1. Славна, радосна-блажена надеж

Сподели го ова:

1. лекција                                      Сабота, 1. јули 2017.

Славна, радосна-блажена надеж

„Ете, доаѓа Господ со илјадници Свои свети ангели.“ – Јуда 14 (последен дел).

„На Божјиот патнички народ, кој толку долго мора да патува низ ‘долината на смртната сенка’, дадена му е славна и блажена надеж во ветувањето дека Оној кој претставува ‘воскресение и живот’ повторно ќе дојде ‘протераните пак да ги врати дома’.“ – Големата борба, 299. 

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Големата борба, 299-303.

Недела                                25. јуни

1.    ПОТТИКНАТИ ОД БОЖЈИТЕ ВЕТУВАЊА

а.    На самиот почеток од човечката историја, што во визија му било прикажано на седмиот патријарх од Адам – и како тоа силно го мотивирало? Јуда 14,15. 

„Со духот на пророштвото (Енох) бил пренесен во поколенијата на иднината кои требало да живеат по потопот и покажани му се големите настани во врска со второто Христово доаѓање и со крајот на светот… 
Во пророчка визија му била прикажана Христовата смрт и покажано му е како Тој во сета своја слава, придружуван од сите свети ангели, повторно доаѓа да ги ослободи своите верни од гробот. Видел исто така дека во времето на повторното Христово доаѓање во светот ќе владее голема расипаност, дека тоа ќе биде разуздано поколение, неумерено и самоволно, луѓе кои ќе се откажуваат од вистинскиот Бог и Господ Исус Христос, газејќи го Неговиот закон под нозе и презирајќи ја жртвата на страдање и помирување. Видел дека праведниците ќе бидат крунисани со слава и чест, додека безбожниицте, отфрлени пред Божјото лице, ќе ги уништи оган.
Објавувајќи му го на народот она што му го открил Бог, Енох станал проповедник на правдата.“ – Патријарси и пророци, 85.86.  

Понеделник                                        26. јуни

2.    РАДОСНА ДОВЕРБА

а.    Опишете го начинот на кој Божјиот народ во старозаветните времиња ја изразувал надежта во второто Христово доаѓање? Псалм 50,1-4; 96,11-13.
„Христовото доаѓање, како вовед во времето на владеењето на правдата, ги инспирирало светите писатели за тоа да зборуваат со највозвишени и најодушевени зборови. Библиските поети и пророците пишувале за тоа со зборови што гореле со небесен жар.“ – Големата борба, 300.

б.    Со каков возвишен јазик пророкот Авакум го опишува Исусовото враќање? Авакум 3,3-6.
в.    Кое утешно, охрабрувачко ветување им се повторува на новозаветните верници, и како тоа треба силно да влијае на нас? Дела 1,10.11. 

„Ветувањето што го дал Спасителот при разделбата на Маслинската Гора дека пак ќе дојде, на Неговите ученици им ја расветлувало иднината, нивните срца ги исполнувало со радост и надеж што никаква жалост не можела да ги угаси ниту прогонство да ги затемни.“ – Големата борба, 302.
„(Дела 1,11). Ветувањето дека повторно ќе го видат Исуса, кого го сакале, навистина било драгоцено за овие натажени ученици. Ова ветување исто така е драгоцено и за секој вистински Христов следбеник. Никој кој вистински го љуби Исуса нема да биде нажален што Тој повторно доаѓа. И како што се приближува доаѓањето на Синот човечки, оние кои вистински го љубат Исуса ќе се радуваат на блажената надеж и ќе се стремат да бидат подготвени да Го сретнат Оној кого го љуби нивната душа, кој умрел за да ги откупи.
Исус доаѓа! Но не со намера да ги слуша неволјите на човештвото, ниту грешникот како Му ги исповеда своите гревови заради простување, бидејќи тогаш сечиј случај ќе биде одлучен за живот или смрт. Оние кои живееле во грев засекогаш ќе останат грешници. Оние кои ги исповедале своите гревови на Исус во светилиштето, го направиле свој пријател и ќе се радуваат на Неговото доаѓање, ќе добијат простување за сите нивни гревови и тие, чистејќи ги своите души ‘во послушност кон вистината’, засекогаш ќе останат чисти и свети.“ – The Youth’s Instructor, April 1, 1854.

Среда                                            28. јуни

4.    КОПНЕЖ ЗА НЕГОВОТО ВРАЌАЊЕ
    
а.    Која порака одекнала во Лутеровите проповеди за учењето на апостолот Павле во врска со завршниот час на судот? Евреите 9,27.

„Лутер изјавил: ‘Јас навистина сум убеден дека до судниот ден нема да поминат ниту триста години. Бог не сака и не може да го трпи овој расипан свет многу подолго.’ ‘Се приближува големиот ден кога царството на гнасотиите ќе биде соборено’.“ – Големата борба, 303.  

б.    Какво убедување имале другите реформатори, и слично на тоа, каков треба да биде нашиот основен приоритет денес? Откровение 16,15.

„’Овој остарен свет не е далеку од својот крај’, изјавил Меланхтон. Калвин ги повикувал христијаните ‘да не се двоумат и со сето срце да го посакуваат денот на Христовото доаѓање како за најсвет настан’, и изјавил ‘дека целото семејство на верни очите ги насочиле кон тој ден.’ ‘Мораме да копнееме за Христа, да го бараме, да размислуваме, рекол тој, до разденувањето на оној голем ден, кога нашиот Господ целосно ќе ја открие славата на Своето царство.’ 
 ‘Нели нашиот Господ Исус се вознел на небото во наше тело?’ велел шкотскиот реформатор Нокс, ‘и зарем нема пак да дојде? Ние знаеме дека Тој пак ќе дојде и тоа мошне бргу.’ Ридли и Латимер, кои ги положиле своите животи за вистината, исто така со вера го гледале Господовото доаѓање. Ридли напишал: ‘Без сомнение – јас во тоа верувам, и затоа зборувам – светот се приближува кон својот крај. Заедно со Јован, Божјиот слуга, да извикаме во нашите срца: Дојди, Господе Исусе!’“ – Големата борба, 303.  
„Христовото повторно доаѓање на нашиот свет нема да биде долго одложувано. Тоа треба да биде основен тон на секоја вест.
На народот треба често да му се укажува на благословената надеж на второто Христово доаѓање со сета нејзина свечена стварност. Копнежот и постојаното очекување на скората појава на нашиот Господ, ќе нè наведат сите земни работи да ги сметаме за безвредни и ништожни…
Денес Господовите слуги не можат го да кажат она што го рекол пророкот Даниел: ‘Но одреденото време беше долго’ (Даниел 10:1). Сега остана само кратко време за работа во кое сведоците за Бога треба да ја извршат својата должност во подготвување на патот за Господовото доаѓање.“ – 6 Сведоштво, 406. 

Сподели го ова:

Слични објави