09 Одговорноста на човештвото

Сподели го ова:

9. лекција Сабота, 27. август 2016.

Одговорноста на човештвото

„Во оној ден ќе го сврти човек погледот свој кон својот Создател, очите негови ќе бидат управени кон Светецот Израелов.“ – Исаија 17, 7.

„Секој од нас треба да се најде во позиција каде ќе ја сфати својата одговорност пред небесниот Бог. Кога ова ќе го сфатиме, Божјиот благослов ќе почива врз нас.“ – Australasian Union Conference Record, July 28, 1899.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 2 Сведоштво, 773-782.

Недела 21. август

1. ОСУДА ЗА ГОРДОСТА И ПРЕТПОСТАВКИТЕ

а. Само што Асирците биле подложни на судот, што Исаија пророкувал дека ќе се случи со гордиот Вавилон? Исаија 13,1.4-6.17-22; 47,1-3.7-9. Кога страшната судбина конечно го снашла овој голем град? Даниел 5,1.18-23.28.30.

б. Објаснете ја паралелата помеѓу овие настани и она што Господ го објавил дека наскоро ќе дојде на духовниот Вавилон. Откровение 18,1.2.7-17; Езекиел 7,9.

в. Зошто сите треба да бидат внимателни во овој поглед? Изреки 15,3.

„Божјото око посматра сѐ… Светиот Бог кој го мрази гревот е сведок на секој збор и на секое дело во нашиот живот. Ние не можеме да избегаме од нашата одговорност кон Него, затоа што Бог е насекаде. Зошто да нѐ живееме на таков начин што нашата сметка можеме да ја донесеме со радост, а не со тага? Бог ни доделил задача која треба да ја извршиме, и ние тоа треба да го направиме под Негово водство. Ако своите сили ги ставиме под контрола на сатаната, ние стануваме бунтовници против Бога, и во нашиот животен извештај ќе се пронајде, како и кај Валтазар, фатален недостаток кога сметките ќе се најдат на мерилата.“ – Тhe Signs of the Times, September 14, 1888.
Понеделник 22. август

2. ПОВЕЌЕ ЗАВИСНИ ОД БОГА, ПОМАЛКУ ОД ОПШТЕСТВОТО

а. Среде метежот и вревата на градскиот живот во современото општество, кое предупредување секогаш мораме да го имаме на ум? Исаија 17,12-14. На пример, што на Господовиот гласник за последните денови му било дадено да запише за еден град (во овој случај Мелбурн, Австралија) кој во нејзино време имал малку помалку од половина милион жители?

„Божја волја не е Неговиот народ да се настани во градовите, каде што има постојан метеж и конфузија. Нивните деца треба да бидат поштедени од ваквите работи; целиот систем е изопачен од страна на брзање, гужва и бучава.
Господ сака припадниците на Неговиот народ да се преселат надвор од градовите, каде на свој имот можат да одгледуваат овошје и зеленчук, и каде нивните деца можат да бидат доведени во директен допир со Божјите дела во природата. Изведете ги своите семејства далеку од градовите, тоа е мојата порака.“ – Medical Ministry, 310,311.
„Градовите ќе стануваат сѐ полоши и полоши. Во нив ќе има судири и крвопролевање, и на крај тие ќе бидат погодени со земјотреси. Зградите ќе бидат урнати и ќе ги проголта оган од небото…
Дали нашите браќа и сестри во Мелбурн ќе тргнат во нови потфати без претходно да побараат совет од Бога? Дали ќе градат големи фабрики во Мелбурн, додека светот станува се полош и полош, кога градовите стануваат како Содом и Гомор? Дали сакаат да ги ослепат очите на луѓето како не би ги препознале знаците на времето?
Во градовите мора да се работи. Оние кои живеат во нив мораат да бидат предупредени на настаните што се пред нас. Нека времето и средствата се трошат мудро. Потрудете се пораките за сегашната вистина да се рашират меѓу патишта и улиците во градовите. Но, немојте своите семејства да ги сместите во градот, и не воспоставувајте деловни односи. Ако го направите ова, од вас во иднина ќе се очекува да се прилагодите да почитувате разни празници. Ќе бидат поставени посматрачи да бараат повод да приговараат на Божјиот народ кој ги држи заповедите. Сатаната ќе ја покажува својата моќ и непријателство, а угнетувањето ќе биде резултатот. Колку е поголем градот, толку поголемо ќе биде угнетувањето. Во такво време, како ова, дали ние ќе ги инвестираме парите и времето во деловни потфати во градовите, кога тие се толку многу потребни за унапредување на делото во нови области? Нека учителите на вистината излезат на патиштата и меѓу оградите, и нека ги натераат луѓето да дојдат, за Божјиот дом може да биде полн.“ – Manuscript Releases 19, 336,337.

б. Наместо да се потпираме на телесните мускули, каде треба да го насочиме својот поглед? Исаија 17,7.8.

Вторник 23. август

3. ПОСВЕТУВАЊЕ ВО ДЕНОТ НА ОЧИСТУВАЊЕТО

а. Што Господ изјавил за јадење на „чиста“ месна храна во несимболичниот Ден на очистување? Исаија 22,12-14.20-22 (спореди со Откровение 3,8.7). Кога Божјиот гласник бил вознет во визија, што му било откриено во поглед на „отворените“ и „затворените“ врата?

„Светиот Дух се излеа врз нас и јас во духот бев вознесена во градот на живиот Бог. Тогаш ми беше покажано дека Божјите заповеди и сведоштвото на Исус Христос во врска со затворената врата не можат да се одвојат едно од друго, и дека времето Божјите заповеди да заблескаат во своето полно значење и Божјиот народ да биде ставен на проба во поглед на вистината за саботата, започна кога се отвори вратата во најсветото место во небесното светилиште, каде се наоѓа ковчегот со десетте заповеди. Оваа врата не се отвори сѐ додека Исус не го завршил Своето посредување во светињата на светилиштето во 1844. година. Тогаш Исус станал и ја затворил вратата од светињата, а ја отворил вратата од светињата над светињите и влегол зад втората завеса, каде Тој сѐ уште стои покрај ковчегот од каде што сега допира верата на духовниот Израел.
Видов дека Исус ја затвори вратата од светињата и никој не може да ја отвори, и ја отвори вратата од светињата над светињите и никој не може да ја затвори (Откровение 3,7.8); и дека од оној момент кога Тој ја отворил вратата од светињата над светињите, каде што се наоѓа ковчегот на заветот, заповедите го осветлуваат Божјиот народ и празнувањето на саботата за нив станува тест.“ – Рани списи, 33.34.

б. Која е нашата најитна должност со оглед на времето во кое живееме? Исаија 34,16. Објаснете ја накратко мисијата на Божјиот гласник за денешно време и објаснете зошто е таа толку значајна.

„Јас не дојдов да објавам мир; овој глас можете да го чуете каде и да одите. Постојат такви кои ќе ве намамат да заспиете во вашата телесна сигурност; но моето дело е поинакво. Мојата вест треба да ве алармира, да ве поттикне да го реформирате својот живот и да престане вашиот бунт против Богот на универзумот. Земете го Божјото Слово и погледајте дали сте во склад со него. Дали вашиот карактер ќе ја издржи истрагата која ја спроведува небото?“ – The Review and Herald, June 22, 1911.

Среда 24. август

4. СИДРО СРЕДЕ ВЕТРИШТАТА НА НАУКИТЕ

а. Како можеме да стоиме непоколебливо на Христова страна во времето кога луѓето имаат тенденција да го оспоруваат Бога и Неговата мудрост? Исаија 29,13-16; 30,8-11.

„Никој пред Господ толку целосно ја открил својата благодат на Својот избран народ како што тоа го прави во овие последни денови кога Неговиот закон се остава и гази.“ – Сведоштво за проп., 74.
„Господ го повикува секој учител, секој проповедник, секој кој ја примил светлината на Неговата вистина добро да ја испита и да ја процени својата духовна состојба. Тие имаат голема светлина, и за да го обезбедат вечниот живот, тие повеќе не смеат грешните луѓе да ги сметаат за своја потпора, туку треба да ѕидаат врз сигурен темел.“ – Сведоштво за проповедници, 346.347.

б. Што треба да биде наша заштита во време на верски заблуди? Исаија 8,19.20.

„Не постои слога меѓу Христос и Велијар. Нивните необични сфаќања за непостоењето на воскресение за безбожниците и за идниот век претставуваат големи заблуди што сатаната ги уфрлил меѓу ересите на овие последни денови со цел да ги уништи душите. Тие заблуди на никаков начин не можат да се согласат со пораката која има небесно потекло.
Поединци од тоа движење имаат наводно и некои дарови добиени од Бога. Тие испуштаат некои неартикулирани гласови што ги нарекуваат странски јазици, а кои се потполно неразбирливи не само за луѓето, туку и за Господ и за целото небо. Овие дарови ги измислуваат мажите и жените со помош на големиот измамник. Фанатизмот, лажното возбудување, неразбирливите јазици и дигањето врева, тие ги сметаат за дарови што Бог ги дал во Својата црква. На тој начин уште некои се вовлечени во таа заблуда, и плодовите од сето се многу зли. ‘По нивните родови ќе ги познаете’ (Матеј 7,16). Фанатизмот и кревањето врева се сметаат за некои посебни докази на верноста. За некои богослужението не е успешно ако на него не доживеале некое возбудување и чувство на среќа. Тие на секаков начин се трудат да го предизвикаат тоа и вештачки се возбудуваат. Но влијанието на таквите собири не е од корист. Кога минливото чувство на занес ќе исчезне, тие паѓаат уште подлабоко отколку што биле пред собирот, бидејќи нивната среќа не дошла од вистинскиот извор. За духовно воздигање најкорисни се оние собири на кои преовладува сериозност и длабоко испитување на срцето, на кои секој се стреми да се запознае себеси и во искрена и длабока понизност сакаат да учат од Христос.“ – 1 Сведоштво, 312.313.
Четврток 25. август

5. ДРЖЕТЕ СЕ ДАЛЕКУ ОД ЗАБЛУДАTA

а. Денес, додека спиритуалистичката филозофија и религијта на „New age“ (Нова ера) наизглед брзо и неконтролирано напредува , што треба да имаме на ум? Исаија 47,10-15.

„Сите треба да чувствуваат потреба со постојана будност да ја чуваат својата морална природа. Како верни стражари, тие треба да ја чуваат тврдината на душата, чувствувајќидека ниту за момент не смеат да попуштат во својата внимателност. Нивната единствена сигурност се наоѓа во истрајна молитва и жива вера.“ – Counsels on Health, 411.
„Во земните работи, слугата кој најгрижливо настојува да ги исполни барањата на својата служба, и да ја изврши волјата на својот господар, најмногу е ценет. Во една прилика, еден господин сакал да вработи пајтонџија во кого може да има доверба. Неколку луѓе се јавиле на неговиот оглас. Тој по ред го прашувал секој од нив колку близу може да вози до работ на некоја провалија без да ги вознемири коњите, ниту пак луѓето во кочијата. Еден по друг, одговарале како можат да пријдат на опасно мало растојание од провалијата; на крај, еден од нив одговорил дека тој воопшто не би се впуштал во таков опасен потфат, туку би се држел подалеку од провалијата. Господарот него го вработил во службата. Треба ли човекот повеќе да го цени добриот слуга отколку нашиот Небесниот Отец? Ние не треба да проверуваме колку далеку можеме да отстапиме од Божјите заповеди, надевајќи се во милоста на Законодавецот, и да си ласкаме себеси како и понатаму сме во границите на Божјото трпение; нашата грижа треба да биде како да се држиме што е можно подалеку од престапот. Треба одлучно да се држиме на страната на Христа и нашиот Небесен Отец, и да не се излагаме на ризик со опасни претпоставки.
Денес, додека последната порака го повикува Божјиот народ да се потчини на налозите на Неговиот закон, ќе се јават подбивачи и неверници; меѓутоа, секоја душа мора да стои цврсто за себе. Како што Ное верно го опоменувал претпотопниот свет, така и ние мораме да бидеме верни на големата доверба која Господ ни ја дал. Иако подбивачи и клеветници има насекаде околу нас, не треба да се повлечеме од објавувањето на небесните вистини на оваа генерација.“ – The Review and Herald, June 22, 1911.

Петок 26. август

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Додека духовниот Вавилон изгледа дека напредува, на што треба да се сетиме?
2. Кои чекори треба да ги преземам за да го поедноставам мојот начин на живот и да бидам помалку наклонет кон светот?
3. Кои докази во Исаија го поврзуваат вегетаријанството и Божјиот остаток?
4. Како Небото го побива клучното начело на харизматичното движење?
5. Наведете го најсигурниот начин да се одбраниме од заблудите кои нѐ опкружуваат?

Сподели го ова:

Слични објави