11. Научи нè да се молиме

Сподели го ова:
  1. лекција                 Сабота, 15. септември 2018.

 Научи нè да се молиме

 „Еднаш беше Тој на едно место и се молеше. Кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нè да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.“ – Лука, 11:1.

 „Христовите ученици биле мошне восхитени со Неговите молитви и со Неговиот обичај да одржува заедница со Бога. Еден ден, по кратко отсуство, го нашле својот Господ задлабочен во молитва. Навидум несвесен за нивното присуство, Тој продолжил да се моли гласно. Срцата на учениците биле длабоко трогнати. Кога ја завршил молитвата, тие извикнале: „Господе, научи не да се молиме!“ – Христовите очигледни поуки, 140.

 ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:                                       Мисли од гората, 102–122.

 Недела                                                                    9. септември

  1. ПОУКИ ОД ГОСПОДОВАТА МОЛИТВА

 а.     Што учениците го замолиле Исуса кога ја слушнале разликата помеѓу Неговите молитви и формалните молитви на свештениците? Каков модел на молитва им дал Исус? Лука 11:1-4.

 б.    Како Исус нѐ учи да ја започнуваме нашата молитва? На кого се молиме? Матеј 6:6.9. Што значи да се молиме во името на Исус?

 „Меѓутоа, да се молиме во Христово име значи навистина многу. Тоа значи дека мораме да го усвоиме Неговиот карактер, да го манифестираме Неговиот Дух и да ги вршиме Неговите дела. Ветувањата на Спасителот се условно дадени. Тој вели: ‘Ако Ме љубите, држете ги Моите заповеди.’ Тој ги спасува луѓето не во гревот туку од гревот, а оние што Го љубат, ќе ја покажат својата љубов преку послушност.“ – Копнежот на вековите, 668.

„Меѓутоа, да се молиме во Исусово име значи многу повеќе отколку да го споменеме Неговото име на почетокот и на крајот од молитвата. Тоа значи да се молиме според Исусовиот ум и дух, верувајќи им на Неговите ветувања, потпирајќи се на Неговата благодат и творејќи ги Неговите дела.“ – Патот кон Христа, 100.101.

 Понеделник                                                                 10. септември

  1. УСЛОВИ ЗА ОДГОВОР НА МОЛИТВАТА

 а.     Под кои услови Бог одговара на молитвата? 1 Јованово 3:22; Матеј 21:22.

„Сите Божји ветувања се дадени под одредени услови. Ако ја извршуваме Неговата волја, ако одиме во вистината, тогаш можеме да побараме што сакаме, и тоа ќе ни биде направено. Додека истрајно настојуваме да бидеме послушни, Бог ќе ги чуе нашите молби; но Тој нема да нѐ благослови во непослушност. Ако одлучиме да не ги почитуваме Неговите заповеди, можеме да викаме: ‘Верувај, верувај, само верувај’, а од верното Божјо Слово ќе ни стигне одговор: ‘Верата без дела е мртва’ (Јаков 2:20). Таквата вера ќе биде само како бакар што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. За да ги примиме благословите на Божјата милост, мораме да го направиме својот дел; ние мораме верно да работиме и да донесеме плодови достојни за покајание.“ – Faith and Works, p. 47.

 б.    Која е нашата должност кон ближните на кои им е потребна помош? Изреки 3:27.28. Како нашето однесување кон сиромашните се одразува врз нас?

„Бог бара ширум да ги отворите своите раце за сиромашните, и да имате најсилно сочувство кон унесреќените или оние кои страдаат од немаштина. Ако рамнодушно го одбиете нивниот повик, Бог исто така сигурно ќе ја отфрли твојата молитва, и нема да те чуе во твојата болка.“ – The Review and Herald, October 6, 1891.

 в.     Како Бог сака да соработуваме со Него во помагањето на другите? 1 Коринтјаните 3:9.

 „Ние сме Божји соработници. Вие не треба да седите во мрзеливост, чекајќи некоја голема прилика за да направите големо дело за Господарот. Вие не треба да ја занемарите должноста која се наоѓа на вашата патека, туку треба да ги искористите малите можности кои се отвораат околу вас.“ – Faith and Works, p. 47.

„Додека се молиме за така нажалените души, треба да ги поттикнеме и тие од своја страна да се залагаат за оние што имаат поголема потреба од помош. Настојувајќи да им помогнат на другите, тие ќе го растераат мракот и потиштеноста и од сопственото срце. Ќе примиме благослов, доколку настојуваме да ги утешиме и другите, со утехата со која самите сме утешени.“ – Здравје и среќа, 256.

Вторник                                                                    11. септември

  1. СООДВЕТНА ПОЛОЖБА ВО МОЛИТВАТА

        а.     Кои библиски примери на клекнување во молитвата ја покажуваат оваа положба како обврска и предимство? 1 Царевите 8:54.55; Ефесјаните 3:14.

  „И во јавна и во тајна служба, наша должност е да клекнеме на колена пред Бога, кога ги изнесуваме нашите молби пред Него. Овој чин ја покажува нашата зависност од Бога.“ – Selected Messages, bk. 2, p. 312.

„И во молитва на јавно место и во домот треба да клекнеме пред Бога кога Му се обраќаме. Исус кој е наш пример, ‘клекна на колена и се молеше на Бога.’ (Лука 22:41). Тоа исто е запишано и за Неговите ученици: “клекнаа на колена и се помолија на Бога.’ (Дела 9:40) Павле рекол: ‘Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос.’ (Ефесјаните 3:14) Ездра клечејќи пред Бога ги исповедал гревовите на Израел. (Ездра 9:5) Даниел ‘три пати во текот на денот ги преклонуваше колената свои и Му се молеше на својот Бог и Го славословеше.’ (Даниел 6:10).“ – Пророци и цареви, 48.

 б.    Каква била положбата на Илија кога се молел за дожд? 1 Царевите 18:42. Кој друг се молел во слична положба, и зошто оваа положба не е погодна за јавно богослужение? Матеј 26:39.

 „Набљудувајте Го (Христа) како размислува за цената која треба да ја плати за човечката душа. Во Својата агонија Тој се прилепил за студената почва, како таа да може да го спречи уште повеќе да не се оддалечи од Бога. На Неговото соборено тело паѓала студена ноќна роса, но Тој не обрнувал внимание на тоа. Од Неговите бледи усни се оттргнал горкиот извик: ‘Татко Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша.’ Меѓутоа, дури и сега додал: ‘Но нека не биде Мојата, туку Твојата волја’“ – Копнежот на вековите, 687.

„Колку сме на губиток ако во семејната служба кога оној кој се моли го наведнува лицето надолу и зборува со тивок, слаб глас, како да закрепнува од долга болест… Молитвата која е изговорена на таков начин е соодветна за тајната соба, но не е погодна за јавна служба; бидејќи ако насобраните не можат да слушнат што е кажано, тие нема да можат да кажат: ‘Амин’“ – Christian Education, p. 127.

 в.     Каква положба Исус барал од мноштвото да заземе пред да се заблагодари за претстојниот оброк? Јован 6:10.11.

Среда                                                                             12. септември

 

  • МОЛИТВА ВО ПОКОРЕН ДУХ

 а.     Како можеме да покажеме покорност на Бога во нашите молитви? 1 Јованово 5:14.15.

 „Исус вели: ‘Сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде’ (Марко 11:24). За ова ветување нема услови освен да се молиме во склад со Божјата волја. Но Божјата волја е да нѐ очисти од гревот, да нѐ направи Свои деца и да ни овозможи да живееме свет живот. Затоа можеме да молиме за овие благослови и да веруваме дека сме ги примиле и да Му заблагодариме на Бога што сме ги примиле. Наша предност е што можеме да дојдеме кај Христа, да бидеме очистени и да стоиме пред законот без срам или каење.“ – The Faith I Live By, p. 141.

„Без оглед каков пат Бог ќе избере за нас, без оглед која патека ја предвидува за нашите нозе, тоа е единствениот сигурен пат. Мораме секојдневно да негуваме дух на детска покорност и да се молиме нашите очи да бидат помазани со небесна маст за очи, за да можеме да ги разбереме навестувањата за божествената волја, за да не бидеме збунети во нашите идеи, бидејќи се чини дека нашата волја управува со сѐ.“ – That I May Know Him, p. 249.

 б.    Како Марија покажала покорност на Бога? Лука 1:38. Како и ние можеме да го имаме истиот став?

 в.     Што оди рака под рака со вистинската покорност? Јаков 1:6.

 „Како управители на небесната милост, ние треба да бараме во вера и потоа верувајќи да чекаме на Божјото спасение. Ние не треба да одиме пред Него, обидувајќи се во сопствена сила да го добиеме она што го посакуваме. Мораме да бараме во Негово име, и потоа да работиме со вера во Неговата ефикасност.“ – Ум, карактер и личност, 467.

„Нашите млаки, неодлучни  молитви, нема да ни донесат одговор од небото. О, ние треба да настојуваме во нашите молитви! Барајте со вера, чекајте со вера, примајте со вера, радувајте се во надеж, бидејќи секој што бара, наоѓа. Бидете сериозни во ова. Барајте го Бога со сето срце.“ – Our High Calling, p. 131.

„Горливата молитва на праведникот никогаш не е изгубена. Одговорот можеби нема да дојде онака како што очекуваме, но ќе дојде, затоа што Бог го дал Својот збор.“ – Our High Calling, p. 134.

 Четврток                                                           13. септември

  1. КОГА ДА СЕ МОЛИМЕ

 а.     Во кое време во текот на денот треба да се молиме? Псалм 55:17.

 б.    Дали треба да ги ограничиме нашите молитви само на тие часови? 1 Солунјаните 5:17.

 „Нема такво време и место кое не е прикладно за молитва… Среде мноштвото на улица, окупирани со работните обврски, ние можеме да му упатиме молитва на Бога и да побараме божествено водство, како што го сторил тоа Неемија додека го изнесувал своето барање пред царот Артаксеркс.“ – Патот кон Христа, 99.

„Со Исуса можеме да разговараме додека одиме по патот, а Тој вели: Јас сум од твојата десна страна.

Ние можеме да разговараме со Бога во нашите срца; во друштво со Христа можеме да бидеме на секој чекор. Додека ги извршуваме своите секојдневни работи, ние можеме желбите на нашето срце да ги упатуваме кон Бога нечујно за секое човечко уво; но ниеден таков упатен збор нема да отиде напразно ниту ќе биде изгубен. Ништо не може да ја задуши желбата на срцето. Таа се издига над уличната врева, над бучавата на машините. Бог е Тој кому Му зборуваме, и нашата молитва ќе допре до Неговото уво.“ – Gospel Workers, p. 258.

 Петок                                                                   14. септември

 ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

  1. Како треба да живееме ако се молиме во Исусово име?
  2. Кога Бог одговара на молитвата?
  3. Зошто треба да клекнеме на колена во нашите јавни и тајни молитви?
  4. Како можеме да се молиме во покорен дух? Каков одговор ќе бидеме подготвени да прифатиме?
  5. Како можеме да Му се молиме на Бога додека ги извршуваме нашите секојдневни должности?
Сподели го ова:

Слични објави