8. Личен однос со Исуса

Сподели го ова:

8. лекција Сабота, 19. август 2017.

Личен однос со Исуса

„И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и „И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото.“ – 2 Коринтјаните 5,17.

„Кога ќе се свртиме кон Сонцето на правдата, кога ќе дојдеме во допир со Христа, целата душа е огреана со светлината на божествената присутност.“ – Мисли од гората на блаженството, 40.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Здравје и среќа, 81–85;
Selected Messages, bk. 1, pp. 40–48.

Недела 13. август

1. СВЕТЛИНАТА СВЕТИ СРЕДЕ ТЕМНИНАТА

а. Како Светото Писмо ја опишува нашата безнадежна состојба? Јов 14,4; Римјаните 3,23; 8,7.

„Ние не можеме сами да се избавиме од понорот на гревот во кој сме паднале. Нашите срца се грешни и ние не можеме да ги промениме.“ – Патот кон Христа, 18.

„Многумина се несреќни затоа што се несвети. Бог може да ја благослови само чистотата на срцето и невиноста на умот. Кога гревот се негува, од тоа не може да произлезе ништо друго освен несреќа.“ – 6 Сведоштво, 53.

б. Што Бог, во Својата голема љубов и милост, ни открил за овие последни денови, и како тоа треба практично да влијае на нашиот живот? Римјаните 3,24-26; 8,1-4.

„Нашиот Господ и Спасител го напуштил своето царство, богатство и слава и нѐ побарал нас; за да може да нѐ спаси од бедата и да нѐ направи слични како Него. Тој се понижил и ја примил нашата природа за да бидеме во можност да учиме од Него и, имитирајќи го Неговиот живот на добрина и самоодрекување, да Го следиме чекор по чекор до небото.“ – 2 Сведоштво, 170.

 

Понеделник 14. август

2. БОЖЈАТА ЉУБОВ КОН НАС

а. Објаснете ја комплетноста на планот на спасението. 1 Коринтјаните 1,30; 2 Коринтјаните 5,19-21.

„Заради спасение на изгубениот свет, Христос се дал Себеси како
жртва на помирување. Тој бил третиран како што ние заслужуваме, за да можеме ние да бидеме третирани како што Тој заслужува. Тој бил казнет заради нашите гревови во кои Тој немал удел, за да можеме ние да се оправдаме со Неговата правда, во која немавме никаков удел. Претрпел смрт, која беше наша, за да го примиме животот кој беше Негов. ‘Преку Неговите рани ние се исцеливме’ (Исаија 53:5).
Христос бил искушуван во сè, како и ние, и тоа од страна на оној кој некогаш верно стоел покрај Него во небесните дворови. Погледнете го Божјиот Син во пустината на искушенијата, во време на најголема слабост, под налет на најжестоки искушенија. Набљудувајте Го во годините на Неговата проповедничка служба, нападнат од секоја страна од страна на силите на злото. Погледнете го во Неговата агонија на крстот. Сето ова Тој го претрпел поради нас.“ – 8 Сведоштво, 208.209.

б. Кој може да ги искуси благословите на Божјата љубов? Матеј 11,28; Јован 6,37.

„Доаѓањето кај Христа не бара тежок ментален напор и страдање; тоа е едноставно прифаќање на условите на спасението кои Бог јасно ги изнел во Неговото Слово. Благословот е бесплатен за сите…
Тогаш можеме, повикувајќи се на име кое е над секое име, единственото име дадено на луѓето преку кое човекот може да се спаси, да се фатиме за Божјото ветување, велејќи: ‘Господи, прости ги моите гревови; ги ставам своите раце во Твојата рака за помош, и јас морам да ја добијам или ќе пропаднам. Сега верувам.“ – Selected Messages, bk. 1, pp. 333, 334.
„Длабокото чувство за нашата потреба и големата желба за работите што ги бараме треба да ги карактеризираат нашите молитви, во спротивно тие нема да бидат слушнати. Но ние не треба да се измориме и да престанеме со нашите молби бидејќи одговорот не сме го добиле веднаш. ‘Царството небесно насила се зема и силните го грабаат’ (Матеј 11,12). Под насилство овде се подразбира света сериозност која ја покажал Јаков. Ние не треба да се обидуваме да предизвикаме интензивни чувства, туку смирено и упорно да ги изнесуваме нашите молби пред престолот на благодатта.“ – That I May Know Him, p. 272.

Вторник 15. август

3. НОВ ЖИВОТ ВО ХРИСТА

а. Кои нови ставови и однесувања стануваат очигледни додека веруваме во Исуса? 2 Коринтјаните 5,17; Галатјаните 5,6; Филипјаните 2,12.13.

„Верата која нѐ доведува во жив допир со Христа од наша страна мора да вклучува врвен приоритет, совршена доверба и целосна посветеност. Оваа вера работи преку љубов и ја чисти душата. Таа во животот на Христовиот следбеник доведува до вистинска послушност на Божјите заповеди; љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето ќе биде резултатот од живата врска со Христа.“ – Selected Messages, bk. 1, pp. 334.
„Ништо освен божествената сила не е во состојба да го обнови човечкото срце и да ја исполни душата со Христовата љубов, која секогаш ќе се манифестира со љубов кон оние за кои Тој умрел… Кога човек ќе се обрати кон Бога, добива нов морален вкус, добива нова погонска сила, и тој ги сака работите кои Бог ги сака…
Но оние кои очекуваат дека ќе видат магична промена во нивниот карактер без одлучен напор од нивна страна да го надвладеат гревот, ќе бидат разочарани. Додека гледаме во Исуса немаме причина да се плашиме, немаме причина да се сомневаме дека Тој е во состојба да го спаси секој оној кој доаѓа кај Него; но секогаш треба да се плашиме нашата стара природа повторно да не добие превласт, дека непријателот ќе измисли некоја замка при што повторно ќе станат негови заробеници.“ – Selected Messages, bk. 1, pp. 336, 337.

б. Која длабока желба постојано треба да го исполнува срцето на секој верник, и како тоа може постојано да влијае на нас? Јован 15,4.5.10; Римјаните 6,6.10.11.

„Тоа единство со Христа, еднаш воспоставено, мора да се одржува… Тоа не е никаков случаен допир, никаква минлива врска…
Да се биде во Христа значи постојано да се прима Неговиот Дух, значи да се живее живот на безусловна преданост на Неговата служба.“ – Копнежот на вековите, 525 (676).
„Ако правилно се служите со својата волја, може да се случи целосна промена во вашиот живот. Ако својата волја му ја потчините на Христа, ќе се соедините со силата која е над сите поглаварства и власти. Ќе имате сила одозгора да останете постојани и така со постојано покорување на Бога ќе бидете оспособени да живеете нов живот, живот на вера.“ – Патот кон Христа, 48.

Среда 16. август

4. РАСТЕЊЕ ВО БЛАГОДАТТА

а. Кога срцето се предава на Христа во молитва за Негово просветлување, каква промена се случува во карактерот? Галатјаните 5,22.23; Псалм 119,18.

„Гледајќи, ние се менуваме; и додека размислуваме за совршенството на божествениот модел, ќе посакаме повторно да се трансформираме и да бидеме обновени според сликата на Неговата чистота. Трансформацијата во карактерот настапува преку верата во Божјиот Син, а детето на гневот станува Божјо дете. Тој преминува од смрт во живот; станува духовен и проникнува во духовните работи. Божјата мудрост го просветлува неговиот ум, и тој ги согледува чудесните работи содржани во Неговиот закон. Кога човекот бива обратен од вистината, делото на трансформацијата на карактерот продолжува. Тој прима поголема способност за разбирање. Станувајќи човек на послушност кон Бога, тој го има Христовиот ум и Божјата волја станува негова волја.“ – Selected Messages, bk. 1, pp. 338.

б. Зошто срцето кое е отворено за проучување и размислување на Библијата и Духот на пророштвото е важен фактор во овој процес? Псалм 119,24-27.

„Во опасност се наоѓаат не само оние кои отворено ги отфрлаат сведоштвата или кои се сомневаат во нив. Да се занемарува светлината значи да ја отфрлиш.“ – 5 Сведоштво, 680.

„Псалмистот вели: ‘Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја’ (Псалм 119,105). Но тоа не е случај кога не го отвораме и не го читаме.“ – The Review and Herald, January 4, 1881.
„Гледајќи постојано на Исуса со окото на верата ние стануваме посилни. Бог ќе му даде најдрагоцени откровенија на својот гладен и жеден народ. Таквиот ќе увиди дека Христос е личен Спасител. Кога се хранат со Неговата Реч, луѓето увидуваат дека таа е дух и живот. Речта ја уништува вродената земна природа и дава нов живот во Исуса Христа. Светиот Дух доаѓа како Утешител на душата. Со помош на Неговата благодат што преобразува, во ученикот се репродуцира Божјиот лик и тој станува ново создание. Љубовта доаѓа на местото на омразата, а срцето станува слично на Бога. Тоа значи да се живее ‘од секој збор што излегува од Божјата уста’ (Матеј 4,4). Тоа значи да се јаде Лебот што слегува од Небото.“ – Копнежот на вековите, 391.

Четврток 17. август

5. РЕФЛЕКТИРАЊЕ НА СВЕТЛИНАТА

а. Која е најитната потреба на овој мрачен свет? Матеј 5,14-16.

„Привилегија на секој човек е да стане жив канал преку кој Бог ќе може да комуницира со светото богатството на Својата милост, недостижното Христово богатство. Христос ништо не сака толку многу колку човечките орудија кои на светот ќе му го претстават Неговиот карактер и Неговиот Дух. На светот ништо не му е толку потребно колку манифестација на љубовта на Спасителот која ќе се покаже преку луѓето. Целото небо чека живи канали преку кои ќе може да се излева свето масло за да биде радост и благослов за човечките срца.“ – Христовите очигледни поуки, 419.

б. Што треба да биде во фокусот на нашиот живот, и какви резултати ќе бидат постигнати на тој начин? Галатјаните 2,20; Исаија 60,1-3.

„Да се пребива во Христа значи да се изберат само Христовите склоности, така што Неговите интереси стануваат твои. Остани во Него, како би можел да бидеш и да го правиш само она што Тој сака. Ова се условите кои мораш да ги исполниш ако сакаш да бидеш Негов ученик, и доколку не ги почитуваш, никогаш нема да пронајдеш мир.“ – Selected Messages, bk. 1, p. 110.
„Преку Светиот Дух, Божјата реч станува светлина која се претвора во преобразувачка сила во животот на примателот. Всадувајќи ги во нивните срца начелата на Божјата реч, Светиот Дух кај луѓето развива божествени особини. Светлината на Неговата слава, Неговиот карактер, треба да заблеска во Неговите следбеници.“ – Христовите очигледни поуки, 414.

Петок 18. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објасни ја неповолната ситуација во која се наоѓа човечкиот род, и што може да се направи во врска со тоа?
2. Зошто повремената врска со Христа не е доволна?
3. Што би му кажале на еден човек кој е разочаран во Евангелието?
4. Каква улога Библијата и Духот на пророштвото имаат во нашето посветување?
5. Објасни како твоето влијание може да стане извор на освежување за другите?

Сподели го ова:

Слични објави