7. Јавна молитва

Сподели го ова:
  1. лекција                    Сабота, 18. август 2018.

 Јавна молитва

 „Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени. – Матеј  6:7.

 „Ако некој има потреба за долго барање во молитва, кое заморно би делувало на останатите, нека го остави тоа за тајната молитва. Дозволете Светиот Дух да влезе во вашето срце и Тој ќе го очисти од секој студен формализам.“ – 4 Сведоштво, 71.

 ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:                            Gospel Workers, pp. 175–179.

 Недела                                                                          12. август

  1. МОЛИТВАТА ВО ТЕКОТ НА БОГОСЛУЖЕНИЕТО И ЈАВНАТА СЛУЖБА

 а.     Кој став треба да го покажеме во јавната служба за Бога и начинот на кој Му се обраќаме? Псалм 96:9.

 „Однесувањето на сите оние што излегуваат пред Бога треба да го красат понизност и страхопочит. Во Исусово име ние можеме да излеземе пред него со полна доверба, но не смееме да му се приближиме со дрска вообразба како Тој да е еднаков со нас. Има и такви кои на семожниот и свет Бог, кој се наоѓа во недосеглива светлина, му се обраќаат така како што би ословиле некој на себеси рамен или дури на понизок од себе.“ – Патријарси и пророци, 252.

 б.    Која положба во јавната молитва правилно го одразува овој став? Псалм 95:6; Дела 20:36; 21:5.

 „Добив писма во кои ме прашуваа за правилната положба која треба да ја заземе човекот кој ја принесува молитвата на Владетелот на универзумот. Каде нашите браќа добиле идеја дека треба да стојат на нозе кога се молат на Бога? Еден човек, кој околу пет години се школувал во Батл Крик, бил замолен да се помоли пред сестра Вајт за да разговара со луѓето. Но, кога го видов како стои исправен на нозете, а усните пред да му се отворат во молитва кон Бога, мојата душа беше поттикната јавно да го укорам. Повикувајќи го по име, реков: ‘Спуштете се на колена.’ Тоа е секогаш соодветна позиција.“ – Selected Messages, bk. 2, p. 311.

Понеделник                                                                         13. август

  1. КРАТКО И ДИРЕКТНО

 а.     Каков пример ни оставил Исус во врска со јавната молитва? Матеј 6:9-13.

„Господовата молитва ‘Оче наш’ немала цел само да се повторува како некоја формалност, туку дала пример на тоа каква треба да биде нашата молитва – едноставна, сесрдна и содржајна. Во едноставна молба изнесете Му ги на Господа своите потреби и изразете благодарност за Неговата милост.“ – 6 Сведоштво, 357.

„Христос им зборувал на учениците дека нивната молитва треба  да биде кратка и да го содржи само она што го сакаат и ништо повеќе. Тој ја одредува содржината и траењето на молитвата; таа треба дасодржи благодарност и желба за земен и духовен благослов. Колку е содржајна оваа молитва! Таа ги содржи потребите на сите луѓе! Една до две минути се доволни за секоја обична молитва.“ – 2 Сведоштво, 581.

б.    Кој принцип за тоа како треба да говориме може да се однесува и за нашите јавни молитви? Изреки 10:19. Зошто некои јавни молитви се толку долги?

 „Долгите сувопарни излагања и молитви не се пожелни никаде, а особено не на собирите за искажување на сведоштва. На оние кои се секогаш подготвени да се истакнат и нешто да кажат им се дозволува дрско да го потиснуваат сведоштвото на срамежливите и повлечените. Најповршните обично имаат најмногу да кажат. Нивните молитви се долги и механички, така што само ги заморуваат ангелите и останатите молители кои ги слушаат. Нашите молитви на јавните собири треба да бидат кратки и одредени. Ако некој има потреба за долго барање во молитва, кое заморно би делувало на останатите, нека го остави тоа за тајната молитва. Дозволете Светиот Дух да влезе во вашето срце и Тој ќе го очисти од секој студен формализам.“ – 4 Сведоштво, 70.71.

„Долгите и заморни молитви често се упатуваат на јавно место затоа што се запоставува тајната молитва. Нека проповедниците не ги внесуваат во својата молитва сите должности кои ги занемариле во текот на седмицата, надевајќи се дека ќе се искупат за својата немарност и ќе ја смират својата совест. Таквите молитви честопати резултираат со опаѓање на духовноста кај оние кои слушаат.“ – Gospel Workers, p. 176.

„Досадните молитви кои повеќе личат на проповеди, не се погодни, особено на јавни места. Кратката молитва, упатена со вера и жар, ќе го омекне срцето на слушателот; но за време на долгите молитви тие нетрпеливо очекуваат крај на истата, како да сакаат секој изговорен збор да ја заврши.“ – Gospel Workers, p. 179.

Вторник                                                                              14. август

  1. МОЛИТВА СО ПОНИЗНОСТ

 а.     Каков став треба да избегнуваме во молитва? Матеј 6:5.7.8.

 „Молитвите на многумина се безживотни и во тон на проповед. Таквите се молат на луѓето, а не на Бога. Кога би се молеле на Бога и навистина би сфатиле што прават, би се исплашиле од својата смелост, бидејќи под наметката на молитвата му се обраќаат на Господа со цел говор како на Творецот на вселената да му се потребни некои известувања во поглед на она што се случува во овој свет. Сите овие молитви се како ѕвоно кое ѕвони и како кимвал кој ѕвечи. Тие не се примаат на небо. Тие ги заморуваат Божјите ангели кои се принудени да ги слушаат.“ – 2 Сведоштво, 581.582.

„Кога се молите, бидете кратки и веднаш поминете на она што е цел на молитвата. Не му проповедајте на Господа проповед во своите долги молитви. Барајте леб на животот како што гладното дете бара леб од својот земен татко. Бог ќе ни го излее секој потребен благослов ако го побараме во едноставност и вера.“ – 5 Сведоштво, 201.

 б.    Што е вредно во Божјите очи? 1 Петрово 3:4; Јаков 4:6. Како тогаш треба да се молиме?

 „Молитвата е најсветата работа на душата. Таа треба да биде искрена, понизна, сесрдна – желбите на обновеното срце искажани во присуство на светиот Бог. Кога молителот ќе почувствува дека е во Божја близина, ќе заборави на себе. Тој нема да почувствува некаква желба да ги покаже своите човечки способности, нема да копнее да им угоди на ушите на луѓето туку да го прими благословот што му е потребен.“ – 5 Сведоштво, 201.

 в.     Кога Бог нема да ја слушне јавната молитва? Псалм 66:18.

 „Ако негуваме беззаконие во своето срце, доколку цврсто се држиме до било кој познат грев, Господ нема да нѐ услиши; но молитвата на потиштениот покајник секогаш ќе биде прифатена. Кога ќе ги исправиме сите зла за кои сме свесни, тогаш можеме да бидеме убедени дека Бог ќе одговори на нашите молби. Нашите сопствени заслуги никогаш нема да нè препорачаат на Божјата наклоност; ние ќе се спасиме со Христовата достојност, ќе се исчистиме со Неговата крв; но сепак и самите мораме нешто да придонесеме, мораме да ги исполниме условите за да бидеме прифатени.“ – Патот кон Христа, 95.

Среда                                                                                          15. август

  1. ВОДАЧИТЕ НА БОЖЈИОТ НАРОД ВО МОЛИТВА

 а.     Каков пример на јавна молитва ни дал царот Соломон при посветувањето на храмот? 2 Летописи 6:12.13.

 „При посветувањето на храмот, Соломон стоел со лицето свртен кон жртвеникот. Во дворот на храмот стоело бронзено подножје или платформа, и откако се качил, тој застанал и ги кренал рацете кон небото, и ја благословил огромната маса на израелскиот народ, и целиот Израел станал…

‘Зашто Соломон беше направил бакарно подножје, долго пет лакти, широко пет лакти и високо три лакти, и го беше поставил среде дворот; застана на него, падна на колена пред сето собрание на Израелците, ги крена рацете кон небото’ (2 Летописи 6:13).“ – Selected Messages, bk. 2, p. 312.313.

 б.    Што можеме да научиме од оваа молитва? 2 Летописи 6:14-42.

 „Долгата молитва која тогаш ја изрекол Соломон била соодветна за таа пригода. Таа била инспирирана од Бога, и ги искажувала чувствата на највозвишена побожност соединета со најдлабока понизност.“ – Selected Messages, bk. 2, p. 313.

 в.     Како Бог одговорил на понизната, јавна молитва на Јосафат за избавување (2 Летописи 20:5-12), и каков бил одговорот на Јосафат? 2 Летописи 20:14-19.

 „Стоејќи пред народот во храмовиот трем, Јосафат ја излевал својата душа во молитва, и викал кон Господа за помош признавајќи колку е Израел беспомошен…

Јосафат со доверба можел да Му каже на Господа: ‘Туку очите наши се свртени кон Тебе.’ Со години тој го поучувал народот да се надева на Оној кој во минатите столетија толку многу пати се залагал да ги спаси своите избраници од целосна пропаст. И сега, кога царството било во опасност, Јосафат не бил осамен: ‘Сите Јудини синови застанаа пред Господа и децата нивни, жените нивни и синовите нивни.’ (Стих 13). Тие сложно постеле и се молеле, сложно викале кон Господа да создаде збрка помеѓу непријателите за да се прослави Јеховиното име.“ – Пророци и цареви, 199.200.

Четврток                                                                           16. август

  1. ИСУС, ПРИМЕР ВО ЈАВНА МОЛИТВА

 а.     Која била целта на Исус во една од ретките Негови јавни молитви кои биле запишани? Јован 11:41-43.

„Подигајќи ги очите, Спасителот се молел:

‘Оче, Ти благодарам што Ме услиши. Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради народов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил’. Молкот кој настапила после оваа молитва бил прекинат од Исус, викајќи со силен глас: ‘Лазаре, излези надвор’“ – The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 365.

б.    Каков бил резултатот од оваа молитва на верата? Јован 11:44.

„Ова Христово величествено чудо довело до тоа мнозина да поверуваат во Него. Но, некои кои се нашле во мноштвото покрај гробот, кои ги слушнале и виделе чудесните дела што ги извршил Исус, не биле преобратени, туку ги затвориле своите срце против доказите на сопствените очи и уши. Оваа демонстрација на Христовата моќ била крунска објава која Бог му ја понудил на човекот како доказ дека Го испратил Својот Син во светот за спасение на човечкиот род. Ако фарисеите ги отфрлат овие моќни докази, никаква сила на небото ниту на земјата не може да го отстрани нивното сатанско неверување.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 366.

 Петок                                                                                   17. август

 ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

 Каков треба да биде нашата положба во текот на јавната молитва? Како тоа влијае на нашиот глас во молитвата?

  1. Што можеме да научиме од молитвата која Христос им ја оставил на Своите ученици?
  2. Како нашите молитви можат да завршат како бакар што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи?
  3. Зошто на молитвата на Јосафат било одговорено на толку прекрасен начин?
  4. Која била целта на Исусовата кратка јавна молитва покрај гробот на Лазар?
Сподели го ова:

Слични објави