09 Прифаќање на Христовата правда
9. лекција – 30. ноември 2013.
Прифаќање на Христовата правда
“Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени право пред тебе. Провери ја патеката со нозете свои, и сите патишта нека бидат цврсти. Не скршнувај ни десно, ни лево; оддалечија ногата твоја од зло.“ – Изреки 4,25-27.
“Да му се дозволи на Христа преку вера да престојува во нашето срце значи да се размислува за Него, да го посматраме постојано со вера, ценејќи го секогаш саканиот Спасител како наш најдобар и најпочитуван Пријател, така што со ниедна своја постапка да нè го жалостиме и навредиме.“ – Сведоштво за проповедници, 387.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 69-75.
Недела 24. ноември
1. НАША ГОЛЕМА ПОТРЕБА ДЕНЕС
а. Што е очајно потребно во нашето искуство денес? Мат. 5,3-11; 2 Петр. 1,5-11.
“Денес исто така е потребно такво вистинско верско заживување какво што доживувале древните Израелци. Покајанието е првиот чекор кој сите мораат да го преземат, сите кои сакаат да се вратат кај Бога. Оваа работа никој не може да ја направи за друг. Мораме лично да ги понижиме нашите души пред Бога и да ги отфрлиме своите идоли. Кога ќе го направиме сето она што ние можеме да направиме, Господ ќе ни го покаже своето спасение.“ – Судир и храброст, 145.
б. Како да доживееме преродба? Дела 3,19; Мат. 8,5-13.
“Мораме целосно да се потпреме на Христа. Не е доволно само да зборуваме за Христовата правда, туку мора да ја присвоиме преку жива вера. Во верата треба да се вежбаме сè додека таа не стане јазик на вашата душа. Бог нека ни помогне да одиме во светлината како што Тој е во светлина.“ – РХ, 2. јули, 1889.
Понеделник 25. ноември
2. ВЕРАТА Е ДЕЛОТВОРНА
а. Што значи да се присвои Христовата правда? 2 Кор. 5,21.
“Со цел да се задоволат барањата на законот, нашата вера мора да се фати за Христовата правда, прифаќајќи ја како своја. Преку соединување со Христа, со прифаќање на Неговата праведност преку вера, ние можеме да се оспособиме да чиниме Божји дела, да бидеме Христови соработници.“ – Одбрани пораки 1, 374.
“Единствена заштита против злото е Христовиот живот во срцето преку верата во Неговата правда. Искушението има моќ над нас само затоа што себичноста сè уште постои во нашето срце. Но кога ќе ја согледаме големата Божја љубов, себичноста ни се покажува во својот одвратен и гаден облик и во нас се појавува желба таа да биде истерана од душата. И додека Светиот Дух го воздига Христа во нас, нашите срца стануваат благи и покорни, искушението ја губи својата моќ, а Христовата милост го преобразува карактерот.“ – Мисли од гората, 84.
б. Како присвојувањето се разликува од претпоставката? Јаков 2,19.20.
“Мнозина признаваат дека Исус Христос е Спасителот на светот, но во исто време се држат далеку од Него, и не се каат заради своите гревови ниту го прифаќаат Христа како свој личен Спасител. Нивната вера се сведува на едноставна согласност на умот и расудувањето на вистината; но вистината не се внесува во срцето за да може да ја посвети душата и да го преобрази карактерот.“ – Одбрани пораки 1, 389.
“Ако сакате да се одржите во времето на неволја, морате да го запознаете Христа и да го прифатите дарот на Неговата праведност, која Тој ја припишува на покајаниот грешник.“ – РХ, 22. ноември, 1892.
“Мораме целосно да се потпреме на Христа. Не е доволно само да зборуваме за Христовата правда, туку мора да ја присвоиме преку жива вера. Во верата треба да се вежбаме сè додека таа не стане јазик на нашата душа.“ – РХ, 2. јули, 1889.
“Вистинската вера ја присвојува Христовата правда и грешникот победува заедно со Христа; затоа што станува соучесник во божествената природа, и на тој начин божественото и човечкото се соединуваат.“ – Одбрани пораки 1, 363.364.
Вторник 26. ноември
3. ВЕРАТА МОРА ДА СЕ ФАТИ ЗА ХРИСТОВАТА ПРАВЕДНОСТ
а. Какви промени треба да настанат во нашиот живот? 2 Кор. 10,5.
“За да бидеме кандидати за небото ние мора да ги исполниме барањата на законот: ’Возљуби го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си‘ (Лука 10,27). Ова можеме да го постигнеме само ако со вера цврсто се фатиме за Христовата праведност. Гледајќи во Исуса ние во срцето примаме живи начела кои сè повеќе се прошируваат, а Светиот Дух го продолжува тоа дело, и верникот во развојот на карактерот напредува од сила во сила, од благодат во благодат. Тој се прилагодува на Христовиот лик сè додека во духовниот раст не ја достигне мерата на целосен раст во Исуса Христа. На тој начин Христос става крај на проклетството на гревот, а душата која верува ја ослободува од ропството на гревот и неговите последици.“ – Одбрани пораки 1, 395.
“Размислувајќи за љубовта на нашиот небесен Татко и нашиот Спасител, размислувајќи за совршенството на Божјиот карактер и барајќи преку вера Христовата правда и нам да ни се припише, ние се преобразуваме во истиот лик .“ – 5 Сведоштво, 697.
“Да му се дозволи на Христа преку вера да живее во нашето срце значи да размислуваме за Него, постојано да гледаме во Него со вера, ценејќи го секогаш саканиот Спасител како наш најдобар и почесен пријател, така што со ниедна своја постапка да не го жалостиме и навредиме.“ – Сведоштво за проповедници, 387.
б. Што е вистинска вера? Евр. 11,1.
“Верата со која се спасуваме не е една површна вера, тоа не е само согласност на умот, тоа е верување вкоренето во срцето, прифаќање на Христа како личен Спасител, увереност дека Тој може секого да спаси кој преку Него доаѓа кај Бога. Да веруваш дека Тој ќе ги спаси другите, но не и тебе не е вистинска вера; но кога душата го прифаќа Христа како единствена надеж за твое спасение тоа е манифестирање на вистинска вера. Таквата вера го наведува нејзиниот сопственик сите склоности на душата да ги предаде на Христа; неговиот ум е под контрола на Светиот Дух, а неговиот карактер се обликува според божествената сличност.“ – Одбрани пораки 1, 391.
Среда 27. ноември
4. ДЛАБОКО РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ХРИСТОВОТО СОВРШЕНСТВО
а. Какво сродство е резултат на верата која работи со љубов? Јован 15,8. Што сè може да се постигне со вера? Евр. 11,29-34; Изреки 4,25-27; 16,3.
“Можеме ли да замислиме некој поблизок и поинтимен однос со Христа, од оној што е опишан со зборовите: ’Јас сум Лозата, а вие прачките‘ (Јован 15,5). Влакната на прачката се исти со влакната на лозата. Од лозата во прачката постојано струат живот, сила и плодност. Коренот праќа храна преку гранките. Тоа е вистински однос на верникот кон Христа. Тој пребива во Христа и прима храна од Него.
“Овој духовен однос може да се воспостави само со лична вера. Од наша страна, таа вера треба да се покажува во целосната преданост, совршената доверба и целосната посветеност. Ние мораме својата волја во целост да ја потчиниме на божествената волја и во служба на Христовото царство да ги ставиме своите чувства, желби интереси и својата чест, примајќи постојано благодат од Него, и Христос ќе ја прима нашата благодарност.“ – 5 Сведоштво, 211.
б. На кој начин верата и љубовта суштински се поврзани? Гал. 5,6.
“Единствена вера која ни користи е верата која Го прима како личен Спасител, која ги присвојува Неговите заслуги. Многумина сметаат дека верата е начин на размислување. Спасоносната вера е трансакција преку која оние кои го примаат Христа стапуваат во заветен однос со Бога. Вистинската вера е живот. А живата вера значи и зголемување на животната сила, тоа е доверба со помош на која душата станува победоносна сила.“ – Копнежот на вековите,330.
“А што е тоа што треба да веруваме? Тоа е целосно да прифатиме дека Исус Христос умрел како жртва за нас; дека Тој станал проклетство за нас, дека ги зел нашите гревови на Себе и ни ја припишува својата праведност. Затоа ние се повикуваме на Неговата правда, веруваме во неа и се оправдуваме со неа. Тој е нашиот Спасител. Тој нè спасува затоа што ветил дека тоа ќе го направи. Треба ли да се обидуваме да објасниме сè како Тој може да нè спаси? Дали имаме добрина во себе која би нè направила да бидеме подобри и која ќе нè очисти од дамките и нечистотијата на гревот, која ќе ни овозможи тогаш да дојдеме кај Бога? Ние тоа едноставно не можеме да го направиме.“ – Вера и дела,70.
Четврток 28. ноември
5. СПАСОНОСНАТА ВЕРА Е ДЕЛОТВОРНА
а. Објасни кој е нашиот удел во планот на спасението? Мат. 7,7; Марко 9,24; Ефес. 2,8.
“Храмот на душата треба да биде посветен, свет, чист и неизвалкан. Тоа мора да биде соучесништво во кое сета сила е од Бога и сета слава му припаѓа на Бога. Одговорноста почива кај нас. За да изразиме нешто, ние тоа мора да го имаме во мислите и чувствата. Законот на човечката и божествената дејност бара човекот да соработува со Бога. Тоа му овозможува на човекот да, обединет со божеството, го чини она што Бог од нас со право го бара. Човечко доаѓа во допир со човечко. Божествената сила во комбинација со човечко орудие остварува комплетен успех, сè се остварува благодарение на Христовата праведност…
“Ако ја вршиме Божјата волја ние можеме да примиме голем благослов како незаслужен Божји дар, но не поради било какви свои заслуги, кои немаат никаква вредност. Работејќи за Христа, вие ќе го почитувате Бога и ќе станете повеќе од победници благодарение на Оној кој толку нè љубел и го дал својот живот за нас за да имаме живот и спасение во Исуса Христа.“ – Вера и дела, 27.28.
б. Можеме ли да очекуваме Божјо одобрување ако немаме доверба во Него? Евр. 11,6.
“Сатаната е готов да ви го оттргне погледот од Божјите блажени уверувања. Тој сака да ѝ ја одземе на душата секоја искра надеж и секој зрак на светлина. Но вие не смеете да му го дозволите тоа.“ – Патот кон Христа, 48.
Петок 29. ноември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Каква јасна претстава за казната заради престапот Божјиот закон законот и дава на непослушната душа?
2. На кој начин ние ја присвојуваме Христовата праведност?
3. До какви промени тоа доведува во нашиот живот?
4. Процени ја улогата на верата и љубовта во развојот и усовршувањето на христијанскиот живот?
5. Опиши како процесот на верата функционира?