2. Знаци на Христовото доаѓање

Сподели го ова:

2. лекција Сабота, 8. јули 2017.

Знаци на Христовото доаѓање

„Така и вие, кога ќе видите дека ова се збиднува, знајте дека Божјото Царство е близу.“ – Лука, 21,31.

„Христос го предупредил Својот народ да внимава на знаците на Неговото доаѓање и да се радува кога ќе ги види знаците за доаѓањето на својот Цар.“ – Големата борба, 308.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Гол. борба, 31-38, 304-316, 333,334.

Недела 2. јули

1. ПРИКАЗ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ НАСТАНИ

а. Што претскажал Синот човечки за величествениот храм кој постоел во Неговите денови – настан, кој учениците не можеле да го разберат? Матеј 24,1.2.

„Што можел да размислува Отфрлениот, кога учениците му обрнале внимание на величественоста на храмот? Сцената пред Него навистина била прекрасна, но Тој рекол дека сето тоа го гледа со тага. Зградата навистина е величествена. Вие покажувате на овие ѕидови како да се навидум неуништливи, но сослушајте ги Моите зборови: Ќе дојде ден кога ‘овде нема да остане ниту камен на камен, што не ќе биде урнат’.“ – Копнежот на вековите, 627.

б. Кои прашања ги заинтригрирале учениците, и како тоа можеме да го поврземе со Христовото пророштво за крајот на светот? Матеј 24,3.

„Учениците разурнувањето на Ерусалим го поврзале со настаните на Христовото лично доаѓање во овоземна слава, кога Тој ќе седне на престолот на сеопштото светско царство, да ги казни непокајаните Евреи, а нацијата да ја ослободи од римскиот јарем. Господ им рекол дека Тој ќе дојде по вторпат. Поради тоа при спомнувањето на пресудата врз Ерусалим, тие помислиле на тоа доаѓање.“ – Големата борба, 25.

Понеделник 3. јули

2. ПРОРОШТВОТО СЕ ИСПОЛНУВА ПО ХРИСТОВОТО ВОЗНЕСЕНИЕ

а. На кое предупредување треба да обратиме внимание од духовното значење на судбината која го снашла храмот во 70. година од н. е. како што тоа Исус и го прорекол? Исаија 30,12.13.

„Слепата тврдоглавост на еврејските водачи и одвратните злосторства што се случувале во опколениот град, кај Римјаните предизвикале ужас и огорченост… Во својот бес војниците фрлале запалени факели во просториите кои припаѓале на храмот, а потоа со мечеви заклале мнозина кои таму нашле засолниште. Низ скалите на храмот течела крв како вода. Загинале илјадници Евреи. Бојниот вик ги надвил гласовите што викале: ‘Ишабод’! отиде славата.“ – Големата борба, 33.
„И градот и храмот биле разурнати до темел, а земјата на која стоела светата градба била ‘разорана како нива’ (Еремија 26:18).“ – Големата борба, 35.

б. Набројте некои интересни работи од кои можеме да откриеме дека само оние кои внимавале на Христовите зборови биле поштедени. Лука 21,20-22; Псалм 27,5.

„Седум години еден човек постојано одел по улиците на Ерусалим, и ги најавувал несреќите што ќе го снајдат градот… Ова чудно суштество било затворано и камшикувано, но ниту еден лелек не се слушнал од неговите усни. На сите навреди и измачувања тој само одговарал: ‘Тешко, тешко на Ерусалим! Тешко, тешко на неговите жители!’ Неговите молбени предупредувања не престанале сè додека не бил убиен во опсадата што самиот ја прорекол.
Во уништувањето на Ерусалим ниту еден христијанин не загинал. Христос ги предупредил Своите ученици и сите кои верувале во Неговите зборови внимавале на ветениот знак (Лука 21,20-22).“ – Големата борба, 30.
„(Лука 21,20-22). Оваа опомена е дадена за да се обрне внимание на неа четириесет години подоцна, при уништувањето на Ерусалим…
„’Молете се вашето бегање да не биде во зима ниту во сабота’ (Матеј 24,20), рекол Христос… Светоста на саботата не престанала со Неговата смрт на крстот. Четириесет години учениците требало да се молат на Бога нивното бегање да не биде во сабота.“ – Копнежот на вековите, 435 (630).

Вторник 4. јули

3. ПРОРОЧКИОТ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД – МРАЧНИОТ СРЕДЕН ВЕК

а. Што најпосле ќе дојде врз верниците по општото уништување на градот Ерусалим во 70. година од н.е.? Матеј 24,21.22.

„Од уништувањето на Ерусалим, Христос брзо преминал на еден поголем настан, на последната алка во синџирот на историјата на оваа земја – на доаѓањето на Божјиот Син во величество и слава. Меѓу овие два настани, Христос согледал долги векови на темнина, векови во кои Неговата црква ќе биде обележана со крв, солзи и агонија.“ – Копнежот на вековите, 485 (630.631).

б. Како овој ист историски период на неволји е опишан во пророштвото во книгата Откровение? Откровение 11,2.3; 13,5.

в. Кој библиски водич во поглед на пророчкото време ни помага да разбереме како е можно математички да го пресметаме точното времетраење на овој период, имајќи во предвид дека во пророчката пресметка месецот трае 30, а годината 360 дена? Броеви 14,34; Езекиел 4,6.

„Забраната на Писмото под власта на Рим, страшните последици од таа забрана, и конечно издигањето на Божјата Реч, живо се претставени од пророчкото перо. На Јован, прогонет на осамениот остров Патмос, му била дадена визија во поглед на 1260. години за време на кои на папската сила и било дозволено да ја гази Божјата Реч.“ – The Spirit of Prophecy, vol. 4, p. 188.

„Овие четириесет и два месеци се исти како ‘за едно време и за две времиња и за половина време’, три и пол години или 1260-те денови од Даниел 7 глава го означуваат времето кога папската власт ќе го угнетува Божјиот народ. Овој период започнува со папската превласт во 538. година по Христа, а завршил во 1798. година. Во тоа време папата бил заробен од страна на француската војска, папската власт добила смртна рана и се исполнило пророштвото: ‘Кој во прогонство води, во прогонство ќе биде одведен’“ – Големата борба, 439.

Среда 5. јули

4. ТРИ ЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ

а. Непосредно пред завршетокот на пророчкиот период од 1260 години (бидејќи актуелното прогонство било ‘скратено’), кои знаци во природата најавиле дека Исус ќе се врати наскоро? Матеј 24,29.30; Марко 13,24-26; Откровение 6,12.13.

б. Истражувајќи ги овие пророштва, едно по едно: според записот на Вдахновението и историјата, кое од нив прво се случило? Откровение 6,12.

„Како исполнување на ова пророштво (Откровение 6,12) во 1755. година се случил најстрашниот земјотрес кој некогаш бил забележан. Иако е познат како Лисабонски земјотрес, тој зафатил поголем дел од Европа, Африка и Америка. Се почувствувал на Гренланд, во Западна Индија, на островот Мадера, во Норвешка и Шведска, Велика Британија и Ирска. Опфатил површина поголема од шест милиони квадратни километри.“ – Големата борба, 304.

в. Како се исполнило пророштвото за сонцето и месечината? Марко 13,24.

„Споменатите 1260 дена или години завршуваат во 1798. година. Четврт век порано, прогонствата речиси сосема престанале. По овие прогонства, според Христовите зборови, сонцето требало да се затемни.“ – Големата борба, 306.
„Деветнаесетти мај 1780. година е познат во историјата како ‘мрачен’ ден. Од времето на Мојсеј не е забележан случај на толку густа темнина, на толкаво пространство, и да траело толку долго. Описот на овој настан, како што ни го даваат очевидците, е само одглас на Господовите зборови… ‘Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината – во крв, пред да настапи денот Господов, великиот и страшниот’ (Јоил 2:31).“ – Големата борба, 308.

г. На кој начин се исполнило пророштвото за ѕвездите? Марко 13,25; Откровение 6,13.

„(Откровение 6:13). Ова пророштво се исполнило на впечатлив и необичен начин во големиот метеорски дожд на 13. ноември 1833. година. Тоа била најголемата и најчудесна глетка на паѓање на ѕвезди која некогаш била забележана.“ – Големата борба, 333.

Четврток 6. јули

5. ДАДЕНИ ЗА ДА ИЗВРШАТ ВЛИЈАНИЕ

а. Освен трите големи настани во природата кои Христос ги прорекол како знаци за Неговото доаѓање, наведи уште некои други знаци и објасни како тие брзо се исполнуваат сѐ повеќе и повеќе. Матеј 24,6-12; Марко 13,7-9; Лука 21,9-11,25-27.

б. На што треба да се сетиме кога ги гледаме овие знаци? Лука 17,26; Еремија 8,11.12.

„Ќе се зголемат несреќите, земјотресите, поплавите, катастрофите на копно и на море. Бог на светот денес гледа како што гледал и во времето на Ное. Тој на луѓето им ја праќа својата порака како што ја праќал и во деновите на Ное. Во светот во денешно време се повторуваат злата на претпотопниот свет.“ – The Advocate, December 1, 1900.

в. Зошто можеме да бидеме охрабрени од фактот дека пророштвата се исполнуваат? 1 Самуилова 12,16; 1 Петрово 2,9.

„Оние што ја прифатиле веста за второто Христовото доаѓање сфатиле дека е неопходно да се покајат и да се понизат пред Бога. Мнозина долго се колебале меѓу Христа и светот, но сега почувствувале дека е време да заземат цврст став. Сѐ што се однесувало на вечноста, за нив добило невообичаена реалност. Небото им се приближило и тие се чувствувале виновни пред Бога… Христијаните се разбудиле во нов духовен живот. Тие чувствувале дека времето е кратко и дека она што мора да го направат за своите ближни мораат да го направат брзо.“ – Големата борба, 340.

Петок 7. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто Бог дозволил во 70. година од новата ера да биде уништен величествениот храм?
2. Зошто осамениот човек кој навестувал пропаст на Ерусалим не бил поштеден?
3. Како знаеме дека еден ден во пророчкиот период често е еднаков на една година?
4. Наведете датуми на три знаменити знаци за Христовото скоро доаѓање?
5. Додека гледаме како знаците се исполнуваат, какво влијание тоа треба да има на мене?

Сподели го ова:

Similar Posts