12 Да се живее за Исуса

Сподели го ова:

12. лекција – 21. декември 2013.

Да се живее за Исуса

“Или не знаете дека неправедните нема да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ниту идолопоклониците, ни ракоблудците, ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни разбојниците нема да го наследат царството Божјо. А такви беа и некои од вас; но се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог.“ – 1 Кор. 6,9-11.

“Преданост, побожност и целосна посветеност доаѓа преку Исус Христос, нашата праведност. Во љубовта кон Бога треба постојано да се усовршуваме. О, како во своето срце воздивнувам кон живиот Бог да ми подари ум Христов! Сакам себеси да се изгубам од вид.“ – Да го познам Него, 55.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 97-105.

Недела 15. декември

1. ПРЕОБРАЗУВАЊЕ ПРЕКУ ХРИСТА

а. Каква трансформација се случува во нашиот живот кога ќе го прифатиме Исуса Христа? Јован 14,23; 1 Јов. 2,3-6; 4,15-21.

“Ако сме Христови, тогаш нашите мисли се со Него, најслатко ни е да размислуваме за Него. Сè што имаме и што сме, Нему му е посветено.“ – Патот кон Христа, 52.
“Кога Христос живее во срцето, се менува целата природа. Христовиот Дух и Неговата љубов го омекнуваат срцето, ја скротуваат душата, ги воздигнуваат мислите и желбите кон Бога и Небото.“ – Патот кон Христа, 66.
“Нека сите ова целосно го разберат: Ако го прифатиме Христа како Спасител, мораме да го прифатиме и како Владетел. Не можеме да имаме сигурност и совршена доверба сè додека не го признаеме како свој Цар покорувајќи се на Неговите заповеди. На таков начин можеме да ја потврдиме нашата верност кон Бога. Тогаш имаме вистински круг на поврзаност во нашата вера, бидејќи тоа е делување и резултат на вера, која преку љубов работи.“ – Вера и дела, 16.

Понеделник 16. декември

2. СПОРНО ПРАШАЊЕ

а. Опишете како чудесното дело на преобразба преку Христа вклучува постојана борба. Ефес. 6,12.13; 1 Петр. 5,6-10.

“Во секоја душа две сили сериозно се борат за победа. Неверувањето, предводено од сатаната, ги ангажира своите сили да нè одвои од Изворот на нашата сила. А верата ги ангажира своите сили, предводени од Христа, Почетокот и Крајот на нашата вера. Од час во час, пред очите на небесниот универзум, овој конфликт продолжува. Ова е борба гради во гради, и големо е прашањето кој ќе излезе како победник? Ова прашање секој од нас мора да го реши за себе. Во оваа војна секој мора да учествува, борејќи се на една или друга страна. Од учеството во овој судир никој не може да биде ослободен.“ – Синови и ќерки Божји, 328.
“Кога нашите очи би се отвориле и би го виделе делувањето на силите на доброто и злото, тогаш веќе не би имало лекоумност, суета, шеги и пародии. Кога сите би го зеле Божјото оружје, борејќи се храбро во Господовите битки, тогаш би биле извојувани победи од кои би треперело царството на темнината.“ – 6 Сведоштво, 40.
“Секој ќе биде искушан. Постојат само две страни. На која сте вие?“ – 8 Сведоштво, 130.

б. Што е најскапото нешто во светот – и како неговата величина се покажува? Рим. 6,23 (прв дел); Евр. 9,27.

“Зарем не можеме да сфатиме дека најскапото нешто во светот е гревот. Цената која престапникот ја плаќа е губење на чистата совест, губење на Божјата наклонетост, одвојување на душата од Него и конечно губење на спасението… Каква сцена ќе биде прикажана кога судот ќе седне и книгите ќе се отворат да сведочат за спасување или за пропаст на секоја една душа! Тоа ќе бара безгрешна одлука на Оној кој живеел меѓу луѓето, ги сакал и го дал својот живот за нив за да ја одреди наградата на оправданите верници и казната на неверните и неправедните.
“Делото на нашето спасение зависи од личниот однос помеѓу Бога и нашата душа. Иако сите народи ќе излезат на суд пред Него, Тој ќе го испита случајот на секој поединец со таква точност како да не постоеле други битија на земјата.“ – Во небесните пространства, 360.

Вторник 17. декември

3. ДЕЛОТВОРНА ВЕРА

а. Опишете ја силата на верата потребна за спасение. Лука 10,27.

“Сè што е помало од активна, искрена служба за Господарот покажува дека нашето исповедање на верата е лажно. Само она христијанство кое се открива во сесрдна, практична работа ќе врши влијание на оние кои се мртви во престапите и гревот. Побожните, понизни и верни христијани со своите дела покажуваат дека нивна најголема желба е да ја објават спасоносната вистина која треба да ги испита сите народи, собираат за Учителот богата жетва на души…
“Ние во светот спроведуваме едно дело, но не покажуваме доволно активност и ревност. Кога би биле посериозни, луѓето би се увериле во вистинитоста на нашата порака… Можеме да ги извршиме сите надворешни постапки на службата, а сепак да бидеме лишени за оживувачкото влијание на Светиот Дух како што бреговите на Гелвуј се лишени од роса и дожд. На сите нас ни е потребна духовна роса, а исто така ни се потребни зраците на Сонцето на Праведноста за да ги омекне и потчини нашите срца… Мораме да ги објавуваме Библиските начела и да ги поткрепуваме со свет секојдневен живот.“ – 6 Сведоштво, 386.

б. Со што Исус сликовито ја прикажал коренитата промена која сака да ја види во нас? Јован 3,5-7.

“Старите патишта, наследените склоности и поранешните навики мораат да се отфрлат; бидејќи благодатта не е нешто што се добива со наследство. Новото раѓање се состои во прифаќање на нови побуди, нови вкусови, нови стремежи. Оние кои се наново родени со Светиот Дух стануваат соучесници во Божјата природа и во сите нивни навики и практики тие ќе сведочат за нивниот врска со Христа.“ – РХ, 12. април, 1892.
“Нека оние кои сакаат нешто ново се стремат за обновен живот кој е резултат на новото раѓање. Нека ги исчистат нивните души со покорување на вистината и да постапуваат во согласност со упатствата кои Христос му ги дал на законикот кога прашал што треба да направи за да наследи вечен живот: ’Љуби Го Господа, својот Бог – со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила и со сиот свој ум; и својот ближен како себеси… Прави го тоа и ќе живееш‘ (Лука 10,27.28). Сите оние кои ќе го усогласат својот живот со едноставните барања во Божјата Реч ќе наследат вечен живот.“ – Дневни белешки 2,164.
Среда 18. декември

4. СÉ Е ОД БОГА

а. Која мисла секогаш треба да ја имаме на ум? 1 Лет. 29,14.

“Секој член на човечкото семејство целосно е предаден во рацете на Христос; и сè што ние поседуваме – пари, куќи, земјиште, умни и физички сили, сите таленти во овој живот, како и благословот на идниот живот – сето тоа ни е доверено како Божјо благо за да верно го искористиме за доброто на човекот. Секој дар носи печат на крстот и го носи ликот и натписот на Исус Христос. Сите нешта се од Бога. Од најмалите придобивки до најголемите благослови, сè протекува преку еден канал – натчовечкото посредување – попрскано со непроценливата крв која го претставува Божјиот живот во Неговиот Син…
“Во сè што поседуваме и што можеме да понудиме или жртвуваме во работата или верата, нема ништо што претходно не сме го примиле од Бога и на што Тој полага право, велејќи: Тоа се мои дарови доверени на вас, не да се збогатите, туку мудро да ги употребувате на благослов на светот.“ – Вера и дела, 22.

б. Како оваа реалност треба да влијае на нашите ставови? Рим. 2,1-4; 1 Кор. 6,9-11.

“Не можете да имате мисли без Христа. Не можете ниту да бидете склони да Му пријдете, освен ако Тој нè ве поттикне на тоа преку влијанието на Неговиот Дух врз вашиот човечки ум…
“Затоа никогаш немојте да кажете дека сами можеме да се покаеме и дека тогаш Христос ќе ни прости. Не, навистина. Покајанието е дар на Божјата милост. Во својата милост Бог нè наведува на покајание и ни дава сила тоа да го направиме. Според тоа, сè е од Исус Христос, сè е од Него, и вие треба само да му одавате слава на Бога. Зошто почесто не одговарате кога сте повикани на вашите состаноци? Зошто повеќе не сте трогнати од оживувачкото влијание на Божјиот Дух кога се изнесуваат вистини во Христовата љубов и Неговата спасоносна сила? Тоа е затоа што Христа не го гледате како прв и последен и најдобар, Алфа и Омега, почетокот и крајот – зачетникот и крајот на нашата вера.“ – Вера и дела, 73.

Четврток 19. декември

5. ПО СТАПКИТЕ НА НАШИОТ УЧИТЕЛ

а. Објасни го значењето и улогата на крстот во вашиот секојдневен живот? Ефес.2,11-18; Мат. 16,24.25.

“Не очекувајте во иднина некаква поповолна прилика, кога ќе можете полесно да го понесете крстот, кога склоностите на телесното срце ќе можете да ги потчините со помалку напор. ’Денес‘, вели Божјиот Дух, ’ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца‘ (Евр. 4,7). Денес одете да работите, утре може да биде предоцна.“ – РХ, 2. ноември, 1886.

б. Ние не можеме да го заработиме спасението – тоа се постигнува само преку заслугите на Христос – но што, и покрај тоа, сепак се бара од нас? Фил. 2,12.13.

“Задачата да го оствариме нашето спасение не е доверена само на слабите, немоќни смртници. Тоа Христос го извршил за нас. И тоа е привилегија на секој син и ќерка на Адам. Сепак и ние треба да работиме. Не смееме да бидеме неактивни. Треба да се ангажираме во делото на спасување на изгубените, а не да стоиме со скрстени раце.“ – Денес со Бога, 72.
“Не можете да уживаме во Божјите благослови без било каква акција од ваша страна. Спасението е дар кој ви се дава бесплатно; и не можете да го добиете под други услови, освен како бесплатен дар. Но соработката од ваша страна е од суштинско значење за ваше спасение… Ние секојдневно работиме на нашата судбина. Треба да задобиеме круна на вечен живот, а пеколот да го избегнеме.“ – РХ, 25. август, 1891.

Петок 20. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објасни ја промената која доаѓа кога ќе го прифатиме Христа како Господ на нашиот живот?
2. Што е најскапото нешто во светот и зошто?
3. Опишете ги плодовите на вистинското покајание и обратување?
4. Објасни ги далекосежните основни вистини дека Бог е сè во се?
5. Што можеме а што не можеме да направиме во поглед на нашето спасение?

Сподели го ова:

Similar Posts