12 Исус го слуша својот Отец
12. лекција – 19. септември 2015.
Исус го слуша својот Отец
„Г оспод Бог ми даде вешт јазик, за да можам со зборови да го поткрепувам изнемоштениот: секое утро Тој го разбудува увото мое, за да слушам како оние што се учат. Г оспод Бог ми го отвори увото, и јас не се противставив, не отстапив назад.“ – Исаија 50,4.5.
„Исус стекнал знаење онака како што можеме да стекнеме и ние.“ – Копнежот на вековите, 38 (70).
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Копнежот не век., 49-56 (68-74).
Недела 13. септември
1. ХРИСТОВИОТ МЕТОД НА УЧЕЊЕ
а. Како Исус ја спознал вистината? Евреите 2,10.16-18; Матеј 7,7.
б. Кој бил Негов учител? Јован 5,20.
„Детето Исус не слушало настава во школите на синагогите. Неговата мајка била неговиот прв земен учител. Од нејзините усни и од свитоците на пророците Тој ги запознал небесните вистини. Оние исти зборови, кој Тој му ги кажал на Израел преку Мојсеј, сега ги запознавал и самиот Тој, седејќи во скутот на својата мајка. Како што растел од детството до младоста, Тој не ги посетувал рабинските школи. Не му било потребно образование добиено од такви извори, бидејќи Бог бил Негов учител.“ – Копнежот на вековите, 38 (70).
„Исус стекнал знаење, онака како што можеме да стекнеме и ние; Неговото темелно познавање на Писмото покажува како во своите рани години вредно ја проучувал Божјата Реч. Пред Него се протегала големата библиотека на делата, кои Бог ги создал. Оној кој создал се што постои, ги проучувал и поуките кои Неговата сопствена рака ги напишала на земјата, морето и на небото… Го проучувал животот на растенијата и животните и животот на човекот.“ – Копнежот на вековите, 38.39 (70).
Понеделник 14. септември
2. ЗОШТО ИСУС НЕ ОДЕЛ НА УЧИЛИШТЕ
а. Зошто Исус одбивал да учи од рабините? Римјаните 10,3; Јован 7,16.
„Воспитувачите на младите во Христовите денови биле формалисти. За време на нивната служба, Исус им рекол на рабините: ‘Се лажете, зашто не ги познавате Писмата, ниту силата Божја’ И Тој ги обвинува: ‘но напразно Ме почитуваат, зашто проповедаат човечки повелби’ (Матеј 22,29; 15,9). Претерано се задржувале на традициите воздигајќи ги над Писмото. Изреките на луѓето и бесконечното повторување на церемониите заземале толку голем дел во животот на студентите, додека образованието, кое дава знаење за Бога било запоставено. Големите учители надолго и нашироко зборувале за безначајните поединости, нагласувајќи го секој детал за да се почитува во верските церемонии и прифати како најголема обврска. Тие плаќале ‘десеток од нане, копра и ким’, а во исто време го запоставиле ‘најважното во Законот: праведноста, милоста и верата’ (Матеј 23,23). На таков начин биле внесувани во масата безвредни поими кои од очите на младите ги криеле големите и основни вистини за Божјата служба
Во образовниот систем немало место за она лично искуство во кое душата сама ја дознава силата така што може да каже: ‘Вака вели Господ’ и да се потпре на божествената Реч која единствено може да донесе помирување со Бога. Зафатени со бескрајна низа на форми, студентите во тие училишта не наоѓале мирни часови за разговор со Бога и за слушање на Неговиот глас кој им зборува на нивните срца. Она што рабините го сметале како повисоко образование во реалноста всушност била најголема пречка за вистинско образование. Тоа било спротивно на секој реален развој. Со таквата обука умните способности на младите биле потиснати, а нивните умови ограничени и стеснети.“ – Темели на христијанско воспитување, 438.439.
„Човечката природа постојано се бори да се истакне. Оној кој сака да стане совршен во Христа прво мора да се испразни од гордоста и задоволството со самиот себе. Тогаш во душата настанува тишина и Божјиот глас може да се чуе.“ – Знаци на времето, 9. април, 1902.
б. Што Исус отфрлил од нивното учење? Матеј 15,3.9; Колосјаните 2,8.
Вторник 15. септември
3. ПОЧИТ И КОН ОНИЕ СО КОИ НЕ СЕ СОГЛАСУВАМЕ
а. Како Исус со почит ги слушал и разговарал со водачите на Неговата црква, заменувајќи го Евангелието со традициите, заведувајќи илјадници луѓе? Лука 2,46.47.
„Кога Исус би истапил како да се обидува да ги поучи (рабините), тие би сметале дека им е под чест да слушаат. Меѓутоа, тие си ласкале дека го поучувале или дека барем го проверувале Неговото познавање на Писмото. Исусовата младешка скромност и милост ги разоружила нивните предрасуди.“ – Копнежот на вековите, 46 (80).
б. Кого Исус го сметал за свое семејство на земјата? Матеј 12,50. Како Тој реагирал кога Неговото семејство ги следело човечките традиции?
„Браќата и сестрите на Исус биле подучени во многубројните традиции и церемонии на рабините, но Христа не можеле да го наведат да се заинтересира за овие работи. Додека на секој чекор слушал повторување на прописите: ‘Тоа го прави’ или ‘Тоа не го прави’, Тој постапувал независно од овие ограничувања. Барањата на општеството и Божјите барања секогаш биле во судир; и Христос во својата младост иако директно не ги напаѓал обичаите и прописите на познатите учители, Тој не станал ученик во нивните училишта.
Исус не следел никаков обичај кој од Него би барал да отстапи од Божјата волја, ниту се потчинувал на упатствата на оние кои човечките зборови ги воздигале над Божјата Реч. Од Својот ум ги отфрлал сите мудри изреки и формалности кои не биле втемелени на Божјата Реч. Не дозволувал таквите сфаќања да влијаат на Него. Учел дека подобро е да се спречи злото отколку подоцна да се вложуваат напори истото да се исправи кога ќе заземе упориште во умот. Со Својот пример Исус никогаш не ги наведувал другите да одат таму каде би можеле да се изопачат. Ниту, пак, без потреба се излагал на опасност да се доведе во судир со рабините, што во подоцнежните години би можело да го ослаби Неговото влијание кај народот. Од истите причини Тој не можел да биде предизвикан да ги почитува бесмислените форми или мудрите изреки кои подоцна во Својата јавна служба така одлучно ги осудувал.“ – Темели на хр. воспитување, 439.
Среда 16. септември
4. НАУЧЕНИ ОД ГОСПОДА
а. Кој бил одговорен за образованието на Исус? Лука 2,49; Јован 8,28.
„Иако Исус бил потчинет на Неговите родители. Тој почнал на многу рана возраст да одлучува сам за Себе во формирањето на Својот карактер. Иако Неговата мајка била прв Негов човечки учител, Тој постојано примал поуки од Својот небесен Отец. Наместо знаењето да го добива од она што учените рабини го собирале со векови, Исус под надзор на божествениот воспитувач ги проучувал чистите и неизвалкани Божји зборови, а исто така ја проучувал и големата книга на природата…
Тој внесувал почиста атмосфера во семејниот живот. Иако не се потчинувал на упатствата на рабините ниту одел во нивните училишта, сепак често доаѓал во контакт со нив, и прашањата што им ги поставувал, како да бил нивен ученик, ги збунувале мудреците; бидејќи нивната пракса не била усогласена со Светите списи и не располагале со онаа мудрост која доаѓа од Бога. Дури иако не им било по волја Неговото неприфаќање на популарните обичаи, согледувале дека Неговото образование и знаење е повозвишено од нивното.“ – Темели на христијанското воспитување, 439.440.
б. Што треба ние да учиме? Колосјаните 3,1.2; Матеј 11,29. Како треба ние да се едуцираме?
„Секое дете може да стекне знаење, онака како што го стекнал Исус. Кога се обидуваме да се запознаеме со нашиот небесен Отец преку Неговиот збор, ангелите ни се приближуваат, нашиот ум зајакнува, додека карактерот се издигнува и облагородува. Тогаш стануваме слични на нашиот Спасител. И кога ја гледаме убавината и големината на природата, нашата љубов се насочува кон Бога. Умот е исполнет со страхопочит, додека душата е освежена доаѓајќи во допир со Бесконечниот преку Неговите дела. Заедницата со Бога преку молитва ги развива менталните и моралните способности, а духовната сила зајакнува додека размислуваме за духовните работи.“ – Копнежот на вековите, 39 (70.71).
„Задача на вистинското образование е… да ги обучи младите да мислат, а не само да ги одразуваат мислите на другите луѓе. Наместо да го ограничиме нивното проучување на она што луѓето изјавиле или напишале, да ги упатиме учениците кон изворите на вистината, кон огромните подрачја отворени за истражување во природата и откровението.“ – Воспитување, 13 (17).
Четврток 17. септември
5. НИЕ ИСТО ТАКА МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ УСПЕШНИ
а. Како Исус се подготвувал за Своето животното дело? Исаија 50,4.5.
„Општењето со Бога, целосното потчинување на душата кон Него, исполнувањето на Неговите зборови, независно од лажното образование на обичаите и традициите од Неговото време, го обележувале Исусовиот живот.“ – Темели на хр. воспитување, 440.
б. Како ние треба да учиме за да бидеме успешни? Исаија 55,6.7.
„Да се биде постојано во метежот на активностите, да се стреми однадвор да се покаже што поголема побожност, според мислењето на рабините претставувало врв на религијата; додека во исто време со својата постојана непослушност на Божјата Реч го изопачувале патот Господов. Меѓутоа, образованието кое Бог го одобрува ги наведува луѓето најсрдечно да Го бараат Бога…
Бесконечниот никогаш не бил, и некогаш нема да биде, врзан за човечки организации или човечки планови. Секоја душа мора да има лично искуство во добивањето на знаење за Божјата волја и Неговите патишта. Кај сите што ќе дозволат Бог да ги обучува и вразумува се открива живот кој не е во согласност со обичаите, практиката и искуствата на овој свет. Преку проучување на Светите списи, преку срдечните молитви, тие можат да ја чујат пораката која Тој им ја упатува: ‘Застанете и разберете дека Јас сум Бог, возвишен над народите’ (Псалм 46,10). Кога секој друг глас ќе замолкне, кога секој земен интерес ќе се остави настрана, тишината на душата придонесува Божјиот глас да биде уште појасен. Во Него се наоѓа спокојство и мир.“ – Темели на христијанското воспитување, 440.441.
Петок 18. септември
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Како Исус стекнувал знаење?
2. Што не било во ред со образовниот систем во Негово време?
3. Како Исус го покажал Своето несогласување со многуте обичаи кои тогаш преовладувале?
4. Како можеме да ги подобриме нашите ментални способности?
5. Како можеме да бидеме успешни како што бил Исус?