12.Ширење на гласната вика
12. лекција Сабота, 16. септември 2017.
Ширење на гласната вика
„Зашто ќе излеам вода врз жедната земја, и потоци врз исушеното; ќе го излеам духот Свој врз твоето поколение и благословот Свој – врз твоите потомци.“ – Исаија, 44,3.
„Зошто не сме гладни и жедни за дарот на Духот, кога само преку Него можеме да добиеме сила? Зошто не зборуваме, не се молиме и не проповедаме за тоа?“ – 8 Сведоштво, 22.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 1 Сведоштво, 179-184;
8 Сведоштво, 14-23.
Недела 10. септември
1. УЧЕЊЕТО ЗА ОБНОВА ПРАТЕНО СО СИЛА
а. Кое пророштво е од посебно значење во подготовката за средба со Господа? Малахија 4,5.
„Во овој век, непосредно пред второто Христово доаѓање на облаците небесни, Бог повикува луѓе кои ќе подготват еден народ да опстане во големиот ден Господов.“ – Коментари на библиските текстови, 424.
б. Како Исус на своите ученици им ја објаснил првата примена на ова пророштво, и како тоа се однесува на нашето дело за денешно време? Матеј 17,11-13.
„Оние кои треба да го подготват патот за второто Христово доаѓање се претставени од страна на верниот Илија, како што и Јован дошол во духот на Илија за да го подготви патот за првото Христово доаѓање. Големиот предмет за значењето на реформата треба да го поттикне и пробуди јавното мислење. Умереноста во сѐ треба да се поврзе со пораката за наше време за да може Божјиот народ да се сврти од своите идоли – од својата лакомост и расипништвото во облекувањето и во други области.“ – 3 Сведоштво, 62.
Понеделник 11. септември
2. ПОДГОТОВКА НА ПАТОТ ЗА ГОСПОДА
а. Која моќна порака ја објавувал Јован Крстител, и зошто е прикладно и ние да го правиме истото? Лука 1,16.17; Матеј 3,2.8.
„Видел дека неговиот народ е заведен, самозадоволен и успиен во своите гревови. Копнеел да го разбуди за посвет живот. Веста, која Бог му ја дал да ја објави, требало да го разбуди од неговата летаргија и да го наведе да затрепери заради својата голема безбожност. Пред семето на евангелието да пронајде место, почвата на срцето мора да се обработи. Пред да побараат исцелување од Исуса, мораат да станат свесни за опасноста од раните на гревот.
Бог не испраќа гласници за да му ласкаат на грешникот. Тој не испраќа вест на мир, за со кобна сигурност да ги успие непосветените.
Тој става тешки товари на совеста на престапникот и ја прободува душата со стрели на убедување.“ – Копнежот на вековите, 62.63 (103.104).
б. Наведете примери за тоа како пораката на Илија треба да го обнови семејниот живот, и како тоа било претскажано во делото на Јован Крстител? Малахија 2,13-17; 4,6.
„На Јован му бил познат фактот дека Ирод планира да ја земе жената на својот брат, иако мажот ѝ сѐ уште бил жив, и верно му рекол дека тоа е незаконски.“ – Рани списи, 154.
в. Што го карактеризира „духот и силата на Илија“, и кој денес ја прогласува оваа порака? 1 Цареви 18,17.18.21; Откровение 12,17.
„Мнозина не се осмелуваат да го осудат беззаконието, за на тој начин да не ја жртвуваат својата положба или популарноста. Некои пак укорувањето на гревот го сметаат за недостаток на милост. Божјиот слуга никогаш не смее да дозволи неговите лични чувства да се мешаат со укорот кој треба да го даде; бидејќи е под свечена обврска да го прикаже Божјото Слово, без страв или пристрасност. Тој треба да го нарече гревот со неговото вистинско име. Оние кои со своето невнимание или рамнодушност им дозволуваат на таканаречените припадници на Божјиот народ да го срамат Божјото име ќе бидат вброени со престапниците кои во небесните книги ќе бидат забележени како соучесници во нивните зли дела.“ – The Signs of the Times, April 21, 1881.
Вторник 12. септември
3. ЗАВРШНО ДЕЛО
а. Во што се огледа итниот повик за сегашно време? Откровение 14,6-13; 18,1-4.
„При завршувањето на Божјото дело на земјата, повторно ќе биде возвишен стандардот на Неговиот закон. Лажната религија може да надвладее, беззаконието може да се умножи, љубовта на мнозина да олади, крстот од Голгота да биде изгубен од вид: мракот може како смртна покривка да го обвиткува светот, луѓето можат со сите сили да станат против вистината, можат да сковаат многубројни сплетки за да се совлада Божјиот народ – но во часот на најголема опасност Богот на Илија ќе ги употреби човечките орудија да ја објават веста која нема да биде замолчена. Во густо населените градови, во местата каде луѓето најмногу зборувале против Севишниот, ќе се слуша глас на строг укор. Луѓето кои Бог ги назначил смело ќе го осудуваат обединувањето на црквата со светот. Тие сериозно ќе повикуваат луѓе да го отфрлат човечкиот закон и да ја почитуваат вистинската сабота.“ – Пророци и цареви, 186.187.
б. Што секогаш мора да биде видливо во нашиот говор и во животот? Јован 1,29; 14,12; 2 Коринтјаните 4,5-7.
„Во последните зраци на милосрдната светлина, последната порака на милоста што ќе му се објави на светот е откривањето на Неговиот карактер на љубовта. Божјите деца треба да ја покажат Неговата слава. Со својот живот и карактер треба да покажат што направила Божјата благодат за нив.
Светлината на Сонцето на праведноста треба да заблеска во добри дела – со зборови на вистината и со свети постапки.“ – Христовите очигледни поуки, 415.416.
в. Како Божјото дело конечно ќе биде завршено? Захарија 4,6; Исаија 28,21.
„Господ во ова последно време во голема мера ќе работи на начин кој ќе биде спротивен на секој човечки план.“ – Евангелизам, 96.
Среда 13. септември
4. КАКО ДА ПРИМИМЕ ОСВЕЖУВАЊЕ
а. Што мораме да разбереме за клучната особина, која е битна за примање на Светиот Дух во полнота во силата на доцниот дожд? Исаија 57,15.
„Меѓу нас ќе има такви кои секогаш ќе сакаат да го контролираат Божјото дело, дури и да диктираат што треба да се работи, додека делото оди напред под раководство на ангелот кој се приклучува кон третиот ангел во пораката која треба да се даде на светот. Бог ќе користи начини и средства, преку кои ќе се види дека тој ги презема уздите во Свои раце.“ – Евангелизам, 96.
„Луѓето со еден талент можат да пристапат кај онаа класа на луѓе каде што оние со два или пет таленти не можат да се приближат. И големите и малите се избрани садови да ја носат водата на животот за да се напијат жедните души. Оние кои го проповедаат словото не смеат на ниеден работник да покажат со прст и да кажат: ‘Мораш да работиш на овој начин, или воопшто нема да работиш’. Рацете понастрана браќа. Дозволете секој да работи во својот делокруг, со свое оружје, правејќи сѐ што може на свој скромен начин. Крепете ги неговите раце за работа. Сега не е време да управуваат фарисеите. Господ нека работи преку кого Тој сака. Пораката мора да напредува.“ – 5 Сведоштво, 462.
б. Зошто се дава доцниот дожд, и зошто инспирацијата треба да ја пронаоѓаме во примерот на првите ученици? Дела 1,8; 4,33; Еремија 30,5-7.
„Христијаните треба да ги отфрлат сите несогласувања и да му се предадат на Бога заради спасување на изгубените. Со вера нека се молат за ветениот благослов и тој ќе дојде.“ – 8 Сведоштво, 20.21.
„Кога пораката на третиот ангел ќе прерасне во гласен вик и кога завршетокот на делото ќе биде пратено со голема сила и слава, верниот Божји народ ќе учествуваат во таа слава. Тоа е доцниот дожд кој ги освежува и зајакнува за да поминат низ времето на неволјата.“ – 1 Сведоштво, 353.
Четврток 14. септември
5. НЕВЕРОЈАТНИ РЕЗУЛТАТИ!
а. Каква можност ни се нуди токму сега? Тит 2,13; 2 Коринтјаните 6,1.2.
„Браќа мои и сестри, проучете го внимателно предложениот план, искористете ја секоја прилика да им зборувате на своите соседи и пријатели, да им прочитате нешто од книгите кои ја содржат сегашната вистина. Покажете им колку ви дошло до спасување на душите за кои Христос поднел толку голема жртва.
Во работата за душите кои пропаѓаат ќе ве придружуваат небесни ангели. Илјадници и илјадници, и десет илјади по десет илјади ангели чекаат да соработуваат со членовите на нашите цркви за ширење на вистината, за да се подготви народот за Христовото доаѓање.“ – 9 Сведоштво, 129.
б. Опишете ги неверојатните резултати, кои ќе се случат, кога Светиот Дух ќе се излее без мерка. Захарија 8,23; Исаија 44,3.4; 61,11.
„Семето е посеано и сега ќе никне и ќе донесе плод. Списите што ги распространиле мисионерските соработници го извршиле своето влијание, но мнозина врз кои евангелската вистина имала длабок впечаток, биле спречени вистината потполно да ја сфатат или да ја послушаат. Меѓутоа, сега зраците на светлината проникнуваат насекаде и вистината се гледа кристално јасна, а искрените Божји деца ги кинат врските што ги задржувале до сега. Семејните и црковните врски сега се немоќни да ги задржат. Вистината им е подрагоцена од сè друго.“ – Големата борба, 612.
Петок 5. септември
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Какви паралели постојат помеѓу нашето дело и она на Илија и Јован Крстител?
2. Како делото на обнова, потребно во денешно време, е поврзано со Десетте заповеди?
3. Опиши ги накратко карактерните особини на оние кои ќе го примат доцниот дожд?
4. Врз основа на што би можел да бидам во опасност да ја пропуштам оваа неверојатна привилегија?
5. Зошто резултатите од излевањето на доцниот дожд се толку пријатни и прекрасни?