03 Првото мисионерско патување

Сподели го ова:

3. лекција – 18. октомври 2014.

Првото мисионерско патување

“(Исус) ги повика дванаесетмината, им даде сила и власт… И потоа ги прати да го проповедаат царството Божјо.“ – Лука 9,1.2.

“Учениците требало да бидат гласници на вистината, да го подготват патот за доаѓањето на Господарот. Суштината на нивната порака била повторување на онаа на Јован Крстител и на самиот Христос: Царството Божјо е близу.“ – Преглед и гласник, 23. март, 1897.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 333-343.

Недела 12. октомври

1. ПОВИК ЗА ПОКАЈАНИЕ

а. Со каква порака Христос ги испратил дванаесетмината апостоли по одреден период на обука? Матеј 10,7.

б. Каква сила им дал Христос и што бил Неговиот совет потоа во поглед на нивниот успех? Марко 6,7; Лука 10,20. Кои се придобивките кога евангелистите се испраќаат двајца по двајца?

“Исус ги повикал дванаесетмината кај Него, им заповедал да одат по двајца низ градовите и селата. Никој не испратил сам, туку поврзал брат со брата, пријател со пријател. Така тие можеле да си помагаат и да се поттикнуваат еден со друг, да се советуваат и молат заедно, силата на едниот да ја надополни слабоста на другиот. На ист начин Тој потоа ги испратил седумдесетмината. Целта на Спасителот била гласниците на Евангелието да бидат поврзани на овој начин. Во наше време евангелистичката работа би била многу поуспешна ако повеќе се следи овој пример.” – Копнежот на вековите, 334.

Понеделник 13. октомври

2. ПОМАГАЊЕ НА НЕСРЕЌНИТЕ

а. За време на својата служба, како Исус го поделил времето? Матеј 4,23.24.

“За време на својата служба, Исус посветил повеќе време да ги исцели болните, отколку да проповеда. Неговите чуда сведочеле за вистината на Неговите зборови, дека Тој не дошол да уништи, туку да спаси.” – Копнежот на вековите, 334.

б. Кое ветување ќе биде исполнето кон оние кои, во Духот на Христос, им помагаат на несреќните и ја проповедаат Неговата порака? Исаија 58,8.

“Христовите следбеници треба да работат така како што Тој работел. Треба да ги нахраниме гладните, да ги облечеме голите, и да ги утешиме страдалните и неволните. Треба да им помагаме на очајните и да им влееме надеж на безнадежните. И нам, исто така, ќе ни биде исполнето ветувањето ‘Твојата правда ќе тргне пред тебе; и славата Господова ќе те придружува’ (Исаија 58,8). Христовата љубов, искажана преку несебична служба, ќе биде поделотворна во преобразбата на грешникот отколку мечот или праведниот суд. Тие се неопходни за да се влее страв на престапникот, но мисионерот што љуби може да направи повеќе од ова.” – Копнежот на вековите 335.

ц. Христијанските мисионери денес нема да исцелуваат со чуда; но што можат да направат?

“Мисионерот не само што може да ги ублажи физичките болести, туку може и да го поведе грешникот кон Великиот Лекар, кој може да ја очисти душата од лепрата на гревот. Преку Неговите слуги, Бог одредил дека болните, несреќните, опседнатите од зли духови, ќе го чујат Неговиот глас преку Неговите слуги. Преку своите човечки претставници Тој сака да биде Утешител каков што светот не познава.” – Копнежот на вековите, 335.
“Оние кои веруваат во вистината треба не само да ја применуваат здравствената реформа, туку и трудољубиво да ја проповедаат на другите; бидејќи таа ќе биде средство преку кое вистината може да им се прикаже на неверниците. Тие ќе заклучат дека ако имаме такви разумни идеи во однос на здравјето и трезвеноста, во нашата религија мора да има нешто што вреди да се истражи.” – Евангелизам, 514.
Вторник 14. октомври

3. УСПЕШНА РАБОТА ОД КУЌА ДО КУЌА

а. Какви инструкции им дал Христос на своите апостоли за успешна работа од куќа до куќа? Матеј 10,11-14; Лука 10,5.

“Во секое место (апостолите) требало да го прифатат гостопримството на оние кои биле достојни, оние кои срдечно ќе ги пречекаат како да го примаат самиот Христос. Требало да влезат во домот со убав поздрав – ‘Мир на оваа куќа’ (Лука 10,5). Тој дом бил благословен со нивните молитви, нивните песни на слава и со отворањето на Светото Писмо во кругот на семејството.” – Копнежот на вековите, 336.

б. На своето прво мисионерско патување, кај кого прво требало да одат апостолите? Матеј 10,5.6. Зошто?

“Ако (апостолите) тогаш го проповедале Евангелието на незнабошците или Самарјаните, ќе го изгубеле своето влијание врз Евреите. Ако ги поттикнеле предрасудите на фарисеите, тие ќе се вмешале во расправии што би ги обесхрабрило на почетокот на својата работа. Дури и апостолите тешко сфаќале дека евангелието мора да се однесе на сите народи. Сѐ додека тие самите не ја сфатиле оваа вистина, не биле подготвени да работат за незнабошците. Ако Евреите го примеле евангелието, Бог би ги направил свои гласници на незнабошците.” – Копнежот на вековите, 335.

ц. Кога седумдесетмината ученици требало да влезат во домовите на луѓето, како ги советувал Исус да покажат благодарност и почит за гостопримството на домаќините? Лука 10,7-9. Зошто?

“(Лука 10,1-3.8.9. Седумдесетмината апостоли) не требало да ја изгубат од вид (оваа) порака, ниту пак да влезат во расправа околу прашања кои биле небитни, за да не се затвори вратата на важните вистини што Исус им заповедал да ги проповедаат.” – Денес со Бога, 113.

Среда 15. октомври

4. ОВЦИ МЕЃУ ВОЛЦИТЕ

а. Што значи Христовото предупредување во Матеј 10,16?

“Слугите на Христос не треба да работат по налозите на природното срце. Треба да имаат тесна заедница со Бога, за да не се воздигнат поради провокација и излијат порој зборови што не се на место, што не се како роса или мек дожд што ги освежува растенијата што венеат. Тоа е она што сатаната сака да го направат; затоа што такви се неговите методи… Но, Божјите слуги треба да бидат Негови претставници. Тој сака да тргуваат само со небесната валута, вистината што го носи Неговиот лик и потпис. Силата со која тие треба да го надминат злото е силата на Христос. Славата на Христа е нивната сила. Треба да ја согледаат Неговата убавина. Тогаш тие можат да го проповедаат евангелието со божествена тактичност и нежност. И духот што е нежен додека е потиснат под провокација ќе зборува поуспешно во полза на вистината отколку кој било друг доказ, колку и да е убедлив.
“Оние кои влегуваат во расправа со непријателите на вистината мораат да се справат не само со луѓето, туку и со сатаната и неговите претставници. Нека се сетат на зборовите на Спасителот: ‘Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци’ (Лука 10,3). Нека почиваат во љубовта Божја, а духот ќе биде мирен, дури и при лични навреди. Господ ќе ги облече со божествена опрема. Неговиот Свет Дух ќе влијае на умот и срцето, така што во нивните гласови нема да се почувствува виењето на волците.” – Копнежот на вековите, 338.
“Оние кои се под влијание на Духот Божји нема да бидат фанатици, туку мирни и истрајни, без прекумерност во мислите, зборовите или делата. Меѓу заплетканоста на лажните доктрини, Духот Божји ќе биде водич и штит за оние кои не одолеаја на доказите за вистината, замолчувајќи го секој друг глас, освен оној што доаѓа од Него кој е вистината.” – Слуги на евангелието, 260.

б. Што мислел Христос кога, продолжувајќи со советите кон своите ученици, рекол “Пазете се од луѓе”? Матеј 10,17.

“(Апостолите) не требало да имаат безрезервна доверба во оние кои не го познавале Бога ниту да им се доверуваат; затоа што така би им дале предност на претставниците на сатаната.” – Копнежот на вековите, 338.
Четврток 16. октомври

4. ПРИЗНАВАЊЕ НА ХРИСТОС

а. Продолжувајќи со советите, како Христос ја нагласил важноста правилно да го признаат пред луѓето? Матеј 10,32.33.

“Вие ќе бидете Мои сведоци на земјата, канали преку кои Мојата благодат може да тече за исцелување на светот. Така Јас ќе ви бидам претставник на небото. Отецот не го гледа вашиот грешен карактер, туку Тој ве гледа облечени во моето совршенство. Јас сум посредник преку кој благословите од небото ќе дојдат при вас. И секој што ме признава преку споделување на Мојата жртва за изгубените ќе биде признаен како учесник во славата и радоста на спасените.
“Оној кој ќе го признае Христос мора да дозволи Христос да живее во него. Не може да го даде тоа што не го примил. Апостолите можеле да зборуваат течно за верата, можеле да ги повторуваат зборовите на самиот Христос; но, ако не ја поседувале кротоста и љубовта на Христос, тие не го признавале. Духот спротивен од духот на Христос ќе се одрече од Него, каква вера и да проповеда. Луѓето можат да се одречат од Христа со грешни зборови, со лекомислен говор, со зборови кои се невистинити или нељубезни. Можат да се одречат од Него ако ги избегнуваат товарите на животот, ако бараат грешни задоволства. Можат да се одречат од Него ако се приспособат кон светот, ако се однесуваат нечовечно, ако ги љубат своите мислења, ако се оправдуваат себеси, ако го негуваат сомнежот, прават неволји и живеат во темнина. На сите овие начини тие изјавуваат дека Христос не е во нив.” – Копнежот на вековите, 342.

б. Каква сигурност може да има секој што верно го признава Христа? Откровение 3,5.

Петок 17. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објаснете ја мисијата доверена на 70-те апостоли.
2. Што може христијаните да прават за болните денес?
3. Именувај некои клучни елементи за успешен евангелизам од куќа на куќа.
4. Како треба да ја разбереме фразата “овци меѓу волците”?
5. Кои се некои од начините на кои ние го претставуваме Христос правилно или погрешно?

Сподели го ова:

Слични објави