5. Исус навистина повторно ќе дојде!

Сподели го ова:

5. лекција Сабота, 29. јули 2017.

Исус навистина повторно ќе дојде!

„Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.“ – Јован 14,3.

„Една од најсвечените и најславни вистини откриени во Библијата е второто доаѓање на Христос, кој ќе дојде да го заврши големото дело на откупувањето.“ – Големата борба, 299.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Рани списи, 13-18, 285.286.

Недела 23. јули

1. ЕВЕ, ДОАЃА!

а. Според Библијата, какво ќе биде Исусовото доаѓање? Дела 1,11.

„За учениците, при Исусовото вознесување на небото, најдрагоцено нешто било тоа што Тој отишол од нив на небото во опиплива форма како нивен божествен Учител. Истиот Исус, кој одел, зборувал и се молел со нив… се вознел на небото во облик на човек. Сите небесни гласници ги уверувале дека истиот Исус кого го виделе како оди горе во небото, треба повторно да дојде на ист начин како што се вознел. Оваа сигурност секогаш била, и до крајот на времето ќе биде, надеж и радост за сите оние кои вистински го љубат Христа.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 3, p. 254.

 

б. Кој ќе може да го види Исусовото појавување? Откровение 1,7; Матеј 24,30.

„Тука ќе се наоѓаат и оние што Му се потсмевале и Го удирале. Свештениците и поглаварите повторно ќе ги видат сцените во судницата. Секоја подробност ќе се појави пред нив, како да е испишана со пламени букви. Тогаш оние кои викале: ‘Неговата крв нека биде врз нас и врз нашите деца,’ ќе добијат одговор на својата молба. Тогаш цел свет ќе дознае и ќе разбере.“ – Копнежот на вековите, 575 (739.740).

Понеделник 24. јули

2. ПРЕКРАСНА НАДЕЖ

а. Која е целта на Исусовото доаѓање, и како нашата доверба во овој прекрасен, ненадминат настан треба да влијае на нас? Јован 14,1-3.

„Оние кои навистина го сакаат Спасителот, не можат поинаку отколку со радост да ја поздрават пораката втемелена на Божјата Реч, дека Оној во кого се фокусирани сите нивни надежи на вечен живот, повторно ќе дојде, не да биде навредуван, презрен и отфрлен, како при Неговото прво доаѓање, туку во сила и слава, за да го откупи својот народ. Објавувањето на Христовото доаѓање и сега треба да биде, како и кога ангелите на пастирите од Витлеем им ја најавиле добрата вест за големата радост. Нема поубедлив доказ дека црквите се оддалечиле од Бога од огорченоста и непријателството која кај нив ги предизвикала оваа од Бога испратена порака.

Оние кои не го сакаат Спасителот сакаат Тој да остане далеку, и таквите желно го примаат сведоштвото кое го носат неверните слуги: ‘Господарот мој уште за долго време нема да дојде’ (Матеј 24,48). Додека одбиваат да го истражуваат Писмото за да дознаат дали е тоа навистина така, тие ја прифаќаат секоја бајка која ќе го одложи Христовото доаѓање во далечна иднина, или дека во духовна смисла исполнувањето се остварило при уништувањето на Ерусалим, или се одвива во мигот на смртта.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 4, p. 216.217.

б. Опишете ја сладоста на оваа надеж, и со што таа треба да биде тесно поврзана? Филипјаните 3,20.21.

„Вистините од пророштвата мошне тесно се поврзани, и додека ги проучуваме, тие формираат еден убав грозд на практична христијанска вистина. Сите наши проповеди треба јасно да откријат дека ние чекаме, работиме и се молиме за доаѓањето на Божјиот Син. Неговото доаѓање е нашата надеж. Оваа надеж треба да биде поврзана со сите наши зборови и дела, со сите наши дружења и односи.“ – Евангелизам, 171. 

„Оние што Го љубеле и го чекале Тој ќе ги круниса со слава, со чест и бесмртност. Мртвите праведници ќе излезат од своите гробови, а живите, заедно со нив, ќе бидат вознесени на облаци во пресрет на Господа. Тие ќе го чујат гласот на Исус, посладок и понежен од било која музика која некогаш допрела до увото на смртниците, како им вели: Вашата борба е завршена.“ – Делата на апостолите, 34.

Вторник 25. јули

3. НЕОПИСЛИВА СЛАВА

а. Кој знак на небото ќе го навести Христовото доаѓање? Марко 13,26.

„Набргу нашите очи беа привлечени кон исток, зошто еден мал црн облак се беше појавил отприлика како половина човечка рака, бидејќи сите знаеме дека тоа е знакот на Синот човечки. Сите во свечена тишина гледаме кон облакот како се приближува и станува сѐ посветол, пославен и повеличествен, за да конечно се преобрази во голем бел облак. Долната стана на облакот изгледаше како оган; над него беше виножито.“ – Spiritual Gifts, vol. 2, p. 32.

б. Објаснете ја трикратната слава при Христовото повторно доаѓање – имајќи го на ум местото каде Тој ќе се сретне со своите откупени. Дали Неговите стапала ќе ја допрат земјата при Неговото второ доаѓање? Лука 9,26 (последен дел); 1 Солунјаните 4,16.17.

„На облакот седеше Синот човечки. На главата имаше круни, косата му беше бела, кадрава и лежеше на рамениците. Нозете имаа изглед на оган, во десната рака беше остар срп, а во левата сребрена труба. Очите му беа како огнен пламен, Тој ги испитуваа своите деца до дното на душата. Тогаш сите лице пребледеа, а на оние што Бог ги беше отфрлил дури и станаа црни. Тогаш сите повикавме: Кој може да се одржи? Дали мојата облека е беспрекорно чиста? Тогаш ангелите престанаа да пеат, и за момент владееше ужасна тишина додека Исус прозборува: ‘Ќе опстанат само оние кои имаат чисти раце и чисто срце; Мојата благодат ви е доволна’. На овие зборови нашите лица станаа светли, и секое срце се исполни со радост. Ангелите повторно и тоа уште погласно пеат додека облакот сѐ повеќе се приближуваше кон Земјата. Потоа одекнува сребрената труба, додека Тој се спушта на облак, обвиткан во пламен од оган. Тој погледна на гробовите на заспаните свети, потоа ги подига очите и рацете кон небото и извикува: ‘Разбудете се! Разбудете се! Разбудете се! вие, кои спиете во прав, и станете. Тогаш имаше силен земјотрес. Гробовите се отворија и мртвите излегоа од нив облечени во бесмртност. 144.000 извикуваат, Алелуја! додека ги препознаваат своите пријатели кои смртта ги разделила од нив; и во истиот миг ние се преобразуваме и се издигаме заедно со нив да се сретнеме со Господа во воздухот. Сите заедно влеговме во облакот.“ – Spiritual Gifts, vol. 2, p. 32.33.

в. Што е поинаку во Христовото трето доаѓање после 1000 години, во споредба со Неговото второ доаѓање? Захарија 14,4 (види Рани списи, 17.18).

Среда 26. јули

4. СО СИЛА И ВЛАСТ

а. Што ќе се случи во природата при второто Христово доаѓање, и зошто? Откровение 6,14; Исаија 24,1-6.

„Бог сака Неговиот народ јасно да разбере дека ќе биде посетен според неговата послушност или престап. Злото и болестите се зголемуваат со секоја наредна генерација. Земјата страдала под проклетството кое човекот го донел врз неа поради постојаната непослушност.“ – Spiritual Gifts, vol. 4, p. 123.

„Царот над царевите се спушта на облак обвиткан со огнен пламен. Небесата се виткаат како свиток, Земјата се тресе пред Него, а секоја планина и остров се поместуваат од своите места.“ – Големата борба, 641.642.

б. Како пророштвото ги опишува Божјите казни кои наскоро ќе се истурат врз светот при Неговото доаѓање? Исаија 24,17-23.

„Грешниците со страв и ужас ги гледаат овие сцени, а праведните со свечена радост ги гледаат знаците на своето ослободување. Во природата се чини дека сè излегло од својот тек. Реките престануваат да течат. Темни, тешки облаци се собираат и судираат едни со други. Среде гневното небо се гледа едно место со неопислива слава од каде доаѓа Божјиот глас како шум од многу води, велејќи: ‘Се сврши!’ (Откровение 16:17). 

Овој глас ги потресува небесата и земјата. Настанува страшен земјотрес ‘каков никогаш не бил, откако се луѓето на земјата; таков земјотрес, толку силен’ (Откровение 16:18). Небото се отвора и повторно затвора. Славата на Божјиот престол како да свети слично на молња. Планините се тресат како трска на ветер, а на сите страни паѓаат одронети карпи. Се слуша татнеж на ураган како да наидува страшна бура. Морето удира бесно. Се слуша завивање на ураган како гласови на демони кога тргнуваат во поход на уништување. Сета земја се подига и се набира како морски бранови. Нејзината површина се распаѓа. Се чини дека нејзините темели попуштаат. Тонат планински венци. Исчезнуваат населени острови. Морските пристаништа кои по злото станале како Содом, исчезнуваат во разбеснетите води.“ – Големата борба, 636.637.

Четврток 27. јули

5. ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОЛГОГОДИШНИТЕ НАДЕЖИ

а. Опишете како светите ангели се радуваат со Исус при Неговото враќање. Јуда 14.

„Со мелодии на небесни химни светите ангели и огромното, неброено мноштво, го придружуваат (Исус) на Неговиот пат. Небесниот свод изгледа како да е преполн со блескави суштества- ‘илјадници и милиони.’ (Откровение 5,11). Ниту едно човечко перо не може да ја опише оваа сцена; ниту еден ум на смртен човек не може да го замисли овој сјај.“ – Големата борба, 641.

б. Која задача треба да ја извршат светите ангели (врз основа на истражниот суд, кој веќе ќе биде завршен), и што жителите на Земјата конечно ќе сфатат? Матеј 13,41.49; 25,32; Римјаните 7,12.

„Трубата на Архангел наскоро ќе ги преплаши живите и разбуди
мртвите. Во тој ден злите ќе бидат одвоени од праведните, како што овчарот ги одвојува козите од овците.“ – Child Guidance, p. 561.
„Христос сака сите да ги разберат настаните при Неговото второ доаѓање. Сцената на судот ќе се одвива во присуство на сите светови, бидејќи на тој суд треба да се оправда Божјото владеење, и да се истакне и докаже Неговиот закон како ‘свет, праведен и добар’ (Римјаните 7,12). Тогаш случајот на секој поединец ќе биде засекогаш одлучен, и на секого ќе му биде изречена праведна пресуда. Гревот повеќе нема да изгледа привлечен, туку ќе биде виден во сета негова одвратност и грозотија. Секој во целост ќе сфати каков всушност бил неговиот однос кон Бога и еден кон друг.“ – The Review and Herald, September 20, 1898.

Петок 28. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Објасни кои групи на луѓе ќе бидат сведоци на второто Христово доаѓање?
2. Зошто Исус се враќа, и на какво размислување овој настан треба да нѐ наведе?
3. Зошто треба да знаеме дали Христовите нозе ќе ја допрат земјата или не?
4. На кој начин огромниот пресврт во создавањето ќе биде поврзан со Божјиот морален закон?
5. Бидејќи овој радосен но и свечен настан е пред нас, за што треба да бидеме длабоко свесни?

Сподели го ова:

Слични објави