4. Тивка молитва

Сподели го ова:
  1. лекција                    Сабота, 28. јули 2018.

 Тивка молитва

 „Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Тој, Кој гледа тајно, ќе те награди (јавно).“ – Матеј 6,6.

 „Нема такво време и место кое не е прикладно за молитва… Среде мноштвото на улица, окупирани со работните обврски, ние можеме… да побараме божествено водство.“ ­– Патот кон Христа, 99.

 ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:                          Пророци и цареви, 628–634.

 

Недела                                                                                       22. јули

  1. МОЛИТВА НА РАБОТА

 а.     Кои вести го загрижиле Неемија, и како неговиот работодавец ја открил оваа загриженост? Неемија 1:2-4; 2:1.2.

 б.    Што го прашал царот, и како одговорил Неемија? Неемија 2:4. Како е слушната тивката молитва на Неемија? Неемија 2:6.

 „Но Божјиот човек не се осмелил да одговори пред да побара помош од Оној Кој е поголем од Артарксеркс… Неемија со помош на таа кратка молитва стапил во врска со Царот над царевите и ја ставил на своја страна онаа сила која што може да ги насочи срцата како што реките водени се насочуваат.

Молитвата која што ја изговорил Неемија во тој тежок час претставува столб кој што стои на располагање на секој христијанин во околности кога не е можно да се моли на друг начин. Луѓето кои што водат мачен животен пат и кои што потклекнале под товарот на неволјите, можат во молитва да Му се обратат на Бога за водство. Патниците по море и на суво, можат на тој начин да побараат од небото кога ќе им се закани некоја голема опасност. Во време на непредвидени потешкотии и опасности, човек може да упати повик кон Оној кој што ветил дека ќе им помогне на сите Свои верни кои што веруваат во Него, кога и да Го повикаат.“ – Пророци и цареви, 631.632.

 Понеделник                                                                             23. јули

 2. НАШИТЕ ПОСТАПКИ И СТРЕМЕЖОТ ЗА МОЛИТВА

 а.     Што се обидел да направи човекот, кој бил опседнат со нечист дух и кој живеел меѓу гробовите во гадаринската долина, кога за првпат го видел Исуса? Марко 5:5.6.  

 б.     Бидејќи сатаната не му дозволил на овој човек да се моли, што излегло од неговата усна? Марко 5:7. Што направил Исус за овој груб и напуштен човек и за неговиот другар (Матеј 8:28)? Марко 5:8.

 „Неговите зборови продреле во помрачениот ум на несреќните луѓе. Нејасно чувствувале дека е близу Оној, Кој може да ги спаси од демоните што ги мачеле. Тие паднале пред нозете на Спасителот и му се поклониле, но, кога ги отвориле усните за да замолат за милост, преку нив проговориле демоните, викајќи: ‘Што сакаш од мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те молам, не мачи ме’“ – Копнежот на вековите, 337.338. 

 в.     Каков бил резултатот на првата, тивка молитва на двајцата мажи? Лука 8:35. Што можеме да научиме од неизговорената молитва на опседнатите?

 „Никој не паднал толку ниско, никој не е толку зол за да не може да најде избавување во Христа. Опседнатиот од лоши духови наместо молитва можел да ги изговори само сатанските зборови, но сепак, неизречената молба на срцето била услишена. Ниту еден повик на душата во неволја, иако не е изразен со зборови, нема да остане неуслишен. Оние што се согласуваат да стапат во заветен однос со небесниот Бог, не остануваат препуштени на сатанската власт, ниту на слабостите на нивната сопствена природа. Таквите Спасителот ги повикува: ‘Нека се фати за Мојата сила, за да склучи мир со Мене; и ќе направи мир со Мене.’ (Исаија 27:5) Духовите на темнината се борат за душата, која еднаш била под нивна власт, но Божјите ангели ќе се борат за таа душа со сила што ќе преовлада. Господ вели: „Може ли на јунакот да му се одземе пленот? Може ли на победникот да му побегне заробеникот?… Вака вели Господ: ‘На јунакот ќе му се одземе пленот, на победникот ќе му побегне заробеникот. Јас ќе се спорам со оние што ќе се спорат со тебе и Јас ќе ги избавам твоите деца’ (Исаија 49:24, 25)’“ – Копнежот на вековите, 258.259. 

 Вторник                                                                                  24. јули

 НЕИЗГОВОРЕНА ЖЕЛБА ЗА ПРОШКА

 а.     Дали жената фатена во прељуба се обидела да најде некаков изговор или самооправдување? Јован 8:3-7.

 б.    Дали Исус го мразел нејзиниот грев? Објаснете го вашиот одговор. Псалм 45:7; Евреите 1:8.9.

    „Додека Тој не го оправдува гревот, ниту го намалува чувството на вина, Тој не настојува да осуди, туку да спаси. Светот покажал само презир и подбив кон таа заблудена жена; меѓутоа, Исус и изговорил зборови на утеха и надеж. Безгрешниот имал сожалување кон слабоста на оваа грешница и ѝ подал рака помошничка…

Луѓето го мразат грешникот, но го љубат гревот. Христос го мрази гревот, но го љуби грешникот. Таков ќе биде духот на сите оние кои одат по Него. Христијанската љубов бавно укорува, брзо го воочува покајанието, подготвена е да прости, да охрабри, да го изведе заблудениот на патеката на светоста и да ги задржи неговите стапала на неа.“ – Копнежот на вековите, 462. 

в.     Како Исус одговорил на неизговорената молба на оваа жена за простување? Јован 8:10.11.     

„Жената стоела пред Исуса, треперејќи од страв. Неговите зборови: ‘Кој меѓу вас е без грев, прв нека фрли камен на неа’ и звучеле како смртна пресуда. Не се осмелувала да го подигне својот поглед кон лицето на Спасителот, туку молчела очекувајќи ја својата пропаст. Зачудена, видела како нејзините обвинувачи заминуваат без зборови и збунети, а тогаш, до нејзините уши допреле зборови на надеж: ‘Ни Јас не те осудувам; оди си и не греши веќе.’ Срцето и било трогнато, па паднала пред Исусовите нозе, изразувајќи ја со пипање својата благодарна љубов и со горчливи солзи ги исповедала своите гревови.“ – Копнежот на вековите, 462. 

Среда                                                                                         25. јули

  1. ОДГОВОР ПРЕКУ ПОСТАПКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ОЧАЈ

 а.     Колку несреќниот паралитичар сакал да го види Исуса? Лука 5:18.19.

 „Јас ќе се осврнам на паралитичарот кој со години не можел да ги користи своите екстремитети. Тој бил таму. Свештениците, владетелите и книжниците го испитале неговиот случај и го прогласиле за безнадежен. Му кажале дека неговиот сопствен грев го довел во оваа состојба, и дека за него нема надеж. Но, до него допрела речта дека еден човек што се викал Исус, чинел силни дела. Тој ги лекувал болните, дури ги воскреснувал и мртвите. ‘Но како можам да дојдам до Него?’ – рекол тој.

‘Ние ќе те однесеме кај Исуса’, одговориле неговите пријатели. ‘таму каде Тој се наоѓа; слушнавме дека дошол во тоа место.’

И така, го зеле безнадежниот човек и го однеле таму каде што знаеле дека се наоѓа Исус. Но, куќата била опкружена со мноштво луѓе, така што тие немале шанса да дојдат подалеку од вратата. Што ќе сторат? Паралитикот предложил да го отворат покривот и да ги симнат ќерамидите и да го спуштат низ покривот.“ – Faith and Works, p. 67.

 б.    Која неизговорена желба на паралитичарот ја исполнил Исус? Лука 5:20. Како Исус открил дека Тој може да ги чита мислите на сите, а не само мислите на овој човек? Лука 5:21-23.

 „Исус точно знаел што и било потребно на оваа душа оптоварена со грев. Знаел дека го мачела совеста, па затоа рекол: ‘Ти се простуваат гревовите’. Какво олеснување почувствувал тој! Каква надеж го исполнила неговото срце!“ – Faith and Works, p. 67.

в.     Што покажало исцелувањето на овој човек за моќта што ја имал Исус? Лука 5:24-26.

„Оној, Кој при создавањето „рече и настана, ‘Кој „заповеда и сѐ се утврди’ (Псалм 33:9), и влеал со Своите зборови живот на душата мртва во престапите и гревовите. Исцелувањето на телото било знак на сила што го обновила срцето. Христос му наложил на парализираниот човек да стане и да оди, ‘за да знаете’, рекол Тој, ‘дека Синот Човечки има власт на Земјата да простува гревови’.“ – Копнежот на вековите, 270. 

 Четврток                                                                                26. јули

  1. МОЛИТВА ПРЕКУ ДОПИР

а.     Како една жена, која дванаесет години страдала од сериозна болест, одлучила на Христа да му упати срамежлива молба за исцелување? Марко 5:25-29.

 „Дошла златната можност, таа била во присуство на големиот Лекар! Но, во оној силен метеж не можела да Му се обрати, туку само на кратко го забележала Неговото лице. Плашејќи се дека ќе ја изгуби единствената можност за оздравување, таа се туркала напред велејќи си:  ‘Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.’ Кога Исус поминувал, таа ја испружила својата рака и се допрела едвај до самиот раб од Неговата облека. Во тој миг почувствувала дека е исцелена од нејзината болест. Таа ја сосредоточила целата вера на нејзиниот живот во тој еден допир кој и донел оздравување.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 320.

 б.    Како тогаш Исус јавно ја признал нејзината неизговорена молитва на верата? Марко 5:30-34. Што ова нѐ учи за верата?

 „Исус не пропушта да ја услиши тивката молитва на верата. Оној кој го држи Бога за речта и се обидува да се поврзе со Спасителот, за возврат ќе го прими Неговиот благослов.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 2, p. 322.

Петок                                                                                       27. јули

 ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

  1. Каква привилегија имаме кога имаме потреба, дури и кога не сме во можност да коленичиме пред Бога? Како можеме да го направиме тоа?
  2. Дали Исус ги слуша тајните, тивки молитви, кои доаѓаат од искреното срце?
  3. Можат ли нашите постапки да бидат како молитва? Како?
  4. Какво исцелување на сите ни е потребно, и колку Исус е подготвен да ни помогне?
  5. Дали Исус постапува според зборовите кои излегуваат само од нашите усни или и од тивките мисли на срцето?
Сподели го ова:

Слични објави