3. Пораки на предупредување за наше време

Сподели го ова:

3. лекција  Сабота, 15. јули 2017.

Пораки на предупредување за наше време

„Да не беше ни оставил Господ Саваот мал остаток, ќе бевме како Содом, ќе заприлегавме на Гомора.“ – Исаија 1,9.

„Божјиот глас се слуша во пораките на предупредување упатени до Неговиот народ да се одвои од беззаконието кое сѐ повеќе преовладува.“ – Патријарси и пророци, 166.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 270. Патријарси и пророци, 156-170.

Недела 9. јули

1. ВРЕМЕТО ВО КОЕ ЖИВЕЕМЕ

а. Со кој историски период Исус ги споредува нашите денови? Матеј 24,37-39; Битие 6,5.13.

„Истите гревови поради кои Божјиот гнев се спуштил на светот во деновите на Ное постојат и во нашите дни. Современите мажи и жени своето јадење и пиење го изедначуваат со алчност и пијанство. Овој толку распространет грев, попуштањето на изопачениот апетит ги распламтел страстите на луѓето од времето на Ное и водел до сеопшта изопаченост, сѐ додека нивното претерување и злосторства нѐ допреле до небото и Бог одлучил со потоп да ја исчисти Земјата од нејзината морална расипаност.“ – 3 Сведоштво, 163.

 

б. Со што верниците мораат да се соочат денес? 2 Петрово 3,3-6.

„Светот, полн со развратен живот, полн со безбожни задоволства,
спие, спие во телесна сигурност. Луѓето го одложуваат Господовото доаѓање. Тие се потсмеваат на опомените.“ – Копнежот на вековите, 490 (635).

Понеделник 10. јули

2. ПОУКИ ОД ЗАСТРАШУВАЧКИОТ НАСТАН

а. Освен што ги споредува овие последни денови со времето на Ное, со која историска слика Господ го споредува часот на Неговото доаѓање? Лука 17,28-30.

„Сегашната состојба во светот е слична на онаа која постоела во деновите на Лот, кога поради расипаноста на Содом ангелот го посетил тој безбожен град, за да види дали извиците кои доаѓале пред небото се од таков карактер што жителите на убавиот Содом – град кон кого Бог бил толку милостив – толку ги расипале своите патишта пред Бога за да нема надеж за нивен откуп. Божјиот гнев се открил толку впечатливо бидејќи расипаноста на содомјаните била толку длабока.“ – Southern Union Worker, October 16, 1913.

б. Кој грев преовладувал во времето на Лот? Битие 19,5-7; Римјаните 1,21.26.27.

„(Содомјаните) се собрале пред куќата на Лот, и како што толпата се зголемувала, можеле да се слушнат зли разговори кои ја откривале состојбата на расипаноста која постоела меѓу луѓето, и се работело на остварување на најлошите предлози. Толпата станувала сѐ побучна во нивните повици Лот да ги изведе странците; попуштањето на злите страсти толку ги унижиле што секоја добра мисла била искоренета, а разумот толку поматен така што тие биле дури подготвени на насилство дури и кон небесните ангели.“ – The Signs of the Times, October 9, 1893.

в. Зошто судбината на Содом претставува предупредување за сите? Битие 19,24-26; Лука 17,32.33.

„Ангелите дошле да видат дали во градот постои некој кој не е расипан, и да можат да го убедат да побегне од претстојната несреќа која му се заканувала на Содом. Таа ноќ злосторниците ја додале последната капка во својата чаша на беззаконието, и Божјиот гнев повеќе не можел да се одлага.“ – The Signs of the Times, October 9, 1893.
„Предупредувањето што му било дадено на Лот ‘Бегај за да не загинеш), досега и до нас кои живееме во ова изопачено време. Гласот на искушувачот вика мир и сигурност. Тој сака да се чувствуваш како да нема од што да се плашиш и те охрабрува да јадеш, пиеш и да се веселиш. Кој глас ќе го послушаш, гласот на небото, или гласот кој те мами во пропаст.“ – The Signs of the Times, October 16, 1893.

Вторник 11. јули

3. ДА СТАНЕМЕ ПОДОБРИ УПРАВИТЕЛИ НА НАШИОТ ЖИВОТ

а. Кои предупредувања ни се дадени во поглед на духовниот пад на Содом? Езекиел 16,49.

„Мнозина кои толку долго го отфрлале божественото водство и старателство брзаат по патот на лекомисленоста и себичните задоволства, и што е уште полошо, по патот на подлост и валкање на телото. Како последица на ова и нивниот дух станува расипан и верата им станува одвратна. Некои толку далеку отишле по тој пат кој оди надолу, и толку искрено одат по патот на содомјаните, така што денес се близу до проклетство, а гласот на укор и опомена повеќе нема никакво дејство врз нив.“ – 5 Сведоштво, 39.

б. Како ние, на кои им е доверена голема светлина, сме предупредени за сериозната деградација дури и поголема од онаа на Содом? Осија 4,6; Изреки 1,24-30.33.

„Спасителот на светот, милостивиот Пријател на човекот, ни го открива фактот дека постои грев поголем од гревот на Содом. Тоа е гревот против поголема светлина. Гревот на оние кои го слушнале евангелскиот повик да се покајат и да имаат вера во Христа, но не го послушале, е поголем од гревот на Содом. Оние кои се само по име Исусови следбеници, кои тврдат дека го познаваат Бога и ги држат Неговите заповеди, a сепак со својот секојдневен живот и карактер погрешно го претставуваат Христа, кои биле предупредени и убедувани, а сѐ уште го срамотат својот Откупител со својот непосветен живот – нивниот грев е поголем од оној на Содом.“ – The Signs of the Times, October 16, 1893.
„Мнозина што тврдат дека веруваат во вистината го немаат Бога во своите мисли, исто како и претпотопните луѓе или жителите на Содом. Една разумна мисла за Бога, разбудена од страна на Светиот Дух, ќе ги расипе сите нивни интриги. Јас, јас, јас, е нивниот бог, нивната алфа и нивната омега.“ – Counsels on Stewardship, p. 141.
„Гревовите на Содом се повторуваат и во нашите денови, а земјата е уништена и расипана под своите жители; но најлошата карактеристика на беззаконието на денешните денови е формата на побожност без нејзината сила. Оние кои тврдат дека имаат голема светлина се наоѓаат меѓу безгрижните и рамнодушните, и на Божјото дело му се нанесуваат рани во домот на оние кои исповедаат дека Му се пријатели.“ – The Signs of the Times, October 16, 1893.

Среда 12. јули

4. ИЗБОР НА ПОДОБРИ ПРИОРИТЕТИ

а. За да ја избегнеме грешката на Лот која го одвела неговото семејство по надолна патека, што треба да сфатиме? Битие 13,12.13; 19,30-38; 1 Коринтјаните 15,33.

„Расипаноста на Содом во кршењето на Божјиот закон, особено се огледала во развратот.“ – Големата борба, 269.
„Кога се настанил во Содом, Лот бил цврсто решен да се држи на отстојание од безбожните луѓе и истото тоа да му го нареди и на ‘својот дом по себе’. Но забележливо отстапил од тоа. Заводничките влијанија со кои бил опкружен дејствувале негативно врз неговата вера, а врските на неговите деца со жителите на Содом длабоко ги поврзале неговите интереси со нивните. Последиците на тоа се очигледни.
И денеска мнозина прават иста грешка. Кога бараат место за живеење, тие повеќе внимаваат на земните погодности и можности да заработат, отколку на моралните и општествените влијанија на кои ќе бидат изложени и кои ќе го опкружуваат нивното семејство. Настојувајќи да постигнат колку што е можно поголема благосостојба, тие бираат убава и плодна долина или се населуваат во некој град што дава можност за брзо збогатување; но поради тоа децата им се изложени на искушенија и често склучуваат познанства што мошне неповолно влијаат врз развојот на побожноста и врз изградувањето на исправен карактер. Атмосферата на слабиот морал, неверството и рамнодушноста кон верските работи, често дејствуваат спротивно од влијанието на родителите. Децата постојано гледаат противење против родителскиот и божествениот авторитет. Мнозина поинтимно се зближуваат со неверниците и својата судбина ја поврзуваат со Божјите непријатели.
Кога си бараме себеси дом, Бог сака првенствено да обрнеме внимание на моралните и верските влијанија што ќе не опкружуваат нас и членовите на нашето семејство. ѐМожеби со стек на околностите ќе се најдеме во мачна положба, зашто мнозина не можат да имаат таква средина каква што би сакале; но каде и да нѐ одведе нашата должност, Бог ќе ни даде сила да останеме чисти, ако постојано стражариме во молитва, верувајќи во Христовата милост. Меѓутоа, не смееме без потреба да се изложуваме на влијание кое неповолно дејствува врз изградувањето на христијанскиот карактер. Ако доброволно се изложуваме на световна атмосфера и на неверство, и се спротивставуваме на Божјата волја и ги истеруваме светите ангели од нашиот дом.“ – Патријарси и пророци, 168.169.

б. Наведи неколку причини поради кои мораме да ги избегнеме типичните ставови за денешната култура. 2 Тимотеј 3,1-5; Исаија 1,9.

Четврток 13. јули

5. ИЗБОР НА ПОБЕЗБЕДНА СРЕДИНА

а. Што вели Господ за тоа каде Неговиот народ не може да напредува? Исаија 32,18.19.

„Моето предупредување е: Стојте настрана од градовите. Не градете санаториуми во градовите. Учете ги нашите луѓе да излезат од градовите и да одат во селата, каде можат да добијат мало парче земја, и да си направат дом за себе и за своите деца…
Нашите ресторани мораат да бидат во градовите; зашто инаку работниците во тие ресторани не можат да допрат до луѓето и да ги поучуваат на начелата на исправниот живот. И засега мораме да ги користиме домовите за состаноци во градовите. Но наскоро во градовите ќе настанат такви судири и збрка, така што и оние, кои ќе сакаат да ги напуштат, нема да можат.“ – The General Conference Bulletin, April 6, 1903.
„Родителите можат да обезбедат мали куќи на село, каде ќе имаат своја земја за обработка, овоштарници и зеленчукови градини, во кои ќе одгледуваат зеленчук и друго ситно овошје кои ќе го заменат месото кое е толку штетно за крвта која тече низ вените. На таквите места децата нема да бидат окружени со штетните влијанија на градскиот живот. Бог ќе му помогне на својот народ да најде такви домови надвор од градовите.“ – Medical Ministry, p. 310.

б. Зошто треба да го послушаме повикот за живот на село? Изреки 15,31.32.

„Тоа било изделување од безбожниците, решителна разделба од нив, бегање за да се спаси животот. Така било во времето на Ное; така и во случајот на Лот; така и со учениците пред разурнувањето на Ерусалим, а така ќе биде и во последните денови.“ – Патријарси и пророци, 166.

Петок 14. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Што треба да имаме на ум кога се соочуваме со оние кое се потсмеваат на Христовото доаѓање?
2. Зошто сите мораат да бидат свесни за историјата на Содом и Гомор?
3. Какво влијание судбината на овие градови треба да има на Божјиот народ?
4. Дали сум во опасност да ја повторам грешката на Лот, и ако е така, како?
5. Кои се придобивките од животот на село?

Сподели го ова:

Similar Posts