9. Ограничувања во молитвата
- лекција Сабота, 1. септември 2018.
Ограничувања во молитвата
„И тоа е увереноста, која ја имаме пред Него, дека ако побараме нешто по Неговата волја, Тој нè услишува.“ – 1. Јованово 5:14.
„Оние кои престојуваат во Христа имаат ветување дека Бог ќе ги слушне бидејќи сакаат да ја извршуваат Неговата волја. Тие не упатуваат формални, опширни молитви, туку доаѓаат пред Бога со сериозна, скромна доверба како дете пред својот благ татко и ја излеваат пред Него својата тага, стравот и гревовите и во името на Исус ги изнесуваат своите потреби; тие доаѓаат од Негова близина радосни поради ветувањето за љубовта која простува и милоста која одржува во животот.“ – Our High Calling, 147.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот на вековите, 524-536.
Недела 26. август
- БОГ РАБОТИ ПРЕКУ ОДЛАГАЊЕ
а. Со какво барање Марија и Марта дошле кај Исуса? Јован 11:1.3. Каква вера тие покажале во оваа молба?
„Кога Лазар се разболел, Марија и Марта порачаа по Исуса, велејќи: ‘Господи, ете, оној што го милуваш, болен е.’ Немало никакви други зборови, ниту итна порака Тој да дојде. Тие со целосна доверба очекувале дека нивниот сакан Пријател веднаш ќе дојде и ќе го исцели нивниот брат.“ – Manuscript Releases, vol. 21, p. 109.
б. Дали Исус одговорил на молбата на сестрите? Јован 11:6. Каков бил резултатот од Исусовото задоцнето доаѓање? Јован 11:11-14.
„Штом гласникот отишол, Марија и Марта виделе сериозно влошување на состојбата на заболениот. Неговата треска бргу пораснала, и набргу сфатиле дека во борбата помеѓу животот и смртта, смртта триумфирала. Со срце полно со болка го виделе нивниот брат како умира.“ – Manuscript Releases, vol. 21, p. 109.
Понеделник 27. август
- БОЖЈАТА НАМЕРА КОГА НЀ ОСТАВА ДА ЧЕКАМЕ
а. Зошто Исус дозволил Лазар да умре? Јован 11:4.15. Каква чест му била укажана на Лазар како последица на одлагањето на Исусовата посета кај него? Јован 11:38-44.
„Поради нив (учениците) дозволил Лазар да умре. Кога би го излекувал Лазар од болеста, не би било направено чудото кое било најсигурен доказ за Неговиот божествен карактер.“ – Копнежот на вековите, 528.
б. Што можеме да научиме од Исусовото искуство со Лазар? Псалм 37:5.7 (прв дел).
„Ништо не ја ранува душата како острите стрели на неверувањето. Кога искушението ќе дојде, како што сигурно ќе дојде, не грижете се ниту се жалите. Тишината во душата го прави Божјиот глас поизразен. ‘Тие се развеселија, зашто стивнаа’ (Псалм 107:30). Запомнете дека ве придржуваат доверливи раце. ‘Биди кроток пред Господ и на Него надевај се’ (Псалм 37:7). Тој ве води во пристаништето на милостиво искуството.“ – In Heavenly Places, p. 269.
в. Зошто Бог понекогаш го одлага одговорот на нашите молитви? Евреите 10:35.36; Јов 23:10.
„Понекогаш сме во искушение да помислиме дека ветувањето: ‘Посакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори’, не е исполнето ако одговорот не дојде веднаш по упатената молитва. Наша привилегија е да бараме посебни благослови и да веруваме дека ќе ни бидат дадени. Но, ако благословите за кои сме се молеле не ги примиме веднаш, не смееме да мислиме дека нашите молитви не се слушаат. Ќе добиеме одговор, дури и ако одговорот дојде малку подоцна. Во извршувањето на планот на спасението, Христос во човечкиот род гледа доволно работи што би Го обесхрабриле. Но Тој не се обесхрабрува. Во својата милост и љубов Тој продолжува да ни нуди можности и предности. Затоа треба да се потпреме на Господа и трпеливо да Го чекаме. Одговорот на нашите молитви можеби нема да дојде толку брзо како што сакаме, и можеби нема да го добиеме токму она што сме го барале; но Оној кој знае што е најдобро за Неговите деца ќе излее на нас многу повеќе добра отколку што се оние за кои сме се молеле, ако не изгубиме вера и не станеме обесхрабрени.“ – The Youth’s Instructor, April 6, 1899.
Вторник 28. август
- ОДБИВА ДА СЕ МОЛИ ЗА СОПСТВЕНОТО ИЗБАВУВАЊЕ
а. Бидејќи Исус е одреден да биде жртва за нашите гревови, како Неговата човечка природа одговорила на борбата која се наоѓала пред Него? Матеј 26:39; Лука 22:42.
„Изгледало дека некој таинствен облак го обвиткува Божјиот Син. Оние што биле во Негова близина ја почувствувале сенката на тој облак. Исус седел задлабочен во мислите. Конечно, Неговиот тажен глас ја прекинал тишината: „Сега душата ми е длабоко потресена; и што да кажам? Татко, спаси ме од овој час.“ Во Своите мисли, Христос веќе ја пиел чашата на горчина. Она што е човечко во Него, се набрало од часот на напуштање, кога ќе изгледа дека дури и Бог Го оставил, кога сите ќе сметаат дека Бог го ранува, бие и мачи. Тој се набрал при помислата на јавно изложување, од тоа што кон Него ќе постапуваат како со најголем злосторник; затреперил пред срамната и нечесна смрт. Помислата на судирот со силите на темнината, ужасната тежина на човечките гревови, Татковиот гнев предизвикан од гревот сето тоа го малаксало Исусовиот дух и смртно бледило го прекрило Неговото лице.“ – Копнежот на вековите, 624.
б. Иако Неговата човечка природа се повлекла пред борбата пред која се наоѓал, како Исус покажал покорност на својот Отец? Матеј 26:42; Јован 12:27.
„Во Христовата најтешка криза, кога срцето и душата Му се распаѓале под товарот на гревот, ангелот Гаврил бил испратен да го зајакне Страдалникот и Го охрабрил да ја продолжи својата со крв испрскана патека. И додека ангелот го придржувал Неговото малаксано тело, Христос ја зел горчливата чаша и се согласил да ја испие до талог.“ – Библиски коментари, p. 200.
в. Зошто Исус одбил да се моли, покажувајќи на тој начин целосно потчинување на волјата на својот Отец? Матеј 26:52-54.
„Исус му наредил на Петар да го отстрани мечот, говорејќи му: ‘Или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели?’… Потоа додал: ‘Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не стане?’ Срцата на учениците повторно потонале во очај и горчливо разочарување, додека страдајќи гледале како Исуса го одведуваат.“ – Spiritual Gifts 1, 48.
Среда 29. август
- НА САМОПРАВЕДНИТЕ ТЕШКО МОЖЕ ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ
а. Како Еремија ги укорил своите современици, и како Исус ги применил овие зборови на луѓето кои се наоѓале околу Него? Еремија 7:3.4; Матеј 21:13.
„Себичноста и алчноста ги направиле бесчувствителни срцата на свештениците и поглаварите. Тие ги користеле токму оние симболи кои укажувале на Божјото Јагне, за да остварат заработувачка. Така, во очите на народот тоа во голема мера ја уништило светоста на жртвените обреди. Исус се огорчил; знаел дека Неговата крв, која наскоро ќе се пролее заради гревовите на светот, свештениците и старешините многу малку ќе ја ценат, како и крвта на тие животни, која постојано ја пролевале.“ – Копнежот на вековите, 590.
б. Како оваа иста состојба постои и денес? Откровение 3:14-20.
„Бог е верен на Својот завет со Својот народ. Неговиот збор е непогрешлив. Неговиот народ повикува страдање врз себеси со тоа што го отфрла Неговиот совет заради својата човечка мудрост. Невозможно е нивните молитви да стигнат до Неговиот престол, бидејќи суштината на нивните барања се бунт и непослушност. Христос дошол од небото за на паднатиот човечки род да му ги пренесе поуките кои Му ги дал Неговиот Отец. Оние што ќе ги слушнат и ќе ги послушаат ќе одат по сигурни патеки… Со помош на Христовата сила тие ќе го надвладеат секој непријател.“ – The Review and Herald, April 8, 1902.
в. Какво строго упатство му било дадено на Еремија, во поглед на молитвите за народот кој своите гревови ги покрива со божемна светост? Еремија 7:16. Каква молитва единствено можеме да упатиме за оние кои се наоѓаат во таква состојба? Дела 26:18.
„Бог ќе ги користи членовите на Неговата црква како помошна рака, ако се најдат таму каде можат да бидат од корист. Но, Тој нема да комуницира преку нечисти канали; бидејќи тоа ќе го обесчести Неговото свето име.“ – The Review and Herald, April 8, 1902.
„Линијата на разграничување помеѓу црквата и светот е речиси избришана, и доколку не дојде до реформација, доколку очите на оние кои непријателот ги заслепел не бидат отворени, тие ќе бидат изгубени.“ – The Signs of the Times, July 25, 1892.
Четврток 30. август
- МОЛИТВА СПОРЕД БОЖЈАТА ВОЛЈА
а. Какви ограничувања се поставени на сите молитви? 1 Јованово 5:14.
„Меѓутоа, да се молиме во Христово име значи навистина многу. Тоа значи дека мораме да го усвоиме Неговиот карактер, да го манифестираме Неговиот Дух и да ги вршиме Неговите дела. Ветувањата на Спасителот се условно дадени. Тој вели: „Ако Ме љубите, држете ги Моите заповеди.“ Тој ги спасува луѓето не во гревот туку од гревот, а оние што Го љубат, ќе ја покажат својата љубов преку послушност.
Секоја вистинска послушност доаѓа од срцето. Тоа значи да се соработува со Христа со сето срце. Ако Му се предадеме, Тој ќе ги поистовети нашите мисли и цели со Своите, а нашето срце и ум ќе ги усклади со Својата волја до таа мера што кога се покоруваме на Него всушност постапуваме во сообразност со своите побуди. Нашата волја станува облагородена и посветена и нашата најголема радост се состои во тоа да Му служиме Нему. Кога ќе го запознаеме Бога онака како што имаме привилегија да Го познаваме, нашиот живот станува живот на постојана послушност. Затоа што го познаваме и цениме Христовиот карактер и затоа што одржуваме постојана врска со Бога, гревот ќе ни стане одвратен.“ – Копнежот на вековите, 668.
„Молитвата со вера е божествена умешност; таа е умешност со која мора да завладее секој што сака неговото животно дело да биде успешно. Христос вели: ‘Сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека го примивте, и ќе ви биде’ (Марко 11:24). Тој објаснува дека нашата молба мора да биде во согласност со Божјата волја; ние мораме да го бараме она што Тој го ветил, и што и да примиме, тоа мора да биде употребено за да се исполни Неговата волја. Ако се исполнат условите, ќе се исполни и ветувањето.“ – Воспитување, 257.258.
Петок 31. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
- Што се случило додека Исус ја одлагал посетата на болниот Лазар? Како реагирале неговите сестри?
- Што треба да правиме ако на нашите молитви не добиеме одговор во време и на начин на кој очекуваме? Зошто се случува ова?
- Опиши ги Исусовите страдања пред да умре на крстот. Каков став имал Тој?
- Зошто Бог не може да им помогне на самоправедните?
5. Кога Бог ќе ни го даде она за што се молиме?