02 Зрели за реформација
2. лекција Сабота, 9. јули 2016.
Зрели за реформација
„Во оној ден, седум жени ќе се фатат за еден маж и ќе речат: „Свој леб ќе јадеме и своја облека ќе носиме, доста е само да се нарекуваме со твоето име – симни од нас срамот наш.“ – Исаија 4,1.
„Ние не треба да се држиме до своите патишта, своите планови и своите идеи; треба да се преобразиме преку обнова на своите умови, за да можеме да осознаеме која е добрата, угодна и совршена волја Божја.“ – The Upward Look, p. 218.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: 1 Сведоштво, 201-204. 4 Сведоштво, 601-620.
Недела 3. јули
1. СЕБИЧНА АЛЧНОСТ
а. Опишете ја состојбата на Јуда во времето кога Јотам, синот на Озија, почнал да презема сè поголеми одговорности пред смртта на неговиот татко. 2 Цареви 15,34.35; Осија 10,13; 11,7.
„Оние кои требало да стојат како носители на светлина меѓу народите го навлекле врз себе Божјиот гнев со својот бунт и отпадништво. Многуте зла, кои ја забрзале пропаста на северното царство, и на кои јасно укажале Осија и Амос, сега брзо го изопачувале Јудиното царство.“ – Пророци и цареви, 207.
б. Како материјални добра, дадени од Бога, биле употребувани? Исаија 3,14.15; 5,8; 10,1.2.
„Состојбата била особено неповолна во социјален поглед. Со желба за добивка луѓето си придавале куќа на куќа и нива на нива (Види Исаија 5,8). Правдата се изопачила и немало никакво сожалување кон сиромашните… дури и судиите, чија должност била да ги заштитат беспомошните, биле глуви за плачот на сиромашните и напатените, вдовиците и сираците.“ – Пророци и цареви, 207.
Понеделник 4. јули
2. МЛАДЕШКА ГОРДОСТ
а. Што Бог изјавил дека ќе дојде како резултат на гордоста и љубовта кон покажувањето кое било придружувано со угнетувањето? Исаија 2,11.12; Изреки 29,23.
„Горделивоста на срцето е страшна црта на карактерот. „Горделивоста доведува до погибел и горделивиот дух до пропаст“ Ова е законитост која се потврдува и во семејството, и во црквата и во нацијата.“ – 4 Сведоштво, 290.
„Оној моментот кога ќе почнеме да се чувствуваме само-доволни и сигурни, тогаш сме во опасност од срамен неуспех.“ – This Day With God, 277.
б. Каква ситуација Исаија пророкувал, и како тоа влијаело на спроведувањето на правдата? Исаија 3,4-6.12. Како можеме да бидеме сигурни дека нашите деца се соодветно обучени да го избегнат ова деструктивно влијание денес?
„Родителите, општо земено, не заземаат исправен став кон своите деца. Тие не ги ограничуваат како што треба, туку им дозволуваат да растат во гордост и да ги следат своите склоности. Во старо време, авторитетот на родителите бил почитуван и уважуван; децата биле потчинети на своите родители слушајќи ги со стравопочит; меѓутоа, во ова последно време работите се наопаку поставени. Мнозина родители се потполно потчинети на своите деца. Тие не се осмелуваат да се спротивстават на волјата на своите деца, и затоа им се потчинуваат. Меѓутоа, сè додека се под покривот на своите родители и зависат од нив, децата се должни да се потчинуваат на контролата на родителите. Родителите мораат да бидат одлучни, барајќи нивните гледишта со право да се уважуваат.“ – 1 Сведоштво, 165.
„Родители, направете го домот извор на среќа за своите деца. Со ова не сметам дека треба да им попуштате. Колку повеќе им угодувате, толку потешко ќе биде да управувате со нив, но и ним ќе им биде потешко да живеат вистински, благороден живот кога ќе одат во светот. Ако им дозволите да прават што сакаат, нивната чистота и убавина на карактерот брзо ќе избледи. Учете ги да бидат послушни. Нека увидат дека вашиот збор мора да се почитува. Тие најпрвин можат наизглед да бидат несреќни поради тоа, но тоа ќе ги сочува од многу несреќи во иднината. Нека управувањето во домот биде праведно и нежно, полно со љубов и сочувство, но сепак цврсто и вистинско. Не дозволувајте ниту еден неучтив збор или непослушно дело.“ – The Signs of the Times, April 8, 1903.
„Мајката не треба никогаш да му допушти на своето дете да стекне предност над неа.“ – Child Guidance, 283.
Вторник 5. јули
3. СЈАЈ И ГЛАМУР
а. Наведете некои од приговорите што Господ ги имал против сионските жени во деновите на Исаија (Користете библиски речник за подобра претстава). Исаија 3,16-23.
„Желбата за истакнување наведува на екстравагантност и кај многу млади луѓе ја уништува желбата за поблагороден живот. Наместо да се стремат кон образование, тие мошне рано се фаќаат за некоја работа за да заработат пари и на тој начин да ја задоволат својата страст за облекување. Оваа страст одвела во пропаст многу млади девојки…
Дури и богослуженијата и денот за одмор не се изземени од власта на модата… Црквата станала место за одржување на модни ревии и повеќе се размислува за модата отколку за проповедта.“ – Воспитување, 219.
„Идолопоклонството кон облекувањето е морална болест.“ – Child Guidance, 432.
„Не е мал бројот на нашите луѓе кои назадуваат. Тие ја имитираат модата на светот. Нивната духовност е на умирање. Чекор по чекор тие сѐ повеќе се приближуваат кон љубовта кон светот. Себичноста и гордоста ги обземаат, а Божјата љубов не наоѓа место во нивните срца. Некои кои некогаш биле ревносни реформатори сега се рамнодушни. Сестрите кои некогаш едноставно се облекувале сега се во согласност со модата.“ – Review and Herald, November 17, 1904.
б. За разлика од носење на провокативна облека, како христијаните треба да се облекуваат? 1 Тимотеј 2,9; Римјаните 13,14.
„Ако сакате, можете да одберете живот и спасение, или можете да одберете да си угодувате себеси и вашите драгоцени часови на проба да ги посветите да го направите вашето лице привлечно, како би го задоволило окото на световните и сладострасните луѓе, како би примиле ласкање од лажливи усни и на крај да го пожнеат она што го посеале – изопаченост.“ – Daughters of God, 121.
„Вистинските христијани се возвишени во своите разговори; иако веруваат дека учествувањето во лудите ласкања претставува грев, тие сепак се љубезни, пријатни и добронамерни. Нивните зборови се искрени и вистинити. Тие се чесни во односите со своите браќа и со светот. Во своето облекување тие ги одбегнуваат излишните детали и надворешното прикажување; нивната облека е скромна и уредна, со мера и вкус.“ – Christian Temperance and Bible Hygiene, 87.
Среда 6. јули
4. ОДБЕРЕТЕ ВИСОК ПОЗИВ
а. Кои сериозни последици за нашата духовност ќе има раскошното, провокативно облекување, ако тоа не се отстрани од црквата? Исаија 3,24-26; Матеј 5,27.28.
„Љубовта кон облекувањето го загрозува моралот, и жената која како христијанка треба да се одликува со скромност, разумност и чистота, ја прави спротивна на она што би требало да биде. Раскошната екстравагантна облека, премногу често поттикнува страст во срцето на оние кои ја носат поттикнуваат ниски страсти во срцето на оние кои ги набљудуваат.“ – 4 Сведоштво, 503.
„Модата го изопачува умот и ја поткопува духовноста на нашиот народ. Робувањето на модата сѐ повеќе зема замав и меѓу адвентистите на седмиот ден и прави многу повеќе од сѐ друго за да го одвои нашиот народ од Бога. Покажано ми е дека правилата на нашата црква во тој поглед се непотполни. Секое манифестирање на горделивост во облекувањето, кое е забрането во Божјата реч, би требало да биде доволна причина за примена на црковна дисциплина. Доколку некоја сестра, и покрај сите предупредувања, повици и молби продолжува да ја спроведува својата изопачена волја, тоа може да се смета за јасен доказ дека нејзиното срце не е обединето со Христа. „Јас“ и само „јас“ станува предмет на обожавање и една таква таканаречена христијанка може многумина да одврати од Бога.
За нас како народ е многу тежок грев што дозволуваме членовите на нашата црква да се облекуваат на начин кој не е во согласност со нашата вера. Мораме веднаш да се разбудиме и да ја затвориме вратата пред заводливите искушенија на модата. Ако не го направиме тоа, нашите цркви ќе се деморализираат.“ – 4 Сведоштво, 505.506.
б. Опишете ги упатствата кои треба да ги прими нашата младина. Тит 2,3-6; 1 Петрово 3,1-4.
„Девојките треба да се поучат дека вистинскиот шарм на женственоста не е само во убавината на обликот или во достигањата; туку во кроткиот и тивок дух, во трпението, великодушноста, љубезноста и подготвеноста да работат и да се жртвуваат за другите. Тие треба да бидат научени да работат, да се школуваат за одредена потреба, да живеат за некоја цел, да имаат доверба во Бога и да се бојат од Него, и да ги почитуваат своите родители. Тогаш, како што ќе растат, ќе напредуваат во чистотата на умот, ќе бидат повеќе самостојни и повеќе сакани. Таквата жена ќе биде невозможно да се деградира. Таа ќе ги избегне искушенијата кои упропастиле многу души.“ – Child Guidance, 140.
Четврток 7. јули
5. ДА СЕ НАРЕЧЕШ СО ИМЕ – ИЛИ ДА БИДЕШ ОБРАТЕН ОД СПАСИТЕЛОТ?
а. Во каква духовна стапица паднал Божјиот народ, и во времето на Исаија и во нашите денови (имајте во предвид дека во библиските симболи „седум“ означува полнота а „жена“ често се однесува на црквата – Еремија 6,2)? Исаија 4,1. Каков е Божјиот одговор? Исаија 55,8.9.
„Ние треба да се воздигнеме на повисоко ниво или ќе бидеме недостојни за христијанско име.“ – 5 Сведоштво, 572.
„Христијанската борба не е живот на задоволства во јадење и пиење и облекување како самољубивите световни луѓе. Господ Исус дошол на овој свет во човечка природа за да, со Својот драгоцен живот, ни остави пример каков треба да биде нашиот живот. Тој е образец, не во духовно уживање, туку во живот кој постојано треба да ни биде пред очите, живот на самоодрекување и самопожртвување. Исус Христос, нашиот Образец дошол да ни укаже на правилниот став. Пред нас е Кнезот на небото, Синот Божји. Тој ја оставил царската круна и кнежевската облека и дошол на овој свет да ја заземе Својата позиција како Човек на болката и да биде запознаен со тагата. Колку малку луѓе тоа го разбираат!“ – The Upward Look, 217.
б. Објаснете го виталниот столб на христијанската вера? Лука 9,23-26.
„Карактерот кој треба да го одразуваме е Христовиот карактер… Господ да ни помогне да умреме за себе, и одново да се родиме, како Христос би можел да живеел во нас, давајќи ни преку живото, активно начело сила која ќе нѐ одржува свети.“ – Мојот живот денес, 365.
„Нека „јас“ умре. Предајте ја својата волја и умрете за себе сега, токму сега, и оставете Бог да ви го отвори патот.“ – This Day With God, 323.
Петок 8. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Зошто земната благосостојба честопати е проклетство и стапица за Божјиот народ?
2. Како ние како родители можеме да се подобриме во насочувањето и негувањето на нашите деца?
3. Наведете некои суетни гледишта во облекувањето како знак на духовна слабост?
4. Како можеме да ја насочуваме нашата младина да развие посвет вкус и почист ум?
5. На кој начин јас покажувам дека сум самоволен, наместо да Му се предадам на Бога?