05 Нашиот сочувствителен Отец
5. лекција Сабота, 30. јули 2016.
Нашиот сочувствителен Отец
„Извиши го силно гласот свој… Подигни го, не плаши се. Кажи им на градовите Јудини: еве Го вашиот Бог.“ – Исаија 40,9.
„Пророкот (Исаија) го возвишувал Бога како Творец на сѐ. Неговата порака во градовите на Јуда била: ‘Еве го вашиот Бог’.“ – Пророци и цареви, 214.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Христовите очигледни поуки, 114-126.
Недела 24. јули
1. ТИВКА НАДЕЖ КАКО ОСНОВА
а. Што му било речено на Исаија дека може да очекува во текот на службата која ја прифатил? Исаија 6,9-12. И покрај тоа, какво уверување тој требало да негува? Исаија 6,13; 10,20.21.
„Неговата грижа (Исаија) за заблудената Јудеја не била залудна. Неговата мисија не била сосема неуспешна… Целиот свој живот тој морал да биде храбар и трпелив учител – не само пророк на казната туку и пророк на надежта. Сите плодови од неговата работа, како и работата на сите верни Божји гласници ќе се покаже дури кога потполно ќе се оствари Божјиот план. Требало да се спаси остатокот.“ – Пророци и цареви, 209.
б. Наведете некои клучни идеи кои пророкот ги истакнал – и зошто тие возвишени теми можат нас да нè инспирираат со надеж. Исаија 40,9.13-15.21-31.
„И ѕвездите имаат радосна порака за секое човечко битие. Во часовите што сите ги доживуваат, кога срцето ќе изнемошти, а искушението болно притиска; кога пречките изгледаат непремостливи, животните цели недостижни, Неговите справедливи ветувања како Содомски јаболка; каде, тогаш, може да се пронајде повеќе храброст и непоколебливост отколку во поуката што Бог ни заповедал да ја научиме од ѕвездите и нивното спокојно движење?“ – Воспитување,99.
Понеделник 25. јули
2. СРЦЕТО СОКРИЕНО ЗАД ОБЛАЦИТЕ
а. Во текот на земната историја, која погрешна претстава за Божјиот карактер отсекогаш требало да се разјасни? Езекиел 18,25; Исаија 55,8.9.
„Во времето на Исаија духовното сфаќање на луѓето било затемнето преку погрешните претстави за Бога. Сатаната долго настојувал да ги наведе луѓето на помисла дека Бог го создал гревот, страдањата и смртта. Оние кои на тој начин биле измамени го замислувале Бога дека е строг и дека многу бара. Тие сметале дека Тој само чека прилика да ги повика луѓето на одговорност и да ги осуди, дека со незадоволство го прима грешникот и тоа дека за тој став има изговор во законот. Големиот измамник лажно им го претставил законот на љубовта кој управува со небото: им говорел дека тој закон ја ограничува човечката среќа и дека претставува тежок јарем кој треба да се отфрли. Тој говорел дека луѓето не треба да се покоруваат на Неговите прописи, и дека казните за престапот се доделуваат произволно.
Израел немал никакво оправдување затоа што го загубил од вид вистинскиот Божји карактер. Тој многу пати им се открил како ‘полн со сочувство и милостив, долготрпелив, изобилен со љубов и вистина’ (Псалм 86,15).“ – Пророци и цареви, 211.
б. Која вистинска слика за Бога ние често ја забораваме? Исаија 49,13-16.
„Кога оставаме впечаток дека се сомневаме во Божјата љубов, дека немаме доверба во Неговите ветувања, го срамиме Бога и го жалостиме Неговиот Свет Дух. Како би се чувствувала мајката, кога нејзините деца постојано би се жалеле на неа, како таа да не им сака добро, а таа во текот на целиот свој живот се трудела да ги заштити нивните интереси и да им даде утеха? Болното сознание дека нејзините деца можат да се посомневаат во нејзината љубов би го скршило нејзиното срце. Како би се чувствувал кој и да е родител, кога децата така би постапувале со него? А што може да мисли нашиот небесен Отец за нас кога немаме доверба во Неговата љубов, која го навела да го жртвува Својот единороден Син за ние да имаме живот? Апостолот пишува: ‘Кој не Го поштеди ни Својот сопствен Син, туку Го предаде за нас сите, зарем нема да ни подари со Него сè?’ (Римјаните 8,32). А сепак колку има такви кои кажуваат, ако не со зборови тогаш со своите дела: ‘Со тоа Бог не мислел на мене. Можеби Тој ги сака другите, но не ме сака мене!
Сето тоа ѝ нанесува штета на вашата душа; бидејќи со секој сомнежлив збор го повикувате сатаната да ве искушува; таквиот збор ја зајакнува склоноста кон сомневањето, а со неа ги жалостите ангелите кои ви служат. Кога сатаната ве искушува, немојте да изговорите ниту еден збор на сомнеж или мрачен збор.“ – Патот кон Христа, 76.
Вторник 26. јули
3. ПОВИК ПОЛН СО ЉУБОВ
а. Кој Божји план за Неговиот заблуден народ Исаија го објавил? Исаија 41,14; 48,4.8-11.
„Срцето на бескрајната љубов копнее по оние кои чувствуваат немоќни да се ослободат од стапиците на сатаната, и Тој милостиво им нуди поткрепа за да живеат за Него…
Жителите на Јуда не биле достојни, но Бог сепак не сакал сосема да се откаже од нив. Преку нив Неговото име требало да се прослави меѓу незнабошците. Мнозина од луѓето кои биле во целосно незнаење за Неговиот карактер, требале да почнат да ја осознаваат славата на Божјиот карактер. Со цел да ги разјасни Своите милостиви намери, Бог постојано ги праќал своите слуги пророците со пораката: ‘Вратете се секој од својот лош пат’ (Еремија 25,5)…
Повикот на покајание бил јасно упатен и сите биле повикани да се вратат.“ – Пророци и цареви, 214.215.
б. Кои славни ветувања се дадени на секого од нас, само ако сакаме да ги прифатиме? Исаија 55,6.7; 44,21.22.
„Дали и ти, читателу, го одбра сопствениот пат? Дали си се оддалечил далеку од Бога? Дали си се обидел да се храниш со плодовите на престапот, само за да се претвораат во пепел на твоите усни? И сега, бидејќи животните планови ти се спречени и надежите мртви, седиш ли осамен и очаен? Оној ист глас кој долго време му зборува на твоето срце, но кој не си сакал да го слушнеш, ти се обраќа јасно и гласно: ‘Станете и одете си, зашто тој крај не е земја за почивка; поради нечистотија таа ќе биде разорена – и тоа со голема погибел’ (Михеј 2,10). Врати се дома кај твојот Отец…
Не го слушај непријателот кога ти советува да не му пријдеш на Христа сѐ додека не се поправиш, додека не станеш достоен да дојдеш кај Бога. Ако толку чекаш, никогаш нема да дојдеш. Ако сатаната укажува со прст на твојата валкана облека, сети се на ветувањето на Спасителот: ‘Сè што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор’ (Јован 6,37). Кажи му на непријателот дека крвта на Исуса Христа очистува од секаков грев.“ – Пророци и цареви, 215.216.
Среда 27. јули
4. ПОНИЗНИ ПРЕД БОГА И ЕДНИ КОН ДРУГИ
а. Објаснете ја промената која Бог сака Неговиот народ да ја направи – да се одрече од идолопклонството и гордоста, за да станат деца на небесниот Отец. Исаија 57,13-21.
„Не дозволувајте гордоста, самодовербата или самоправедноста да го спречи некого да ги исповеда своите гревови, за да може да се фати за ветувањето: ‘Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван’ (Изреки 28,13). Ништо не сокривајте од Бога, и не го запоставувајте признавањето на вашите маани на браќата кои имаат удел во нив…
Жалосен е фактот дека заблуденото срце не сака да биде критикувано, или да се подложи на понижување исповедајќи го гревот. Некои ги согледуваат своите недостатоци, меѓутоа водени од помислата дека со признавањето ќе го изгубат достоинството, тие наоѓаат изговор за своите погрешки, и се штитат себеси од дисциплината кое признавањето и го носи на душата… Тие ги гледаат грешките на другите: но како можат да имаат храброст да советуваат ‘Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите’ кога во својот живот не го извршуваат ова упатство? Колкумина проповедници или членови учат од вистината која ја потиснуваат на страна, и ако е можно, ја забораваат, затоа што не им е прифатлива, затоа што не ѝ ласка на нивната гордост, туку ги укорува и боли?… Тие мораат да бидат гладни и жедни за Христовата правда, просветлена од Светиот Дух.“ – Fundamentals of Christian Education, 239,240.
б. Како можеме поуспешно да соработуваме со Светиот Дух, за да бидеме дел од големиот Божји план? Исаија 59,20.21.
„Гревот не треба да се негува. Сега е време кога љубовта кај мнозина се лади, и секое твое отпадништво може другите да ги охрабри на нивниот погрешен пат, и да ги доведе до многубројни и тешки престапи. Немојте да давате пример на млакост; не одвраќајте се од сведоштвата на Божјиот Дух. Нам ни е доверена свечена порака која треба да му ја објавиме на светот, а влогот е голем. Не можеме да бидеме безбедни меѓу искушенијата што нѐ опкружуваат во овие опасни времиња, освен ако не сме трезни во молитвите. Мораме да се чуваме да не ги прифатиме своите ниски стандарди наместо високиот библиско мерило за карактерот.“ – Gospel Workers (1892), 462.
Четврток 28. јули
5. ПОТПИРАЊЕ НА ВЕЧНАТА И МОЌНА ДЕСНИЦА
а. Кој милосрден повик упатен до жителите на Јуда одекнува до нас денес? Исаија 27,5.
„Сатаната смислил посебен план: луѓето прво да ги наведе на грев, а потоа да ги остави беспомошни и растревожени, плашејќи се да бараат проштавање. Но зошто треба да се плашиме… Великодушно ни е понудено сѐ што било потребно да се отстранат нашите слабости и охрабрени сме да се вратиме кај Христа…
Христос се обврзал дека ќе биде наша замена и гаранција, и Тој никого нема да занемари. Оној кој не можел да дозволи луѓето да бидат изложени на вечна пропаст, кој својата душа ја предал на смрт наместо нив, ќе погледне со милост и сочувство кон секој човек кој сфаќа дека тој не може самиот да се спаси.
Секој кој очајува Тој ќе му помогне да се подигне. Тој, кој со своето посредување на секој човек предвидел бесконечна резерва на морална сила, не може да ја пропушти можноста таа сила да не ја употреби во наша полза. Сите свои гревови, грижи и болки да ги положиме кај Неговите нозе, бидејќи Тој нѐ љуби.“ – Христовите очигледни поуки, 119.120.
б. Со кои зборови Исаија го опишува искуството кое треба да биде и наше? Исаија 12,1-6.
„О, колку пати срцето било трогнато со убавината на Христовото лице, воодушевено со убавината на Неговиот карактер и покорено со мислата за Неговото страдање. Тој сега сака целосно да се потпреме на Него.“ – Одбрани пораки 2, 232.
Петок 29. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Исаија можел да му проповеда на својот народ со надеж?
2. Како можеме да избегнеме да бидеме измамени со вообичаените погрешни претстави за Бога?
3. Зошто Бог се труди да ги повика гордите, тврдоглави луѓе на покајание?
4. Ние можеме да ги исповедаме своите гревови на Бога, но колку често го занемаруваме советот од Јаков 5,16?
5. И покрај тврдењата на сатаната, зошто Бог сака да ја проучиме лекцијата за оваа недела?