ треба да ги проучуваме Божјите планови за спроведување на Неговото дело. Тој секогаш давал одредени насоки во однос на било која точка и ние треба да обрнеме големо внимание на Неговата изразена волја.“ – Сведоштво за проповедници, 342.

ц. Опишете го ставот на апостол Павле и на другите апостоли во поглед на евангелскиот ред? 1 Коринтјаните 4,1.2.

“Павле цврсто стоел на страната на правдата. Тој сфатил дека црквата никогаш не смее да се стави под контрола на човечката сила. Традициите и прописите на човечката мудрост не смеат да го заземат местото на откриените вистини… Иако за водство и патоказ се потпирал директно на Бога, тој секогаш бил подготвен да го признае авторитетот на целото тело на верниците обединети во членство на црквата. Чувствувал потреба од совет, и кога се појавувале значајни прашања, со задоволство ги изнесувал пред црквата и се обединувал со своите браќа во молитва за мудрост за да можат да донесат правилни одлуки.“ – Делата на апостолите, 148.149.
Понеделник 8. декември

2. ОРГАНИЗАЦИЈА ВО СТАРОЗАВЕТНИТЕ ВРЕМИЊА

а. Каков совет Јотор му дал на својот зет Мојсеј, и зошто? 2 Мојсеева 18,14-22.

“Бог е Бог на редот. Сè што е поврзано со небото е во совршен ред; потчинување и совршена дисциплина ги обележуваат и движењата на ангелските чети. Успех може да се очекува само таму каде што постои ред и хармонична акција. Од сите што работат во Неговото дело, Бог и денес бара ред и доследност, ниту малку помали отколку што барал во времето на Израел. Сите што работат за Него мораат да постапуваат промислено, а не безгрижно, препуштајќи ги резултатите на некаков случај. Тој сака секоја задача во Неговото дело да се извршува верно и совесно за да може Тој на тоа да стави печат на свое одобрување.“ – Патријарси и пророци, 388.

б. Наведете ги четирите главни особини барани од луѓето избрани да ги носат одговорностите во Израеловиот логор? 2 Мојсеева 18,21.

“(2 Мојсеева 18,19-23). Овој совет важи и за нас… Во своите упатства дадени на Мојсеј Господ многу јасно го утврдил карактерот на оние кои требало да заземат важни позиции како советници. Тоа треба да се ‘чесни луѓе, кои имаат Божји страв, праведни луѓе кои го мразат лакомството’. Овој совет од Бога е страшно занемарен.“ – Сведоштво за проповедници, 391.

ц. Зошто Валам бил принуден да изрече благослов врз Израел, иако неговиот ум бил исполнет со клетви? 4 Мојсеева 23,8.9. Врз која основа Израел ќе биде благословен? 5 Мојсеева 4,1.6-9.

“Додека го посматрал израелскиот логор, Валам со чудење го забележал нивниот напредок. Моавците го прикажале Израел како сурово, незауздено мноштво кое ја пустоши земјата слично на разбојнички банди и претставува вистинска напаст за сите соседни народи. Меѓутоа, нивниот логор на сите им давал сосема спротивна слика. Валам големиот број нивни шатори ги видел во совршен ред; сè носело белег на темелна дисциплина и ред. Укажано му е на милоста со која Бог ги опсипал Израелците и на нивниот посебен карактер во својство на избран народ. Тие не биле исто што и другите народи, туку многу повозвишени од нив. ‘Овој народ ќе живее сам и нема да се меша со други народи’.“ – Патријарси и пророци, 466.
Вторник 9. декември

3. ОРГАНИЗАЦИЈА ВО НОВОЗАВЕТНАТА ЦРКВА

а. Со каква цел Бог му дал дарови и благодат на секој Негов слуга? Ефесјаните 4,7.8.11.12.

“Во нашите разновидни позиви треба да постои меѓусебна зависност и сите треба да си помагаат еден на друг.“ – Сведоштво за проповедници, 491.

б. За да успее Господовото дело во нашата средина, што треба да го карактеризира нашиот дух? 1 Коринтјаните 12,21.25; Ефесјаните 4,16. На која заблуда треба да ја затвориме вратата?

“Нека секој од нас се надева на Господ, и Тој ќе нè научи како да работиме. Тој ќе ни покаже која работа најмногу ни одговара. Ова нема да ги наведе луѓето да започнат во независен дух и да пропагираат нови теории. Во ова време кога сатаната се обидува да го укине Божјиот закон со воздигање на лажна наука, треба најсериозно да стражариме и да се чуваме од сè што ја слабее нашата вера и ќе ги разбие нашите сили. Како Божји соработници треба да сме во склад со вистината и со нашите браќа. Меѓу нас треба да постои соработка и договор.“ – Сведоштво за проповедници, 490.
“Духот на одвојување од своите соработници, духот на неорганизираност се наоѓа во самиот воздух кој го вдишуваме. Според некои, сите напори да се воспостави ред се сметаат за опасни, како ограничување на личната слобода, нешто од што треба да се плашиме и чуваме како од папство.“ – Сведоштво за проповедници, 488.

ц. Како Христовите следбеници треба да се почитуваат еден со друг? 1 Петрово 5,5.6.

“Меѓу Божјиот народ има некои кои имале долгогодишно искуство во својата работа, луѓе кои не отстапиле од верата. Без оглед на големите судски процеси низ кои тие поминале, тие останале верни. Овие луѓе треба да се сметаат за проверени и одбрани советници. Тие треба да се почитуваат, а младите или кои имале помало искуство треба да го почитуваат нивното мислење, иако овие млади можат да бидат на службени позиции.“ – Сведоштво за проповедници, 497.

Среда 10. декември

4. НЕСЕБИЧНИ СЛУГИ

а. Кој критериум ние треба да го усвоиме при ракополагање на служители во црквата? Тит 1,5-9.

“Сериозни одговорности почиваат врз оние кои се повикани да делуваат како водачи во Божјата црква на земјата.“ – Делата на апостолите, 67.
“Во применувањето на ред и поредок во ракополагањето на соодветни луѓе за служители, апостолите се придржувале до високите стандарди наведени во Стариот завет….“ – Делата на апостолите, 68.
“Црквата според својата должност внимателно и грижливо треба да го преиспита животот, способностите и сите постапки на оние кои се декларираат за учители. Ако не постојат очигледни докази за тоа дека Бог ги повикал и ако тие не внимаваат на зборовите ‘тешко вам’ (Матеј 23,13-16) дека и на нив се однесуваат, должност на црквата е да делува и нека се знае дека црквата таквите не ги признава за учители. Тоа е единствен начин на кој црквата може да постапува за да остане чиста во тој поглед, затоа што врз неа лежи товарот на одговорноста.“ – Рани списи, 109.
“Оние кои тврдат дека се Христови проповедници треба да бидат луѓе со богато искуство и длабока побожност, и тогаш во секое време и на секое место ќе можат да вршат свето влијание.“ – Рани списи, 113.
“Страдање, недостиг, потиштеност, мизерија, неверување – сè се тоа појави со кои Божјите проповедници се среќаваат секој ден. Нивната работа не е да си угодуваат себеси. Многу, навистина има многу души кои сè уште не се спасени. Цврсто држите се со вера за Господа и кажете им на грешниците дека Спасителот сите ги повикува кон Него.“ – Преглед и гласник, 26. јули, 1898.

б. Што апостол Петар им пишува на старешините во црквата во поглед на нивните одговорности како потпастири на Христовото стадо? 1 Петрово 5,1-5.

“Оние што вршат должност на потпастири, мора внимателно и будно да бдеат над Господовото стадо. Тоа не смее да биде диктаторска будност, строго надгледување, туку внимание кое охрабрува, кое поттикнува и поддржува. Проповедничката должност е нешто повеќе од само држење на проповеди; таа значи сериозно, лично залагање.“ – Делата на апостолите, 394.
“Во контекстот на поуките упатени на оние што се наоѓаат на одговорни положби во црквата, апостолот изнел и некои општи начела кон кои мораат да се придржуваат сите верници на црквата. Помладите верници на стадото се упатени да го следат примерот на своите старешини, придржувајќи се кон христијанската понизност.“ – Делата на апостолите, 395.
Четврток 11. декември

5. САМОНАРЕЧЕНИ ГЛАСНИЦИ

а. Што Бог чини во корист на своите деца во овие последни денови? Која стратегија сатаната ја користи за да го спречи Божјото дело? Римјаните 16,17.18; Дела 20,27-30.

“Сега во овие последни денови кога Господ своите деца ги доведува до единство во верата, редот е потребен како никогаш досега, затоа што, додека Господ ги соединува своите деца, сатаната и неговите зли ангели со сите сили настојуваат тоа единство да го спречат и уништат. Така, во полето побрзаа луѓе на кои им недостасува мудрост и расудување, кои не можат исправно да управуваат ниту во сопствениот дом и немаат ред ниту власт дури ниту над оние неколку членови на семејството кое Бог им го доверил; но сепак се чувствуваат способни да им се довери грижата за Божјото стадо.“ – Рани списи, 106.
“Луѓето кои не живеат свет живот и кои не се оспособени да ја проповедаат сегашната вистина заминуваат во полето, иако заедницата и браќата не ги признаваат, и заради тоа доаѓа до неслоги и пречки.“ – Рани списи, 107.

б. Што е полесно – да се оди во места кои биле опустошени од страна на самонаречените гласници или да навлеземе во нови области?

“Работата во таквите места каде што делувале оние кои вршат лошо влијание, го заморува духот на Божјите весници многу повеќе отколку заминувањето во новите полиња.“ – Рани списи, 109.

Петок 12. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кои особини треба да бидат видливи во животот на оние кои се избрани за Божјото дело?
2. Зошто Бог дава дарови и благодати на секој еден од Неговите слуги?
3. Кој став мораме да го заземеме едни кон други за да се обезбеди успех на Господовото дело во нашата средина?
4. До кој апостолски критериум треба да се придржуваме при ракополагање на службеници во црквата?
5. Какво предупредување дал апостол Павле во Дела 20,27-30?

Сподели го ова:

Similar Posts