11 Очна маст

Сподели го ова:

11. лекција – 15. декември 2012.

Очна маст

“Те советувам да си купиш од Мене… и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.“ – Откровение 3,18.

“Божествениот мелем за очи дава бистрина на расудувањето. Во Христа е изобилството на сите богатства на милоста. Тој вели: ’Те советувам да си купиш од Мене‘.“ – 4 Сведоштво, 85 (89).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Порака за младите, 260-264.

Недела 9. декември

1. ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЗАМАГЛЕНИОТ ВИД

а. Која е третата препорака во советот на Вистинитиот Сведок до Лаодикеја и како да се примени во пракса? Откр. 3,18 (посл. дел); Мат. 6,22.

“Маслото за помазание е масло на благодатта (Христос), кое дава духовен вид на душата заслепена и во мрак, за да може да прави разлика помеѓу делувањето на Божјиот Дух и духот на непријателот.“ – Библиски коментари, 894.
“Окото е осетлива совест, внатрешна светлина на умот. Од неговиот исправен поглед на нештата зависи духовното здравје на целото битие. Божјата Реч, кога ќе се примени како ’очна маст‘, предизвикува остра грижа на совеста бидејќи ја осудува за гревот. Меѓутоа, таа острина е потребна за да дојде до оздравување и за да се насочат очите само на Божјата слава. Грешникот, гледајќи во големото морално огледало, се гледа себеси онака како што Бог го гледа, и се кае пред Бога верувајќи во нашиот Господ Исус Христос…“ – Библиски коментари, 893.
“Лаодикејците… не се целосно слепи, бидејќи во тој случај очната маст не би можела да им го поврати видот ниту пак би биле во состојба да ги препознаат вистинските својства на Христовиот карактер. Откажувајќи се од вашата сопствена самодоволност, откажувајќи се од сите нешта, вели Христос, вие можете да купите злато, облека и очна маст за да прогледате.“ – Библиски коментари, 894.

Понеделник 10. декември

2. СТРЕМЕЖ ЗА РАСПОЗНАВАЊЕ

а. Кои се причините нашите духовни сетила да патат од лошо расудување – и како тоа може да им се случи и на оние кои имаат голема светлина? Јов 6,30; 1 Јов. 2,9-11.

“Душата треба прво да биде осведочена за гревот пред грешникот да почувствува желба да дојде кај Христа. ’Гревот е беззаконие‘ (1 Јов. 3,4). ’Но јас го разбрав гревот преку Законот‘ (Рим. 7,7). Кога заповедта нашла пристап до Савловата совест, гревот оживеал а тој (Савле) умрел. Тој се видел себеси осуден од страна на Божјиот закон. Грешникот не може да биде осведочен за својата вина доколку тој не сфати што го сочинува гревот. Невозможно е човек да доживее библиско просветлување додека тој смета – дека ако Тој верува во Христа – нема значење дали тој се потчинува на Божјиот закон или не се потчинува.
“Оние што тврдат дека го држат Божјиот закон, а сепак во срцето му попуштаат на гревот се осудени од страна на Вистинитиот Сведок. Тие тврдат дека се богати со познавање на вистината; но тие не се во согласност со нејзините свети начела. Вистината не го посветува нивниот живот. Божјата Реч изјавува дека таканаречените чувари на законот чијшто живот е во спротивност со нивната вера се слепи, сиромашни и голи.
“Божјиот закон е огледало кое на човекот – кога му приоѓа – совршено го прикажува неговиот лик онаков каков што е. Некои ја забораваат таа слика штом ќе се свртат од огледалото, додека други користат навредливи епитети против законот, како да ова ќе ги излечи нивните недостатоците во карактерот. Има и други кои признавајќи ја осудата на Божјиот закон, ги окајуваат своите престапи и преку вера во Христовите заслуги го усовршуваат христијанскиот карактер.“ – Вера и дела, 31.

б. Наведете еден пример во кој јасното духовно расудување е сметано за очигледен доказ на Божјото присуство. Која била суштината на Соломоновата молитва, и зошто ова му било угодно на Господа? 1 Цар. 3,9.10.

“Бог ја пофалил Соломоновата молитва. Тој и денес ќе ги услиши и пофали молитвите на оние кои со вера и понизност викаат кон Него за помош. Тој сигурно ќе одговори на горливите молитви во кои се бара оспособеност за служба. Во одговор Тој ќе каже: ’Еве ме. Што сакаш да направам за тебе?“ – Библиски коментари, 170.

Вторник 11. декември

3. СПОРЕДБА

а. Со што Исус покажал дека визуелното прочистување на видот може да се одвива постепено? Марко 8,22-24. Објаснете ја духовната споредба во Лаодикеја.

“Мнозина во црквата мене ми се прикажани во визија слично на дрво кое оди. Тие треба да имаат уште едно и подлабоко искуство пред да можат да ги распознаваат замките кои измамникот ги поставува за да ги фати во својата мрежа. Ништо не смее да се работи на половичен начин.“ – Одбрани пораки 2, 395.
“Луѓето кои немаат секојдневно искуство со Бога… нема разумно да постапуваат во исполнување на своите свети одговорности; тие светлината ќе ја сметаат за заблуда, а за измамливите заблуди ќе велат дека се светлина; ќе ја мешаат илузијата и стварноста, нарекувајќи го атомот свет а светот атом… Исус не сака човекот да ги посматра луѓето како дрвја кои одат туку сè да гледа јасно.“ – Евангелизам, 593.594.

б. Како посебното помазание со Христовата очна маст – како и кај исцелувањето на слепиот човек – придонесува за разбирање на науката, реформацијата и единството меѓу вистинските верници? Марко 8,25; Ефес. 4,11-16.

“Вистинската религија, единствената религија во Библијата, која учи за опростување само преку заслугите на распнатиот и воскреснат Спасител, која ја застапува праведноста преку верата во Божјиот Син, е омаловажувана, оспорувана, исмејувана и отфрлена. Обвинета е дека води во занес и фанатизам. Меѓутоа, таа е животот на Исус Христос во душата, активно начело на љубовта, објавено преку Светиот Дух кој единствено може да го направи човекот плодоносен во добри дела. Христовата љубов е погонска сила на секоја вест за Бога која што некогаш дошла од човечки усни. Каква иднина нè очекува ако не успееме да дојдеме до единство во верата?
“Кога ќе бидеме обединети во единство за кое Христос се молел, оваа долга борба која ја поттикнуваат агентите на сатаната ќе заврши, и ние нема да гледаме како луѓето кројат планови според согледувањата на светот, бидејќи тие немаат духовен вид за да ги спознаат духовните работи. Тие сега ги гледаат луѓето како дрвја кои одат, затоа им е потребен божествен допир за да гледаат како што Бог гледа и да работат како што Христос работел. Тогаш стражарите на Сион еднодушно на трубата ќе и даваат јасен и силен звук.“ –Сведоштво за проповедници, 468.
Среда 12. декември

4. СУШТИНСКО РАСПОЗНАВАЊЕ

а. Која е една од најсериозните одговорности на Божјите работници, особено среде сите можни конфузии во последните денови? Езек. 44,23.

“Маста за очи ја претставува мудроста и благодатта која ни овозможува да го разликуваме доброто од злото и да го разоткриваме гревот под било каква маска. Бог на својата црква ѝ дал очи и бара да ги помаже со маста на Неговата мудрост за нејзиниот духовен вид да биде потполно јасен; но многумина сакаат да ја лишат црквата од тие очи само кога би можеле, бидејќи не сакаат нивните дела да излезат на светлина, за да не бидат укорени.“ – 4 Сведоштво, 85 (88.89).
“Мора да бидеме многу внимателни и да одиме понизно пред Бога, за да можеме да добиеме духовен мелем за очи и да можеме да го разликуваме делувањето на Светиот Дух од влијанието на оној дух кој внесува необуздана слобода и фанатизам. ’По нивните плодови ќе ги познаете’ (Мат. 7,20). Оние кои навистина гледаат во Христа ќе бидат променети во Неговиот лик, и со помош на Господовиот Дух ќе растат до целосен раст на мажи и жени во Исуса Христа. Божјиот Свет Дух ќе ги инспирира луѓето со љубов и чистота; и таа префинетост ќе се манифестира во нивните карактери.“ – Одбрани пораки 1, 142.

б. Опишете ги резултатите од развојот на духовното распознавање и апелот кој се упатува до секој од нас. Проп. 8,5.

“Маста за очи го претставува духовното распознавање кое ќе ви овозможи да ги видите лукавствата на сатаната и да ги избегнете, да го разоткриете гревот и да се гнасите од него, да ја препознаете вистината и да ѝ се покорувате.“ – 5 Сведоштво, 215 (233).
“Духот полн со почит сфаќа дека срцето мора да се потчини од страна на Божјата сила. Ангелите служители, ги отвораат очите на умот и срцето за да ги видат прекрасните нешта во Божјиот закон, во природниот свет, и во вечните нешта откриени од страна на Светиот Дух.“ – Мојот живот денес, 318 (291).
“Бог на секој човек му дал негова работа која никој друг не може да ја одработи за него. О, кога секој од нас поединечно би ја применил маста за очи, како би можел да ги согледа своите недостатоци на карактерот и сфати како Бог гледа на љубовта кон светот која ја истиснува љубовта кон Бога.“ – 4 Сведоштво, 588 (615).
Четврток 13. декември

5. МОЛИТВА И ВЕЖБАЊЕ

а. Зошто мнозина, за жал, ќе пропаднат не успевајќи да примат помазание од небесната очна маст? 1 Кор. 2,14.

“Денес луѓето на одговорни позиции, на секое место, треба верно и будно да ја чуваат чистотата на црквата и сè што е поврзано со неа. Нам ни е потребно, о толку многу, остроумно распознавање и јасен духовен вид. Во овие денови кога гревот и беззаконието толку многу земаат замав, нашите очи треба да бидат помажани со небесна очна маст, за да можеме јасно да ги видиме сите нешта.“ – РХ, 26. октомври, 1905.

б. Со цел да добиеме благослов на вистинско распознавање, каква треба да биде нашата секојдневна молитва и пракса? Пс. 119,18; Евр. 5,14.

“Библијата никогаш не треба да се проучува без молитва. Само Светиот Дух може да ни помогне да ја сфатиме важноста на лесно разбирливите стихови и да нè сочува да не ги извртуваме тешко разбирливите вистини…
“Искушенијата често изгледаат неодоливи бидејќи се запоставува молитвата и изучувањето на Библијата, и тогаш оној кој се искушува не може веднаш да се сети на Божјите ветувања и да му одговори на сатаната со оружјето на Светото Писмо. Меѓутоа, ангелите се околу оние кои се подготвени да бидат поучени од божествените вистини, и во време на голема потреба тие ќе ги потсетат на многуте вистини кои им се неопходни.“ – Големата борба, 530.

Петок 14. декември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто ни е потребна очната маст која Вистинитиот Сведок и ја препорачува на Лаодикеја?
2. Како оваа очна маст се применува?
3. Зошто примената на очната маст честопати задава болка?
4. На кој начин мнозина ги гледаат ’луѓето како дрвја кои одат‘?
5. Опишете го ставот и молитвата на оние кои ќе примат очна маст?

Сподели го ова:

Слични објави