13. Молитвата како начин на живот

Сподели го ова:
  1. лекција                    Сабота, 29. септември 2018.

 Молитвата како начин на живот

 „Господ ја услиша молбата моја, Господ ја прими молитвата моја.“ – Псалм 6:9.

 „Негувајте навика да разговарате со Спасителот кога сте сами, кога шетате и кога сте зафатени со секојдневните работи. Нека вашето срце се издигне во безгласна молба за помош, светлина, сила и знаење. Секој ваш здив нека биде молитва.“ – Здравје и среќа, 510.511.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:                              Патот кон Христа, 115-126.

 Недела                                                                   23. септември

  1. ПОСТОЈАНА МОЛИТВА

 а.     Како можеме да одржиме молитвен дух во текот на целиот ден? 1 Солунјаните 5:17. Дали ова значи дека не треба да правиме ништо друго, освен да се молиме цел ден?      

„Нашиот живот мора да биде сличен на Христовиот живот меѓу планините и мноштвото. Оној што не прави ништо друго освен што се моли, набргу ќе престане да се моли или пак неговите молитви ќе се претворат во навика. Кога луѓето ќе се повлечат од општествениот живот, кога ќе се повлечат од подрачјето на својата христијанска должност и носењето на крстот, кога ќе престанат сериозно да работат за својот Учител, кој сериозно работеше за нив, нема за што повеќе да се молат, немаат веќе поттик за молитва. Нивните молитви стануваат лични и себични. Тие веќе не можат да се молат за потребите на човештвото или за изградбата на Христовото царство, ниту пак да бараат сила за работа.“ – Патот кон Христа, 101.

б.    Каде започнува ова дело? Изреки 23:7 (прв дел); 2 Коринтјаните 10:5.

       „Доколку не се направи одлучен напор мислите да се сосредоточат на Христа, благодатта не може да се открие во животот. Умот мора да се вклучи во духовната борба. Секоја мисла мора да се доведе во покорност во послушност на Христа. Сите навики мораат да се стават под Божја контрола.“ – In Heavenly Places, p. 164.

Понеделник                                                                    24. септември

  1. МОЌНИ МОЛИТВИ

 а.     Што е тема на многуте Псалми, од кои повеќето биле напишани од царот Давид? Псалм 61:1; 69:13.   

 б.    За која друга цел се наменети Псалмите? Псалм 144:9; 149:1.

 „Еден од најдобрите начини да се врежат Божјите зборови во сеќавањето е нивно повторување во песна. Таквата песна има чудесна моќ. Таа има сила да ја совлада грубата и недоделкана природа; сила да ги оживее мислите и да разбуди сочувство, да поттикне на сложна работа и да ја оттргне мачнотијата и лошите претчувства, кои ги одземаат храброста и силата…

Во текот на богослужението, со песната Му се обраќаме на Бога исто како и со молитвата. Многу песни, всушност, се молитви. Ако го научиме детето да го разбере тоа, тоа повеќе ќе размислува за значењето на зборовите што ги пее, и ќе биде почувствително на нивното влијание.“ – Воспитување, 167.168.

 в.     Кажете за некои моќни молитви изнесени од страна на другите цареви во Стариот Завет. 1 Царевите 3:6-9; 2 Царевите 19:15-19.; 2 Летописи 20:5-12. Како можеме во нашите молитви да ја вклучиме и Библијата?

 „Постои еден благослов кој можат да го добијат сите кои го бараат тоа на вистински начин. Тоа е Божјиот Свет Дух, и ова е благословот кој со себе ги носи и сите други благослови. Ако дојдеме кај Бога како мали деца, барајќи ја Неговата благодат и сила и спасение, не за да се воздигаме, туку за да им донесеме благослов на нашите ближни, нашите молби нема да бидат одбиени. Затоа да го проучуваме Божјото Слово, за да знаеме како да се држиме до Неговите ветувања и да полагаме право на нив. Тогаш ќе бидеме среќни.“ – In Heavenly Places, p. 113.

„Пренесувајќи ги своите божествени доблести и врз своите деца, Бог се возвишува и се слави. Тој сака луѓето во тој правец да постигнат највисок степен. Тие ќе станат совршени во Бога само ако со вера се фатат за Христовата сила, повикувајќи се во молитва на Неговите сигурни ветувања, и полагајќи право на нив како да им се упатени лично ним и ако со упорност, која не може да се одбие, бараат сила од Светиот Дух.“ – Делата на апостолите, 530.

Вторник                                                                       25. септември

  1. СПОМЕНИЦИ НА УСЛИШЕНИ МОЛИТВИ

а.     Откако Бог направил големо чудо и ги повел Израелците преку реката Јордан, што барал Тој од нив? Исус Навин 4:1-9.

 „Но – пред свештениците да излезат од речното корито – за ова чудо никогаш да не се заборави, Бог му наредил на Исус Навин да избере угледни луѓе, од секое племе по еден, секој да земе по еден камен од она место на дното на реката каде што стоеле свештениците и на своите рамена да ги однесат во Галгал, каде што требало да подигнат споменик во знак на сеќавање на фактот дека Господ тука ги превел Израелците преку Јордан. Тоа требало да биде траен потсетник на чудото кое Господ го направил за нив. Кога во текот на идните години и векови нивните синови и внуци ќе се распрашуваат за значењето на овој споменик, повторно и повторно ќе бидат потсетувани на овој чудесен настан, сè додека тоа не се втисне во нивниот ум толку неизбришливо, така што на него ќе се сеќаваат и најдалечните поколенија.“ – 4 Сведоштво, 158.

 б.    На што не треба да се фокусираме во нашиот живот? Псалм 25:7; 79:8.

 „Не е мудро да се собираат сите непријатни спомени од минатиот живот – неправди и разочарувања – да разговараме за нив и да се жалиме на нив сè додека не нè совлада обесхрабрување. Обесхрабрената душа е полна со темнина, таа ја отфрла Божјата светлина од срцето и фрла сенка врз патот на другите.“ – Патот кон Христа, 117.

 в.     Наместо тоа, за што треба да размислуваме? Псалм 105:5; Евреите 12:2.3.

 „Да му заблагодариме на Бога за блескавите сцени што ни ги покажал. Да ги собереме сите благословени докази на Неговата љубов, така што постојано ќе можеме да ги гледаме: Божјиот Син како го напушта престолот на својот Отец, облекувајќи ја својата божестве- на природа со човечка, за да може да го избави човекот од силата на сатаната; Неговата победа заради нас, која на човекот му го отворила небото и на човечкиот поглед му овозможила да ѕирне во просторите во кои живее Божеството и ја открива Својата слава; грешниот род издигнат од бездната на пропаста во која го турнал гревот и повторно доведен во врска со бескрајниот Бог, и откако ја издржал божествената проба со вера во нашиот Откупител, облечен во Христовата праведност и издигнат на Неговиот престол – тоа се сцени за кои Бог сака да размислуваме!“ – Патот кон Христа, 118.

Среда                                                                                     26. септември

  1. МОЛИТВА НА НАДЕЖ

 а.     Какво било искуството на учениците во молитвата? Јован 16:24 (прв дел).

„Дотогаш учениците не ги познавале неограничените ресурси и силата на Спасителот. Тој им рекол: ‘Досега не баравте ништо во Мое име.’ (Јован 16:24) Им објаснил дека тајната на нивниот успех лежи во барањето сила и благодат во Негово име. Тој ќе биде присутен пред Таткото и ќе се моли за нив. Молитвите на понизните души Тој ги изнесува како Своја лична желба во нивна корист. Секоја искрена молитва се слуша на Небото. Ако таквата молитва и не е точно изговорена, а е изговорена од срце, таа ќе се издигне до светилиштето каде што Исус служи и Тој ќе му ја принесе на Таткото без ниту еден невешт, пелтечки збор, туку прекрасна и миризлива со темјанот на Своето совршенство.“ – Копнежот на вековите, 667.

 б.    Како Исус ги охрабрувал да пристапуваат кај Отецот во молитва? Јован 14:13.14; 16:24 (втор дел). За кого уште важат овие ветувања?

 „’И сè што ќе побарате во молитва со вера, ќе добиете’ (Матеј 21:22). Овие зборови се гаранција дека сѐ што Семожниот Спасител може да подари ќе им биде дадено на оние кои веруваат во Него. Како управители на небесната милост, ние треба да бараме во вера и потоа верувајќи да чекаме на Божјото спасение. Ние не треба да одиме пред Него, обидувајќи се во сопствена сила да го добиеме она што го посакуваме. Мораме да бараме во Негово име, и потоа да работиме со вера во Неговата ефикасност.“ – Ум, карактер и личност, 467.

„О, браќа и сестри, ние сакаме жива, активна, растечка вера во Божјите ветувања, кои навистина се дадени за вас и за мене.“ – Pacific Union Recorder, December 26, 1912.

в.     Каква улога игра надежта кога се приближуваме кај Бога во молитва? Како треба да дојдеме пред Него? Римјаните 5:5; Евреите 4:16.

„Ништо не може да ја направи душата толку силна за да се спротивстави на сатанските искушенија во големата животна борба, како што е понизното доаѓање пред Него, изложувајќи ја пред Него својата душа во сета нејзина беспомошност, очекувајќи дека Тој ќе биде наш помошник и наш бранител.“ – Sons and Daughters of God, p. 121.

Четврток                                                            27. септември

  1. МОЛИТВАТА КАКО ТЕРАПИЈА

 а.     На кои ветувања можеме да се повикаме како би добиле сила во нашата борба со непријателот? Исаија 40:29; 41:10; Псалм 31:24.

 „Оној што служи под со крв испрсканото знаме на кнезот Емануел, мора да работи со херојски напори и со непоколебливо трпение. Војникот кој му припаѓа на крстот сепак стои бестрашно во првите борбени редови. Изложен на напади од непријателот, тој се повлекува во тврдината барајќи помош и, откако во сесрдна молитва пред Господа се повикал на ветувањата дадени во Неговата Реч, во тој миг се засилува за своите должности. Тој увидува дека му е потребна помош и сила озгора. Победата што ја извојувал не го води кон самоизвишување, туку го поттикнува сѐ повеќе да се потпира врз Семоќниот. Надевајќи се на таа сила, тој е во состојба пораката на спасението да ја прикаже многу силно и впечатливо и таа длабоко ќе ја возбуди душата.“ – Делата на апостолите, 362.

б.    На кои уште ветувања можеме да се повикаме во молитвата за да добиеме храброст во борбата со гревот? Исус Навин 1:9; Исаија 49:25; 1 Коринтјаните 15:57.

 „Каков извор на помош и заштита можеме да најдеме во Него без ниту малку сомнеж и плашливост во секоја наша неволја и потреба! Човекот е полн со недостатоци, тврдоглав, бунтовен и пркосен дури и против Бога; но Господ е сепак толку добар, трпелив и полн со сожалување и сомилост кон него. Тој е господар на небото и земјата, но води грижа за секоја наша потреба, дури и пред да ги изнесеме нашите потреби и желби пред Него.“ – My Life Today, p. 10.

Петок                                                                              28. септември

 ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

  1. Зошто не треба да се повлечеме од општеството и да го посветиме целиот наш живот на молитвата?
  2. Како можеме да ја вклучиме Божјата Реч во нашите молитви? Како тоа ќе ни користи?
  3. Што можеме да научиме од примерот на Израелците кои подигале споменици во сеќавање за Божјото водство во нивниот живот? Како и ние можеме да го направиме истото?
  4. Како можеме да здобиеме победа над искушението?
  5. Опишете ја Божјата сила која ни се дава за да ни помогне во нашите борби.
Сподели го ова:

Слични објави