13 Несебични верници
13. лекција – 29. декември 2012.
Несебични верници
“Тој нè спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост…“ – Тит 3,5.
“Оние кои живеат најблиску до Исуса најдлабоко ја чувствуваат својата недостојност и својата надеж тие ја полагаат само во заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител.“ – Да го познам Него, 125.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите поуки, 335-369.
Недела 23. декември
1. ИЗЛИВИ НА БЛАГОДАРНОСТ
а. Како Христос го опишал богослужението кое Бог копнее да го види? Јован 4,23.
“Нашиот Бог е Бог ревнител и Тој бара од нас да Му се поклонуваме во дух и вистина, во убавината на светоста.“ – 5 Сведоштво, 559 (592).
“Кога секоја струна од нашето срце одѕвонува со благодарност на нашиот Творец, не само во Псалми, химни и духовни песни, туку и во сѐ што чиниме во нашиот живот, ние живееме во блиска заедница со Небото… Таа благодарност ќе се одрази во срцето и во домот, во приватниот живот, како и на јавните богослуженија. Ова претставува вистинско обожавање на Бога.“ – Да го познам Него, 322.
б. Со кои мисли и разбирање вистинското богослужение ги вдахнува присутните? Тит 3,5-7.
“Дали чувствуваш дека заради тоа што си грешник не можеш да се надеваш на Божјите благослови? Сети се дека Христос дошол на овој свет за да ги спаси грешниците. Ние немаме ништо со што би се препорачале кај Бога; нашата крајно беспомошна состојба на која можеме да се повикуваме сега и секогаш претставува причина која Неговата спасоносна моќ ја прави толку неопходна.“ – Здравје и среќа, 38 (65).
Понеделник 24. декември
2. КОЈ ЈА ЗАСЛУЖУВА НАШАТА ДОВЕРБА?
а. Со каква цел ние сме создадени и што сè Бог зема во обѕир во Својата желба да ни подари вечен живот? Ефес. 2,4-10.
“Ние немаме ништо во себе со што би можеле да се пофалиме. Немаме причина да се воздигаме себеси. Единствен темел на нашата надеж е Христовата праведност која ни е припишана, и она што Неговиот Дух го прави во нас и преку нас.“ – Патот кон Христа, 57.
б. На што мораме да го фокусираме нашето внимание, со цел да ја избегнеме главната замка на паднатата човечка природа? Еремија 9,23.24.
“(Христос) видел дека духот на самоправедност претставувал постојана причина за слабост и проклетство за црквата… Мнозина би се возгордеале кога би постигнале мал напредок и би мислеле дека се посупериорни во однос на другите очекувајќи другите да им ласкаат или пак стануваат љубоморни ако не ги признаат за најдобри. Христос се обидел своите ученици да ги заштити токму од оваа опасност.“ – Христовите поуки, 365.
“Секое фалбено припишување на заслугите на самиот себеси не е на свое место. (Ерем. 9,23).
“Наградата не се добива заради делата, за да не се пофали некој, туку само од благодатта.“ – Христовите поуки, 366 (400.401).
“Љубовта се радува на вистината и не први никакви завидливи споредби. Секој што е исполнет со љубов, ја споредува единствено Христовата убавина со својот несовршен карактер.
“Секогаш кога се попушта пред гордоста и самозадоволствата, делото трпи.“
“Она што нашето дело го прави угодно пред Бога не е колку долго сме работеле, туку дали сме работеле верно и од срце. Во сѐ што работиме се бара целосно да му се предадеме на Бога. И најмалата должност, извршена искрено и несебично, многу Му е помила од најголемото дело направено во себичен дух. Бог сака да види колку Христов Дух покажуваме, и колку во нашата работа се огледа сличност со Христовата работа. Тој повеќе ги сака љубовта и верноста отколку размерот на работата што ќе ја извршиме.
“Само кога себичноста ќе умре, кога ќе исчезне борбата за превласт, кога срцето ќе се исполни со благодарност, кога љубовта ќе го разубави животот – дури тогаш Христос навистина ќе живее во нашето срце и ние ќе бидеме признати како Божји соработници.“ – Христовите поуки, 367 (402).
Вторник 25. декември
3. ЖИВОТ ПРОТКАЕН СО ЉУБОВ
а. Опишете го пријатниот мирис на вистинскиот Христов следбеник. Ефес. 5,1-4.
“Во своето настојување да се оправда, грешникот ниту малку не може да се потпре на своите добри дела. Тој мора да го признае секој грев и да го прифати секој нов зрак на светлина која ќе го осветлува неговиот пат. Тој едноставно треба со вера да се фати за сигурноста која толку изобилно и бесплатно се наоѓа во Исусовата крв. Тој со вера ги прифаќа Божјите ветувања кои преку Христа му овозможуваат оправдување, посветување и откупување. И, ако го следи Исуса, тој понизно ќе оди во светлината радувајќи се во неа и пренесувајќи ја и на другите. Бидејќи е оправдан со вера, тој внесува ведро расположение во својата послушност и во целиот свој живот.“ – Библиски коментари, 635.
б. Како накратко може да се сумира христијанскиот живот? Михеј 6,8.
“Вистинското служење се состои во заедничка работа со Христа.“ – Христијанска служба, 96.
“Сигурноста дека Бог нè прима ја наоѓаме само во Христа, Неговиот љубен Син, а добрите дела се само резултат на дејствувањето на Неговата љубов која ги простува гревовите. Нашите добри дела не се никаква препорака со која би се препорачале на Бога, и ние сами по себе немаме ништо врз основа на што би можеле да полагаме некакво право на спасение на својата душа. Спасението е незаслужен дар кој Бог – само заради Христа – им го дава на оние кои ќе поверуваат. Секоја вознемирена и загрижена душа со вера во Христа може да најде мир, а тој мир ќе биде сразмерен на нејзината вера и доверба во Бога. Со своите добри дела не можеме да полагаме право на спасение на својата душа.
“Но зарем добрите дела навистина немаат никаква вредност? Гледа ли Бог на грешникот кој секој ден неказнето греши, дали гледа со исто одобрување како и на оној кој со вера во Христа се труди да биде исправен? Библијата одговара: ’Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предопределил уште од порано да живееме во нив‘ (Ефес. 2,10). Во својата божествена мудрост и незаслужена милост, Бог одредил добрите дела да бидат наградени. Тој нè прифаќа единствено благодарение на Христовите заслуги; а делата на милоста, љубовта и милосрдието кои ние ги правиме претставуваат само плодови на верата и тие стануваат благослов за нас; бидејќи луѓето треба да примат награда според своите дела.“ – Библиски коментари, 523.
Среда 26. декември
4. ПРАКТИЧНА ПОБОЖНОСТ
а. Опишете го високиот позив кој Христос го упатува до секој верник поединечно. Мат. 5,14-16; Гал. 5,5.6.
“Оној кој најмногу го љуби Исуса ќе направи најмногу добра. Нема граница на корисноста на оној кој, ставајќи го своето ’јас‘ настрана, отвора пат Светиот Дух да делува на неговото срце и да живее целосно посветен живот на Бога. Ако луѓето се подготвени да се потчинат на потребната дисциплина, не жалејќи се и не малаксувајќи на патот, Бог ќе ги учи постојано од час во час и од ден на ден. Тој копнее да ја манифестира својата благодат. Ако неговиот народ е подготвен да ги отстрани препреките, Тој ќе ја излее водата на спасението и таа изобилно ќе потече низ човечките канали. Ако луѓето со скромни можности би биле поттикнати да сторат сè она што можат да сторат, кога на нив не би се ставале раце со намера да се попречуваат во својата ревност, денес би имало стотина работници за Христа таму каде што сега има само еден.
“Бог ги зема луѓето такви какви што се и ги подготвува за својата служба, доколку се подготвени да му се предадат. Божјиот Дух, примен во душата, ги оживува сите способности. Под водство на Светиот Дух, умот кој безрезервно се посветува на Бога, се развива хармонично и зајакнува, така што е во состојба да ги сфати и исполни Божјите барања. Слабиот и непостојан карактер се менува и станува силен и непоколеблив. Постојаната посветеност воспоставува толку тесна врска помеѓу Христа и неговиот ученик, така што христијанинот станува сличен на Него според умот и карактерот. Преку својата врска со Христа, тој стекнува појасни и пошироки погледи. Неговата проникливост станува поостра, а расудувањето поодмерено. Човекот кој копнее да биде во служба на Христа толку е оживеан од животворната сила на Сонцето на Праведноста, така што е во состојба да донесува многу род на Божја слава.“ – Копшнежот на вековите, 176.177 (250.251).
“Вистинскиот карактер не е нешто што човек може однадвор да го стави на себе, туку тој зрачи одвнатре. Ако сакаме другите да ги упатиме по патот на праведноста, тогаш начелата на правдата мора да бидат всадени во нашите срца. Нашето исповедање на верата може да ја објави теоријата на религијата, но нашата практична побожност ги поткрепува зборовите на вистината. Доследниот живот, светото однесување, непоколебливата чесност, активниот, добронамерен дух, побожниот пример – тоа се средства со чија помош светлината му се пренесува на светот.“ – Копнежот на вековите, 224 (307).
Четврток 27. декември
5. ПОСЛЕДНИ ЗРАЦИ НА СВЕТЛИНА
а. На кој начин и со каков став можеме да учествуваме во ширењето на последната Божја порака за човечкиот род? Лука 17,3-10.
“Последните зраци на милосрдната светлина, последната порака на милост која треба да се објави на светот, претставува откровение на карактерот (Божји) на љубовта. Божјите деца треба да ја покажат Неговата слава. Со својот живот и карактер тие треба да откријат што сè Божјата милост направила за нив.
“Светлината на Сонцето на Правдата треба да заблеска во добри дела – во зборовите на вистината и во светите постапки.“ – Христовите поуки, 380 (415).
“Мирисот на Христовите заслуги ги прави нашите добри дела богоугодни на Бога и тоа нè оспособува да чиниме дела за кои Тој ќе нè награди. Нашите дела сами по себе немаат заслуга. И кога ќе направиме сѐ што е во наша моќ, треба да се вброиме во бескорисни слуги. Ние не заслужуваме благодарност од Бога. Сме го направиле она што сме биле должни да го направиме, и нашите дела не би можеле да се извршат со силата на нашата грешна природа.
“Господ ни налага да се приближиме кон Него и Тој ќе се приближи кон нас; и приближувајќи се кон Него ние примаме благодат со која чиниме дела кои Тој ќе може да ги награди.“ – Библиски коментари, 523.
б. Кој неизбришлив потсетник најсјајно ќе блеска низ бескрајните времиња на вечноста? – Зах. 13,6.
“Секој траг од распетието (на Христовите раце) ќе ја раскажува историјата за чудесното откупување на човекот и за високата цена со која тоа откупување е стекнато.“ – Рани списи, 193 (179).
Петок 28. декември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто јасно се бара благодарност во служењето на Христа?
2. На кој начин небесната светлина се шири во овој мрачен свет?
3. Што се случува кога во нашето духовно искуство ќе се вовлече гордоста во било кој облик?
4. Објаснете ја врската помеѓу верата и делата во христијанскиот живот.
5. Која е последната порака до овој свет – и главна тема на небото?