11 Сочувство кон покајниците

Сподели го ова:

11. лекција Сабота, 10. септември 2016.

Сочувство кон покајниците

„Зашто вака вели Високиот и Возвишениот, вечно Живиот, Чие име е Светец: „Јас живеам на небесната височина и во светилиштето, но Јас сум и со оние што имаат скршено срце и понизен дух, за да го оживувам духот на понижените и да ги оживувам срцата на поразените.“ – Исаија 57,15.

„Ништо не е поважно за општење со Бога од најдлабоката понизност.“ – 5 Сведоштво, 33.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 6 Сведоштво, 29.30.77-80.261.262.

Недела 4. септември

1. СООЧУВАЊЕ СО РЕАЛНОСТА

а. Што мораме да сфатиме за да се доближиме до Бога? Исаија 59,1.2.

„Гревот во кој најмногу се запаѓа, кој нѐ одвојува од Бога и доведува до духовно пореметување, е себичноста. Никој не може да се врати кај Бога освен ако се одрече од себе. Ние во поглед на тоа не можеме ништо да постигнеме сами; но ако Бог ни подари сила ќе можеме да живееме за доброто на другите и на тој начин да се спасиме од себичноста. Не е потребно да одиме во незнабожечки земји да би покажале на тој начин дека сакаме сé да му посветиме на Бога и да живееме корисен, несебичен живот. Треба да го правиме тоа во своето семејство, во црква, меѓу оние со кои се дружиме и соработуваме. Токму во своите секојдневни сфери од животот треба да се одречеме од своето јас и да го држиме во потчинетост. Павле можел да каже: ‘Секој ден умирам’ (1 Кор.15,31). Тоа секојдневно умирање на нашето јас, во малите работи од животот нѐ прави победници. Треба да заборавиме на себе во желбата на другите да им правиме добро. Кај многу луѓе ја нема оваа љубов кон другите. Наместо верно да ја извршуваат својата должност, тие се стремат кон нивно сопствено задоволство.“ – 2 Сведоштво, 142.
„Мораме да се запознаеме себеси – познавање кое ќе резултира со каење, пред да можеме да најдеме простување и мир.“ – Христовите очигледни поуки, 120.
Понеделник 5. септември

2. ПРИБЛИЖУВАЊЕ КОН БОГА

а. Колку е важна понизноста во Божјите очи? Исаија 57:14-17.

„Ако некогаш луѓето треба во понизност да одат пред Бога, тогаш тоа треба да го прави Неговата црква, Неговите избраници во оваа генерација. Сите треба да престанат го оплакуваат фактот дека нашите интелектуални способности отапеле и дека не ги цениме доволно нашите привилегии и можности. Ние немаме со што да се пофалиме.“ – Counsels to Writers and Editors, 63.
„Мораме да ја препознаеме и отфрлиме самодовербата. Единствено правдата и вистината ќе ја издржат пробата за ова време. Мораме секојдневно да го имаме покрај себе Духот Божји како би можел да не сочува од зли мисли и немудри дела, од издигање на душата во суета.“ – Manuscript Releases 19, 65.
„Господ ја отвора патот за ширење на Евангелието, но ние не сме подготвени. Секојдневно силата на Божјиот дух мора да нѐ омекне и облагороди. Дури и нашите мисли треба да се донесат во потчинетост на Христа. Непосветеното јас треба да се распне.“ – Signs of the Times, October 24, 1900.

б. Што сака Бог да направи за нас преку Неговото Слово? Исаија 57:18,19.

„Зацврстете ја својата вера со толкава цврстина и сигурност во Христа, така да никакви околности од било кој вид не можат да ја поместат. Нека вашиот живот биде сокриен со Христа во Бога.
Не трошете го своето време размислувајќи за неисправните карактери на другите. Тоа нема да ги излечи вашите карактерни недостатоци. Размислувајќи за недостатоците на другите, вие ќе се измените во ист лик. Секогаш кога сте во искушение да разговарате за лудориите на другите или да ги обвинувате за повредите што ви ги направиле, сметајте дека тие го повредиле Христовото срце во лицето на Неговите светии. Тогаш земете ја Библијата, отворете ја пред Бога и молете Го за исцелувачкиот мелем на Неговиот мир.“ – Manuscript Releases 21, 24.25.
„Речта ги прави горделивите смирени, изопачените кротки и скрушени, а непослушните послушни. Грешните навики на човекот се природно вткаени во неговите секојдневни постапки. Но Речта ги сече и искоренува телесните желби. Таа ги проценува мислите и намерите на срцето; навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и уништувајќи ги телесните желби ги прави луѓето волни да страдаат за својот Господ.“ – Коментари на библиските текстови 805.
Вторник 6. септември

3. ИМАЈЌИ ЈА ВО ПРЕДВИД ВЕЧНОСТА

а. Спротивно на утехата која им ја дава на скрушените и кротките, каква пресуда Бог изрекува над оние што го отфрлаат Божјиот апел? Исаија 57:20,21. Како можеме да ја избегнеме оваа состојба?

„Дали сте подготвени да ги отфрлите идолите што сте ги негувале? Дали сте подготвени да го пуштите Исус да влезе во вашето срце, да го очисти од секаква нечистотија? Дали во секој момент и во сите околности владеете со себе? Можете ли да кажете: ‘Мене животот ми е Христос, јас сум Негов? Сé што имам, време или сила или влијание, сé е Негово’? Дали го претставувате преку својата трпеливост, сталоженост, несебичност?“ – The Signs of the Times, April 9, 1902.
„О, тоа предано и понизно срце ќе го води Божјиот народ да го направи она што Христос го заповедал, а сепак во таа понизност и вистина ќе речат: ‘Ние сме бесполезни слуги, го направивме само она што бевме должни да го направиме’. Меѓутоа, мнозина, мнозина кои се полни со гордост и чувство на важност, според Божјата проценка се млаки. Се јавува чувство на самозадоволство поради некои ситни успеси. Каде можеме да го чуеме сведочењето на срцата што се скршени во покајание и исповед пред Бога? Каде можеме да ги видиме таканаречените верници како го носат јаремот на Христос? Колку малку време посветуваме на горлива молитва, чиј резултат би бил поседување на кроток и смирен дух, кој во Божји очи има голема вредност.“ – The Review and Herald, September 16, 1909.
„Нема вашето исповедање на верата да покаже дали сте навистина христијани, туку вашите постапки. Се приближуваме кон судниот ден и треба да се стремиме ова малку време што ни преостанува до Христовото доаѓање, мудро да го искористиме. Треба да се стремиме својот ум да го наполниме со знаење од вистинска вредност а не со дрва, сено, слама. Со мудро управување нашите способности треба да се зголемуваат, како би добиле поголема сила да ги сфатиме Христовите свети учења. Ние треба да станеме учители на тајните на Евангелието.“ – The Review and Herald, April 19, 1892.

б. Што треба секогаш да имаме на ум во поглед на вечноста? Римјаните 14:10.

„Ние живееме на прагот на вечниот свет. Во небеските судови се испитуваат случаите на сите луѓе, и крајно време е да го отфрлиме гревот и ревносно да работиме за спасение на што повеќе души.“ – Reflecting Christ, 121.
Среда 7. септември

4. ВЛИЈАНИЕТО НА СВЕТИОТ ДУХ

а. Што Христос признава како доказ дека во голема мера сме исполнети со Свет Дух – ветениот Утешител? Јован 16:8.

„Колку поблиску доаѓате до Христа, во своите очи станувате се погрешни; затоа што вашиот вид станува појасен, така ќе ја препознаете својата несовршеност во спротивност со Неговата совршена природа. Меѓутоа не дозволувајте тоа да ве обесхрабри. Ова е доказ дека ѓаволските измами ја изгубиле својата моќ. Дека ве буди оживувачкото влијание на Светиот Дух и дека ве напуштаат рамнодушноста и немирот.
Длабоко вкоренетата љубов према Христа не може да се најде во срцето кои не ја гледа својата грешност. Душата која со милост е преобратена ќе се восхитува на неговиот божествен карактер; но непознавањето на сопствените морални изопачености е непогрешен доказ дека не сме ја сватиле Христовата убавина и возвишеност. Што помалку држиме до себе, толку повеќе ќе ја цениме бесконечната чистота и убавина на нашиот Спасител. Увидувањето на сопствените грешки не води до Оној кој простува. Исус ќе не прифати; затоа што Неговиот збор е гаранција.“ – Review and Herald, February 17, 1885.

б. Објасни ја разликата помеѓу ваквата понизност и спротивниот став кој често се среќава во светот – многу често и во црквата – и последиците кои овој вториот ги носи со себе. Јован 3:13,14.

„Што е лажно сведочење против вистината? Тоа значи да тврдиме дека веруваме во вистината, додека духот, зборовите и однесувањето не го претставуваат Христа, туку сатаната. Злобните претпоставки, нетрпеливоста и духот кој не простува, тоа е лага против вистината, а љубовта, трпението и долгото поднесување се во склад со начелата на вистината.“ – That I May Know Him, 185.
„Мнозина од нив негуваат несвета желба за превласт. Мнозина сакаат да им се ласка и љубоморно пазат некој случајно да не ги навреди или занемари. Постојано е присутен дух на непростување. Тука постои завист, кавга и соперништво.
Малкумина ја примаат Христовата љубов со понизност, со длабоко и постојано чувство за нивната недостојност. Тие не можат да го поднесат манифестирањето на Божјата сила, затоа што тоа би поттикнало во нив самодоверба, гордост и завист. Ова е причината зошто Бог толку малку може да стори за нас сега.“ – 5 Сведоштво, 33.34.
Четврток 8. септември

5. ПОНИЗНИ ПРЕД ДРУГИТЕ

а. Како оние кои се исполнети со Духот се однесуваат кон оние кои се во заблуда или грешат? Галатјаните 6,1-3.

„‘И прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник’ (Лука 11,4). Не можеме оваа молитва да ја повторуваме од срце, а истовремено да не се осмелуваме да простиме; бидејќи се молиме на Бога да ни ги прости гревовите наши како што ние им простуваме на оние кои ни погрешиле. Малкумина ја разбираат вистинската смисла на оваа молитва. Ако оние кои не простуваат ја сфатат длабочината на нејзиното значење, тие не би се осмелиле да ја повторуваат и да бараат од Бога да се однесува така како што тие се однесуваат кон своите блиски.“ – The Youth’s Instructor, December 7, 1899.
„Кога во душата на работникот би престојувал Христос, кога секоја себичност би умрела, кога не би постоело ривалство ниту борба за власт, кога би постоело единство, кога би биле посветени така да нивната меѓусебна љубов може да се види и почувствува, тогаш обилното излевање на Светиот Дух ќе дојде еднакво сигурно како што Божјите ветувања се доверливи во секоја цртичка и точка. Но кога работниците ги обезвреднуваат залагањата на другите како би можеле да ја покажат сопствената надмоќност, со тоа покажуваат дека нивната работа не го носи оној печат кој би требало да го носи. Бог не може да ги благослови.“ – Одбрани пораки 1, 168.
„Пред да нѐ крсти со Светиот Дух, нашиот небесен Отец ќе не искуша, со цел да види дали можеме да живееме а да не Го обесчестуваме. Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи до вас. Не мислете, деца мои, дека сте ја примиле целата духовна помош која ви е потребна. Не мислете дека ќе имате обилни духовни благослови, без прифаќање на условите кои самиот Бог ги одредил. Јаков и Јован мислеле дека поставеното прашање ќе ги доведе до највисока положба во Божјото царство. О, колку далеку биле од исправното разбирање на работите! Тие не сфатиле дека, пред да станат учесници во Божјата слава, мораат да го земат Неговиот јарем и секојдневно да се учат на Неговата понизност и кротост.“ – Manuscript Releases 1, 178.

Петок 9. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Како и во мојот живот може да се исполни ветувањето кое им е дадено на победниците?
2. Какви промени се случуваат во нас при посветеното проучување на Божјото Слово?
3. Имајќи во предвид дека е кратко времето на милост, на што треба да се посветиме?
4. Како можеме да се доведеме во опасност да сведочиме лажно против вистината?
5. Кои практични чекори треба да ги преземам како би добил позен дожд?

Сподели го ова:

Слични објави