13 Одење со Исуса

Сподели го ова:

13. лекција – 28. декември 2013.

Одење со Исуса

“И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него: вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста.“ – Кол. 2,6.7.

“На светот денес му е потребно она што било потребно и пред дваесет векови – откровение на Исус Христос. Потребно е исто така и едно големо дело на реформа и само преку благодатта на Исус Христос може да се изврши делото на обнова на телото, душата и духот.“ – Здравје и среќа, 121.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 106-118.

Недела 22. декември

1. БОГ НÉ ПОВИКУВА

а. Опиши ја Божјата желба за нас во Неговото дело на обнова? Лука 15,4.

“Божја намера е Неговото име да биде почитувано пред целиот универзум. Целата земја треба да биде осветлена од Неговата бескрајна слава. Тој настојува од оваа земја да собере еден народ за себе. Неговата волја е закон на универзумот. Тој го повикува секое човечко битие да соработува со Него. Но Тој никого не принудува. Тој ја зел судбината на човекот во свои раце, кажувајќи му дека неговата идна благосостојба зависи од неговиот избор. За да биде спасен, човекот мора да соработува со Бога во Неговото дело на обнова.“ – Објавени ракописи 18, 271.
“Најсилен доказ дека човекот паднал од еден повисок степен е фактот дека неговото враќање има толку висока цена. Враќањето може да се оствари само со упорна борба, чекор по чекор, и тоа секој час. Човекот со една моментална одлука може да се потчини на силата на злото, но потребно е многу повеќе од моментална одлука за да се раскинат овие окови и да се достигне еден повисок, посвет живот. Целта може да се постави и делото може да се започне, но неговата реализација бара многу труд, време и истрајност, трпение и пожртвуваност.“ – 8 Сведоштво, 338.
Понеделник 23. декември

2. ЧОВЕКОВАТА ОБВРСКА ДА СЛУЖИ

а. На што Господ го повикува својот народ денес? Јов 22,21.22; 1 Петр. 1,21-25.

“Познавањето на Бога е основа на секое вистинско образование и секоја вистинска служба. Тоа е единствената сигурна заштита од искушенијата. Единствено тоа може да нè направи како Него во карактерот.
“Тоа е знаење што им е потребно на сите што работат на подигање на своите ближни. Преобразувањето на карактерот, чистотата на животот, успехот во службата, верноста на вистинските принципи, сето тоа зависи од вистинското познавање на Бога. Ова знаење е од суштинско значење во подготовка за овој и за животот што доаѓа.“ – Здравје и среќа, 363.
“Практичната примена на начелата на љубовта која Христос ја проповедал и со поука и со пример ќе стане искуство на секој кој го следи Христовиот пример.“ – РХ, 15. февруари, 1895.

б. Што можеме да научиме од првите ученици за длабоката преданост и одлучност во нивната желба да го следат Христа? Јован 11,16; 13,37; 1 Сол. 5,23.

“За душата која живее преку верата во Христа не постои друга ниту поголема желба отколку да ја познава и извршува Божјата волја.“ – 5 Сведоштво, 606.
“Од христијаните се бара да ги дадат своите тела ’во жртва жива, света и благоугодна на Бога‘ (Рим. 12,1). За да го направат ова сите нивни сили мораат да бидат сочувани во најдобра можна состојба. Секоја практика која ја ослабува физичката или менталната сила го онеспособува човекот за служба на својот Творец.“ – Нов живот, 18.
“На Христовиот крст е истакната пораката на Евангелието… Тоа е нашата порака, нашиот аргумент, нашата доктрина, нашите предупредувања до непокајаните, нашето охрабрување за оние кои тагуваат – надеж за секој верник. Ако можеме да разбудиме интерес во умовите на луѓето и ги наведеме својот поглед да го насочат на Христа, ние можеме да го направиме и следниот чекор да ги замолиме нивниот поглед да не го тргаат од Божјото Јагне…. Оној чии очи се управени на Христа, ќе биде подготвен да се откаже од сè. Тој ќе умре за себичноста. Тој ќе верува во секоја Божја Реч која е толку славно и прекрасно возвишена во Христа.“ – Библиски коментари, 725.

Вторник 24. декември

3. ЛИЧЕН ОДНОС

а. Опишете го односот што Господ сака да го има со своите деца, дури и во животните тешкотии и предизвици? Лука 15,22-24; Јован 17,3.16-20.

“Ако ги исповедаш своите гревови, верувај дека ти се простени, бидејќи ветувањето е позитивно: ’Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда‘ (1 Јов. 1,9). Зошто, тогаш, го обесчестувате Бога, сомневајќи се во Неговата љубов која со задоволство простува? Признавајќи ги своите гревови, верувајте дека Божјата Реч нема да остане неисполнета и дека Тој навистина ви простил. Како што сте должни да ги признаете своите гревови, исто така сте должни да верувате дека ви е опростено. Треба практично да ја потврдите својата вера во Бога како Оној кој ќе направи онака како што рекол дека ќе направи – ќе ги прости сите твои престапи.“ – Во небесните пространства, 126.
“Ако во целост се предадете на Христа, оставете го вашиот живот на грев, страст и гордост, држејќи се цврсто до Христа и Неговите заслуги, Тој ќе исполни сè што ветил. Тој изобилно ќе ви даде сè што во молитва ќе побарате од Него. Зарем не можете да верувате во тоа? Јас го тестирав во ова точка и знам дека Тој е верен да ги исполни сите Негови ветувања.“ – Знаци на времето, 29. септември, 1887.

б. Каков степен на влијание има крстот од Голгота при воспоставувањето на нашиот однос со Бога? Јован 12,32.

“Крстот на Голгота го привлекува вниманието и конечно ќе ги победи сите земни и пеколни сили. Во крстот се сосредоточени и од него произлегуваат сите можни влијанија. Тој е голем центар на привлечност; бидејќи на него Христос се откажал од својот живот за човечкиот род. Оваа жртва е поднесена со цел да го врати човекот во неговото првобитно совршенство. Дури и повеќе од тоа, таа му овозможува на човекот целосна трансформација на карактерот, чинејќи го повеќе од победник.
“Ако не постои поволно влијание во корист на крстот, тој го создава. Низ генерациите кои доаѓале, вистината за тоа време се откривала како ’сегашна вистина‘. Во Христос распнат на крст се исполнило пророштвото: ’Милоста и вистината ќе се сретнат, праведноста и мирот ќе се целиваат. На таков начин крстот го покренал светот.“ – Библиски коментари, 726.
Среда 25. декември

4. ИСКУШЕНИЈА И ТЕШКОТИИ

а. Што треба да имаме на ум кога сме соочени со тешкотии и искушенија и кога во очајание ни се чини дека сме целосно напуштени? Матеј 11,28; Псалм 36,9.10.

“Христовите зборови, така утешни и охрабрувачки за оние кои лично ги слушале, упатени се и на нас денес. Како што верниот пастир ги знае и се грижи за овците, на таков начин и Христос се грижи за своите деца. Тој ги познава искушенијата и тешкотиите кои го опкружуваат секого од нас. Како пастир Тој го ’пасе стадото свое‘, кажува Исаија, ’во рацете ги зема јагнињата, ги носи во својата прегратка‘ (Ис. 40,11). Тој ги познава своите овци мошне добро, а болните и беспомошните се предмет на Негова посебна грижа. Тој го дал својот живот за нив, и секоја нивна потреба ја познава подобро отколку било кој друг.“ – РХ, 18. мај, 1897.
“Исус не ве оставил да бидете изненадени и запрепастени кога ќе наидат искушенија и неволји. Тој во својата Реч ве предупредил на сето тоа, нагласувајќи дека не треба да бидете обесхрабрени и потиштени кога ќе дојдат искушенијата. Треба со вера да гледате на Христа, вашиот Откупител, и да бидете весели и радосни… Ние имаме жив Спасител, кој толку нè засака што умрел за нас, за да преку Неговите заслуги имаме надеж, сила и храброст и место со Него на престолот.“ – Погледот угоре, 201.
“Сатаната укажува на тоа дека сте беспомошни и дека сами не можете да се благословите. Тоа е точно, вие сте беспомошни. Но кога ќе ви дојдат такви мисли воздигајте го Исуса пред него: ’Јас имам воскреснат Спасител. Во Него е мојата надеж и доверба, Тој никогаш нема да ме остави. Во Негово име јас ќе триумфирам. Тој е мојата правда и мојот венец на радост‘. Никој нека не мисли дека неговиот случај е безнадежен, бидејќи не е така. Вие можеби согледувате дека сте грешни и необратени, но токму тоа е доказ дека ви е потребен Спасител.“ – Вера и дела, 37.

б. Според што би требало да биде карактеристично нашето искуство? Пс. 16,11; Ис. 6,2.3; Ефес. 5,18; Кол. 2,6.7.

“Серафимите околу Божјиот престол се толку исполнети со света страхопочит кога ја гледаат Божјата слава така што ниту еден момент не гледаат на себе ниту се восхитуваат на себе… Тие се целосно задоволни кога го слават Бога, и тие ништо друго не сакаат освен да останат во Негово присуство и да уживаат во Неговото одобрување и Неговата насмевка.“ – Слуги на евангелието,13.
Четврток 26. декември

5. ХРИСТОС – ВО ЦЕНТАРОТ НА СЛУЖБАТА

а. Како вистинскиот христијанин секогаш треба да живее? 1 Јов. 2,6; 4,19.

“Христос придава големо значење на послушноста на верниците на Божјите заповеди. Тие заповеди тие треба добро да ги познаваат и практично да ги применуваат во својот секојдневен живот. Луѓето не можат да ги држат Божјите заповеди освен ако се во Христа и Христос во нив. Не е можно да се во Христа и да имаат светлина во поглед на Неговите заповеди, сè додека ја занемаруваат најмалата од нив. Со постојаност и спремност да ја послушаат Неговата Реч, тие ја докажуваат својата љубов кон Испратениот од Бога…
“Во секоја ненадејна и збунувачка ситуација тие ќе имаат помошник во Исуса Христа.“ – Денес со Бога, 142.

б. На крајот на краиштата нашата животна судбина се одредува според секоја исправна или погрешна одлука што ќе ја донесеме. Кои апели допираат до секој еден од нас? 5 Мојс. 30,19; 1 Петр. 1,13-16; Ефес. 4,1. Зошто? Откр. 5,12.

“Постои една голема централна вистина која треба секогаш да се има ум кога се пребарува Светото писмо – Христос и тоа распнатиот… Возвишениот карактер на Божјиот закон можеме да го препознаеме само во светлината на крстот. На душата умртвена од гревот животот може да и биде вратен само преку делото кое Зачетникот и Крајот на нашето спасение го извршил на крстот.“ – Да го познам Него, 208.

Петок 27. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Каква е желбата на Бога за Неговите деца?
2. Опиши што значи да се има вистински однос со Бога?
3. Што сè Бог направил во врска со нашата обнова?
4. Кога сме соочени со тешкотии, што треба да запомниме?
5. Која голема централна вистина може да нè доведе до чистотата на срцето и животот?

Сподели го ова:

Слични објави