6. Со голема сила и слава

Сподели го ова:

6. лекција Сабота, 5. август 2017.

Со голема сила и слава

„И ќе речат во тој ден: „Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нè спаси! Тој е Господ; Него Го чекавме; да се радуваме и веселиме за спасението од Него.“ – Исаија 25,9.

„Црните, заканувачки облаци, што го покриваат небесниот свод се разделуваат, и како некогаш Стефан, тие (Божјиот народ) втренчено гледаат во небото и ја гледаат Божјата слава и Синот човечки како седи на Својот престол.“ – Големата борба, 636.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 479–484; 641–645.

Недела 30. јули

1. НЕВЕРОЈАТНО ТЕШКО, ТЕШКО, ТЕШКО

а. Кога Христос ќе дојде, што ќе открие страшната реакција која ќе дојде врз оние кои ја презреле Неговата понуда за спасение? Откровение 6,15-17; Наум 2,10.

„Оние што ја отфрлиле Божјата милост ги обзема страв на вечен очај.“ – Големата борба, 641.
„Кога грешниците ќе бидат принудени да гледаат на Оној, кој го облекол Своето божество со човечка природа, и кој сѐ уште ја носи таа облека, нивната збунетост е неопислива. Крлушките ќе паднат од нивните очи, и тие ќе го согледаат она што пред тоа не го виделе. Ќе сфатат што можеле да бидат, ако го прифатиле Христа и ако ги искористиле можностите кои им биле понудени. Ќе согледаат дека законот кој тие го отфрлале е возвишен како и самиот Божји престол. Ќе согледаат дека и самиот Бог укажува почит кон Неговиот закон.“ – Коментари на библиските текстови, 631.

б. Што, всушност, ќе се случи со нив, и зошто? 2 Солунјаните 1,7-10; 2,8.

„Светлината на Божјата слава, која им дава живот на праведниците, ќе ги погуби грешниците.“ – Копнежот на вековите, 66 (108).

Понеделник 31. јули

2. СПЕЦИЈАЛНО ВОСКРЕСЕНИЕ

а. Од сите кои низ историјата отишле во своите гробови верувајќи во Бога, која група на верници веќе ќе биде воскресната непосредно пред Христовото доаѓање? Откровение 14,12.13; Даниел 12,1.2.

„Се појавија, темни, тешки облаци и се судираат еден со друг. Меѓутоа, на едно место се запазува сјај на неопислива слава од каде допира Божјиот глас сличен како жубор од многу води. Настанува голем земјотрес. Гробовите се отворија и оние кои умреле со вера во третата ангелска вест, држејќи ја саботата, излегоа од своите правливи кревети, прославени, за да го слушнат заветот на мирот кој Бог ќе го направи со оние кои го одржале Неговиот закон.“ – Рани списи, 285.

б. Кој од редот на непокајаните ќе воскресне непосредно пред второто Христово доаѓање? Матеј 26,62-64; Откровение 1,7.

„Оние што се потсмевале на Неговите зборови дека е Божји Син, сега се без зборови. Тука е гордиот Ирод кој се потсмевал на царската титула и им наредил на војниците кои му се потсмевале да го крунисаат за цар. Тука се истите оние луѓе кои со своите безбожни раце на Него го облекле во пурпурната наметка, на Неговото свето чело трнливиот венец а во Неговата рака подбивен жезол и се поклонувале пред Него со богохулни зборови. Луѓето што го удирале и го плукале Кнезот на животот, сега се кријат од Неговиот прониклив поглед и сакаат да побегнат од неподносливата слава на Неговото присуство. Оние што ги приковале Неговите раце и нозе со клинови и војникот што ги пробол Неговите ребра, овие рани ги гледаат со страв и со грижа на совест. 

Со ужасна јасност свештениците и старешините се сеќаваат на настаните од Голгота.“ – Големата борба, 643.

в. Во што ова специјално воскресение се разликува од воскресенијата кои се случуваат на Исусовиот глас? Јован 5,28.29. Спореди со Даниел 12,2 („многумина“ и „сите“).

Вторник 1. август

3. НЕИСКАЖЛИВ ВОСХИТ

а. Каква ќе биде првата реакција на сите смртници – вклучувајќи го и Божјиот малоброен верен остаток – додека го гледаат доаѓањето на величествениот Творец на вселената на престолот и во величествена слава? Еремија 30,6.

„Праведниците извикуваат со трепет: ‘Кој може да опстане?’ (Откровение 6:17). Песната на ангелите престанува и настанува период на ужасна тишина.“ – Големата борба, 641.

б. Која пријатна сигурност веднаш ги утешува срцата на оние кои искрено го очекуваат Господовото доаѓање? 2 Коринтјаните 12,9 (прв дел).

„Тогаш се слуша Исусовиот глас, велејќи: ‘Доста ти е Мојата благодат’ (2 Коринтјаните 12,9). Лицата на праведниците се осветлени, и секое срце се исполнува со радост; а ангелите, приближувајќи се сè повеќе до Земјата, уште повеќе го креваат својот глас и повторно пеат.“ – Големата борба, 641.

в. Што ќе кажат Христовите следбеници при доаѓањето на Оној во кого се насочени сите нивни надежи, и како тоа треба да нѐ мотивира денес? Исаија 25,9.

„На Своите верни следбеници Христос им бил секојдневен другар и близок пријател. Тие живееле во тесна врска, во постојана заедница со Бога. Врз нив навистина се покажала Господовата слава. Врз нив се одразувала светлината на познавањето на Божјата слава во лицето на Исуса Христа. А сега се радуваат за блескотните зраци и за славата и величеството на Царот над царевите. Тие се подготвени за заедница со Небото, зашто Небото веќе живее во нивните срца.
Со кренати чела, осветлени со светлите зраци на Сонцето на праведноста, радосни што наближува нивното избавување, тие излегуваат во пресрет на Младоженецот, радосно извикувајќи: ‘Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нè спаси’ (Исаија 25,9).“ – Христовите очигледни поуки, 421.
„Дали во мир се подготвуваме за средба со Спасителот, или сме обземени со световни работи и задоволства? Зарем нема да се трудиме да бидеме во бројот на оние ќе го дочекаат Христа?“ – The Signs of the Times, April 17, 1901.

Среда 2. август

4. ЧЕСНО НАПУШТАЊЕ НА ЗЕМЈАТА

а. Опишете го неверојатното чудо кое ќе се случи при воскресението на праведните? 1 Коринтјаните 15, 51-55.

„Синот Божји… ќе погледне кон гробовите на праведниците, и тогаш, подигајќи ги рацете кон небото, Тој извикува: “Разбудете се, разбудете се, разбудете се, вие кои спиете во правот, станете!” По целата должина и ширина на земјата, мртвите ќе го слушнат овој глас, и оние што ќе го чујат, ќе оживеат.“ – Големата борба, 644.

б. Како ова се однесува на истражниот суд на кој тие се нашле достојни за вечноста, и на какво размислување тоа треба да нѐ наведе? 1 Петрово 4,17-19; Лука 20,35 (прв дел). 36.

„Кога ќе се отворат судските книги, пред Бога ќе се испита животот на сите кои верувале во Исуса. Почнувајќи најпрвин со оние кои први живееле на земјата, нашиот Застапник ќе ги претстави случаите на секоја следна генерација, и ќе заврши со живите. Секое име ќе биде споменато, секој случај внимателно испитан. Некои имиња ќе бидат примени, а некои отфрлени…
Покрај имињата на оние кои вистински се покајале за своите гревови и кои со вера ја признале Исусовата крв како своја жртва на помирување, во небесните книги ќе биде забележано „простување“. Бидејќи станале учесници во Христовата правда и се утврдило дека нивниот карактер е во хармонија со Божјиот закон, нивните гревови ќе бидат избришани, а тие прогласени достојни за вечен живот.“ – Големата борба, 483.

в. Што ќе се случи со праведните, и оние кои се живи кога Исус се враќа, како и со оние кои ќе воскреснат на Неговиот глас? 1 Коринтјаните 15,49.

„На Божјиот глас тие (живите праведници) се прославени; сега стануваат бесмртни и со воскреснатите свети се земени во пресрет на Господа на небото.“ – Големата борба, 645.

 

Четврток 3. август

5. ПРВО И ВТОРО ВОСКРЕСЕНИЕ

а. Објаснете го времето на општото воскресение на праведните, и опишете ја радоста која го прати? Откровение 20,1-6 (повторно спореди со 1 Солунјаните 4,16.17).

„До тој триумфален час, кога ќе затруби последната труба и огромната војска ќе излезе на вечна победа, сите заспани свети ќе бидат на сигурно и сочувани како скапоцени камења кои Бог ги знае по име. Преку силата на Спасителот, кој живеел во нив додека биле живи, и затоа што биле соучесници во божествената природа, тие се воскреснати од мртвите.“ – The Faith I Live By, p. 185.

б. Проучувавме дека оние кои се виновни за распнувањето на Христос ќе воскреснат во специјално воскресение; кога остатокот на непокајаните ќе се соочи со својот Творец пред нивното конечно уништување, и зошто за ова треба трезвено да размислуваме? 1 Коринтјаните 6,3 (прв дел); Откровение 20,4.5.12-15.

„По истекот на илјада години, Христос повторно се враќа на Земјата. Тој е придружуван од мноштвото откупени и од ангелите. Откако ќе се спушти во својата сјајна величественост, Тој ги повикува мртвите грешници да станат и да ја слушнат својата конечна пресуда… Каков контраст меѓу нив и оние што станале во првото воскресение! Праведните се облечени во бесмртна младост и убавина. Грешниците ги носат трагите од болеста и смртта.“ – The Faith I Live By, p. 355.
„Од ден на ден Бог го испитува Својот народ. Вдахновеното Слово јасно кажува дека со нашите дела ние одлучуваме за нашата вечна судбина.“ – Manuscript Releases, vol. 1, p. 278.

Петок 4. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Кој веднаш по Христовото доаѓање на облаците ќе биде погубен, и зошто?
2. Кој воскреснува во специјалното воскресение, и која е неговата двојна намена?
3. Дали размислувам за она што пишува во Исаија 25,9, или се надевам дека Тој ќе го одложи тој момент?
4. Зошто истражниот суд мора да се случи пред Исус да дојде?
5. Зошто мора да поминат илјада години пред непокајаните да ја примат својата конечна пресуда?

Сподели го ова:

Слични објави