03 Нека човечката слава падне во прав

Сподели го ова:

3. лекција – 19. октомври 2013.

Нека човечката слава падне во прав

“Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како извалкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нè однесуваат.“ – Исаија 64,6.

“Што е оправдување со вера? Тоа е Божјо дело преку кое човечката слава се спушта во прав, и за човекот го чини она што самиот за себе не е во состојба да го направи.“ – Сведоштво за проповедници, 456.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 14-19.

Недела 13. октомври

1. СФАЌАЊЕ КОЛКУ ГРЕВОТ Е НАВИСТИНА ОДВРАТЕН

а. Како Светото писмо ја отсликува бедата на паднатата човечка природа? Гал. 5,17; Рим. 7,18-21.

“Како што преку Христа секое човечко битие има живот, така преку Него и секоја душа прима зрак од божествената светлина. Во секое срце постои не само интелектуална туку и духовна сила, чувство за она што е праведно, желба за добро. Но, постои и противничка сила која се бори против тие принципи. Последицата од јадењето од дрвото за познавање на доброто и злото се гледа во искуството на секој човек. Во човечката природа постои тенденција кон злото, сила на која човекот не може сам да ѝ се спротивстави. За да ѝ се спротивстави на таа сила, за да ја досегне онаа висока цел која, во длабочината на својата душа, ја смета за единствено исправна, само една сила може да му помогне. Таа сила е Христос. Соработката со таа сила е најголемата потреба на човекот. Зарем во целиот воспитен напор оваа соработка не би требала да биде највисока цел?“ – Воспитување, 29.

б. Од каква вредност е праведноста на секој еден од нас – и што ние можеме да направиме за самите себе? Ис. 64,6; Рим. 3,12.

Понеделник 14. октомври

2. НАШЕТО “НАЈДОБРО“ Е СУЕТА БЕЗ ХРИСТОС

а. Како Бог гледа на нас и тогаш кога мислиме дека сме во најдобра состојба? Пс. 39,5.11; Ис. 40,17.

“Да не беше Христовата жртва на помирување, немаше да има ништо во нас во што Бог би можел да најде задоволство. Сета природна човечка добрина нема никаква вредност во Божјите очи. Кај оние кои ја задржуваат својата стара природа и не се обновуваат преку Неговата милост во нов човек во Христа, Тој не наоѓа никакво задоволство. Нашето образование, нашите таленти, нашите средства претставуваат од Бога доверени дарови преку кои Тој нè проверува. За оние кои сето тоа го користат за да се воздигаат и слават себеси Бог вели: ’Јас не наоѓам задоволство кај таквите, бидејќи Христовата жртва за нив беше залудна.“ – РХ, 24. август, 1897.

б. Дали ние имаме некакви заслуги преку кои би можеле да се искупиме од гревот? Ис. 1,11; Михеј 6,7. Што може да се каже дури и за нашите “најдобри“ понуди? 1 Летописи 29,14.

“Се поставува прашање: ’Но може ли да Му се угоди на Господ со илјадници овни или неизмерни потоци масло? Дали да Му го дадам мојот првороден син за престапите свои и плодот на утробата своја – за гревовите на душата своја?‘ (Михеј 6,7). Не; никој не може да опстане пред Бога, благодарение на сопствените заслуги. Спасени сепак ќе има но само затоа што Исус ги платил сите долгови; додека човекот не може да направи ништо, буквално ништо, за да го заслужи спасението. Христос вели: ’Без Мене не можете да направите ништо‘ (Јован 15,5). Чија е тогаш заслугата? – Сета благодарност му припаѓа на нашиот Искупител. Сè што човекот поседува добива само преку Христа, и за своите најдобри понуди можеме само да кажеме: ’Но од Тебе е сè, и добиеното од Твојата рака Ти го дадовме‘ (1 Лет. 29,14).“ – Знаци на времето, 10. ноември, 1890.

ц. Каков став треба да заземеме во поглед на горенаведените искази? Михеј 6,8.

“’Човекот и во неговата најдобра состојба е целосно суетен‘. Христос дошол без надворешно парадирање. Во надворешен облик се нашол како човек, покажувајќи дека паднатиот човек секогаш мора да оди понизно пред Бога. Богатството, световната чест, човечката величина, никогаш не можат да ја спасат душата од смртта. ’На кого ќе погледнам‘, вели Господ, ’на понизниот и на скршениот по дух и на оној што трепери пред Моето слово‘ (Ис. 66,2).“ – Упатство за младите, 20. декември, 1900.
Вторник 15. октомври

3. ДА НАУЧИМЕ ДА НЕМАМЕ ДОВЕРБА ВО СЕБЕ

а. Низ какво искуство Илија требало да помине пред Бог да ја услиши неговата молитва за дожд, и зошто? Јаков 5,16-18; 1 Цар. 18,43.

“Слугата гледал додека Илија се молел. Шест пати се враќал со извештај велејќи дека нема ниту најмало облаче, ниту било каков знак на дожд. Но пророкот не давал да се обесхрабри. Тој го разгледувал својот живот да види дали постои нешто со што го обесчестил Господа, да нема некој непризнаен грев, и така продолжил да ја мачи својата душа пред Бога додека не го добил очекуваниот знак дека било одговорено на неговата молитва. Додека така го преиспитувал своето срце му се чинело дека е се помал и помал во Божјите очи. Се осведочил дека тој самиот не може ништо и дека сè зависи од Бога, и кога стигнал до точката да се откаже од себе и се потпрел на Спасителот како негова единствена сила и правда, одговорот дошол.“¬ – Библиски коментар, 190.
“И ние имаме Господ чии уши не се затворени за нашите молитви; и ако се повикуваме на Неговите ветувања, Тој ќе ја награди нашата вера. Тој сака нашите интереси да бидат ускладени со Неговите интереси и тогаш сигурно ќе нè благослови, бидејќи нема да бараме своја слава туку сета слава ќе ја препишеме на Неговото име.“¬ – Библиски коментар, 189.

б. Што се случува кога ние се приближуваме до Исуса и се чувствуваме потполно зависни од Него? Даниел 10,8; Лука 5,8; Откровение 1,12-17.

“Колку повеќе му се приближувате на Исус, толку повеќе ќе изгледате погрешни во своите очи; погледот ќе ви биде појасен па ќе ја видите острата и одредена разлика помеѓу своето несовршенство и Неговата совршена природа. Тоа ќе биде доказ дека измамите на сатаната ја изгубиле својата сила и дека во вас делува оживотворувачкото влијание на Светиот Дух.
“Никаква длабоко вкоренета љубов кон Исуса не може да живее во срцето кое сè уште не ја сфатило својата грешност.“ – Патот кон Христа, 58.

ц. Што се случува кога се преценуваме себеси? Гал. 6,3.

“Поради еден збор со кој го воздигаме своето ’јас‘ Бог ја повлекува од нас светлината на своето лице.“ – РХ, 24. август, 1897.
Среда 16. октомври

4. ПОВОД ЗА НАЈГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ

а. И покрај нашата очајна состојба, каква надеж ни се нуди? Рим. 7,24.25; 8,1.2.

“Иако Откупителот на светот ја гледа бедата и мизеријата во светот поради гревот, Тој не ја опишува драматичноста на нивната беда, туку ги поучува на нешто бескрајно подобро од она што тие некогаш го чуле. Тој знае дека нивната беда е последица на гревот, и Неговото срце е трогнато со сочувство кон паднатите луѓе. Рабините не се спуштале да им проповедаат на обичните луѓе ниту до незнабошците за да им прикажат било каква надеж на спасение. Но Христос дошол да го претстави планот на спасението пред сите класи на луѓе, бидејќи Неговите зборови им се потребни на сите. Тој видел дека сите оние кои се собирале околу Него можат преку Неговата бескрајна сила да бидат во свето сродство со Него, затоа што Божјата родителската љубов е наменета за сите Негови деца.“ – Работата на саботната школа, 1. август, 1895.

б. Што се случува кога ќе признаеме дека со своите грешни напори не можеме да го заслужиме спасението? Зах. 3,3.4; 2 Кор. 12,9.

“Кога луѓето ќе ја увидат својата ништожност, тие се подготвени да се облечат во Христовата правда. Кога ќе почнат да го фалат и возвишуваат Бога по цел ден, тоа значи дека преку посматрање почнале да се менуваат во Неговиот лик.“ – Објавени ракописи 20, 117.
“Ништо навидум не е така беспомошно, но сепак така непобедливо како душата која ја чувствува својата ништожност и целосно се потпира на заслугите на Спасителот. Бог попрво ќе ги испрати сите ангели од небото да и помогнат на една таква душа отколку да дозволи да биде совладана.“ – Синови и ќерки Божји, 35.
“Колку помалку се цениме себеси, толку повеќе ќе ја цениме бескрајната чистота и убавина на својот Спасител. Погледот кон нашата грешност нè гони кон Оној кој може да ни прости; и кога душата, откако ќе ја сфати својата беспомошност, ќе посегне по Христа, Тој ќе се открие во сила. Колку повеќе свеста за сопствената немоќ нè гони кон Него и кон Божјата Реч, ќе имаме сè повозвишени погледи за Неговиот карактер и поцелосно ќе го одразуваме Неговиот лик.“ – Патот кон Христа, 59.

Четврток 17. октомври

5. ХРИСТОС ДОШОЛ ВО СПАСУВАЧКА МИСИЈА

а. Која основна вистина за спасението сите ние треба да ја сфатиме? Лука 19,10; Јован 15,5; Псалм 44,6; 31,1.

“Сами не сме во можност да се спасиме…
“Христос со сето срце сака секој од нас да му се спротивстави на непријателот на душата; но тоа можеме да го постигнеме само ако својот поглед постојано го насочуваме во Него.“ – РХ, 15. септ., 1896.
“Во моментот кога со вера ќе се фатиш за Божјите ветувања, велејќи: јас сум изгубената овца Исус дојде да ме спаси, добиваш нов живот и сила да се спротивставиш на искушувачот. Но верата со која се фаќаме за Божјите ветувања не е плод на емоција. ’Верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово‘ (Рим. 10,17).“ – РХ, 15. септември, 1896.
“Грешен човек може да најде правда и надеж само во Бога; и ниедно човечко битие не може да се оправда без вера во Бога и животна поврзаност со Него.“ – Сведоштво за проповедници, 367.

б. Која порака, како основно начело, Бог ја упатува до сите? Исаија 43,11; 45,21.

“О, каква љубов! Каква неверојатна љубов! Која го донела Божјиот Син на оваа земја да ја поднесе казната за гревот заради нас, за да може да нè помири со Бога и удостои да живееме со Него во Неговите дворови на слава. О, што е човекот! Штом со таква цена треба да се плати откупот?“ – Знаци на времето, 28. август, 1879.

Петок 18. октомври

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што конкретно не сме во состојба да направиме за себе?
2. Зошто и најдоброто што можеме да го направиме за Христа не е доволно добро?
3. Од што најпрвин мораме да се одвикнеме за да можеме во целост да се потпреме на Христа?
4. Што мораме претходно да увидиме за да во целост својата љубов ја посветиме на Христа?
5. Каква висока вредност Бог му придава на човекот?

Сподели го ова:

Similar Posts