10 Упатства за кротките

Сподели го ова:

10. лекција Сабота, 3. септември 2016.

Упатства за кротките

„Ако свртите надесно, ако свртите налево, ушите ваши ќе го слушаат словото, кое говори зад вас – ете го патот, врвете по него.“ – Исаија 30,21.

„Човекот не е препуштен да биде немоќна играчка на ѓаволските искушенија… Окото на Севишниот никогаш не дреме и не спие, будно го чува кампот на Израел. Десет илјада пати десет илјади и илјадници илјади ангели се во службата за потребите на синовите човечки. Гласовите вдахновени од Бога, воскликнуваат: Тоа е патот, одете по него.“ – Мојот живот денес, 97.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 5 Сведоштво, 296-302,352-357; The Sanctified Life, 80-93.

Недела 28. август

1. БОЖЈАТА ГРИЖА

а. Со која убава илустрација Исаија ја прикажува Божјата постојана грижа за Своето лозје, и како тоа треба да допре до нашето срце, како Негови деца? Исаија 27:2,3; Псалм 112:5-7.

„Точно е дека светот е во мрак. Спротивставувањето е се појако. Потсмевачот и подбивачот стануваат похрабри и поцврсти во своите престапи. Сепак, сето ова не треба да не загрижува. Не треба да трчаме така несигурно. Не, не. Моето срце е цврсто, верува во Бога. Ние го имаме својот Спасител. Можеме да се радуваме во Неговата целосна совршеност.“ – Reflecting Christ, 351.
„Кога само би ја согледале и цениле Божјата добрина и љубов и Неговата непрестајна грижа за нас, колку поинаков би бил овој свет! Ако најнапред го бараме Божјото царство и Неговата правда, начелата на правдата ќе управуваат со нашите животи, и за себичноста ќе нема место во нашето срце. Желбата да ја вршиме нашата волја би се претопила во желбата да ја исполнуваме Божјата волја. Ние треба да негуваме континуирано познавање на Божјата љубов и добрина. Мораме да имаме на ум дека пред Него сме одговорни за употребата на даровите што ни ги доверил.“ – Manuscript Releases 7, 327.

Понеделник 29. август

2. ПОТРЕБНА Е ТРЕЗВЕНА БУДНОСТ

а. Што денес ги заслепува мноштвото луѓе, па и таканаречените христијани? Исаија 29:9-12.

„Ми беше покажано дека лажните пастири се пијани, но не од вино; тие се тетерават, но не од силните пијалаци. Божјата вистина за нив е запечатена книга, тие не можат да ја читаат.“ – Рани списи, 134.

б. Како оваа состојба влијае на мнозина кои ја потврдуваат сегашната вистина, но одбиваат да прифатат делови од неа, и каква опомена следи поради тоа? Исаија 29,13-16.

„Секоја од разните групи на таканаречените адвентисти има малку вистина, но сите тие вистини Бог им ги дал на Своите деца за да се подготвуваат за Неговиот ден. Освен тоа, Тој им ја дал вистината која ниедна од тие групи не ја познава ниту ја разбира. Важните точки кои, за нив се запечатени, Бог им Ги открил на оние кои се волни да видат и подготвени да разберат. Кога има да изнесе некоја нова светлина, Бог сам Го просветлува разумот на своите избраници како би можеле тоа да го сфатат, а не да бараат просветлување слушајќи ги оние кои се наоѓаат во темнина и во заблуда.
Ми беше покажано колку е неопходно за оние кои веруваат дека сме ние носители на последните вести на милост, да се одвојат од оние кои секојдневно се напојуваат со нови заблуди. Видов дека ниту младите ниту старите не треба да ги посетуваат нивните состаноци; погрешно би било да ги храбрат на таков начин, затоа што тие проповедаат заблуда која претставува отров за душата и учат доктрини коишто се човечки заповеди. Влијанието на таквите собири не е добро. Кога Бог веќе нѐ ослободил од мракот и заблудите, тогаш треба цврсто да стоиме во слободата која Тој ни ја подарил и да се радуваме на вистината. На Бога не му е угодно да одиме да слушаме погрешни учења без да сме принудени. Тој не нѐ праќа на такви собири каде се наметнува заблудата врз народот и Тој таму нема да нѐ чува. Ангелите престануваат будно да бдеат над нас и ние сме препуштени на ударите од непријателот, да не заслепи и ослаби со помош на своите зли ангели, и тогаш светлината која нѐ опкружува, станува нејасна под влијание на темнината.
Видов дека ние немаме време да слушаме измислици. Наместо да се забавуваат со тоа, нашите мисли треба во потполност да бидат обземени со сегашната вистина….“ – Рани списи, 101.102.
Вторник 30. август

3. ПРОРОШТВА ЗА ОДРЕДЕНИ КЛАСИ

а. Кое пророштво е изречено за оние кои се кротки во Господа, а за разлика од оние кои негуваат критички дух во однос на своите браќа и сестри? Исаија 29,18-21.

„…Оној кој мислел дека е сигурен во љубовта и пријателството на својот брат, ќе увиди дека се сомнева и во него и во неговите побуди.
Неутврдените гласини често го уништуваат единството помеѓу браќата. Има поединци кои будно со отворен ум и уши прислушкуваат да фатат скандал кој на таков начин проструил. Тие собираат ситни инциденти од некој настан, кои сами по себе можат да бидат сосема безначајни, но се прераскажуваат сѐ додека човекот не го направат престапник само поради еден збор. Нивното мото е: ‘Пријавете го, и ние ќе го обвиниме’ (Еремија 20,10). Тие носители на информации, вршејќи ѓаволска работат со изненадувачка посветеност, не се ни свесни колку со своите постапки го навредуваат Бога. Кога само половина од енергијата и ревноста која ја вложуваат во оваа страшна работа би ја вложиле во преиспитување на своето срце, би увиделе дека треба толку многу да направат за да ја исчистат душата од нечистотиите на гревот и би немале време или склоност за критикување на своите браќа, и тогаш не би паднале под власта на таквото искушение. Вратите на умот треба да се затворат против ‘тие велат или ‘имам слушнато. Зошто, наместо да дозволиме љубомората или сомнежот да ни се вовлечат во срцето, да нѐ отидеме кај своите браќа и искрено, но љубезно, да изнесеме пред нив она што сме чуле за нивниот карактер или влијание? Зошто да нѐ се молиме на Господа со нив и за нив? Иако не можеме да ги сакаме и да се дружиме со оние кои се жестоки непријатели на Христа, можеме да негуваме дух на кротост и љубов која го карактеризирала нашиот Спасител – љубов која ‘не мисли на зло’ и која не дава лесно да се испровоцира.“ – The Review and Herald, June 3, 1884.

б. Кое охрабрувачко пророштво ни е дадено за овие последни денови во поглед на искрените припадници на еврејскиот народ кои искрено го бараат Бога? Исаија 29:22-24.

„Меѓу Евреите има луѓе кои, како Савле од Тарс, се силни во познавањето на Писмото, и тие со чудесна сила ќе ја објавуваат непроменливоста на Божјиот закон. Богот на Израел ќе стори до тоа да дојде во последните денови. Божјата рака не се скратила за да не може да спаси. Ако Неговите слуги со вера се залагаат за оние кои долго време биле запоставени и презрени, ќе се открие Неговото спасение.“ – Делата на апостолите, 294.

Среда 31. август

4. БОЖЈАТА ДОЛГОТРПЕЛИВОСТ КОН СИТЕ НАС

а. Како Исаија отворено ги укорил телесните желби на оние кои се сметале за Божји народ, и како тоа може да се примени на нас денес? Исаија 30:8-16.

„Сакаме во вашиот ум да ја втиснеме свеста од потребата за чистење на секоја нечистотија на гревот. Црквата која Христос ја става пред престолот на својата слава е без ‘осквернување, или порок, или нешто слично.’(Ефесјаните 5:27). Сакате ли да бидете помеѓу оние кои своите облеки на својот карактер ги испрале во крвта на Јагнето? Тогаш, ‘престанете да правите зло; научете се да правите добро’ (Исаија 1,16.17); беспрекорно одете по заповедите и уредбите на својот Бог. Зарем не треба да се запрашате дали на вашата удобност и одговара држењето на небесните вистини. Треба да го земете својот крст и да го следите Исуса, без оглед на цената. Ќе видите дека Неговиот јарем е благ, и Неговото бреме е лесно. Кога сте го прекршиле Неговиот закон и со тоа сте навлекле на себе смртна казна, Бог не го поштедил Својот Единороден Син, како би ве довел од патот на престапот во патот на животот и светоста; а вие занемарувате толкаво големо спасение, и одбивате да ги исполните условите на вечниот живот?…
Донесете одлука од сега па натаму вашите нозе да одат по патот на послушноста. Темнината која ве опкружува како густ облак ќе се подигне, и небесната светлина ќе ги осветли сите оние кои ќе ја изберат вистината по секоја цена.
Господ ги разбира сите ваши искушенија; и колку и да ви изгледа невозможно да живеете за Бога, ќе откриете дека патот пред вас ќе се отвори. Кога вашата вера ќе биде тестирана, како што Господ го отворил Црвеното Море, и водите во вашиот живот ќе се разделат, и Неговото провидение ќе направи патека за вашите нозе. Безбедно е да му служите на Бога. Ако одите по Божјиот пат, тоа можеби нема да биде на напредок на вашиот световен живот; но престапникот ќе биде вечно изгубен…
Нашите татковци грешеле, а ние одиме по нивните чекори; но Бог ја отворил книгата на Законот, и отпадничкиот Израел, сега ги слуша заповедите на Бога. Нивното беззаконие стои откриено, а Божјиот гнев ќе биде врз секоја душа која ќе одбие да се покае и реформира додека светлина светли на нејзиниот пат…
Мораме да ги покаеме своите минати гревови и злите дела и да го бараме Бога со сето срце. Мораме да веруваме дека Бог стои зад она што го вели и да престанеме да правиме компромис со злото во било кој поглед. Треба да се понизиме пред Бога и да смтаме дека секоја загуба е подобра од губење на Неговата милост.“ – The Review and Herald, June 22, 1911.

б. Како Бог го покажал Своето големо трпение кон нас? Исаија 30:18,19.

Четврток 1. септември

5. СЛУШАЊЕ НА ТИВКИОТ, ТЕНОК ГЛАС

а. На кој начин искреноста во молитва ‘и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот ‘ (Матеј 6:13), може да ни помогне да останеме на безбеден пат? Исаија 30,20.21.

„Духот кој управува со сојузот на злото постојано настојува да го засени погледот на луѓето од зборовите Божји и да го истакне на попривлечен начин мислењето на луѓето. Тој би сакал ние да не го слушаме гласот Божји кој зборува: ‘Ова е патот одете по него’ (Исаија 30:21). Тој настојува се што е во негова моќ по пат на образование и воспитување да ја замрачи небесната светлина.“ – 8 Сведоштво, 329.
„Господ сака сите да сфатат дека нивниот напредок е скриен со Него во Христа, дека зависи од нивната посветеност и кроткост, од нивната срдечна посветеност и преданост.“ – 7 Сведоштво, 126.
„Кога упатуваме молитва која Христос ни ја оставил (Матеј 6:13), се потчинуваме на Божјото водство и Го молиме Тој да нѐ води по сигурна патека. Не можеме да бидеме искрени во молитвата а во исто време да одиме по патот кој сами сме го избрале. Да почекаме Тој да нѐ води со Својата рака; да го послушаме Неговиот глас кој вели: ‘Ова е патот одете по него’ (Исаија 30:21).
Нема да бидеме безбедни сѐ додека одбиваме да го согледаме она што сигурно ќе го пожнееме ако ги слушаме сатанските совети. Гревот е обесчестување и несреќа за секоја душа која го негува, во негова природа е да нѐ заслепи и измами и тој ќе не мами со ласкави понуди. Ако се осудиме да стапнеме на ѓаволско тло, не ни е ветено дека ќе бидеме заштитени од силите на злото. Што се однесува до нас треба да го затвориме секој влез преку кој сатаната би можел да допре до нас.“ – Мисли од гората, 83.84.

б. Што ни ветил Бог ако ги отфрлиме нашите идоли? Ис. 30:22-26.

Петок 2. септември

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Додека нѐ осипува со своите благослови, за што сака Бог да размислуваме??
2. Зошто треба два пати да размислиме пред да одиме во друга црква?
3. Зошто вистинската кротка и понизна личност не може да озборува?
4. Кон што се стремат оние кои проповедаат вера, а имаат телесен ум?
5. Како единствено Бог одговара на нашите молитви за Негово водство?

Сподели го ова:

Слични објави