13 Мисија за сегашно време

Сподели го ова:

13. лекција Сабота, 24. септември 2016.

Мисија за сегашно време

„Тогаш твоите потомци ќе градат врз стари урнатини: ти ќе ги поставиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби.“ – Исаија 58,12.

„Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои пред светот, мора да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа… Тој мора да биде ‘обновител на урнатини, градител на патишта за населби‘ (Исаија 58,12).“ – Пророци и цареви, 460.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Welfare Ministry, 29-41.

Недела 18. септември

1. ЗНАЦИ НА ИЗВЕШТАЧЕНА РЕЛИГИЈА

а. Како можеме да ја избегнеме лажната понизност? Исаија 58,5; Филипјаните 2,3.14.15.

„Никој нека не мисли дека наместо вистинска понизност доволно е само да се наведнат главите како трски. Таквата понизност е лажна; таму каде што нема кротост во срцето, нема да ја има ниту во животот. Оние кои само ја исповедаат вистината, а не извршители на Словото, ќе ги рушат семејните олтари, ќе сеат неслога и раздори во домот, и ќе бидат сиромашни со свети и благородни дела кои произлегуваат од верата во Христа. Најубедлив доказ за моќта на Евангелието на светот ќе биде неговото влијание врз животите на оние кои веруваат во него. Вистинскиот христијанин ќе го претставува Христа и ќе престане да мрмори или да се жали на Бога, или на своите ближни…
Оние кои се само површни христијани не се благослов ниту за себе ниту за другите, дури и ако постат, се облекуваат во вреќишта и се посипуваат со пепел. Тие ги задржуваат старите навики: преку карактерот, сомнежот, љубомората, обвинувањето на другите – сето тоа докажува дека тие не се под влијание на Христовата благодат… Кога пропуштаат да постапат онака како што би постапил Христос, тие вината и одговорноста ја префрлаат на околностите или на луѓето со кои биле во контакт. Наместо да се преиспитуваат за да увидат во што се состои причината за нивната недоследност, тие ја оплакуваат својата состојба и сметаат дека нивните проблеми се последица на туѓите недела.“ – The Review and Herald, June 5, 1894.
Понеделник 19. септември

2. ПОСТОТ КОЈ БОГ ГО ИЗБРАЛ

а. Каков пост е доказ за највисок степен на христијанска побожност? Исаија 58,6.

„Делото на добродетелство кое е наложено во ова поглавје (Исаија 58) е делото кое Бог го бара од својот народ во ова време.“ – 6 Сведоштво, 197.
„Кога го прикажуваме совршенството кое се наоѓа во (Божјите) барања, во Неговите заповеди, во Неговиот закон, ние го прикажуваме она што ослободува од оковите на беззаконието, и наместо луѓето да се приморани да постат и да бидат оковани со синџирите на гревот, ќе попуштат стегите на беззаконието и оние кои непријателот ги држи заробени ќе се ослободат.“ – Manuscript Releases 5, 38.
„Дознајте кои се потребите на сиромашните и оние кои страдаат, а потоа со љубов и нежност помогнете им да се охрабрат, влејте им надеж и доверба делејќи ги со нив добрата кои Бог ни ги подарил. Со тоа ќе ја извршите задачата која Бог ни ја наменил. ‘Угнетените пушти ги на слобода’ ( Исаија 58:6). Не мирувајте сѐ додека не го скршите секој јарем. Не е возможно да го занемарите ова дело и да бидете послушни на Бога.“ – Pacific Union Recorder, July 21, 1904.

б. Што уште е вклучено во вистински Божји пост? Исаија 58,7.

„(Исаија 58,6,7) Тоа е упатството кое Христос го пропишал за малодушната, колеблива, треперлива душа. Оние кои се тажни, кои одат со тага пред Бога, треба да се пробудат и да им помагаат на оние на кои им е потребна помош…
За таа цел, Бог бара од црквата поголема побожност, поправилно чувство на должност и појасно сфаќање на своите обврски кон својот Творец. Тој бара од неа да сочинува еден чист, посветен, работен народ. Христијанското дело на пружање на помош е едно од средствата со кое тоа се постига, затоа што светиот Дух одржува врска со сите кои ја вршат Божјата служба.“– 6 Сведоштво, 198.
„Запомнете дека постои еден свет кој треба да се спаси. Ние треба да го извршиме својот дел, да стоиме покрај Христа како Негови соработници. Тој е глава; ние сме помошна рака. Негова намера е ние преку здравствено – мисионерска работа да ги ослободиме потчинетите, симнувајќи од нив голем товар. Да не ги затвориме очите пред бедата која е околу нас и да не бидеме глуви за страдалничкото лелекање кое го има сé повеќе. Христос е најголемиот мисионер кој светот некогаш го познавал. Тој дошол да ги подигне и разведри тажните и вознемирените, и во оваа работа ние треба да соработуваме со Него.“ – Welfare Ministry, 118.

Вторник 20. септември

3. ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ГОВОРНИ НАВИКИ

а. Кое изобилно ветување доаѓа врз сите кои со вера учествуваат во радосното практично служење на оние кои се во неволја? Исаија 58,8.

„(Исаија 58,8) Кога членовите на нашите цркви поединечно ќе се нафатат на работата што им е наменета, тие ќе бидат опкружени со една сосем поинаква атмосфера. Нивните напори ќе бидат проследени со благослови и сила. Ќе постигнат повисока духовна култура на срцето и умот. Ќе биде совладана себичноста која ги оковала нивните души. Нивната вера ќе стане живо начело.“ – 6 Сведоштво, 198.

б. Зошто мораме во целост да ја искорениме нехристијанската навика на ‘пружање на прст’? Исаија 58,9.10; Матеј 7,1-5.

„Токму оние кои се слепи за сопствените грешки, честопати брзо ги забележуваат грешките на другите, најбрзи се да ги критикуваат нивните зборови и да ги осудат за нешто што направиле или пропуштиле да направат…
Секоја нељубезна критика на другите, секој збор на самољубие, значи ‘испружен прст и безбожна беседа’ (Исаија 58,9). Гордото издигање на своето јас, како да сме безгрешни, преувеличување на маните на другите, претставува навреда за Бога…
Ние немаме право да не му веруваме на братот затоа што некои зли извештаи дошле до нашите уши, заради обвинувањата или претпоставките дека тој сторил нешто лошо. Честопати злобните извештаи потекнуваат од страна на оние кои се Божји непријатели, од оние кои се здружиле со непријателот за да ги обвинуваат браќата. Оние кои не обрнуваат внимание на зборовите од Спасителот: ‘Пазете како слушате’ (Лука 8:18), им дозволуваат на своите непосветени уши да чујат погрешно, им дозволуваат на своите изопачени сетила да си замислуваат погрешно, и со своите злобни јазици погрешно да известуваат.
Многумина кои ги обвинуваат браќата, нема отворено да разговараат со оние за кои сметаат дека се во заблуда, туку ќе отидат кај други и под маската на пријателство со заблудените, ќе ги осудуваат таквите. Понекогаш овие тужители отворено ќе се согласат со оние кои сакаат да наштетат. Тужбите кои се само претпоставки, тие ќе ги изнесуваат како факти, и нема јасно да им предочат на оние кои ги обвинуваат кои се нивните конкретни грешки, оневозможувајќи им на тој начин да одговорат на тужбите изнесени против нив.“ – The Review and Herald, May 7, 1895.

Среда 21. септември

4. ГРАДЕЊЕ НАМЕСТО УНИШТУВАЊЕ

а. Каква промена ќе искусиме ако стекнеме победа над ‘јаремот, пружање на прстот и зборување на суетни работи’? Исаија 58,10.11.

„Оние кои можат да послужат на добро во напредувањето на Христовото дело, но своите способности ги користат да рушат, а не да градат, ќе го почувствуваат Божјиот гнев. Тие ќе ги искусат Христовите страдања кои ги поднел за да го спаси човекот од казната за престапот на законот. Човековата вредност и степенот на неговата одговорност се откриваат единствено на крстот на Голгота.“ – The Southern Watchman, March 31, 1908.
„Да се прави добро – тоа е одличен лек за секоја болест. Оние кои се посветуваат на нашето дело треба да Му се обратат на Бога, а Тој им ветил дека ќе им одговори. Нивната душа ќе биде освежена во текот на суша, а тие ќе бидат како наводнувана градина, чиишто води никогаш не пресушуваат.
Разбудете се, браќа и сестри. Не плашете се од добри дела. ‘Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.’ (Гал. 6,9). Не чекајте да ви се каже што ви е должност. Отворете ги очите, погледнете ги оние кои се наоѓаат околу вас; запознајте се со беспомошните, немоќните и сиромашните. Не кријте се од нив и не затворајте ги очите за нивните неволји. Кој со својот живот дава докази за чистата вера за која зборува Јаков, неизвалкана со себичност и расипаност? Кој настојува да направи сѐ што е во негова моќ за да може да помогне во големото дело на спасување?“ – 2 Сведоштво, 18.

б. Опишете ја мисијата која ни е доделена и ветувањето што ја придружува. Исаија 58,12.13 (прв дел).

„Божјиот народ има посебна задача да ги соѕида урнатините направени во Неговиот закон и колку повеќе се приближуваме кон крајот, толку повеќе таа задача станува поитна. Сите кои Го љубат Бога ќе покажат со држење на Неговите заповеди дека го носат Неговиот печат. Тие ги поправаат ‘патиштата за населбите…’ (Исаија 58,13.14). Вистинската здравствено-мисионерска работа е нераздвојно поврзана со држење на Божјите заповеди во кои саботата е посебно спомната, бидејќи таа претставува голем споменик на создавачкото Божјо дело. Празнувањето на саботата е поврзано со делото на обновување на моралниот Божји лик во човекот. Тоа е служба која Божјиот народ треба да ја врши во ова време.“ – 6 Сведоштво, 197.
Четврток 22. септември

5. МИРОТ КОЈ НИ ГО ДАВА КНЕЗОТ НА МИРОТ

а. Што треба да разбереме за вистинската христијанска услужливост, која е карактеристика на оние што ја држат саботата? Исаија 58,13.14.

„Видов како во сабота цело небо будно ги набљудува оние кои ги признаваат барањата на четвртата Божја заповед и ја празнуваат саботата. Ангелите го бележат интересот и почитта кое тие ја укажуваат на таа божествена установа. Оние луѓе кои Го слават Господа Бога во своите срца со побожноста на својата душа и кои се трудат да ги искористат светите мигови славејќи ја саботата онака како што најдобро знаат и умеат и Го слават Бога со тоа што се радуваат на саботата – тие луѓе примаат од ангелите посебен благослов на светлина и здравје и ним им е подарена посебна сила. Од друга страна, ангелите го вртеа своето лице од оние кои не ја почитуваа светоста на светиот Божји ден и не им подарија ниту светлина ниту сила. Ги видов прекриени со облак, очајни и често тмурни. Чувствуваат дека немаат Божји Дух.“ – 2 Сведоштво, 464.
„Оние кои живееле не за да си угодуваат на самите себеси, туку за да бидат благослов за несреќните кои имаат толку малку благослови – колку нивните срца ќе бидат исполнети со задоволство! Тие ќе го искусат исполнувањето на ветувањата: ‘И ќе бидеш блажен, зашто тие немаат со што да ти возвратат, и затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните.’(Лука 14:14).“ – 6 Сведоштво, 230.
„Саботата ќе биде задоволство за сите кои ја примаат како знак за Христовата создавачка и откупувачка моќ. Гледајќи го Христа во неа, тие наоѓаат задоволство во Него. Саботата им укажува на делата на создавање, како доказ за Неговата силна моќ во откупувањето. Саботата потсетува на изгубениот Едем и истовремено укажува на мирот кој е повторно обновен преку Спасителот.“ – Копнежот на вековите, 210.

Петок 23. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Наведете некои примери на лажна и на вистинска понизност?
2. Каков лицемерен пост Бог осудува?
3. Како јас можам да учествувам во најдобриот вид на пост кој Бог го сака за мене?
4. Која човечката склоност за уривање може да се претвори во градење?
5. Накратко опиши го Божјиот славен план за почитувачите на саботата денес?

Сподели го ова:

Слични објави