13.Од полноќ до разденување

Сподели го ова:

13. лекција Сабота, 23. септември 2017.

Од полноќ до разденување

„Доаѓа нашиот Бог, и нема да молчи; пред Него ќе има оган што проголтува, околу Него бура.“ – Псалм 50,3.

„Исус оди напред како силен победник. Тој сега не доаѓа како човек на болката, да ја пие горчливата чаша на срам и јад, туку како победник на небото и земјата… Ниту едно човечко перо не може да ја опише оваа сцена; ниту еден ум на смртен човек не може да го замисли овој сјај.“ – Големата борба, 641.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 618-622, 638-652.

Недел 17. септември

1. ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ПОСЛЕДНИТЕ МИГОВИ…

а. Објаснете го Христовиот план за нас, во спротивност со планот на сатаната. Лука 22,31; Јован 9,4.

„Сатаната… знае дека успехот му зависи од тоа колку ќе успее да ги одврати мислите од Исуса и од Неговата вистина… Оние што сакаат да бидат учесници во милоста на Христовото посредување, не смеат да дозволат со ништо да бидат одвратени од својата должност во Божји страв да го градат своето посветување.“ – Големата борба, 488.

„Ревноста за Бога ги натерала учениците да сведочат за вистината со голема сила. Не треба ли истата ревност да ги запали и нашите срца со одлучност да ја пренесеме сторијата за откупителната љубов, за Христа и Неговото распнување? Зар не треба и денес Божјиот Дух, како одговор на срдечната и истрајна молитва, да ги исполни луѓето со сила за служба.“ – 8 Сведоштво, 22.
„Секоја сила, дадена од небото, треба да се употреби за извршување на работата која ни е доделена од страна на Бога за оние кои гинат во незнаење. Предупредувањето треба да одекне во сите делови на светот. Вистината мора да се проповеда и во мрачните места на земјата. Со пречките треба да се соочиме и мораме да ги совладаме. Треба да се изврши големо дело, и ова дело им е доверено на оние кои ја знаат вистината за ова време.“ – The Review and Herald, November 23, 1905.

Понеделник 18. септември

2. ИНТЕНЗИТЕТОТ СЕ РАЗГОРУВА

а. Што мораме да сфатиме за тројниот сојуз кој има за цел да го сруши Божјиот закон на глобално ниво? Откровение 16,13.14; 1 Солунјаните 5,3.4.

„Како што судирот се шири во нови области и мислите на луѓето ќе бидат насочувани на Божјиот погазен закон, сатаната ќе се вознемири. Силата што ја прати пораката само ќе ги разбесни оние кои ѝ се противат. Свештенството ќе вложи речиси натчовечки напори за да ја засолни светлината да не заблеска над нивното стадо. Со сите расположливи средства ќе настојуваат да ја спречат дискусијата за овие прашања од животна важност. Црквата ќе ја повика на помош силната рака на граѓанската власт, а во ова дело, папистите и протестантите ќе се обединат.“ – Maranatha, p. 172.

„Преку две големи заблуди, бесмртноста на душата и празнувањето на неделата, сатаната ќе успее да ги прелаже луѓето. Додека првата полага темел на спиритизмот, втората создава врска на наклоност кон Рим. Протестантите на Соединетите Американски Држави ќе бидат први кои преку бездната ќе подадат рака за да ја прифатат раката на спиритизмот; тие ќе ја премостат постоечката бездна за да ја прифатат раката на римската сила, и под влијание на овој троен сојуз, оваа земја ќе ги следи стапките на Рим во газењето на правата на совеста…
Протестантите, католиците и световните луѓе ќе ја прифатат формата на побожност, но без нејзина сила, и во овој сојуз ќе се види големото движење за обратувањето на светот и за воспоставување на долго очекуваниот милениум.“ – Maranatha, p. 190.

б. Кое чувство на псалмистот може со сигурност да одекнува и денес? Псалм 119,126.

„Времето во кое живееме е изразито изопачено. Верските ограничувања се отфрлени, а луѓето го отфрлуваат Божјиот закон како недостоен за нивното внимание. Кон светиот закон се покажува невообичаен презир…
Луѓето сега ја поминуваат граничната линија, а Господ му дозволува на непријателот да ја извршува својата волја… Божјите чекори ќе се чујат на земјата и по водата. За да ја одбрани Својата чест, Бог ќе го потисне беззаконието. Тој наскоро, многу наскоро, ќе ги одбрани барањата на Неговиот закон.“ – The Review and Herald, November 23, 1905.

Вторник 19. септември

3. КОНЕЧЕН ИЗЛЕЗ

а. Наведете едно Исусово предупредување кое има посебна примена во нашите денови – како конечен знак дека мисијата е успешно завршена. Матеј 24,15-19. Кои фактори треба да ги разгледаме во ова последно време? Откровение 3,11.

„Сега не е време Божјиот народ да собира богатство на земјата. Не е далеку времето, кога, како првите ученици, ќе бидеме принудени да бараме прибежиште во пусти и осамени места. Како што опсадата на Ерусалим од страна на римската војска им била знак за бегство на јудејските христијани, така и заканата со сила од страна на нашата нација во декретот со кој присилно се наметнува задолжително празнување на папскиот ден за одмор ќе биде предупредување за нас. Тогаш ќе дојде време да ги напуштиме големите градови, подготвени да ги напуштиме и помалите, подготвувајќи се за осамените престојувалишта во зафрлените места по планините. А сега, наместо овде да бараме скапи станови, треба да се подготвуваме за заминувањето во една подобра земја – небесната. Наместо нашите средства да ги трошиме за задоволување на личните желби, треба да се учиме да штедиме. Секој талент што ни го доверил Бог треба да го искористиме за Негова слава, објавувајќи го последното предупредување на овој свет.
Бог за своите соработници се уште има задача која тие треба да ја извршат во градовите. Мораме да ги одржуваме нашите мисии, но исто така мораме да отвораме и нови. За да се спроведе ова дело успешно, потребни се не мали трошоци. Потребни се молитвени домови во кои ќе може да се повикува народот да ја слушне вистината за ова време. Заради тоа Бог доверил капитал на Своите повереници. Немојте вашиот имот да го вложувате во земни потфати и со тоа да го спречите ова дело. Вложувајте ги своите пари таму каде што тие ќе можат да се употребат за напредок на Божјото дело. Испратете го вашето богатство пред вас во небото.“ – 5 Сведоштво, 464.465.

б. Среде неволјите кои ни претстојат, на што Бог сака да се фокусираме? Исаија 26,3.4.

„Мислете на Исуса. Тој е во светињата и не е осамен, туку опкружен со десет илјади по десет илјади небесни ангели кои чекаат да ги извршат Неговите наредби. И Тој им заповеда да одат и да работат за најслабите свети, кои веруваат во Бога. На високите и ниските, богатите и сиромашните им е осигурена иста помош.“ – The Faith I Live By, p. 205.

Среда 20. септември

4. ОДРЖУВАЊЕ НА НАШИОТ ФОКУС

а. Објаснете ја вистинската цел на завршниот тест – и како, според апостол Петар, секојдневно треба да се подготвуваме за соочување со него. Откровение 13,11,15-17; Дела 5,29.

„Ќе дојде време кога луѓето не само што ќе ја забранат работата во недела, туку тие ќе се обидат да ги принудат луѓето да работат во сабота, и да изберат помеѓу прифаќањето да ја празнуваат неделата или да ја загубат својата слобода и својот живот.“ – The Review and Herald, April 6, 1911.

б. Кои милостиви ветувања ја откриваат нежната грижа на нашиот небесен Отец во тие часови на искушение? Псалм 31,19.20; 91,5-7; Исаија 26,20.21.

„(Исаија 26,20) Какви се тоа одаи во кои (Божјиот народ) треба да се скрие? Тоа е заштитата на Христа и светите ангели. Божјиот народ во тоа време не е собран на едно место. Тој се наоѓа во разни земји во сите делови од светот.

Ги видов светите како ги напуштаат градовите и селата и се здружуваат во друштва и живеат во нај осамени места. Ангелите ги снабдувале со храна и вода, додека безбожниците страдале од глад и жед.
Во текот на ноќта мошне импресивна сцена помина пред мене. Изгледаше како да се работи за голема конфузија и судир на војски. Господовиот гласник застана пред мене и рече: ‘Повикај го своето домаќинство. Јас ќе ве водам; следете ме.‘ Тој ме водеше низ мрачен премин, низ шума, а потоа низ пукнатините на планините и рече: ‘Еве сега сте безбедни.’ Имаше и други кои биле доведени до ова засолниште. Небесниот гласник рече: ‘Времето на неволја дојде како крадец во ноќта, како што Господ ве предупреди дека ќе дојде.
Во времето на неволја, пред самото Христово доаѓање, праведните ќе бидат сочувани преку службата на небесните ангели; но за престапниците на Божјиот закон нема да има сигурност. Ангелите не можат да ги заштитат оние кои занемаруваат една од Божјите заповеди.
Во завршниот период од историјата на земјата Господ силно ќе работи во корист на оние кои цврсто стојат на страната на правдата.“ – Maranatha, p. 270.

Четврток 21. септември

5. ВЛИЧЕСТВЕНО ИЗБАВУВАЊЕ

а. Со кои трезвени мисли треба да го крепиме нашиот ум сега? Марко 8,38; Откровение 22,7.12.

„Со нетрпение го очекуваме (Господовото) доаѓањето. Треба да го задржиме оклопот. Треба да бидеме сето она што името христијанин означува. Треба да живееме во постојана заедница со Бога, нашиот Спасител, останувајќи во Него.
Христос не ни дал гаранција дека е лесно да се постигне совршенство на карактерот… Треба ли тогаш да бидеме плашливи и кукавици поради неволјите со кои ќе се соочуваме како што напредуваме? Зарем нема да се соочиме со нив без мрморење и приговарање?“ – Manuscript Releases, vol. 10, p. 167.

б. Што се случува при Исусовото доаѓање? Псалм 50,3-6; 1 Солунјаните 4,16-18.

„Наскоро се појави голем бел облак. На него седеше Синот човечки…
Нема јазик кој би можел да ја опише славата на таа сцена. Живиот облак на величественост и неспоредлива слава. доаѓа уште поблиску и ние јасно можеме да го видиме прекрасниот Исусов лик. Тој не носи круна од трње, туку венец на слава…
Од двете страни на колата сочинета од облак беа крилја, а под неа живи тркала; и како што колата се движи, тркалата извикуваат: ‘Свет’ а крилјата во движење одговараат: ‘Свет’. Светите ангели од придружбата која го окружува облакот извикуваат: ‘Свет, свет, свет, Господ Бог Семожниот. А светите во облакот извикуваат: ‘Слава! Алелуја!’ И колата се издигаше нагоре кон светиот град.“ – Spiritual Gifts, vol. 1, pp. 206, 208.

Петок 22. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Денес, кога сите се толку зафатени, каков заговор подготвува непријателот на душите?
2. Објасни го тројниот сојуз од Откровение 16 и неговата глобална измамничка моќ?
3. Иако сериозната порака за живот на село почнала да се проповеда уште околу 1880-тите години, во кој момент таа станува апсолутно неопходна за безбедноста на верниците?
4. Дали тестот кој е на повидок се однесува само на одмор во неделата? Објасни.
5. На што треба да ги сосредоточиме своите мисли додека се подготвуваме за Исусовото доаѓање?

Сподели го ова:

Слични објави