10 Слушање без двоумење
10. лекција – 5. септември 2015.
Слушање без двоумење
„Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Негови и од се срце Го бараат.“ – Псалм 119,2.
„Причината за пропаста на многуте души би била отстранета преку сигурноста во радосните чувства дека Бог ги прима. Мораме да научиме и без такви чувства да се потпреме на Божјата Реч… Сите сомнежи и стравови против кои сме повикани да се бориме со драгоцените искушенија на нашата вера, се Божји работници кои ќе ни донесат вечна и од се поважна слава.“ – Знаци на времето, 18. април, 1895.
ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Патот кон Христа, 97-105 (105-113).
Недела 30. август
1. ШТО ДА СТОРИМЕ СО СОМНЕЖОТ
а. Кога ќе се соочиме со сомнежот, што да направиме за да се справиме со него? Псалм 37,3-7.
„Нашата вера мора да почива на докази, а не на набројување на доказите. Оние што сакаат да се сомневаат ќе имаат можност, додека пак оние кои навистина сакаат да ја запознаат вистината, ќе најдат изобилство од докази на кои можат да ја потпрат својата вера.“ – Патот кон Христа, 68 (105).
б. Зошто не сме во можност да одговориме на секое прашање или да ја решиме секоја неизвесност? Исаија 55,8.9.
„Кога на создадените суштества би им било овозможено целосно да го сфатат Бога и Неговите дела, а потоа, постигнувајќи ја таа цел, би ја загубиле секоја можност и понатаму да ја откриваат вистината, да растат во познавањето, а разумот и способностите повеќе не би се развивале. Бог повеќе не би бил највозвишен; а човекот, кој го достигнал лимитот на знаење и постигнување би престанал да напредува. Да Му заблагодариме на Бога што не е така.“ – Патот кон Христа, 71 (109).
Понеделник 31. август
2. РЕШЕНИЕ ЗА СОМНЕЖОТ
а. Колку е важно да се поставуваат прашања и да го развиваме нашиот ум интелектуално, колку што е можно тоа? Изреки 4,7. Каков пример Исус ни покажал? Лука 2,52.
„Под контрола на Христовото влијание човечкиот интелект може да постигне чудесни работи. Младите треба да се охрабрат да го постигнат највисокиот критериум на интелектуалните достигања. Ако на прво место му се стравот и познавањето на Бога, нема опасност студентот да се воздигне премногу високо. Познавањето на Бога, разбирањето на Неговата волјата во Неговата Реч, колку е тоа можно за човечкиот ум, вградено во мислите и вткаено во карактерот, ќе ги направи мажите и жените поуспешни. Проучувањето на Божјата Реч ќе ни овозможи да го извршуваме Неговото дело разумно и прифатливо. Умните способности ќе се збогатат, зголемат и прошират. Оние кои така ја проучуваат Божјата Реч, ќе се воздигаат се повеќе кон највисокиот стандард, бидејќи тие се соучесници во божествената природа.“ – Упатства за младите, 31. август, 1899.
б. Што е потребно за да пронајдеме одговор на нашите прашања? Јаков 1,5-8.
„Мнозина очекуваат нивните проповедници да им донесат светлина од Бога, сметајќи дека тоа е полесно отколку сами да Му пријдат на Бога и да ја побараат од Него. Таквите луѓе многу губат. Кога секој ден би Го следеле Христа и би Го земале за свој водач и советник, тие би стекнале јасно познавање на Неговата волја, а со тоа и драгоцено искуство. Поради немање на вакво искуство, браќата кои ја исповедаат вистината одат во искрите запалени од другите, не го признаваат гласот на Божјиот Дух и не ја познаваат Неговата волја и затоа лесно можат да се оддалечат од верата. Тие се нестабилни, затоа што очекуваат други да стекнат искуство за нив. Секој син и секоја ќерка на Адам има широки можности самостојно да стекне сознание за Божјата волја, да стане совршен христијанин и да се очисти преку вистината. Бог е обесчестен од луѓето кои зборуваат дека се Христови следбеници, а сепак немаат искуствено знаење за божествената волја ниту за тајната на побожноста.“ – 2 Сведоштво, 424.425 (644).
Вторник 1. септември
3. ОТФРЛАЊЕ НА НЕБИБЛИСКИТЕ ТРАДИЦИИ
а. Што мора да биде одвоено од нашето лично сфаќање на Божјата порака? Марко 7,6-9.
„Библијата е правило на животот, учејќи не каков карактер мораме да формираме за идниот, бесмртен живот. Нашата вера и нашата пракса треба да бидат живи посланија кои ги читаат и познаваат сите луѓе. На луѓето не им е потребна неодредена светлина на традициите и обичаите за да го направат Писмото разбирливо. Тоа е исто така кога би претпоставиле дека на Сонцето кое сјае на небото напладне му е потребен треперлив факел на земјата за да ја зголеми неговата слава. Бајките или исказите на свештениците или на проповедниците не се потребни за да се сочуваат студентите од заблудите. Побарајте совет во живата Божја Реч и ќе имате светлина. Во Библијата секоја должност станува јасна, секоја поука разбирлива, способна да ги подготви луѓето за вечен живот. Со дарувањето на Христа и со просветлувањето на Светиот Дух ни го открива Отецот и Синот. Речта е така прилагодена на нашите потреби така што може и старите и младите да ги направи мудри за спасение. Во неа науката за спасението е јасно откриена… ‘Прегледајте го Пис
мото’, бидејќи во него е Божјиот совет, Неговиот глас кој и зборува на душата. “ – Темели на христијанското воспитување, 390.391.
„Човечкиот авторитет го носи потписот на човекот. Ние не треба да дозволиме припадниците на нашиот народ да се препуштат на водството на слабите, конфузни чувства на човекот. Божјиот авторитет мора да биде врховен. И јас морам да го повикам нашиот народ да го признае Неговиот авторитет, кој носи докази за своето божествено потекло.“ – Објавениракописи 12, 69.
б. Кога традицијата ќе ја ставиме над Божјата Реч, на што тоа ќе не наведе? Матеј 23,23.
„Кога постовите и молитвите се практикуваат во дух на самооправдување, тие му се гнасни на Бога. Свечените собири за богослужение, низата на верските обреди, надворешната понизност, восхитувачкото жртвување – сето тоа му зборува на светот дека оној кој ги прави овие работи се смета за праведен. Овие работи го свртуваат вниманието на оној кој строго ги извршува должностите, велејќи: ‘Овој човек има право на небото. Но, сето тоа е измама. Со дела не може да се купи влезница во небото. Големата жртва што Христос ја принел сосем е доволна за сите кои веруваат.“ – Одбрани пораки 1, 388.
Среда 2. септември
4. ЛИЧНОТО УБЕДУВАЊЕ: ЗАШТИТА ОД СОМНЕЖОТ
а. Како можеме да го знаеме патот до Небото? Јован 14,6; 6,63; 8,31.32. Зошто тогаш мнозина од нас ќе го изгубат Небото?
„Моето срце е тажно кога ќе помислам колкумина застрануваат од патот кој води во Небото затоа што не ги проучуваат упатствата кои Бог им ги дал. Не постои начин да се спасат оние души кои, имајќи ја можноста да го слушнат Божјиот глас во Неговата Реч, не покажале доволен интерес да се запознаат со упатствата кои Бог ги дал, посочувајќи на единствениот пат што води во Небото. Апостолот се прашува: ‘Како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме такво големо спасение’ (Евреите 2,3). Нашите млади треба свечено да се заветуваат дека нема да се допираат до празните приказни и вредно ќе ги пребаруваат Светите списи, како би го хранеле својот ум со најздрава храна, со цел да станат силни во размислувањето за Христовите дела кој станал Г арант за паднатиот човечки род.“ – Упатства за младите, 31. август, 1887.
б. Што треба да бараме од Бога за да не заштити од сомнежот? Псалм 139, 23.24.
„Ајде внимателно и критички да се преиспитаме самите себеси. Дали го кршиме заветот кој сме го направиле при крштевањето? Дали сме мртви за овој свет и дали живееме во Христа? Дали се стремиме кон она што е горе, каде што Христос седи од десната страна на Бога? Дали е пресечено јажето со кое сме прицврстени за вечната Карпа? Дали пловиме по течението носени од струјата на пропаста? Зарем нема да вложиме никако напор да го совладаме својот тек против струјата? Не двоумете се повеќе, туку енергично употребете ги веслата; и направете прво што можете за да не дојде до безнадежен бродолом.“ – РХ, 7. јуни, 1887.
„Потполно предај го своето срце на Бога за да го очисти и облагороди, и тогаш ќе станеш учесник во божествената природа и ќе се спасиш од расипаноста која постои во светот преку похотта. Тогаш ќе бидеш ‘секогаш подготвен за одговор на секого, кој ја бара причината на надежта, која е во вас, но со кротост и со страв’ (1 Петрово 3,15). Ќе имаш Христов мир .“ – 5 Сведоштво, 227 (333).
Четврток 3. септември
5. ПРОМЕНА КОЈА НИ Е ПОТРЕБНА
а. На што нашето искуство ќе биде слично кога ќе го победиме сомнежот? Матеј 21,21.22. „Со вера во Христа може да се отстрани секој недостаток во карактерот, да се исчисти секоја нечистотија, да се поправи секоја мана и да се развие секоја доблест. ‘Вие сте потполни во Него’ (Колосјаните 2,10).
Молитвата и верата се тесно поврзани, и треба заедно да се проучуваат. Молитвата со вера е божествена наука; таа е наука со која мора да завладее секој што сака неговото животно дело да биде успешно. Христос вели: ‘Се што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде’ (Марко 11,24). Тој објаснува дека нашата молба мора да биде во согласност со Божјата волја; ние мораме да го бараме она што Тој го ветил, и што и да примиме тоа мора да биде употребено за да се исполни Неговата волја. Ако се исполнат условите, ќе се исполни и ветувањето.“ – Воспитување, 229 (257.258).
б. Каков став треба да заземеме кон нашите верници? Јован 17,20.21.
„Оние кои се борат за Кнезот на животот мора секогаш да го насочат оружјето против непријателот кој напаѓа однадвор, а не да биде свртено така што ќе ги уништува оние кои се борат под знамето на Кнезот Емануел. Ние немаме време да се рануваме и повредуваме еден со друг.“ – Христос победник, 235.
Петок 4. септември
ЛИЧЕНПРЕГЛЕДНА ПРАШАЊАТА
1. Зошто Бог допушта можност за сомнеж?
2. Која е нашата лична одговорност во отстранувањето на сомнежот?
3. Кој е обично изворот на сомнежот?
4. Како можеме да ги победиме сите сомнежи?
5. Каков ќе биде резултатот од ослободувањето од сомнежот?