01 Состојбата на лозјето
1. лекција Сабота, 2. јули 2016.
Состојбата на лозјето
„Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, кога очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје?.“ – Исаија 5,4.
„Потчинете ја сопствената волја, своите карактеристични навики кои толку долго ви се идоли, како би можеле да ги примите начелата на вистината. На тој начин ќе станете гранка на вистинската лоза, и нема да раѓате диво грозје или трнливи плодови, туку богати гроздови на драгоцени плодови.“ – Преглед и Гласник, 12. април, 1892.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Пророци и цареви, 5-9; 203.204.
Недела 26. јуни
1. ДРАГОЦЕНО ЛОЗЈЕ
а. Со која цел Творецот ја основал израелската нација? Битие 12,2; Второзаконие 7,6-8; 26,17-19.
б. Зошто овој народ требало длабоко да биде благодарен на Бога? Второзаконие 32,9-12.
в. Според Божјиот план, како еврејскиот народ требало да биде благослов за другите народи, и како ова може да се примени на нас денес? Второзаконие 4,5-8; Матеј 5,16.
„Господовото око почива на секој припадник на Неговиот народ; Тој за секого има свој план. Негова намера е оние кои ги практикуваат Неговите свети заповеди да бидат особен народ…
Не само на овој свет, туку на целата вселена ние треба да ги откриеме начелата на (Божјото) царството.“ – 6 Сведоштво, 7.
Понеделник 27. јуни
2. СОСТОЈБАТА НА ЛОЗЈЕТО ДЕНЕС
а. Зошто Бог бил разочаран од лозјето кое толку го сакал? Исаија 5,1-4.
„(Евреите) сакале да ги присвојат плодовите од лозјето во кое биле поставени како управители. Дури и незнабошците ги презирале заради нивната лакомост и алчност. Така на незнабожечкиот свет му се пружила можност погрешно да го толкува Божјиот карактер и законите на Неговото царство.“ – Пророци и цареви, 9.
б. Кога црквата не донесува плод од вистинската лоза? Јован 15,4.
„Господ ја посадил Својата црква како лоза на плодна земја… Но лозата што Бог ја посадил се наведнала кон земјата и ги испреплетувала своите ластари околу човечки потпори. Неговите гранки се распостирале широко и далеку, но родот што го донеле било диво грозје…
Господ ѝ подарил големи благослови на Својата црква. Правдата бара таа да ги врати овие таленти со добивка. Бидејќи се зголемија богатствата на вистината, што ѝ се доверени на чување, се зголемија и нејзините обврски. Но, наместо да ги користи овие дарови ѝ се повеќе да се усовршува и воздигнува, таа падна од висината што ја достигна уште во своите претходни искуства. Промена на нејзината духовна состојба почна постепено и речиси незабележливо. Штом почна да го бара пофалби и пријателството на светот, нејзината вера почна да се намалува, а нејзиниот ентузијазам да му го отстапува местото на мртвиот формализам. Секој чекор поблизу кон светот е чекор подалеку од Бога. Кога луѓето станаа горди и почнаа да копнеат за светски почести, Христовиот Дух исчезна и се појавија неслога и раздор кои ја рушат и слабеат црквата.“ – 5 Сведоштво, 160.
в. Какви плодови Бог копнее ние да донесеме? Галатјаните 5,22.23.
„Плодовите што Христос ги бара од Својата црква, после сето внимание што ѝ го укажал и со право ги очекува се: вера, трпение, љубов, долго поднесување, небесна благост и кротост. Тоа се гроздови на духовни родови кои и среде бури, облаци и темнина исто толку добро созреваат како и на сонцето.“ – 5 Сведоштво, 77.
Вторник 28. јуни
3. ОДБЕГНУВАЈТЕ ПОВРШНО ИСКУСТВО
а. Опишете ја духовната состојба на Господовото лозје во почетокот на владеењето на Озија, јудејскиот цар. 2 Цареви 15,1-3; 2 Летописи 26,1-7.15.
„Долгото владеење на Озија (исто така познат како Азарија), во земјата на Јуда и Венијамин, било одбележено со поголем напредок, од било кој владетел од смртта на Соломон, речиси два века порано. Неговата војска со небесен благослов повратила неколку територии кои биле изгубени во поранешните години. Градовите биле обновени и утврдени, и положбата на нацијата меѓу околните народи во голема мера била зајакната. Трговијата оживеала, и богатството од другите земји се слевало во Ерусалим.“ – Пророци и цареви, 205.
б. Именувај некои духовни недостатоци кои го замрачиле овој призор. 2 Цареви 15,4.
„Овој надворешен просперитет (под Озија)… не бил пропратен со соодветно оживување на духовна сила. Обредите во храмот продолжиле како и во изминатите години, и мнозина се собирале да му се поклонат на живиот Бог; меѓутоа, гордоста и формалноста постепено го зазеле местото на понизноста и искреноста.“ – Пророци и цареви, 205.
в. Какви потешкотии ќе имаме ако занемариме да го искорениме злото? Песна над песните 2,15.
„Мнозина грижливо ги негуваат недостатоците во својот карактер и наоѓаат изговори за нив; но тие мораат да се поправат. Секое отстапување од она што е исправно е грев, а гревот мора да биде отстранет. Ние не смееме да дозволиме да одиме немарно пред своите браќа или пред светот.
Мнозина одново и одново ги исповедаат своите гревови, но не ги оставаат преку вистинско покајание. Ако немаме непоколеблива намера и помош од Божјата благодат, цврстите одлуки и будното бдеење ќе бидат залудни и немоќни кога искушенијата ќе ја нападнат душата.“ – The Signs of the Times, March 6, 1884.
„Малите лисици го расипуваат лозјето, малите занемарувања, малите недостатоци, малата нечесност, малото отстапување од начелото ја заслепува душата и ја одделува од Бога.“ – In Heavenly Places, 226.
Среда 29. јуни
4. ИЗВАЛКАНИ ОД ГОРДОСТА
а. Зошто врз Озија дошла несреќа? 2 Летописи 26,16-21; Броеви 15,30.
„Гревот кој имал толку страшни последици за Озија, бил грев на дрскоста. Наспроти јасната Божја заповед дека само Ароновите потомци можат да служат како свештеници, царот влегол во светилиштето ‘за да запали темјан на кадилниот жртвеник’. Првосвештеникот Азарија и останатите свештеници се спротивставиле со тоа што го молеле царот да се откаже од намерата. Тие му говореле на царот дека згрешил и дека нема ‘нема да ти биде за чест пред Господ Бог’ (2 Летописи 26,16.18).
Озија бил исполнет со гнев дека тој, царот, бил прекорен на таков начин. Меѓутоа, не му било дозволено да го оскверни светилиштето така што наишол на сложно негодување од оние кои биле надлежни за тоа. Додека стоел тука, исполнет со гнев и бунтовност, одненадеж го погодила Божја казна. На неговото чело се појавила лепра. Побегнал од страв и никогаш повеќе не влегол во храмот. До денот на својата смрт – која настапила после неколку години – Озија останал лепрозен како жив пример на лудоста од отфрлањето на јасните зборови ‘Така вели Господ’. Ниту неговата возвишена позиција, ниту пак долгиот живот во службата не можеле да го оправдаат гревот на дрскоста со кој ја оцрнил последната година од своето владеење и навлекол врз себеси казна од Небото.“ – Пророци и цареви, 205.206.
„Бог ракоположил луѓе на одредени позиции во својата црква, и Тој не сака тие да истапат од местото на кое Тој ги именувал. Ако Бог им подари успех, тие не треба да се возгордеат, и да сметаат дека се оспособени за работа за која не се поставени, и на која Бог не ги повикал.“ – The Review and Herald, August 14, 1900.
б. Како Бог гледа на гордоста? Изреки 6,16.17; Јаков 4,6.
„Оној што паѓа во тежок грев, може да го почувствува својот срам и беда и да почувствува потреба од Христовата благодат; но горделивоста не чувствува никаква потреба и така срцето се затвора за Христа и за бескрајните благослови што Тој дошол да ги донесе.“ – Патот кон Христа, 20.
„Гордоста, самоувереноста, љубовта кон светот, пронаоѓање на грешки, горчината, зависта, сето тоа се плодови кои ги донесуваат мнозина кои ја исповедаат Христовата религија. Нивното однесување е во остар контраст со Христовиот карактер… Со таквото обратување Христос нема никаква врска.“ – The Review and Herald, April 15, 1902.
Четврток 30. јуни
5. СООЧЕТЕ СЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ИЛИ ОДБЕРЕТЕ ПОСВЕТУВАЊЕ?
а. Опишете ги околностите кои владееле во Израел и Јуда во времето кога Исаија бил повикан да служи како пророк? Исаија 1,1-9.21-23.
„Владеењето на Озија се ближело кон крај, и Јотам веќе носел многу државни одговорности кога Исаија, кој бил од царско потекло, бил повикан уште како млад човек да врши пророчка мисија… Божјата заштита била ускратена, а асирската војска се подготвувала да ја преплави Јудината земја.
Но тие надворешни опасности, колку и да изгледале големи, не биле толку сериозни како внатрешните. Изопаченоста на народот предизвикувала кај Господовиот слуга силна збунетост и длабоко очајување.“ – Пророци и цареви, 206.207.
б. Како накратко можеме да ги објасниме страдањата на верните тогаш и денес? Псалм 11,3.
„Со угнетувањето и богатството дошле гордоста и раскошот, пијанството и оргиите… Безбожноста завладеала до таа мера во сите слоеви така што оние малкумина што останале верни на Бога, често доаѓале во искушение да паднат во малодушност и да им попуштат на обесхрабрувањето и очајот.“ – Пророци и цареви, 207.
„Додека другите копнеат по земни задоволства, вие треба да копнеете за непогрешливите ветувања на Божјата љубов, молејќи се срдечно и искрено: Кој ќе ми покаже како да го утврдам својот позив и избор?“ – 2 Сведоштво, 156.
Петок 1. јули
ЛИЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПРАШАЊАТА
1. Која била причината за опаѓање на верата во Божјата црква?
2. Наведете еден навидум мал пропуст за време на владеењето на Озија?
3. Зошто Бог ја смета гордоста за голем грев? Дали и ние така гледаме на тој грев?
4. Како површниот напредок на Јуда, на крајот на краиштата, влијаел на нив како народ?
5. Во ерата на морално пропаѓање, што Божјиот верен остаток треба да разбере?