1. Што е молитва?

Сподели го ова:
  1. лекција         Сабота, 7. јули 2018.

 Што е молитва?

 „Чуј го гласот на мојот повик, Царе мој и Боже Мој, зашто Тебе Ти се молам“ – Псалм 5:2.

 „Молитвата е отворање на срцето пред Бога како на пријател.“ – Патот кон Христа, 93.

 ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ:                            Патот кон Христа, 93-104.

 

Недела                                                                                          1. јули

 

  1. РАЗГОВОР СО БОГА

 а.     Како нашите прародители разговарале со Бога, и како гревот ја прекинал оваа комуникација? Битие 1:27-30; 3:8-10; 1 Тимотеј 2:5.

 „По престапот на Адам, Господ повеќе не зборувал директно со човекот; човечкиот род е предаден во рацете на Христос, и целата комуникација со светот се одвивала преку Него.“ Fundamentals of Christian Education, p. 237.  

б.   Каква привилегија Бог ни дал, така што ние, кои сме грешници, можеме и понатаму слободно да комуницираме со Него? Јован 16:23 (последен дел), 24; Матеј 7:7.8.

 „Молитвата е дишење на душата. Тоа е тајна на духовната сила. Ниту едно друго средство на милост не може да го заземе нејзиното место. Таа го чува душевното здравје. Молитвата го доведува срцето во непосреден контакт со Изворот на животот, и ги јакне жилите и мускулите на религиозното искуство. Ако молитвата се занемари, ако набрзина се извршува од време на време, како ни е угодно, ќе ја изгубиме својата потпорка во Бога, ќе ја изгубиме животната сила на духовните способности и нашето верско искуство нема да има здрава сила…

Само ако гледаме на Исуса, со желба да станеме слични на Него, само ако чувствуваме жед и глад за Неговата правда, и само ако тоа го бараме во искрена молитва, Бог ќе ја исполни желбата на нашето срце.

Божјите гласници мораат долго да останат во молитва со Него, ако сакаат да имаат успех во својата работа.“ Gospel Workers, pp. 254, 255.

Понеделник                                                                                         2. јули

 КОМУНИКАЦИЈА НЕОПХОДНА ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

 а.     Бог сака да бидеш Негов пријател. Кои три аспекти се основа за овој однос? Јован 15:13-15.

„Дружењето со било која личност, колку и да е ограничено, има влијание на нас. До кој степен ќе бидеме под ова влијание зависи од степенот на блискост, од тоа дали постојано сме во нејзино друштво, како и од тоа колку ја сакаме и почитуваме таа личност. Така запознавајќи се и дружејќи се со Христа ние можеме да станеме слични на Него, Кој е совршен пример.

Неискажливо е драгоценото дружење со Исуса! Ние сме во можност да се дружиме со Него – доколку сакаме, доколку сме подготвени да поднесеме секаква жртва за тоа.“ – 5 Сведоштво, 222.223.

б.    На колку луѓе Бог им нуди ваков однос? Јован 3:16. Именувај личност која ја прифатила понудата да биде Божји пријател. Јаков 2:23.

 в.     Како обично започнува пријателството? Изреки 18:24. Иако послушноста на Бога ќе биде доказ на нашето пријателство со Него (Јован 15:14), која постапка е потребна за изградба на тоа пријателство? Филипјаните 4:6.

 „Нашиот небесен Татко чека да го излее врз нас изобилството на Свои благослови. Наша предност е што можеме обилно да пиеме од изворот на бескрајната љубов. Зарем не е тогаш чудно што толку малку се молиме? Бог е подготвен и желен да ја чуе искрената молитва на своето најскромно дете, но сепак е очигледно дека ние се притеснуваме да Му ги изнесеме нашите потреби. Што можат да мислат небесните ангели за бедните беспомошни човечки суштества кои се соочуваат со искушенија, за суштествата кон кои Божјото срце чувствува безгранична љубов и е готово да им подари повеќе отколку што би можеле да побараат или замислат, а кои толку малку се молат и имаат толку малку вера! На ангелите им е мило да се поклонуваат пред Бога; тие сакаат да бидат блиску до Него. Тие разговорот со Бога го сметаат за најголема радост; но сепак синовите на оваа Земја, на кои толку многу им треба помош, која само Бог може да им ја даде, како да се задоволни што одат без светлината на Неговиот Дух, без придружба на Неговото присуство.“ – Патот кон Христа, 94.

Вторник                                                                                      3. јули

 

  • ЦЕЛОСНО ПРЕДАВАЊЕ

 а.     Колку пати Исус се молел во Гетсиманија за истиот проблем? Дали зборовите на Неговата молитва се менувале? Матеј 26:39.42.44.

  „Три пати ја изговорил оваа молитва. Три пати човечката природа се набрала пред таа последна, највозвишена жртва. Сега, пред Откупителот на светот се покажала историјата на човечкиот род. Видел дека кога престапниците на законот би биле препуштени сами на себе, би морале да пропаднат. Ја видел човечката беспомошност и силата на гревот. Пред него се појавувале несреќите и тажењето на осудениот свет. Гледајќи ја претстојната судбина на светот, Тој ја донел Својата одлука. Тој ќе го спаси човечкиот род по секоја цена за Него. Го прифатил крштевањето со крв, за преку него милиони луѓе кои пропаѓаат, да стекнат вечен живот. Ги напуштил небесните дворови, каде што владее чистота, среќа и слава, за да спаси една загубена овца, еден свет, кој паднал поради престапот. Затоа нема да се откаже од Својата мисија. Ќе стане жртва на помирување за да го спаси родот кој самоволно го прифатил гревот. Сега Неговата молитва покажува само покорност: ‘Ако не е можно да Ме одмине оваа чаша, а да не ја пијам, тогаш нека биде Твојата волја’“ – Копнежот на вековите, 690.

б.    Како Исус се потчинил на Отецот? Матеј 26:39 (последен дел). Дали Отецот одговорил на Исусовата молитва како би го спасил од смртта на крстот? Матеј 26:45.46; Римјаните 8:32 (прв дел).

в.     Што можеме да научиме од Исусовата молитва и предавањето? Јаков 4:6-8.

„Тешко ни е да се покориме и да го распнеме своето ‘јас’; но кога тоа дело во потполност ќе го предадеме на Бога, на Оној кој ги знае нашите слабости и нашата грешност, Тој на најдобар можен начин ќе нѐ донесе до посакуваните резултати. Со постојана борба и едноставна вера Енох одел со Бога. Сите ние можеме да го сториме истото.“ – The Review and Herald, June 22, 1886.

„Господ ќе го заврши Својот дел на работата ако човечките орудија се потчинат на контролата на Светиот Дух. Ако на Бога го посветиме телото, душата и духот, Тој ќе го направи она што го рекол – ќе им се открие на сите оние кои Го бараат.“ – Manuscript Releases, vol. 10, pp. 96, 97.

Среда                                                                                                    4. јули

 ИСТРАЈНА МОЛИТВА ВО ТЕШКОТИИ

а.     За што се молел Јаков додека се враќал во домот на својот татко во Палестина, кога слушнал дека Исав доаѓа пред него со 400 луѓе? Битие 32:9-11.

 б.    Откако на Исав му пратил дарови да го смири, како Јаков повторно ги изложил пред Бога своите стравови и грижи? Осија 12:4. Каква истрајност и одлучност покажал Јаков? Битие 32:24-31.

„Само што пристигнале до потокот Јавок, се спуштила ноќ и Јаков своето семејство го пратил на другата страна од плиткиот поток, а тој останал сам. Решил ноќта да ја помине на молитва и сакал да биде сам со Бога. Бог би можел да го скрши и да го разнежни срцето на Исава. Патријархот во тоа гледал единствена своја надеж.“ Патријарси и пророци, 196.  

в.     Како Бог, одговарајќи на молитвата на Јаков, ги изменил двајцата, и Јаков и Исав? Битие 32:31; 33:4.

„Сега на Јакова јасно му стоела пред очи заблудата што го навела со измама да се добере до правото на првородството. Тој немал доверба во Божјите ветувања, туку се напрегал со лични напори да го оствари она што Бог секако би го извршил во свое време и на свој начин. Како доказ дека му е простено сѐ, неговото име, кое до тогаш го потсетувало на сторениот грев, е заменето со ново име што требало да ја овековечи неговата победа. ‘Од сега името нема да ти биде Јаков, туку Израел, зашто храбро се бореше и со Бога и со луѓето и победи.’

Јаков го добил благословот за кој му копнеела душата…

Додека Јаков се борел со ангелот друг небесен весник бил пратен кај Исава. Исав на сон го видел својот брат кој дваесет години како изгнаник бил одвоен од татковото огниште; бил очевидец на неговата болка што при своето враќање не може да ја затече мајка си жива; го видел опкружен со војска на Божји ангели. Овој сон Исав им го раскажал на своите војници и им наредил на Јакова да не му прават никакво зло, зашто со него е Бог на нивните татковци.“ Патријарси и пророци, 197.198.

 Четврток                                                                                    5. јули

 ВИСТИНСКАТА ЗАЕДНИЦА ГО МЕНУВА ЖИВОТОТ

 а.     Што Бог знае за нас? Матеј 6:8 (последен дел). Која е нашата најголема потреба? Езекиел 36:26.27.

 „Промената што ни е потребна е промена на срцето, а таа може единствено да се постигне со поединечно барање на благослови од Бога, преколнувајќи Го за Негова сила и срдечно молејќи Го Неговата благодат да слезе на нас како нашите карактери би можеле да бидат преобразени. Ова е промената која нам ни е потребна денес, а со цел да го постигнеме ова искуство треба да користиме неисцрпна енергија и да покажеме срдечна сериозност.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 187.

б.    Како можеме да бидеме сигурни дека Бог има подготвен одговор пред да се помолиме? Исаија 65:24; Матеј 6:8. Каква е Божјата цел во молитвата? Јован 14:13.14.

„Молитвата е отворање на срцето пред Бога како на пријател. Не затоа што би било неопходно да Му откриеме што сме, туку да се оспособиме себеси да Го примиме. Молитвата не Го симнува Бога кај нас, туку нас нè воздигнува кај Него.“ – Патот кон Христа, 93.

„Молитвата нема за цел да предизвика некоја промена кај Бога; таа нѐ доведува во склад со Бога. Таа не ги заменува извршувањата на должностите.“ – The Youth’s Instructor, August 18, 1898.

 Петок                                                                                             6. јули

 ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што ни се случува ако го запоставиме редовниот разговор со Бога преку молитва?
2. Зошто молитвата е потребна за развој на пријателството со Бога?
3. Опиши го Исусовото искуство во Гетсиманија, кога се потчинил на волјата на својот Отец?
4. За кого Јаков се молел додека се борел со ангелот?
5. Зошто молитвата ни е толку потребна кога Бог веќе знае сѐ за нас?

Сподели го ова:

Слични објави