10. Молитва за Светиот Дух

Сподели го ова:
  1. лекција                    Сабота, 8. септември 2018.

 Молитва за Светиот Дух

 „Молете Го Господа за дожд во време пролетно; Господ ќе светне со молскавица и ќе ви даде обилен дожд – зеленило во поле.“ – Захарија 10:1.

 „Ние треба да се молиме за излевање на Светиот Дух врз нас исто толку сесрдно како што се молеле учениците на Педесетница. Ако ним им бил потребен во тоа време, нам денес ни е уште попотребен. Морална темнина ја покрива земјата како мртовечки покрив. Секакви лажни учења, ереси и измами на сатаната ги заведуваат умовите на луѓето. Сите наши напори за ширење на вистината ќе бидат напразни без Духот и Божјата сила.“ – 5 Сведоштво, 158.

 ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ             Testimonies to Ministers, pp. 506–512.

 Недела                                                                   2. септември

  1. ВЕТЕНА СИЛА

 а.     Која сила ни е ветена ако во целост се посветиме на Бога? Дела 1:5.8. За каква цел ни е ветена оваа сила? Лука 6:38 (прв дел).

„Тоа што изобилство на Божја благодат и благослов не се излева на луѓето во поголем обем, не е последица на било какви ограничувања од Негова страна. Излевањето на Духот е божествен дар за луѓето. Тој дава  со дарежливост која луѓето не ја сфаќаат правилно и не ја ценат затоа што не сакаат да ја примат. Ако сите се спремни да примат, сите ќе бидат исполнети со Духот… Ние премногу лесно се задоволуваме со брчкање на површина, додека наша предност е да очекуваме длабоко трогнување на Духот Божји.“ – My Life Today, p. 57.

„Со примањето на овој дар, сите други дарови ќе бидат наши; бидејќи ние треба да го имаме овој дар според изобилството на богатството на Христовата благодат, и Тој е подготвен да ја снабди секоја душа според способноста за примање. Затоа да не се задоволуваме само се делумно примање на овој благослов, со примање на Дух само колку да не заспиеме на смрт, туку најсрдечно да се стремиме за изобилство на Божја благодат.“ – Medical Ministry, p. 334.

Понеделник                                                                           3. септември

  1. ПОДГОТОВКА ЗА ПРИМАЊЕ СИЛА

 а.     Како учениците требало да го примат ветениот благослов? Лука 24:49.

 „Прифаќајќи ја Христовата заповед, тие чекале во Ерусалим да се исполни ветувањето на Отецот – да се излее Светиот Дух. Но не чекале безделничејќи туку, како што сведочи  библискиот запис: ‘Беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога’ (Лука 24:53). Исто така се состанувале да Му упатат молитви на Отецот во Исусово име.“ – Делата на апостолите, 35.

„Кога ќе бидеме целосно, со сето срце посветени на Христовата служба, Бог ќе го признае тој факт со излевање на Својот Дух без мерка; но ова нема да се случи сѐ додека најголемиот дел од црквата нѐ соработува со Бога. Бог не може да го излее Својот Дух додека се покажува себичност и повладување на самиот себеси; додека преовладува дух кој се покажал во одговорот на Каин: ‘Зарем јас сум чувар на брат ми?’“ – My Life Today, p. 59.

б.    Каква била состојбата на учениците пред да ја примат оваа сила? Дела 2:1.

 „Учениците сесрдно се молеле за оспособување да истапат пред светот со својот секојдневен допир со луѓето да изговараат зборови што се во состојба грешниците да ги доведат кај Христа. Отфрлајќи ги сите меѓусебни несогласија и секоја желба за превласт, тие тесно се поврзале во христијанско братство…

Тие денови на подготовка биле денови преполни со длабоко истражување и преиспитување на срцето. Учениците г почувствувале својот духовен недостиг и пекале пред Господа во молитва за свето помазание кое ќе ги оспособи за делото на спасување на душите.“ – Делата на апостолите, 37.

 в.     Што треба да направи секој од нас за да се подготви да ја прими оваа сила? Дела 3:19.

 „Неопходно е дело на реформација и искрено покајание. Нека сите бараат излевање на Светиот Дух. Како што и учениците по Христовото вознесение морале неколку дена искрено и со најсрдечни молитви да Го бараат Бога и да го отфрлат секој грев.“ – My Life Today, p. 58.      

 Вторник                                                                                4. септември

  1. ПРИМАЊЕ НА СИЛА

 а.     Какво било искуството на учениците кога ја примиле силата на Светиот Дух? Дела 2:2-4. Како ова искуство може да се спореди со искуството на Божјата црква во последните денови?

 „Излевањето на Духот во деновите на апостолите претставуваше ‘ран дожд’, а резултатите биле величествени. Но ‘доцниот дожд’ ќе биде многу поизобилен.“ – My Life Today, p. 60.

 б.    Што тие направиле со силата што ја добиле? Дела 4:33.

 „Учениците… чувствувале голем товар и грижа за спасување на душите. Евангелието требало да се однесе до најоддалечените краишта на земјата, и  тие најсрдечно се молеле да бидат надарени со сила која Христос им ја ветил. Тогаш Светиот Дух се излеал на нив, и илјадници души се преобраќале во еден ден.

Така може да биде и сега. Наместо човечки шпекулации, нека се проповеда Божјото Слово. Нека христијаните ги отфрлат нивните раздори и нека се предадат на Бога за спасување на изгубените. Нека со вера го бараат ветениот благослов, и тој ќе дојде.

Ревноста за Бога ги поттикнала учениците да сведочат за вистината со сила. Зарем не треба оваа ревност да ги распламти нашите срца со одлучност да говориме за Христа распнатиот и за Неговата спасоносна љубов?“ – My Life Today, p. 61.

 в.     Под кои услови ќе ја добиеме оваа сила? Јоил 2:15-17.

 „Само оние кои постојано примаат нови залихи на духовни благослови ќе располагаат со сила која ќе биде пропорционална со нивната секојдневна потреба и нивната способност да ја употребат таа сила. Наместо да се надеваме во иднина на некое посебно време кога со посебен дар на духовна сила ќе примиме чудесна оспособеност за придобивање на души, тие секојдневно се предаваат на Бога за да ги направи садови соодветни за Негова употреба. Тие ја користат секоја можност која им се пружа за работа; и вредно работат за Учителот каде и да се наоѓаат, дали во некој скромен делокруг на работа, во домот или на полето на јавната дејност.“ – My Life Today, p. 60.

Среда                                                                                           5. септември

  1. ВЕТУВАЊЕ ЗА НАС ДЕНЕС

 а.     Кое ветување ни е дадено денес во врска со посебната сила на Светиот Дух? Јоил 2:23.

„Вистина е дека во последно време, при завршувањето на Божјото дело, искрените напори на посветените верници под водство на Светиот Дух ќе бидат придружувани со посебни знаци на божествено одобрување. Со симболичната претстава на раниот и позниот дожд, кој во источните земји паѓа за време на сеидбата и жетвата, еврејските пророци претскажале излевање на духовна благодат врз Божјата црква во извонредна мера. Излевањето на Духот во времето на апостолите претставувало почеток на раниот или првиот дожд и тоа донело величествени резултати. Со своето присуство Светиот Дух до крај ќе биде сила на вистинската Божја црква.

Но пред крајот на земната жетва е ветено посебно излевање на духовна благодат со цел црквата да се приготви за доаѓањето на Синот човечки. Тоа излевање на Духот се споредува со позниот дожд. И токму за таа додатна сила христијаните треба да Му упатуваат свои молитви на Господарот од жетвата ‘во време пролетно’. Како одговор на нивните молитви, ‘Господ ќе светне со молскавица и ќе ви даде обилен дожд’, ‘пролетен дожд и есенски дожд, како и порано’ (Захарија 10:1; Јоил 2:23).“ – Делата на апостолите, 54.55.

 б.    Какво дело е проречено од Јован? Откровение 18:1. Како можеме денес да учествуваме во работата на четвртиот ангел?       

„Светиот Дух делува на срцето на секој поединец; и оние кои ќе одговорат на Неговото влијание ќе станат запалени светилки во овој свет. Насекаде се гледаат како брзаат примената светлина да ја пренесат и на другите, како што тоа го правеле и оние по слегувањето на Светиот Дух на денот на Педесетница. И додека така примената светлина ја пренесувале на другите, тие примале сѐ повеќе и повеќе сила на Духот. Земјата била осветлена со Божјата слава…

Стотици и илјадници можат да се видат како ги посетуваат семејствата и им го отвораат пред нив Божјото Слово. Срцата беа осведочени со силата на Светиот Дух, и насекаде се покажува дух на вистинско преобратување. На сите страни беа отворени вратите за објавување на вистината. Светот како да беше целосно осветлен со небесно влијание.“ – My Life Today, p. 63.

Четврток                                                                      6. септември

  1. МОЛИТВА ЗА СВЕТИОТ ДУХ

 а.     Со оглед на времето во кое живееме, што Бог сака за нас денес? Захарија 10:1.

 „Доцниот дожд, кој прави да созрее земната жетва, ја претставува духовната благодат која ја подготвува црквата за доаѓањето на Синот човечки. Но, доколку не паднал раниот дожд, нема да има живот; нема да се појави онаа нежна зелена тревка. Ако раниот дожд не го изврши своето дело, доцниот дожд не може ништо да придонесе за усовршување на семето…

Мора да постои развој на христијанска доблест, постојан напредок во христијанско искуство…

Само оние кои живеат според светлината која веќе ја примиле можат да очекуваат да добијат поголема светлина. Ако секојдневно не напредуваме во развивање на христијански доблести, нема да ја препознаеме манифестацијата на Светиот Дух во доцниот дожд. Тој може да паѓа на сите срца околу нас, но ние нема да го препознаеме, ниту ќе го примиме.“ – Testimonies to Minis­ters, pp. 506, 507. 

„Нека, со скрушени срца, најсериозно се молиме сега, во времето на доцниот дожд, да се излее на нас изобилна благодат. На секое богослужение на кое присуствуваме, нашите топли молитви треба да се воздигаат кон Бога за да им даде топлина и влага на нашите души. Додека бараме од Бога сила на Светиот Дух, Тој ќе развива во нас кротост, понизност и зависност од Бога за доцниот дожд кој го завршува делото. Ако се молиме за благословот со вера, ние ќе го примиме како што ветил Бог.“ – Testimonies to Minis­ters, pp. 509.     

 Петок                                                                      7. септември

 ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

  1. Зошто нам повеќе ни е потребна силата на Светиот Дух отколку на учениците?
  2. Што можеме да научиме од искуството на учениците во подготовката за излевањето на Светиот Дух?
  3. Наместо да гледаме во иднина, кога со помош на посебен дар на духовна сила ќе бидеме чудесно оспособени за придобивање на души, што треба да правиме денес?
  4. Како стануваме светлина на светот? Што ќе се случи кога ќе дозволиме нашата светлина да светли?
  5. Која е целта на раниот дожд? Како тоа се однесува на доцниот дожд?
Сподели го ова:

Слични објави