04 Обединети напори

Сподели го ова:

4. лекција – 25. октомври 2014.

Обединети напори

“И (Христос поставил различни одговорности и служби)… за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата…“ (Ефесјаните 4,11-13).

“Црквата мора да го послуша Божјиот збор и да се заснова на евангелските начела, кои беа игнорирани и занемарени. Ова е неминовна потреба за да црквата дојде до единство во верата.“ – Рани списи, 110.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Делата на апостолите, 65.66.68.69.

Недела 19. октомври

1. КЛУЧНО ЗА НАПРЕДОК

а. Дали Христос нè повикува да работиме независно од сите други или сака да работиме во заедница со оние кои му се предале на Бога? Под кој услов раната црква постигнувала победа по победа? Јован 17,21-23.

“Како што (учениците во првата црква) продолжиле да работат обединето, небесните гласници оделе пред нив, го отворале патот и ги подготвувале срцата да ја примат вистината… Ништо не можело да го сопре постојаниот напредок.“ – Делата на апостолите, 65.66.

б. Доколку учениците не биле обединети како Христово тело, што би можеле да постигнат? Јован 15,4.5.

“Евангелието требало да се проповеда низ целиот свет, и гласниците на крстот можеле да се надеваат дека ќе ја извршат нивната важна мисија само доколку останат обединети со врските на христијанско единство“ – Делата на апостолите, 65.

Понеделник 20. октомври

2. ИЗБОР НА МАЖИ И ЖЕНИ ЗА БОЖЈАТА СЛУЖБА

а. Како што растел бројот на членови во раната црква, кој чекор бил преземен во согласност со евангелските начела? Дела 6,2.3. Кој ги одбрал луѓето што требало да бидат ракоположени како ѓакони? Кои морални и духовни особини се сметале за главен услов?

“Според записот во Дела 6,2-4 црквата избрала седум мажи полни со вера, мудрост и Божји Дух, кои требало да го надгледуваат работите во делото.
“Во Дела 6,1-7 Господ ни дава пример за внимателноста со која треба да се одбираат луѓето во Неговата служба.“ – Библиски коментари, 602.

б. Како црквата побарала совет од Бога при изборот на кандидати за ракополагање? Дела 6,6. Како и ние треба да го следиме примерот на раните христијани во тој поглед? Дела 13,1-3.

“Браќа со богато искуство и со здрав суд треба да се соберат и, придржувајќи се до Божјиот збор, и одобрувањето од Светиот Дух, треба со ревносна молитва да ги положат рацете врз оние кои целосно се докажале дека се повикани од Бога, и да се издвојат за да целосно се посветат на Неговата служба. Овој чин ќе покаже дека црквата го одобрува нивното делување како гласници кои ја носат најсвечената порака дадена на луѓето.“ – Рани списи, 110.

ц. Како вака избраните луѓе имале обединето влијание врз целото стадо на Црквата? 1 Кор. 1,10; 2,16.

“Редот кој владеел во раната христијанска црква им овозможил цврсто, како дисциплинирана војска да се облечат во Божјиот оклоп. Групите верници, иако распрскани на голема територија, биле членови на едно тело, и сите дејствувале во меѓусебна согласност и хармонија.“ – Делата на апостолите, 68.

Вторник 21. октомври

3. ОСОБИНИ ЗА УСПЕШНА ХРИСТИЈАНСКА СЛУЖБА

а. Кои квалификации треба да ги поседува кандидатот за ракополагање? Матеј 9,38; 1 Тим. 3,2-7. Зошто е неопходно личното воспитување?

“Делото што им било доверено на апостолите барало големи способности, затоа што против нив се издигала силна и висока плима на зло.“ – Делата на апостолите, 22.
“Оние кои му служат на Бога мора да покажат живост и одлучност во придобивањето на душите.“ – 6 Сведоштво, 387.
“Оние кои нема да вложат одлучни напори, туку само чекаат Светиот Дух да ги покрене на акција, ќе пропаднат во духовниот мрак.“ – Христијанска служба, 228.

б. Веродостојност и чесност: 2 Кор. 6,3; 1 Петр. 3,16.

“Павле со себе носел небесна атмосфера. Сите што доаѓале во контакт со него го чувствувале неговото заедништво со Бога. Фактот што неговиот личен живот бил пример за вистината што ја објавувал му дала убедувачка моќ на неговите проповеди. Во тоа лежи моќта на вистината. Спонтаното и несвесно влијание на светиот живот е најубедливата проповед во корист на христијанството. Аргументите, дури и кога не можат да се побијат можат само да предизвикаат противење; но примерот на побожност има сила на која никој не може целосно да ѝ се спротивстави.“ – Слуги на евангелието, 47.

ц. Пристојно однесување, учтивост, префинетост (христијанско достоинство): Колос. 4,6; Понизност: Матеј 3,16; Јован 3,30.

“Од проповедникот, како Божји човек, се очекува да биде подготвен за секое добро дело. На ова дело не му се потребни горделиви и фалбаџиски проповедници. Но достоинственото држење е неопходно. Проповедникот на евангелието треба да внимава на своето држење.“ – 1 Сведоштво, 579.
“Христовиот проповедник треба да поседува трезвеност, кротост, љубов, долготрпение, воздржаност, милост и љубезност. Тој треба да биде претпазлив, со возвишени мисли и разговори и со беспрекорно однесување. Ова претставува евангелското достоинство.“ – 2 Сведоштво, 638.

Среда 22. октомври

4. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОСОБИНИ ЗА УСПЕШНА
ХРИСТИЈАНСКА СЛУЖБА

а. Тактичност: 2 Тимотеј 2,22-26. Искреност и верност: Дела 6,3; 1 Коринтјаните 4,2.

“Доколку човек поседува тактичност, вредност и ентузијазам, тој ќе успее во земските потфати, а доколку истите особини се искористат во Божјото дело, тој ќе биде двојно поуспешен, затоа што божествената моќ ќе се соедини со човечките напори.“ – 5 Сведоштво, 256.
“Кога на еден човек му се доверуваат одговорности, не треба да се разгледува дали тој е речит или богат, туку дали е чесен, верен и вреден; затоа што колку и да постигнал, ако ги нема овие особини, тој е целосно непогоден за било која служба од доверба.“ – 4 Сведоштво, 393.

б. Трезвеност (внимателни, умерени идеи и смирено расудување): Тит 1,8; 1 Петрово 1,13; 5,8. Чистота, уредност, поредок: 1 Кор. 14,40.

“Проповедниците треба да го сакаат редот и треба и самите да бидат дисциплинирани, за да можат истото да го бараат од верниците и да ги научат да работат во хармонија, како добро извежбана чета војници…“
“Ангелите… заминуваат со тага, бидејќи тие не се овластени да благословат конфузија, расеаност и неорганизираност.“ – 1 Сведоштво, 580.

ц. Култура на умот и говорот, правилно изразување: 2 Тим. 2,15.

“Поединци имаа одреден успех во работата, иако немале висока школа или колеџ; но истите тие можеа да постигнат многу поголем успех, и можеа да бидат поделотворни работници доколку уште од почетокот имаа ментална дисциплина.“ – Слуги на евангелието, 76.
“Доколку нашите мисли и идеи не ги изразиме со соодветни изрази, каква полза имаме од нашето образование?“ – 6 Свед., 351.
“Правилно негуваната и користена способност за говор е потребна во сите аспекти на христијанската служба… Ние мораме да се навикнеме да зборуваме во пријатен тон, со чист и точен јазик, и да користиме благи и љубезни зборови.“ – Христијанска служба, 223.
Четврток 23. октомври

5. СОРАБОТКА

а. Која лекција треба да ја научиме од земјоделието кога очекуваме Господ да ги благослови нашите евангелски напори? 1 Кор. 3,6-9.

“Господ посакува градовите да бидат евангелизирани со обединети напори на работници со различни способности. За насока сите треба да се потпрат на Исуса и да не зависат од човечката мудрост за да не застранат. Како соработници со Бога, тие треба да работат во меѓусебна хармонија. Сепак сите треба да бараат мудрост од Исуса, и да не зависат целосно од човек за упатства.“ – 9 Сведоштво, 109.

б. Од кого, пред сè, зависи успехот на нашата евангелска работа? Псалам 127,1.

“Човечката сила не го прави Божјото дело успешно, туку силата на небесните битија, кои работат со човечките орудија, го прави делото совршено. Павле може да посее, Аполос може да полее, но Бог е Тој што прави да израсне. Човекот не може да го направи она што Бог го прави. Како човечко орудие, тој може да соработува со божествените суштества, и со едноставност и покорност да направи сè што е во негова моќ, притоа сфаќајќи дека Бог е Главниот Работник. Иако работниците после некое време го напуштаат овој свет, сепак делото нема да престане сè дури не биде потполно завршено.“ – Преглед и гласник, 14 ноември, 1893.

Петок 24. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објаснете ги практичните придобивки на заедничката работа во евангелските напори?
2. Наведете некои од чекорите што црквата мора да ги преземе пред да изврши ракополагање.
3. Кои особини се суштински за придобивање души?
4. Како можеме да развиеме особини кои се суштински за христијанската служба?
5. Која илустрација од земјоделието ни помага да го разбереме евангелизирањето?

Сподели го ова:

Слични објави