13 „Говори, Господи“

Сподели го ова:

13. лекција – 26. септември 2015.

„Говори, Господи“

„Чуј, народе Мој, и Јас ќе говорам, Израеле, ќе сведочам против тебе: Јас сум Бог, Твој Бог.“ – Псалм 50,7.

„Да бидеме секогаш подготвени да кажеме: ‘Говори Господи, бидејќи Твојот слуга слуша’ (1 Самуил 3,9).“ – РХ, 26. јули, 1898.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Вера и дела, 121.122.

Недела 20. септември

1. МАРИЈА – СЛУГИНКА ГОСПОДОВА

а. Каков бил ставот на Марија кога ја слушнала Божјата порака? Лука 1,38.

„(Напомена) слатката, детска вера на Марија, девојката од Назарет.“ – Копнежот на вековите, 58 (98).

б. Кој, исто така, пророкувал за Христос за да зајакне верата на Марија? Лука 1,41-43.67-69; 2,25-32.36-38. Кој се обидувал да ја уништи нејзината вера во Исус?

„Марија често Му приговарала на Исус и го повикувала да се покори на обичаите на рабините. Но Тој не дозволувал да биде разубеден и да ги промени Своите навики на размислување за Божјите дела и настојувањата да ги ублажи страдањата на луѓето, па дури и на немите животни. Кога свештениците и учителите побарале од Марија да им помогне да го контролираат Исуса, таа била видно вознемирена, но мирот се вратил во нејзиното срце, кога Тој и ги покажал наводите во Писмото кои зборувале во прилог на Неговите постапки.

Понекогаш таа се колебала помеѓу Исуса и Неговите браќа кои не верувале дека Тој е пратен од Бога, но многу факти го потврдувале Неговиот божествен карактер. Таа видела како Тој несебично се жртвува за доброто на другите. Неговото присуство внесувало почиста атмосфера во домот и Неговиот живот делувал како квасец среде елементите на општеството.“ – Копнежот на вековите, 54.55 (90).

Понеделник 21. септември

2. САМУИЛ, БОЖЈИ СЛУГА

а. Чие искуство треба да биде наш образец секој ден? 1 Самуил 3,7-10.

„Кога ќе се поставите како што треба, со цел да го слушнете Божјиот глас, вие во молитва секој ден ќе дојдете пред Него велејќи: ‘Говори Господи, бидејќи Твојот слуга слуша’ (1 Самуил 3,9). ‘Господи, што сакаш да направам (Дела 9,6)?“ – Дневен билтен на Генералната конференција, 20. март, 1891.

„Ние сега треба да ги понизиме нашите срца пред Бога. И не треба да чекаме во безгрижност, туку внимателно да го заземеме овој став.“ – Објавени ракописи 19, 28.

б. Како треба да гледаме на секој талент, на секоја прилика и на ресурсите што ги имаме? 1 Летописи 29,12-14. Што може да го уништи ваквиот став и упропасти нашето духовно искуство?

„Колку да се големи, или пак мали вашите таленти, не заборавајте дека тоа што го имате токму на вас ви е доверено. На тој начин Бог ве проверува, давајќи ви можност да се покажете верни. Нему сте Му должни за сите ваши способности. Нему Му припаѓаат силите на вашето тело, умот и душата, и сите тие способности треба да се употребат за Него. Вашето време, вашето влијание, вашите можности, вашите вештини – сето тоа мора да го искористите во служба на Оној кој сето тоа ви го дал. Сите дарови најдобро ги користат оние кои сериозно настојуваат да го остварат големиот план на Господа за издигање на човечкиот род.

Истрајте во работата што сте ја започнале, се додека не добиете победа по победа. Образувајте се за една цел. Имајте го пред очите највисокиот критериум кој можете да го постигнете, поголеми и уште поголеми добра, и на тој начин ќе ја одразувате Божјата слава.“ – Упатства за младите, 25. јануари, 1910.

„Сопственото јас влијае на нашето религиозно искуство далеку повеќе отколку што можеме и да замислиме. Само кога е распнато, кога тврдоглавата волја ќе се потчини, тогаш јазикот на срцето ќе биде: ‘Не мојата волја, Господи нека биде туку Твојата Кому Му припаѓам и Кому Му служам’. ‘Говори Господи, бидејќи Твојот слуга слуша’. Никој нема да остане ладен и неподвижен како неподвижните ѕвезди. Ова себично, световно достоинство, повеќе нема да се одразува. Ќе видите само прекрасен спој на чистота, возвишеност и благородништво – мудрост која доаѓа одозгора и кротоста и понизноста на Исус. Невиното јагне било избрано како претстава на Исус Христос.“ – Објавени ракописи 12, 191.

Вторник 22. септември

3. БИДЕТЕ КАКО САМУИЛ

а. Кој е изворот на успехот за секој христијанин? 1 Коринтјаните 15,10.

„Успехот на секој работник зависи од Божјиот благослов. Ако Господ работи со вас ќе бидете во состојба да ја извршите задачата која ви ја наменил. Со Бога еден може да гони илјада и двајца десет илјади бегалци. Меѓутоа, додека го одржувате тој дух на фарисејство, Божјиот Дух нема и не може да работи со вас, бидејќи вие не се чувствувате зависни од Него. Кога ќе постанете ученици во Христовото училиште ќе покажете едноставност и понизност на малите деца, и ќе бидете подготвени да се советувате со своите браќа и сестри и срдечно ќе Му се молите на Бога за помош. Тогаш вашите уши ќе бидат отворени да го слушнат гласот на срцето: ‘Говори Господи, бидејќи Твојот слуга слуша’.“ – Е.Г.Вајт, материјали од 1888,410.

б. Кој е изворот на неуспехот за секој христијанин? Изреки 12,15; Исаија 5,20.

„Бог сака да не надари со Својот Дух; но Тој не може да го направи ова се додека сте толку полни со себе. Кога себичноста ќе умре, ќе го почувствувате оживувачкото влијание на Духот Божји. Од припадниците на Божјиот народ се бара да се стремат кон единство… Сега не е време за отуѓување и раздор, бидејќи попуштањето на себичноста го изопачува духот. Ќе сакате ли да се преиспитате, или својата тврдоглава непопустливост ќе ја сметате како доказ за вистинска верност? Не бидете заслепени како фарисеите, кои доброто го нарекувале зло, а злото добро, бидејќи тоа Му е одвратно на Бога. Никогаш нема да имате поголем доказ отколку што е делувањето на Божјиот Дух. Господ никогаш немал намера да отстрани секаков повод за сомнеж. На оној кој отворено мисли Тој ќе му даде доволно докази да донесе вистинска одлука; но ако вие одлучно продолжите по својот пат, ако слично на Саул, не сакате да го промените својот курс поради гордоста и упорноста на срцето, поради непознавање на своето духовно сиромаштво, вие нема да ја преп
ознаете ниту да ја примите светлината. Ќе речете како што и Саул рекол: ‘Јас го исполнив зборот Господов’ (1 Самуил 15,13).“ – Е.Г.Вајт, материјали од 1888,410.411.

Среда 23. септември

4. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

а. Што ќе се случи со оние кои се потпираат на човечкиот разум наместо да го следат Божјиот совет? Изреки 1,24-26.

„Додека размислуваме за зборовите на свечено предупредување упатени до Израел, да се пренесеме во мислите пред големиот бел престол, каде што во присуство на насобраниот универзум, на секој човек ќе му се суди според делата направени во телото…

Никој тогаш нема да има сожалување за лудостите на оние кои го презреле и отфрлиле Бога. Никој нема да ги ублажува нивните маки. Го оставиле својот вистински Пријател кој толку ги сакал, за да одат по патот на удобноста и задоволствата на овој свет. Понекогаш имале намера да се вратат кон Бога. Меѓутоа, светот со своите лудории и измами, целосно го обзел нивното внимание. Бесполезните забави, гордоста во облекувањето и попуштањето на апетитот го стврднало нивното срце и ја отапиле нивната совест, така што гласот на вистината не можел да се чуе. Должноста се занемарува, вечните вредности се презираат, се додека срцето не ја изгуби секоја желба да се жртвува за Оној кој толку направил за човекот. Но кога ќе дојде време за жетва ќе мораат да го пожнеат она што го посеале…

‘Тогаш ќе ме викаат, но јас нема да чујам; ќе ме бараат и нема да ме најдат. Затоа што го намразија знаењето и не го примија стравот Господов; затоа што не го примија мојот совет и ги презреа моите разобличувања. Поради тоа тие ќе јадат од плодовите на своите патишта и ќе се наситуваат од своите замисли’ (Изреки 1,28-31).“ – Знаци на времето, 18. август, 1881.

б. Што им е ветено на оние кои ќе го послушаат Бога? Изреки 1,33.

„Можеме ли некогаш да најдеме посигурен водич од Господ Исус Христос? Вистинската религија е отелотворена во Речта Божја и се состои во тоа да се остане под водството на Оној кој е свет во секоја мисла, збор и постапка. Оној кој е Патот, Вистината и Животот го прифаќа понизниот, искрениот и верен истражувач и му вели: ‘ајде по Мене’. Тој го насочува по тесниот пат на светоста која води во небото. Христос го отворил овој пат за нас со голема цена жртвувајќи се Себеси. Ние не сме оставени на овој пат да се сопнуваме во мракот. Исус ни е од десната страна и постојано ни напомнува: ‘Јас сум Патот’. И сите кои ќе се одлучат да Го следат Господа ќе бидат водени по царскиот пат, и повеќе од тоа, тоа е патот кој е подготвен за да искупените од Господа одат по него.“ – РХ, 29. март, 1906.

Четврток 24. септември

5. АПЕЛ

а. Што можеме да научиме од молитвата на Давид? Псалм 119,33-38.

„Грешникот кој одбива да Му се предаде на Бога се наоѓа под контрола на друга сила, слушајќи друг глас, чии предлози се со сосема различен карактер. Страста го контролира, неговото расудување е заслепено, разумот е симнат од престолот и импулсивните желби го нишаат сега на една, потоа на друга страна. Вистината има сосема мало влијание врз него, бидејќи во човечка природа постои – кога ќе се одвои од Изворот на вистината – постојано противење на Божјата волја и Неговите патишта. Физичкото, умното и моралното битие на таквиот човек се е под контрола на избрзани импулси. Чувствата се изопачени, а секоја способност која му е доверена за мудра употреба бива деморализирана. Таквиот човек е мртов во своите престапи и гревови. Склоностите го придвижуваат, страстите господарат, а неговиот апетит е под влијание на силата за која тој не е свесен. Тој зборува за слобода, за слободно делување, додека всушност се наоѓа во најбедно ропство “ – РХ, 17. февруари, 1891.

6. Објаснете како можеме да го избегнеме поразот во борба со непријателот. Јаков 4,7-10; Филипјаните 4,13.

„Оние кои тврдат дека се христијани имаат постојана потреба од сила која доаѓа однадвор и која е над самите нив. Тие треба будно да стражарат во молитва и да се стават под Божја заштита, инаку ќе бидат совладани од страна на непријателот. Христијанинот мора постојано да гледа во Бога како слуга во својот господар и како слугинката во својата господарка, велејќи: ‘Господи, што сакаш да направам?’ (Дела 9,6).“ – РХ, 17. февруари, 1891.

Петок 25. септември

ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА

1. Што можеме да научиме од Марија?
2. Што можеме да научиме од Самуиловото искуство кога бил дете?
3. Како ќе покажеме дека сме ученици во Христовата школа?
4. Како можеме да одиме по царскиот пат?
5. Како можеме да го слушаме Бога и да ја имаме Неговата сила во нашиот живот?

Сподели го ова:

Слични објави