10.Работа за Господарот

Сподели го ова:

10. лекција Сабота, 2. септември 2017.

Работа за Господарот

„Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. “ – Марко 16,15.

„Оние кои Го чекаат Господа, ја чистат својата душа со покорување на вистината. Стражарејќи будно, тие истовремено и вредно работат. Бидејќи знаат дека Господ е пред вратата, нивната ревност е оживеана да соработуваат со божествените претставници, залагајќи се за спасение на душите.“ – Копнежот на вековите, 489 (634).

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 189-199.
6 Сведоштво, 404-410.

Недела 27. август

1. СОРАБОТНИЦИ СО ГОСПОДАРОТ НАД ГОСПОДАРИТЕ

а. Врз основа на што секој христијански верник, без разлика дали е машко, женско, во брак, самец, богат, сиромашен, на било која возраст или етничка припадност, е официјално овластен и задолжен да сведочи за својот Господ и Учител Исус Христос? Јован 15,16; Галатјаните 3,27.28.

„’Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание’ (Марко 16:15). Не се сите повикани да бидат проповедници или мисионери во вообичаената смисла на зборот; но сите можат да бидат Христови соработници во објавувањето на ‘радосната вест’ на своите ближни. Заповедта им е упатена на сите, големи и мали, учени и неучени, стари и млади.“ – Воспитување, 264.

„Додека размислувам за градовите во кои толку мала работа е направена, во кои има илјадници луѓе кои треба да се предупредат за скорото доаѓање на Спасителот, чувствувам силна желба да ги видам мажите и жените како во силата на Светиот Дух и исполнети со Христовата љубов излегуваат на работа за душите кои гинат.“ – Евангелизам, 69.

б. Која група исто така е вклучена и има посебна улога во завршното дело на евангелието? 1 Јованово 2,14 (последен дел).

Понеделник 28. август

2. ПОСВЕТЕНОСТ НА ПОРАКАТА ЗА ДЕНЕШНО ВРЕМЕ

а. Каква посебна важност има „вечното евангелие“ во нашето време? Проповедник 12,13.14; Откровение 14,6.7.

„Објавувањето на судот е најава дека второто Христово доаѓање е пред вратата. И оваа објава се нарекува вечно евангелие. Според тоа, проповедањето на второто Христово доаѓање, објавата на неговото наближување, е прикажано како суштински дел на евангелската порака.“ – Христовите очигледни поуки, 227.228.

 

б. Наведете еден фактор кој е тесно поврзан со адвентната порака, а всушност ни помага подобро да ја разбереме? Римјаните 12,1; 1 Солунјаните 5,23.

„Здравствената реформа е една гранка од големото дело која треба да подготви луѓе за доаѓањето на Господ. Таа е тесно поврзана со пораката на Третиот ангел, како што раката е поврзана со телото.“ – Counsels on Health, pp. 20, 21.

„Евангелието и здравствено-мисионерското дело треба да напредуваат заедно. Евангелието треба да се поврзе со принципите на вистинската здравствена реформа… Ние треба да им ги изнесуваме на луѓето принципите на здравствената реформа, правејќи сѐ што е во наша моќ да ги осведочиме мажите и жените за неопходноста на овие принципи и за потребата од нивно спроведување во живот.“ – Counsels on Diet and Foods, p. 442.

в. Што ги тера верниците да ја шират прекрасната порака на спасението? 2 Коринтјаните 5,14.15.

„Љубовта кон Исуса ќе ја покажеме со желбата да работиме како што Тој работеше на благослов и на воздигнување на човештвото. Таа желба предизвикува љубов, нежност и сочувство за сите суштества за кои се грижи нашиот небесен Отец….

Кога некој ќе дојде кај Христа, во неговото срце се раѓа желба да им каже на другите каков скапоцен пријател стекнал во Христа. Спасоносната и посветена вистина не може да остане затворена во неговото срце.“ – Патот кон Христа, 77.78.

Вторник 29. август

3. ИСПРАЗНЕТИ ЗА ДА БИДЕМЕ НАПОЛНЕТИ

а. Кое предупредување е од особено значење за нас кои живееме во последните денови? 1 Солунјаните 5,1.2.6-8.

„Да не бидеме затечени како спиеме на стража. Никој да не каже во своето срце или со своите дела: ‘Господарот мој уште за долго време нема да дојде’. Нека пораката за Христовото скоро доаѓање одекне со сериозни зборови на предупредување. Ајде насекаде да ги убедиме луѓето и жените да се покаат и да бегаат од гневот што доаѓа. Ајде да ги разбудиме на итна подготовка; бидејќи малку знаеме за она што е пред нас. Нека проповедниците и членовите лаици излезат во зрелите полиња.“ – Maranatha, p. 106.
„Љубовта е темел на побожноста. Независно од тоа што зборува, никој нема чиста љубов кон Бога ако не покажува несебична љубов кон својот брат. Меѓутоа, љубов не се стекнува само со обид да ги љубиме другите. Неопходно е Христовата љубов да се всели во нашето срце. Кога нашето ‘јас’ целосно ќе се изгуби во Христа, љубовта ќе се појави спонтано, без ние да бидеме свесни за тоа. Тогаш, кога во нашето срце постојано ќе се јавува желба да им помогнеме на ближните, и кога на нашето лице ќе се покаже небесната светлина што ја исполнува нашата душа, ние постигнуваме совршенство на христијанскиот карактер.“ – Христовите очигледни поуки, 384.

б. Што треба да направиш ако искрено чувствуваш дека не си толку воодушевен со оваа порака, како што знаеш дека би требало? 1 Јованово 4,20.21; Откровение 2,2-5; 3,18.19.

„Нам ни е потребна пораката упатена до црквата во Лаодикија. Ја оставивте својата прва љубов, а владее духот на тврдост, студенило и недостаток на сочувство – освен за неколкумина кои ви се омилени. Ние треба да ги бараме и спасуваме оние што се изгубени.“ – Manuscript Releases, vol. 9, p. 61.
„Вратете се на првото искуство, кога вашата душа била исполнета со љубов кон Христа. Негувајте во своето срце послушност на верата која работи преку љубовта и ја чисти душата. Послушноста на Божјиот закон ги прави луѓето чисти, свети и неизвалкани…
О, кога во нашиот народ би можело да се види длабоко и темелно дело на покајание и реформација! О, кога тие би паднале на Карпата и би се разбиле.“ – The Review and Herald, March 24, 1903.
„Постои надеж за сите оние кои ќе ја слушнат вистината и ќе се покајат за своите зли дела.“ – Manuscript Releases, vol. 11, p. 216.

Среда 30. август

4. БОЖЈАТА СЛАВА СЕ ОТКРИВА

а. Каков повик ни се упатува во овој час, и како треба да одговориме на него? Исаија 56,1-8.

„(Господ) денес ја повикува Неговата црква на земјата да се разбуди од летаргијата во која сатаната се обидувал да ја вовлече, и да го исполни своето од небо одредено дело за просветлување на светот…
Светот денес има голема потреба од откровението на Исуса Христа во лицето на Неговите светии. Бог очекува Неговиот народ да стои пред светот како свет народ. Зошто? Бидејќи во светот има такви кои треба да бидат спасени со светлината на Евангелската вистина; и додека црквата ја објавува веста на вистината која треба да ги повика луѓето да излезат од темнината во Божјата чудесна светлина, животот на нејзините членови треба да сведочи за вистинитоста на објавената порака.“ – The Review and Herald, March 31, 1910.

б. Опишете ги Христовите методи на работа за спасување на душите. Лука 14,23; Јован 4,27.

„Господ сака Неговото слово на благодатта да ѝ се објави на секоја душа.
Во голема мера тоа може да се постигне со личен труд. Со таа метода се служел и Христос. Неговото дело во најголема мера се состоело од разговор со поединци. Тој верно се залагал и тогаш кога пред себе имал само една душа. Преку таа една душа често пораката им се пренесувала на илјадници други.“ – Христовите очигледни поуки, 229.

в. Каков дух ни е потребен во работата за Бога? Дела 10,38; 2 Коринтјаните 12,15.

„Проучувајте ја Христовата дефиниција на вистински мисионер: ‘Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене’ (Марко 8:34). Да се следи Христос, како што тоа е наведено во овие зборови, не значи претворање ниту фарса. Исус очекува Неговите Ученици да го следат, одејќи по Неговите стапки, да поднесуваат како што Тој поднесувал, страдајќи како што Тој страдал и да победуваат како што Тој победувал. Тој грижливо очекува да види дали Неговите следбеници ќе откриваат дух на самопожртвуваност.“ – 8 Сведоштво, 209.

Четврток 31. август

5. ОГРОМНА ПРИВИЛЕГИЈА

а. Како секој од нас може да соработува во спасување на душите, и која треба да биде нашата најсрдечна желба и молитва? Римјаните 10,13-17; Лука 11,13.

„Потребна е поголема сериозност во Христовото дело. Свечената порака на вистината треба да се објави со ревност која ќе ги импресионира неверниците дека Бог учествува во нашите напори, дека Севишниот е нашиот извор на сила.“ – Евангелизам, 697.
„Видов дека умовите на мнозина при читање на други возбудливи книги се одвраќаат од сегашната вистина и престануваат да ја љубат светата Библија; други се исполнети со немир и грижи за тоа што ќе јадат, пијат и во што ќе се облечат. Некои од нив сметаат дека Господовото доаѓање е сѐ уште далеку. Времето се продолжи неколку години повеќе отколку што тие очекувале; па со тоа мислат дека уште многу години ќе се продолжува и на тој начин нивните мисли се одвраќаат од сегашната вистина и се обраќаат кон светот. Видов дека сето ова е многу опасно, затоа што кога духот е обземен со други работи, сегашната вистина бледнее и исчезнува и на нашите чела нема место за печатот на живиот Бог. Видов дека времето на Исусовиот престој во светињата над светињите наскоро истекува и дека може да потрае само уште малку; затоа целото слободно време кое го имаме на располагање би требало да го употребиме за истражување на Библијата според која ќе ни се суди во последниот ден.
Драги мои браќа и сестри, нека Божјите заповеди и сведоштвото на Исуса Христа ви бидат секогаш на ум и нека од него ги истиснат сите световни мисли и грижи. Размислувајте за тоа и кога легнувате и кога станувате. Со својот живот и постапките сведочите за доаѓањето на Синот Човечки. Времето на запечатување е многу кратко и наскоро ќе заврши.“ – Рани списи, 58.

Петок 1. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто никој нема изговор да не учествува во споделувањето на сегашната вистина со другите?
2. Што треба да разбереме под поимот „вечно Евангелие“?
3. Зошто лаодикејската порака ни е потребна тогаш кога прозелитизмот (преобратување на луѓе од други верски заедници) е надвор од мода?
4. Поради што светот се сомнева во вистинитоста на нашата порака?
5. Кои мисли можам да ги отфрлам надвор од мојот ум за да направам повеќе место за вистината?

Сподели го ова:

Слични објави