9.Подготовка
9. лекција Сабота, 26. август 2017.
Подготовка
„Трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа.“ – Евреите 12,14.
„Дали со своите разговори и со светиот живот им докажуваме на оние кои се околу нас дека ја очекуваме величествената појава на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.“ – Рани списи, 111.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 217-228, 743-746.
Недела 20. август
1. ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ВООБИЧАЕНИТЕ СТАПИЦИ
а. Која опасна лага таканаречениот религиозен свет денес сѐ повеќе ја научува, и како Писмото ја побива? Јаков 2,14.20-22. 24.
„Од проповедалниците денес се изговараат зборовите: ‘Верувајте, само верувајте. Имајте вера во Христа; немате никаква обврска кон древниот закон, само верувајте во Христа’. Колку ова се разликува од зборовите на апостолот кој изјавува дека верата без дела е мртва.“ – Faith and Works, p. 89.
„Желбата за една лесна вера која не бара никаков напор, самосовладување, ниту пак раскинување со лудостите од овој свет, ја направила науката за верата и самата вера, популарна доктрина; но што кажува Божјото Слово?… (Јован 2,14.21.22.24).
Сведоштвото на Божјото Слово е спротивно на ова лажно учење за верата без дела. Да се бара небесна наклоност, а да не се исполнуваат условите под кои е понудена милоста – тоа не е вера, туку дрскост; зашто вистинската вера има свој темел во ветувањата и во прописите на Светото писмо.
Нека никој не се лаже верувајќи дека може да стане свет додека намерно престапува еден од Божјите услови. Гревот што свесно го правиме го замолкнува гласот на Светиот Дух и ја одделува душата од Бога. ‘Гревот е беззаконие’ – престап на законот. А ‘секој што греши, (го престапува законот), не Го видел, ниту Го познал’ (1. Јованово 3:4, 6).“ – Големата борба, 472.
Понеделник 21. август
2. ВИСТИНСКО ПРИФАЌАЊЕ НА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
а. Кои се првите чекори кон вистинското спасение? Дела 2,37.38; Римјаните 5,1.
„Додека го гледаме Божјото Јагне на крстот на Голгота, на нашиот ум почнува да му се открива тајната на откупувањето и Божјата добрина почнува да нè води на покајание. Умирајќи за грешниците, Христос покажал несфатлива љубов; и додека грешникот ја согледува таа љубов, истата го омекнува неговото срце, влијае врз умот и душата ја прави понизна.“ – Патот кон Христа, 26.27.
„Во покајанието е вклучена жалост поради гревот и одвојување од него. Ние нема да го отфрлиме гревот ако не ја увидиме неговата расипаност; сè додека нашето срце не се откаже од него, нема да има никаква вистинска промена во нашиот живот.“ – Патот кон Христа, 23.
б. Која важна вистина е од пресудна важност за Христовите следбеници? Евреите 12,14; 1 Петрово 1,13-16.
„Светост е согласност со Божјата волја.“ – 5 Сведоштво, 743.
„Кога грешникот обратувајќи се ќе најде мир со Бога преку крвта на помирувањето, тогаш само што започнал христијанскиот живот. Сега тој треба да ‘дојде до совршенството’, да порасне ‘до мера на возраста на Христовата полнота’ (Ефесјаните 4:13).“ – Големата борба, 472.
„Преку Христовите заслуги и Неговата правда која ни се припишува преку вера, треба постојано да го усовршуваме својот христијански карактер. Наша задача за секој ден и секој миг е изразена во зборовите на апостол Павле: ‘Имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус’ (Евреите 12,2)…
Откривањето на Божјата љубов, Неговата милост и добрина и делувањето на Светиот Дух кој го просветлува и обновува нашето срце, преку верата нѐ доведува во тесна врска со Христа. Имајќи толку јасна претстава за Неговиот карактер, ние ќе бидеме во состојба да ги распознаеме мајсторските измами на сатаната…
Браќа и сестри, додека го гледаме сето ова ние се менуваме. Размислувајќи за љубовта на небесниот Отец и нашиот Спасител, набљудувајќи го совршенството на Божјиот карактер и барајќи ја со вера Христовата правда, ние ќе се трансформираме во истиот лик.“ – 5 Сведоштво, 744.
Вторник 22. август
3. ОСТВАРЛИВА ЦЕЛ
а. Кој е Божјиот план за нас во нашата подготовка да се сретнеме со нашиот Господ во мир? Матеј 5,48; Псалм 101,2.
„Додека Христос го чисти светилиштето, верниците на земјата треба внимателно да го разгледаат нивниот живот, и нивниот карактер да го споредат со мерилото на правдата. Кога ќе ги видат нивните недостатоци, тие треба да побараат помош од Божјиот Дух да ги оспособи да имаат морална сила да се спротивстават на искушенијата на сатаната, и да го достигнат совршенството на стандардот. Тие можат да бидат победници токму над она искушение кое им се чини премногу силно за да може човекот да го поднесе; бидејќи божествената сила мора да се соедини со човечките напори.“ – Reflecting Christ, p. 296.
„Против вкоренетите гревови треба да се бориме и да ги победиме. Непожелните црти на карактерот, без разлика дали се наследени или негувани, треба да се земат одделно и да се споредат со големото правило на праведноста, и во светлината која се рефлектира од Божјата реч, истите треба да се отфрлат и победат преку Христовата сила.“ – Christian Education, p. 113.
б. Зошто треба да се стремиме кон совршенство одејќи во светлината на Божјата откриена волја? 1 Коринтјаните 9,24.25; Филипјаните 3,12-14.
„Да одиш во светлина значи да донесеш одлука дека ќе планираш, дека ќе се послужиш со силата на волјата во искреното настојување да го претставиш Христа со убавината на својот карактер. Тоа значи да се отфрли секоја намуртеност. Ти денес треба да бидеш задоволен што можеш да кажеш: ‘Јас сум Божјо дете.’ Дали гледајќи на Исуса, дали преку гледање се менуваш во Неговиот лик? Да одиме во светлина значи да напредуваме и да се развиваме во духовните дострели.“ – Sons and Daughters of God, p. 200.
„Без оглед на грешките или пропустите од минатото, ние можеме со Божја помош да се издигнеме над нив.“ – The Ministry of Healing, p. 516.
в. Што им е ветено на оние кои копнеат за вистинска морална правда? Ефесјаните 3,16; Матеј 5,6.
Среда 23. август
4. СЕРИОЗНА СИЛА ЗА НАШАТА ИТНА ПОТРЕБА
а. Како единствено можеме да бидеме оспособени да опстанеме во завршната борба? Еремија 15,16.
„Само оние кои го утврдиле умот со библиските вистини ќе можат да се одржат во последниот голем судир.“ – Големата борба, 593.594.
б. Како поголемата посветеност во нашите побожни навики подобро да ја запознаеме Божјата волја може да ни биде од корист? 1 Јованово 5,14; Псалм 119,129-131.
„Сведоштвата не се читаат и не се ценат. Бог ви говореше. Од Словото и од сведоштвата зрачеше светлина, но и двете се омаловажуваат и запоставуваат. Резултатот е очигледен во недостаток на чистота и посветеност и искрена вера меѓу нас.
Секој во своето срце нека си го постави прашањето: ‘Како западнавме во ваква состојба на духовна слабост и раздор? Зарем не го навлековме врз себе Божјиот гнев, бидејќи нашите постапки не соодветствуваат со нашата вера?“ – 5 Сведоштво, 217.
„Чувајте се да не ја занемарите тајната молитва и проучувањето на Божјото Слово. Ова е вашето оружје против оној кој сака да го попречи вашиот напредок кон небото. Првото занемарување на молитвата и проучувањето на Библијата го олеснува второто занемарување.“ – Messages to Young People, p. 96.
в. Зошто е од клучна важност да покажеме сесрдна, сто процентна послушност на Божјата волја, јасно откриена во пишана форма од страна на Вдахновението? Јаков 1,21-25.
„Сатаната мнозина наведува да веруваат дека Бог го превидува неверството во малите нешта од животот. Но, со Својата постапка… Господ покажува дека Тој во никој случај не го одобрува ниту го трпи злото. Сите што се трудат своите гревови да ги оправдаат или прикријат и што дозволуваат тие да останат во небесните книги неисповедани и непростени, ќе бидат совладани од сатаната.“ – Големата борба, 620.
„Бог силно работи за оние кои Му се верни и кои Неговото Слово го прифаќаат без расправање или сомнеж.“ – 4 Сведоштво, 164.
Четврток 24. август
5. ПОДЛОЖНИ НА ЧИСТЕЊЕ
а. Објаснете го процесот на посветување? 1 Јованово 3,1-3; Евреите 5,12-14; 6,1.
„Послушноста на човекот може да се усоврши единствено со Христовата праведност, која со својот божествен мирис го исполнува секој чин на послушност. Христијанинот од своја страна е должен истрајно да победува секој свој недостаток…
Од ден на ден Бог постојано ги посветува и ги облагородува луѓето, но и човекот мора да соработува со Него, трудејќи се истрајно кај себе да развива добри навики… Спасителот секогаш е подготвен да ја чуе и да ја прими молитвата на скршеното срце, и кај Неговите верници постојано ќе се умножуваат милоста и мирот. Тој со задоволство им ги дава благословите, толку неопходни во нивната борба против злото на кое постојано се изложени.“ – Делата на апостолите, 532.
б. Зошто е мошне важно во својата тврдоглавост да не се спротивставуваме на овој процес? Ефесјаните 4,30.
„Првиот отпор на молбите на Духот го подготвува патот за вториот отпор. На тој начин срцето отврднува, а совеста отапува.
Од друга страна, секое спротивставување на искушението го прави спротивставувањето полесно. Секое самоодрекување го прави самоодрекувањето полесно. Секоја победа го подготвува патот за нова победа. Секое спротивставување на искушението, секое самоодрекување, секоја победа над гревот претставува семе кое се сее за вечен живот.“ – Messages to Young People, p. 96.97.
Петок 25. август
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која лажна идеја многуте таканаречени христијани ги води во претпоставка?
2. Како можам да препознам дали моето ниво на покајание е премногу плитко?
3. Како можам да бидам сигурен дека Бог е навистина подготвен да ми помогне да ги победам своите недостатоци?
4. Колку време поминувам со Сведоштвата во споредба со другите книги?
5. Објасни го методот со кој Бог нѐ поттикнува да сееме семе за вечен живот?