04 Размислување за праведноста

Сподели го ова:

4. лекција Сабота, 23. јули 2016.

Размислување за праведноста

„Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели.“ – Исаија 1,18.

„(Исус) е запознаен со човечките гревови, Тој знае за секоја нивна постапка и ги чита нивните тајни побуди; но сепак не се свртува од нив во нивното беззаконие. Тој ги преколнува грешниците и се суди со нив и во извесна смисла – бидејќи и сам ги сносел слабостите на човечкиот род – Тој се става на исто ниво со нив.“ ¬– 4 Сведоштво, 225.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 20-37.

Недела 17. јули

1. ПОДГОТВЕНОСТА НА СРЦЕТО

а. Откако бил очистен гледајќи го во визија небесното светилиште, каков бил одговорот на Исаија на Божјиот повик? Исаија 6,8-10.

„…Пророкот (Исаија) бил подготвен за делото што му претстоело. За сето време на својата долга и напорна мисија во себе го носел сеќавањето за ова видение.“ – 5 Сведоштво, 517.

б. Како ние треба, исто така, да одговориме на Божјиот повик денес? Евреите 3,12-15.

„Небесните ангели одамна чекаат човечките орудија – членовите на црквата – да почнат да соработуваат со нив во големото дело кое мора да се изврши. Тие чекаат на вас.“ – 9 Сведоштво, 31.
„Тука секој може нешто да направи. Секоја душа која верува во вистината треба да го заземе своето место и да каже: ‘Еве ме мене, испрати ме мене’ (Исаија 6,8).“ – 6 Сведоштво, 49.

Понеделник 18. јули

2. РАЗУМНО РАСУДУВАЊЕ

а. Објасни како и зошто Бог упатува повик до нашиот разум. Исаија 1,18.

„Господ од припадниците на Својот народ очекува да се раководат според разумот, а не според минливи впечатоци. Неговото дело можат да го сфатат сите Негови деца. Неговото учење е такво што секој може да го разбере, ако го примени здравиот разум. Тоа има за цел да го воздигне и облагороди умот.“ – 1 Сведоштво, 176.
„Христос ги откупил нашите срца. Христос го откупил и човечкиот разум. Ја откупил и моќта на расудување, и Христос ни доверува способности и сили. Тој не сака овие сили и способности да бидат користени само за овоземни работи, а од вид да се изгуби она што е вечно.“ – Sermons and Talks, vol. 1, 251.
„Големото име меѓу луѓето е како буквите напишани во песок, но беспрекорниот карактер ќе се одржи за сета вечност. Бог ви дава здрав разум и расудувачки ум, при што може да се сфатат Неговите ветувања; а Исус е подготвен да ви помогне во формирањето на силен, урамнотежен карактер.“ – God’s Amazing Grace, 81

б. Како Евангелието нè благословува со уште поголема ментална јасност? 2 Тимотеј 1,7.

в. Каков е односот помеѓу срцето и умот? Евреите 10,16; Езекиел 36,26.

„Што е ново срце? Тоа е нов ум. А што е ум? Тоа е волјата. Каде е вашата волја? Таа е или на страната на сатаната или на Христовата страна. Сега тоа е до вас. Ќе ја ставите ли вашата волја денес на Христовата страна? Тоа е ново срце. Тоа е нова волја, нов ум.“ – Sermons and Talks, vol. 1, 210.
„Зборовите: ‘Ќе ви дадам ново срце’ (Езекиел 36,26), значат: Ќе ви дадам нов ум. Оваа промена на срцето секогаш е пратена со јасна претстава за христијанската должност, разбирање на вистината.“ – Совети за родителите, учителите и студентите, 374.

Вторник 19. јули

3. ОСТРИ ЗБОРОВИ, СЕРИОЗНИ ПОСЛЕДИЦИ

а. Каков едноставен избор Исаија требало да објави, и кој сличен избор ни е понуден и нам денес? Исаија 1,19.20; Исус Навин 24,14.15.

„Волјата е управувачка сила во природата на човекот, способна за одлучување или избор. Секое човечко суштество, надарено со разум има способност да го избере доброто. Во секое животно искуство, Божјата реч ни зборува: „Одберете си сега, кому да му служите“ (Исус Навин 24,15). Секој може да ја стави својата волја на страната на Божјата волја, може да избере да Му биде послушен, и поврзувајќи се на тој начин со божествените сили, може да стане толку цврст што ништо нема да може да го принуди да прави зло. Во секое младо суштество, во секое дете, лежи сила која со Божја помош може да изгради чесен карактер и да живее корисен живот.“ – Воспитување, 257. 258.
„Вредноста на едноставната вера и безусловната послушност никогаш не можеме да ја прецениме. Одејќи еднакво по патот на послушноста во едноставна вера, можеме да постигнеме целосно совршенство на карактерот.“ – Коментари на библиските тек., 308.

б. Кои гревови на Божјиот народ биле споменати од страна на пророкот? Исаија 1,21-23.

„Тежок грев постои во нашата средина, а тоа е самодоволноста – фарисејството – чувство дека сме праведни и сите наши дела се за секоја пофалба, додека во исто време сме далеку од негување на вистински дух кон Бога или кон нашите браќа… Самопочитта се негува и во вас се појавува критички дух кон другите затоа што не сте во прв план. Се појавиле завист, љубомора, сомнеж, пронаоѓање на грешки и лажно сведочење. Меѓу вас има непосветени срца, кои сѐ што сте кажале или направиле, дури и според особените Божји упатства, го прикажуваат во погрешно светло. Непријателот се радува кога луѓето го обвинуваат човекот за изговорениот збор. Во многу од овие случаи каде што се појавиле критики, всушност немало вистински грев; сомнежот е производ на состојбата на умот кој се занимава со него. Ако некој им застане на патот, тие повеќе нема да бидат во единство или во заедништво со него. Тие се чувствуваат загрозени со сѐ што тој може да каже или направи… Сепак, оние кои на овој начин создаваат незадоволство и раскол и сеат семе на љубомора, цело време тврдат дека цврсто веруваат во вистината. Таквите не го практикуваат духот на вистината.“ – The Review and Herald, December 18, 1888.
Среда 20. јули

4. ТЕМЕЛНО, УМНО ДЕЛО

а. Што ни е потребно за да можеме целосно да се покаеме? Псалм 119,18.

„(1 Јованово 3,2.3). Овде е изложена човечката задача која тој самиот мора да ја изврши. Тој мора да се соочи со огледалото, Божјиот закон, да ги воочи недостатоците во својот морален карактер, да ги отфрли своите гревови и да ги испере својата облека на карактерот во крвта на Јагнето…
Меѓутоа, влијанието на евангелската надеж не го наведува грешникот спасението кое Христос му го нуди да го смета како бесплатен дар на Неговата благодат, продолжувајќи притоа и понатаму да живее во престап на Божјиот закон. Кога светлината на вистината ќе го осветли неговиот ум и тој во потполност ќе ги сфати Божјите барања и тежината на своите престапи, тој се менува во животот, со силата добиена од Спасителот, се враќа на верноста кон Бога, водејќи нов и почист живот.“ – 4 Сведоштво, 225.
„Кога ќе започнете да ја проучувате Божјата реч, оставете ги сите однапред усвоени мислења и вашите наследни и негувани идеи. Никогаш нема да ја откриете вистината ако го проучувате Светото писмо за да ги одбраните вашите лични идеи. Оставете ги настрана вашите лични идеи и со скрушено срце одете да чуете што Господ има да ви каже. Божјата реч му дава разум на понизниот истражувач, кој седнува покрај Христовите нозе од Него да ја прими вистината. На оние кои се премногу мудри во своите очи за да ја проучуваат Библијата, Христос им вели: морате да станете кротки и понизни во срцето ако сакате да станете мудри за спасение.
Немојте да ја читате Божјата реч во светлината на вашите поранешни мислења, туку проучувајте ја грижливо и во молитва и со ум ослободен од предрасуди. Ако во текот на читањето стекнете уверување дека вашето омилено мислење не се согласува со Речта, не обидувајте се Речта да ја доведете во склад со вашето мислење, туку, напротив, настојувајте вашето мислење да го доведете во склад со Божјата реч. Не дозволувајте на вас да влијаат вашите навики и вашето старо верување. Отворете ги очите на вашиот ум за да ги разберете чудесата на законот. Дознајте што е напишано, а потоа утврдете ги своите нозе на вечната Карпа.“ – Порака кон младите христијани, 181.

б. Како нашата решеност да се одвратиме од гревот треба да нè потсетува на големата реформација во времето на Неемија? Неемија 4,6 (последен дел).

„О, никој да не го одложува денот на покајание и реформа! Сега е благопријатно време.“ – The Signs of the Times, July 30, 1894.
Четврток 21. јули

5. ПРЕДВКУСОТ НА ВИСТИНСКА ХАРМОНИЈА

а. Опишете го нивото на искреното покајание кое Христос сака да го види во нас кои живееме во последните денови од историјата на Земјата. Откровение 3,19.

„‘За остатокот мора да се изврши едно големо дело. Мнозина од нив се задржуваат на незначителни потешкотии. Легиони на зли ангели ве опкружуваат – вели ангелот – и настојуваат да ве обземат со својата ужасна темнина, за да можат да ве измамат и да ве фатат во своите стапици. Вие ги оптоварувате своите мисли така што тие премногу лесно се одвраќаат од делото на подготовка и од сите важни вистини за овие последни денови, кои се позначајни од сето останато. Се задржувате на безначајни потешкотии и се впуштате во подробно разјаснување на незначителни ситници за со тоа да го задоволите овој или оној‘. Кога срцата не се скротени со Божјата благодат, дискусијата помеѓу поединци со часови се продолжува, а со тоа се губи не само нивното време, туку и времето на Божјите слуги кои се принудени да ги слушаат. Поголемиот дел на тешкотии за пет минути би биле отклонети доколку не би имало гордост и себичност.“ – Рани списи, 97.98.
„Христос доаѓа. Се сеќавам кога мислевме дека крајот ќе дојде во 1844. година, и кога доаѓавме заедно на нашите состаноци, прашањето кое мнозина го поставуваа беше: ‘Браќа, дали видовте нешто во мене што не е исправно? Знам дека самите не можеме да ги видиме своите грешки, и ако било кој од браќата видел нешто лошо во мене, сакам тоа да ми го каже.‘ Во некои прилики ги признававме своите престапи, би се поклонувале пред Бога и би Го молеле за прошка. Тогаш браќата кои имаа некои несогласувања одеа сами во штала или овоштарник и се бореа заедно со Бога. Потоа би се вратиле, рака под рака, имајќи љубов еден кон друг, и во мир меѓу себе. Чувствувавме дека не можеме да разделиме додека сѐ не биде во совршена слога. Слаткиот дух на мирот би се почувствувал меѓу нас, и Божјата слава нѐ опкружуваше. Лицата ни светеа.“ – Sermons and Talks, vol. 2, p. 24.

Петок 22. јули

ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА

1. Зошто желбата на Исаија да го прифати Божјиот повик може да биде инспирација за нас?
2. Што вистинската христијанска религија прави за човечкиот ум?
3. Како вистинското покајание ќе го промени нашиот однос кон другите?
4. Објаснете што е клучно за вистински раст во нашето проучување на Библијата?
5. Кое искуство на раните Адвентни верници би било добро да го повториме?

Сподели го ова:

Слични објави