2. Давидовиот живот на молитва

Сподели го ова:
  1. лекција                           Сабота, 14. јули 2018.

 Давидовиот живот на молитва

 „Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиште.“ – Псалм, 62:8.

 „Давид постојано упатувал молитви кон Бога. Тој имал доверба во Бога и одел пред Него на совршен начин.“ – The Signs of the Times, August 17, 1888.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:                    Патријарси и пророци, 717-726.              

 Недела                                                                                          8. јули

  1. МОЛИТВА ВО ПРОГОНСТВО

 а.     Како Саул се однесувал кон Давид? 1 Самоилова 19:9.10; 23:7.8.

 „По смртта на Самоил Давид уживал мир само неколку месеци. Повторно се повлекол во самотија меѓу Зифеите; меѓутоа, надевајќи се дека ќе ја задобијат царевата наклоност, овие луѓе го известиле царот за местото каде што се криел Давид. Таа вест повторно го поттикнала демонот на страстите што извесно време мирувал во Сауловите гради. Повторно ги собрал своите борци и се упатил да го гони Давида. Но пријателите го известиле синот на Есеја дека Саул пак тргнал против него.“ – Патријарси и пророци, 668.

б.    Како Давид се молел кога бил прогонуван од Саул? Како Давид се предал на Бога? Псалм 7:1-5.17.

 „Единствено со Христова помош може да се ограничи моќта на сатаната. Ова е значајна вистина која сите треба да ја разберат. Сатаната постојано делува, тој е насекаде и на секое место, барајќи некого да проголта. Но со сесрдна молитва со вера ќе можеме да му се спротивставиме со најупорни напори. Затоа, браќа, ‘земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот’ (Ефесјаните 6:16).“ – 5 Сведоштво, 294.

Понеделник                                                                                      9. јули

  1. ПАДОТ НА ДАВИД

 а.     Што спомнува Библијата во врска со карактерот на Давид? 1 Самоилова 13:13.14; 1 Царевите 11:38.

 „Додека ги уважувал Божјите совети Давид е нарекуван човек по Божјото срце. Кога згрешил, тоа не било веќе случај сѐ додека во покајание не се вратил кај Господа.“ – Патријарси и пророци, 723.

„Бог бил сакан од Бога, не затоа што бил совршен човек, туку затоа што не негувал тврдокорен отпор кон Божјата изразена волја. Неговиот дух не се кревал во  бунт против укорот…

Давид многу грешел, но тој исто така многу се понижил и неговото каење било исто толку длабоко како и неговата вина. Никогаш не постоел човек поскромен од Давид, кога бил осведочен за својот грев. Тој се покажал силен, не во отпорот кон искушението, туку во понизноста на душата и покажување на искрено покајание. Тој никогаш не ја изгубил својата доверба во Бога, кој ги ставил зборовите на строг укор во устата на Својот пророк. Тој не го мразел Божјиот пророк. Давид, исто така, му бил мил на Бога бидејќи се потпирал на Неговата милост и Го сакал, почитувал и Му служел.“ – Pamphlet 28, 1890, p. 16.

 б.    Кои гревови во својот живот Давид се обидел да ги сокрие? 2 Самоилова 12:9.

 в.     Каква била реакцијата на Давид кога неговиот грев бил обелоденет? Како тој ја признал својата вина? 2 Самоилова 12:13; Псалм 51:3.4.

 „Овој дел од Давидовиот живот има големо значење за секоја душа што се кае. Тој е највпечатлив приказ на борбите и искушенијата на човечкиот род, на вистинското каење пред Бога и на верата во нашиот Господ Исус Христос. Тој настан во сите подоцнежни векови ги храбреле душите што паднале во грев и што се бореле под товарот на својата кривица. Илјадници Божји деца, кои биле наведени на грев, пред да паднат во очај, си спомнувале како Бог го прифатил Давидовото искрено каење и неговата исповед, Иако тој поради својот престап морал да страда; тоа им давало храброст да се покаат и одново да настојуваат да го следат патот на послушност на Божјите заповеди.“ – Патријарси и пророци, 726.

Вторник                                                                                                             10. јули

 3. МОЛИТВА ЗА ПРОШКА

 а.     За кои две работи Давид се молел откако го признал својот грев? Псалм 51:1.2; 1 Јованово 1:9.

 „Секое зло што ќе се направи на ближните, од нив поминува на Бога. Затоа Давид не бара проштевање од свештеник, туку од Создателот на човекот. Тој се молел: ‘Помилуј ме Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои’“ – 5 Сведоштво, 639.

б.    Каде се наоѓал изворот на нечистотијата? Еремија 17:9; Марко 7:21-23.

 „Мнозина од вас можеби имаат некоја претстава за верата во својата глава, но срцето не е исчистено. Тоа е само вера однадвор. Бог гледа на срцето. ‘Сѐ е голо и откриено пред очите на Оној пред кого ние треба да положиме сметка.’ Дали тој ќе биде задоволен со нешто друго, освен со делување на вистината одвнатре? Секоја вистински обратена душа носи очевиден знак дека во неа се совладани телесните склоности.“ – 1 Сведоштво, 163.

 в.     Која молитва на Давид  треба секојдневно да ја повторуваме? Псалм 51:10-12.

 „Мнозина негуваат лажна надеж која е заснована на претпоставки за кои нема никаков темел во Библијата. Изворот не е очистен и затоа и водата што од него тече не е чиста. Очистете го изворот, па и водата ќе биде здрава и чиста. Ако во срцето имате искрена желба да бидете исправни пред Бога, тогаш вашите зборови, начинот на облекување и постапки, сето тоа ќе биде исправно. Вистинска побожност сѐ повеќе исчезнува…

Покажано ми е како може да се добие оваа благодат. Влезете во својата ‘тајна соба’ и кога сте сами молете се на Господа: ‘Создај ми Боже чисто срце, и дух постојан обнови во мене.’ Бидете сесрдни и искрени. Сесрдната и постојана молитва може многу да помогне. Борете се истрајно во молитва и во душевна болка како што тоа го правел Јаков. На Христос, додека се молел во Гетсиманија, му течеле големи капки пот помешани со крв; затоа и вие мора да вложите напори. Не го напуштајте местото на молитва додека не почувствувате дека сте засилени во Господа. Потоа продолжете будно да бдеете, и сѐ додека сте будни и истрајни во молитвата ќе ги совладувате своите лоши склоности, и влијанието на Божјата благодат јасно ќе се забележи во вас.“ – 1 Сведоштво, 158.

Среда                                                                                                   11. јули

 4. ИЗРАЗУВАЊЕ НА БЛАГОДАРНОСТ ДО БОГА

 а.     Што признал Давид во врска со Божјите благослови? 1 Летописи 29:11-14.

 „Господ нѐ опсипува со Своите благослови на патеката по која чекориме… Ние можеме да плачеме и да липаме, да се жалиме и да се сопнуваме на секој чекор, или можеме да собираме драгоцени, миризливи цвеќиња и да се радуваме во Господа поради Неговата добрина што нашиот пат кон небото го направил толку пријатен.“ – Our High Calling, p. 245.

„Ако себеси Му се предадеме на Бога за да му служиме на човештвото и Toj ни се предава нам.

Оној кој во своето срце направи место за реката на Божјите благослови кои ќе се излеваат на другите, и самиот прима богата награда.“ – Мисли од гората, 81.

б.    Како Давид изразил некои од своите чувства за Бога? Псалм 31:19-23; 57:10.

 „Оние кои се во мрак треба да ја чујат песната на благодарност и фалба. Својата благодарност за добрата вест на Евангелието, за неговите ветувања и охрабрувања, треба да ја изразиме со тоа што ќе настојуваме на другите да им правиме добро. Таквото дело ќе ги осветли уморните, збунетите и напатените души со зраците на небесната праведност. Тоа е извор на кој може да се освежи жедниот и од долгиот пат уморен патник. На секое такво направено дело на милосрдие или љубов, присуствуваат Божјите ангели.“ – 9 Сведоштво, 31.

 в.     За што уште можеме денес да бидеме благодарни? Псалм 103:10-14; Еремија 31:34 (последен дел).

 „Ние мораме да заборавиме на себе и секогаш да бараме можност дури и мала, за да покажеме благодарност за доброто кое сме го примиле од другите; ние мораме да бараме можности да ги охрабриме другите, и со своите нежни постапки и мали дела на љубов да им ги олесниме и симнеме нивните товари. Овие промислени услужливости, кои започнуваат во нашето семејство, преминуваат на семејниот круг и помагаат да се зголеми општата животна среќа. Запоставувањето на овие мали дела предизвикува горчина и страдање во животот.“ – Адвентен дом, 428.

Четврток                                                                                  12. јули

 МОЛИТВА ЗА ИЗБАВУВАЊЕ

 а.     Со кои зборови Давид го славел Бога за избавување од неговите непријатели? 2 Самоилова 22:1-7.18-20.

  б.    Како можеме ние, како Давид, да се молиме за избавување од гревот денес? Псалм 6:4; 25:20; Матеј 6:13.

 „Мнозина го прифаќаат евангелието за да ги одбегнат страдањата, наместо да се ослободат од гревот. Се радуваат извесно време, зашто се надеваат дека религијата ќе ги ослободи од тешкотиите и неволјите. Додека нивниот живот се одвива без тешкотии, можеби изгледаат како доследни христијани. Но паѓаат на жешката проверка на искушенијата. Не се способни да поднесат укор заради Христа. Кога Божјата реч ќе им укаже на некој омилен грев и кога од нив бара самооткажување или жртва, тие се чувствуваат навредени, и се чини дека треба да вложат премногу големи напори за да создадат коренита промена во својот живот. Гледаат на сегашните неугодности и неволји и ги забораваат вечните стварности.“ – Христовите очигледни поуки, 47.48.

„Кога се молиме за земни благослови, можеби ќе се одложи одговорот на нашата молитва и можеби Бог ќе ни даде нешто друго, а не она што го бараме. Но не е така, кога бараме избавување од гревот. Негова волја е да се очистиме од гревот, да станеме негови деца и да нѐ оспособи да живееме свет живот.“ – Копнежот на вековите, 266.

 Петок                                                                                         13. јули

 ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

 Што ја ограничува моќта на сатаната? Кога Христос најмногу може да ни помогне?

  1. Зошто Давид бил возљубен од Бога?
  2. Како треба да се молиме ако сакаме да имаме чисто срце?
  3. Како на практичен начин можеме да покажеме благодарност на Бога, и каков ќе биде резултатот?
  4. Што треба да бараме за да се избавиме од тешкотиите?
Сподели го ова:

Слични објави